Стокхолм, 8 август 2026 (МИА) - Во текот на оваа година над 240 лица низ цела Европа се заразиле со Западнонилскиот вирус, јавува ДПА. Според неделниот извештај објавен вчера од Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ECDC), вкупно 241 случај на човечки инфекции се пријавени од почетокот на сезоната на пренос заклучно до средата. ECDC соопшти дека 139 случаи се пријавени во Италија и 61 во Грција. Во Шпанија се регистрирани 17 ...

Киев, 8 август 2026 (МИА) - Три лица, меѓу кои и едно дете, загинаа, а тројца други се повредени во напад на руски беспилотни летала врз округот Бровар, во регионот на Киев, изјави утрово шефот на регионалната државна администрација на Киев, Тимур Ткаченко. „Последиците од непријателскиот напад се регистрирани на три локации во округот Бровар. За жал, загинаа три лица, меѓу кои и едно дете. Уште три лица се повредени, меѓу кои и едно дете“, ...

Брисел, 8 август 2026 (МИА) - Еврокомесарката за технологија, Хена Виркунен, ги повика платформите Мета и ТикТок да преземат поефикасни мерки против ширењето на дезинформации за време на кризни ситуации. Виркунен изјави дека Европската комисија вчера разговарала со претставниците на двете компании, чии апликации ги вклучуваат Фејсбук и Инстаграм, објави Yle. „Платформите мора да дејствуваат решително за да го зачуваат интегритетот на ...

Мадрид, 8 август 2026 (МИА) - Бројот на мигранти убиени по масовниот обид за влез во шпанската енклава Сеута пред една недела се зголеми до 96, од кои 82 на шпанска страна и 14 на мароканска страна, објави денеска шпанската телевизија РТВЕ (RTVE), повикувајќи се на официјални податоци. Мароканското здружение за човекови права (AMDH) проценува дека вкупно 141 лице загинало кога ќе се додаде и обидот за влез во Мелиља, уште една шпанска енклава ...

Токио/Пекинг, 8 август 2026 (МИА) - Тајфунот Делфин денеска ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, повредувајќи шест лица и оставајќи повеќе од 50.000 згради без струја. Во меѓувреме, Кина ги затвори пристаништата и го прекина фериботскиот сообраќај пред очекуваното пристигнување на бурата на нејзиниот источен брег. Во Окинава, пет постари лица, од кои тројца паднаа поради силни ветрови, претрпеа повреди кои не се опасни по живот, ...

Киев, 8 август 2026 (МИА) - Единиците на украинските одбранбени сили во текот на ноќта погодиле две руски рафинерии за нафта и набљудувачки пункт на платформата за дупчење Сиваш во Црното Море, соопшти денеска Генералштабот на вооружените сили на Украина. Според Генералштабот, рафинеријата Илја во Краснодарскиот регион била погодена, по што избувнал пожар на територијата на објектот, објави Укринформ. Рафинеријата има шест технолошки единици ...

Будимпешта, 8 август 2026 (МИА) - Владејачката партија Тиса во Унгарија го номинираше Андраш Бака, поранешен претседател на Врховниот суд, за нов претседател на земјата, објави денеска пратеничкиот клуб на партијата на Фејсбук. Се очекува Парламентот на седница во вторник да го избере Бака на оваа претежно церемонијална функција, што е симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги собори упориштата на власта на поранешниот ...

Рим, 8 август 2026 (МИА) - Повеќе од 200 луѓе се евакуирани поради голем шумски пожар во близина на езерото Гарда во северна Италија, а меѓу евакуираните има десетици туристи, објави ДПА. Пожарот ја зафати територијата на општината Тињале, која се наоѓа на западниот брег на езерото Гарда - најголемото езеро во Италија и една од најпопуларните туристички дестинации во земјата. Како превентивна мерка, неколку десетици туристи кои престојуваат ...

Подгорица, 7 август 2026 (МИА) – Активни пожари има на подрачјето на четири општини во Црна Гора – Бар, Колашин, Цетиње и Гусиње, соопшти Оперативно-комуникацискиот центар (ОКЦ) при црногорското Министерство за внатрешни работи. Претставничката на ОКЦ, Маријана Марковиќ, изјави дека според последните информации од осум часот утринава активни жаришта има на четири локации. Таа додаде дека службите за заштита и спасување во Бар и Колашин ...

Приштина, 7 август 2026 (МИА) – Собранието на Косово соопшти дека продолжението на конститутивната седница ќе се одржи утре, иако уставниот рок за нејзино завршување истекува вечерва на полноќ. Веднаш по објавувањето на терминот за продолжување на седницата, реагираше опозициската Демократска партија на Косово (ДПК), која изрази загриженост поради, како што наведе, кршењето на уставниот поредок од страна на Движењето Самоопределување, кое, ...

Приштина, 8 август 2026 (МИА) - Пратеничката во косовскиот Парламент од редовите на партијата Самоопределување и вршител на должноста претседател на Косово, Аљбуљена Хаџиу, денеска изјави дека ниту минатата година Собранието на Косово не беше конституирано во рок од 30 дена од потврдувањето на резултатите од парламентарните избори. „Минатата година, од моментот кога Уставниот суд донесе одлука дека Собранието треба да се конституира во рок од ...

Приштина, 8 август 2026 (МИА) – Со задоцнување од еден час денеска во Приштина продолжи конститутивната седница на косовското Собрание во Приштина, но по само неколку минути работа седницата повторно беше прекината поради напад врз лидерот на Самоопределување и в.д .премиер, Аљбин Курти. Уставниот рок од 30 дена за конститутивната седница на која се избираат претседател и потпретседател на собранието истече на полноќ. Курти беше гаѓан со ...

Белград, 8 август 2026 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ, денеска пред Палата Србија, го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Србија. Предвидени со тет- а-тет средба меѓу двајцата претседатели, а потоа и разговори на делегациите на двете земји. По пристигнувањето во Белград, каде што пристигна синоќа, Зеленски изјави дека со Вучиќ ќе разговара за проширување на економските врски ...

Софија, 8 август 2026 (МИА) - Дрон денеска влезе во бугарскиот воздушен простор од Романија и експлодираше во близина на меѓународен гасовод. Бугарскиот премиер Румен Радев изјави дека дронот експлодирал кратко по пет часот утрото, околу 100 метри на територијата на неговата земја. Леталото не било идентификувано за време на летот ниту низ романскиот. ниту низ бугарскиот воздушен простор. „Нема жртви, ниту штети на зградите. Областа е ...

Белград, 8 август 2026 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека Србија секогаш ќе ја поддржува Украина на нејзиниот пат кон европска интеграција. „Украина секогаш ќе има целосна поддршка од нашата земја на нејзиниот европски пат и му сум благодарен на украинскиот претседател за поддршката што ѝ ја дава на Србија. Истакнав дека ја поддржуваме ...

Белград, 8 август 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој е во прва официјална посета на Белград, за време на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека го разбира неговиот скептицизам во врска со приклучувањето кон ЕУ, но дека Украина е во војна и тие имаат визија за тоа каква треба да биде државата во иднина. „Не станува збор само за реалност и ентузијазам во изборот на насока кон ...

Aнкара, 8 август 2026 (МИА) - Турција го ограничува пловењето на трговските бродови во Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала, објави Блумберг, повикувајќи се на извори запознаени со ситуацијата. „Турција го ограничува преминот на трговски бродови кон Црното Море преку Дарданелите поради чести напади со беспилотни летала врз трговски бродови, вклучително и бродови во сопственост на турски компании. Според ...

Белград, 8 август 2026 (МИА) - Српскиот премиер Ѓуро Мацут денеска во Белград разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, за билатералните односи, ситуацијата во Украина и европските и меѓународните прашања, соопшти владата. Мацут изјави дека Србија континуирано обезбедува хуманитарна помош за цивилното население во Украина. „Како земја што ја разбира вредноста на мирот, Србија секогаш ќе поддржува секој сериозен напор што води ...

Загреб, 8 август 2026 (МИА) - Товарен и патнички воз се судрија денеска меѓу станиците Свети Иван Жабно и Градец во близина на хрватскиот град Крижевци. Шест патници се тешко повредени, а 13 се полесно повредени, соопшти хрватското Министерство за здравство. На патниците им е укажана медицинска помош во болниците Бјеловар и Копривница, а некои се префрлени во болниците во Загреб. Во патничкиот воз имало 26 патници, машиновозач и кондуктер. ...

Тирана, 8 август 2026 (МИА) - Во Албанија стапија во сила новите измени во Законот за сообраќај, со кои се заоструваат мерките против прекршителите, со цел зголемување на безбедноста на патиштата и намалување на несреќите. - Според законот, овие измени предвидуваат трајно одземање на возачките дозволи за возачите кои се фатени како возат под дејство на алкохол, односно повторно управуваат возило со повеќе од 0,5 промили во крвта, откако ...

Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Делегација на СДСМ предводена од заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска, заедно организацискиот секретар Зоран Трифуновски и претседателот на ОО СДСМ Тетово, Жика Алексоски денеска положи цвеќе на спомен обележјето кај месноста Карпалак, и оддаде почит на македонските бранители кои загинаа кај Карпалак, стои во партиското соопштение што МИА го пренесува интегрално. Вечна им слава на Горан Миновски, ...

Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Денес, целата јавност е скандализирана од реакцијата на партијата Влен и нивното прозивање на обвинителството. Меѓународната заедница континуирано известува за притисокот на владата врз обвинителството и судовите, додека Влен јавно го потврди ова сомневање денес, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Извештајот на Европската Унија предупредува како никогаш досега за политичко мешање во ...

Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Над 50 хектари земја во плодната Гевгелиска Котлина цели четиринаесет години се држат во заложништво на една од пропагандните макети на ДПМНЕ. На оваа површина нема фабрики, производствени погони, инвеститори ниту ветените работни места. Има празни парцели, трње и депонија, додека Македонија увезува храна и домашните земјоделци молат за обработлива површина - се посочува во денешното соопштение на партијата ...

Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Децата на Филипче се децата на предавникот Заев, талогот од СДС испливува на површина. Деца осудени за насилство и трговија со дрога е иднината која ја нуди Филипче на граѓаните. Венко Филипче смета дека со насилници и лица корисници на наркотични средства и опојни дроги треба да се гради иднина - изјави денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин Манасиевски што МИА ја пренесува интегрално. ...

Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Делегација на Левица предводена од советникот Боби Илиевски, денеска положи цвеќе на спомен-обележјето кај Карпалак, оддавајќи почит на десеттемина македонски бранители кои пред 25 години ги загубија животите во масакрот кај Карпалак - се посочува во соопштението од Левица што МИА го пренесува интегрално. На 8 август 2001 година, припадниците на македонските безбедносни сили беа нападнати во кукавичка заседа ...

Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Денеска стоиме пред вас не како обвинети, туку како нападнати. Криминалната група ВМРО ги штити тепачите што ги пратија врз нас во Ново Село. Прво нè нападнаа физички. Сега нè напаѓаат јавно - со лаги, со навреди и со украдени полициски документи – кои се доверливи - изјави денеска на прес конференција на Христијан Ефтимов од СДММ, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. ВМРО на ...

Скопје, 8 август 2026 (МИА) - СДС и оние кои моментално ја претставуваат партијата и во случајот со Ново Село покажуваат тотална дезориентираност, едноставно не знаат каде тераат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Денес нивниот претставник од Ново Село, кој Венко Филипче го нарекува дете или воопшто учесниците во случајот во Ново Село во панична прес-конференција ги нарече деца, јавно призна дека е насилник ...

Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Од почетокот на мандатот се спроведуваат конкретни политики и мерки со кои Македонија се позиционира како се поатрактивна туристичка дестинација - изјави денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јамалов, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Истовремено се инвестира во подобра авионска, патна и ...

Скопје, 8 август 2026 Министерот Клековски конечно прозборе, призна дека во водата во Гостивар имало „многу различни бактерии и вируси“. А премиерот Мицкоски ги уверуваше граѓаните дека водата е технички исправна. Како Владата ги уверуваше граѓаните дека водата е исправна и може да се користи како „техничка“?Никогаш не беше објавена анализа, кој потпишал, кој дозволил. Поминаа 4 недели и никој не одговара за труењето со вода во Гостивар. ...

Скопје, 8 август 2026 Додека вмровската пропаганда оди во една насока, а населението во друга, на ДПМНЕ му останува уште празните училишни клупи да ги прогласи за историски успех на Владата. Податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС) вели дека во учебната 2025/26 имало 17.921 прваче. Актуелната бројка од уписите за новата генерација е 4.900 помалку. Преведено на јазик што не трпи партиски спин, тоа се околу 13.021 запишани деца и пад ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1025
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
87%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.21
90%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.24
99%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.89
54%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
81%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
82%
1026
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
93%
1030
Currency

61.543

Currency

54.968

Currency

73.739

Currency

37.998

Currency

39.145

Currency

67.209

Currency

8.2482

Currency

0.6714

Currency

0.34732

Currency

0.52316

Currency

1.0968

Currency

0.58451

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Рутениум

61086.42

Сребро

1666.05

Иридиум

321507.47

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Алуминиум

3.07