Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - На територијата на државата заклучно со 13 часот денеска регистрирани се вкупно девет пожари на отворен простор, од кои пет се активни, еден е под контрола, а три се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во село Горно Лисиче, Општина Аеродром каде гори ниска вегетација, дрва и пченка, на автоатот Скопје-Велес спроти БП „Макпетрол“ во Општина Илинден каде гори ниска ...
Неготино, 9 август 2026 (МИА) - Неготинец бил фатен со товарно возило „сканија“ со песок без документација, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес и најавија пријава. - Вчера во 11:40 часот, при контрола на сепарација во неготинско село, полициски службеници од Отсекот за економски криминал при СВР - Велес забележале товарно возило „сканија“ со неготински регистарски ознаки, управувано од А.Л., на возраст од 52 години од ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Синоќа во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(32), М.Ј.(40), двајцата од Скопје и Б.М.(21) од Тетово затоа што кај нив е пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Во Полициската станица Гостивар вчера во 17:10 часот e пријавено дека на магистралниот пат Гостивар - Кичево се случила ...
Велес, 9 август 2026 (МИА) – Синоќа во 01:50 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 49 годишниот Д.Ѓ. од Велес. Тој претходно во казино во Велес, агресивно се однесувал и оштетил дел од инвентарот, а откако му било укажано да го напушти објектот излегол и набргу се вратил и физички го нападнал 28 годишниот А.Ѓ. од Чашка и се обидел да го удри со метален предмет, информираат денеска од СВР Велес. Д.Ѓ. бил ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 32 до 39 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Со досега најголем музичко-сценски спектакл виден во Македонија вечер во Охрид продолжува одбележувањето на 35-годишнината на независноста. Музичко-сценскиот спектакл ќе се одржи на стадионот „Билјанини извори“ со почеток во 19:30 часот, а караванот ќе посети и 11 други градови. Преку музика, глума и танц, во форма на мултимедијален сценски спектакл ќе биде раскажана приказната за 35 години независност на нашата ...
9 август 2026 Македонската православна црква - Охридска архиепископија и верниците денеска го празнуваат споменот на Св. Климент Охридски кој е упокоен на овој ден 916 година. Исто така, на овој ден се празнува и споменот на светите Седмочисленици, како и на големиот исцелител Свети Пантелејмон. Големиот македонски и сесловенски просветител свети Климент Охридски Чудотворец починал на денешен ден 916 година. Но бидејќи тој и за време на ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - До изутринава до 7:30 часот на територијата на државата регистрирани се вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои два се активни, еден е под контрола, а 22 се изгаснати. Како што соопшти Центарот за управување со кризи активни се два пожари и тоа во селото Горно Лисиче, во Општина Аеродром, каде гори ниска вегетација, дрва и пченка и на депонијата на излезот на Крива Паланка. Под контрола е ставен поќарот над ...
Скопје, 9 авгсут 2026 (МИА) - Според податоците од Системот за шумски пожари - МКФФИС, денеска во 09:00 часот, со порастот на дневните температури се зголемува и метеоролошкиот индекс за опасност од пожари – FWI (Fire Weather Index), информира директор на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Мухамет Али. Според него, во попладневните часови, покрај источниот дел од земјата, централниот и јужниот дел на Република Северна Македонија се со ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Поради зголемена фреквенција на возила на граничните премини со Србија - Табановце и Пелинце за влез во земјата се чека повеќе од еден час, а за излез половина час. На преминот Богородица на границата со Грција за влез и за излез од земјата се чека по повеќе од еден час, објави АМСМ на нивната веб страна. На останатите граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Вчера на 79 годишна возраст, почина Мила Камбовска, поранешен судија на Врховниот суд на Република Македонија, во пензија. Како што информираат од семјеството, последна почит ќе и биде оддадена во понеделник, на 10 август во Капелата на Градските гробишта Бутел од 10:00 до 11:00 часот. вј/ Фото: МИА архива Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Вчера на 79 годишна возраст, почина Мила Камбовска, поранешен судија на ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Пациентот кој беше транспортиран од Турција по тешка повреда на рбетниот мозок е во стабилна состојба, виталните параметри му се добри и е надвор од животна опасност, истакна директорот на Клиниката за ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски. Тој информира дека пациентот е контактибилен, свесен, дише самостојно и веќе започнал да прима храна по природен пат, а во тек е и физикална терапија во единицата за интензивно ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Во изминатиот период на Клиниката за ТОАРИЛУЦ се примени поголем број пациенти повредени во сообраќајни незгоди, меѓу кои и околу петмина мотоциклисти со тешки повреди, а регистрирани се и случаи на колапс предизвикан од високите температури, информираше директорот на клиниката, д-р Игор Мерџановски. - Имаме пациент со повреда на вратот кој успеавме да го спасиме и очекуваме неговата состојба да биде добра. ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, а резултатите од спроведените политики веќе се видливи. Со конкретни мерки се подобрува туристичката инфраструктура, се унапредува авионската, патната и железничката поврзаност, се создаваат подобри услови за нови инвестиции и се обезбедува силна поддршка за развој на руралниот туризам. Резултатите го потврдуваат позитивниот тренд. ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Специјално видео во пресрет на одбележувањето на 35 - годишнината на независноста на Македонија објави денеска претседателот на Владата Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук. На 8 септември обележуваме 35 години од независноста на нашата земја, а одбележувањата започнаа на националниот празник Илинден. Специјален музичко-сценски спектакл „Силно светнал ден“, којшто ќе биде изведен во 11 градови, првата ...
5 авгсут 2026 Нова.рс Масовната миграција на десетици илјади мигранти од Мароко во шпанската Сеута се помалку се смета за спонтана мигрантска криза, а се повеќе и повеќе за хибридна операција зад која стојат сериозни политички и геостратешки интереси. Шпанските аналитичари предупредуваат дека САД, Израел и Мароко, чии односи значително се зајакнаа во последните години, би можеле да имаат најголема корист од новата ситуација. Помеѓу 50.000 и ...
7 Август 2026 Хина За само три недели, бизнисот на Василиј Климов, сопственик на пункт за преземање стока во Москва, од успешна мала фирма се претвори во загубар, па тој сега се обидува да го продаде. Климов раководи со еден од 98.000 пунктови за преземање стока на „Вајлдберис“ (Wildberries) во Русија и соседните земји. Но откако Украина на 18 јули почна речиси секоја ноќ напади со дронови врз магацините на најголемиот руски интернет-трговец, ...
7 Август 2026 Политико Дали Франција е подготвена за криза што би ја потопила во мрак? Француската влада планира да го дознае тоа. Владата разгледува можност за организација на симулациска вежба за ненадеен, општонационален прекин на снабдувањето со електрична енергија во втората половина на 2027 година, според четири лица кои имале директни сознанија за вежбата, на кои им беше загарантирана анонимност за да разговараат за плановите што сè ...
Вашингтон, 8 август 2026 (МИА) - Американскиот Сенат предводен од републиканците денеска ја изгласа привремената мерка за продолжување на финансирањето на федералните агенции до 11 декември со што се избегна затворање на федералната влада неколку недели пред среднорочните избори во ноември. Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, минатиот месец ја усвои својата краткорочна мерка за владино финансирање. Двата дома ќе мора да ги ...
Лондон, 8 август 2026 (МИА) - Брод бил погоден од непознат проектил на 18 наутички милји источно од брегот на Оман, а на бродот избувнал пожар, кој веќе е изгаснат, соопшти денеска Британската организација за поморска трговија. Организацијата соопшти дека бродот и екипажот се безбедни и дека нема информации за последиците врз животната средина. Не е наведено за каков брод станува збор ниту неговото име. рп/ Фото: ЕПА Лондон, 8 август 2026 ...
Хараре, 8 август 2026 (МИА) - Повеќе од 178.000 африкански имигранти ја напуштија Јужна Африка во последните месеци поради мерките на властите против нелегалната миграција и понекогаш насилните антиимиграциски протести. Повеќе од 115.000 луѓе се вратија во соседна Зимбабве од крајот на мај, а повеќе од 56.000 се вратија во Малави. Според податоците од Нигерија, Гана, Мозамбик и Лесото, повеќе од 1.000 граѓани се вратија од Јужна Африка во ...
Вашингтон, 8 август 2026 (МИА) - Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс денеска изјави дека Иран го информирал Вашингтон дека не планира да воведува такса за поминување низ Ормуската теснина и дека ќе овозможи проток на нафта и гас од Персискиот Залив во обем кој постоел пред конфликтот, но нагласи дека САД ќе го проценуваат Техеран според постапките, а не според ветувањата. „Нашето очекување е дека ќе видиме иста количина нафта и гас што ...
Киев, 7 август 2026 (МИА) - Вкупно 1.990 објекти од културното наследство и 2.625 културни институции во Украина се оштетени или уништени од почетокот на војната со Русија, објави денеска украинското Министерство за култура. Според податоците на министерството, само 90 објекти се додадени на листата на штети, пренесува Суспилне. Од вкупниот број оштетени места од културното наследство, 192 имаат статус на споменици од национално значење, ...
Берлин, 7 август 2026 (МИА) – Германскиот Совет за национална безбедност денеска одржa седница по инцидентот во кој на аеродромот Лајпциг/Хале беше пронајден дрон со експлозивна направа, додека истрагата, поради значењето на случајот, ја презеде Сојузното државно обвинителство. Со седницата претседаваше германскиот канцелар Фридрих Мерц, кој се наоѓа на одмор, а портпаролот на Владата, Штефан Корнелиус, соопшти дека канцеларот е во постојан ...
Брисел, 7 август 2026 (МИА) – Шпанија денеска ја предупреди Италија дека ќе преземе реципрочни мерки доколку Рим до 9 август не ги укине граничните контроли за патниците од Шпанија, воведени поради мигрантската криза во Сеута, објави бриселскиот портал „Политико“. Италија повторно воведе гранични контроли со Шпанија на 1 август, привремено суспендирајќи ја примената на Шенгенскиот договор, кој овозможува патување без пасош низ 29 европски ...
Рим, 7 август 2026 (МИА) – Големите европски аеродроми повремено го деактивираат европскиот Систем за влез и излез (EES) кога поради големиот број патници доцнењата на летовите стануваат предолги - објави италијанскиот економски весник „Ил Соле 24 Оре“. Според податоците на бројни аеродроми и авиокомпании, системот ЕЕС го забавува протокот на патници и предизвикува долги редици, особено во летните месеци кога обемот на патувања е најголем, ...
Москва, 7 август 2026 (МИА) – Рускиот Врховен суд на 10 август ќе ја разгледува тужбата на партијата „Родина“ за поништување на регистрацијата на кандидатската листа на „Јаблоко“ за изборите за Државната дума, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на судот. – Врховниот суд на Русија закажа разгледување на административниот предмет за поништување на регистрацијата на федералната кандидатска листа на партијата „Јаблоко“ за 10 август 2026 ...
Рим, 7 август 2026 (МИА) – Италијанската премиерка Џорџа Мелони денеска изјави дека Италија го отфрла ултиматумот на Шпанија за прекин на граничните проверки по воздушен и поморски пат до 9 август, јави АНСА. Рим ја суспендираше примената на Шенгенскиот договор кон Шпанија по навлегувањето на илјадници мигранти во шпанската енклава Сеута во Северна Африка минатата недела. – Италија не прифаќа ултиматуми или наредби од други држави кога ...
Мадрид, 8 август 2026 (МИА) - Шпанската влада пред два дена соопшти дека од денеска напладне до 7 септември ќе воведе гранични контроли за летовите и бродовите од Италија поради поради спорот околу нелегалната миграција. Во посочениот период ќе се прават проверки на пасошите, државјанствата и визите за италијански патници и посетители од други земји кои доаѓаат од Италија, „поради незапирливиот притисок на нелегална миграција“ од оваа земја. ...