Битола, 9 август 2026 (МИА) - Припадници на полицијата и екипа од специјализирана нуркачка екипа од САЕ Тигар трагаат по 71 годишен скојанец, кој синоќа, скокнал во водите на Преспанското Езеро, по веслата кои му паднале и не излегол од водата. Министерството за внатрешни работи појасни дека во СВР Битола вчера во 12:33 часот е пријавено дека на брегот на Преспанското Езеро во село Сливница, ресенско, од езерото излегле двајца рибари кои ...

Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Четириесет и четиригодишен жител на село Љубојно рано изутринава починал откако изгубил контрола врз моторот што го управувал и излетал од патот. МВР соопшти дека во 05:45 часот во СВР Битола е пријавено дека на влезот од село Брајчино, ресенско, В.Т.(44) од село Љубојно, ресенско, управувајќи мотоцикл со ресенски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од здобиените повреди, мотоциклистот В.Т. ...

Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Деветнаесет годишно момче од Кочани е лишено од слобода, откако неговата поранешна партнерка го пријавила дека без нејзина дозвола направил експлицитни видеа и фотографии, кои потоа ги направил достапни за трети лица. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од ОВР Кочани вчера во 21:40 часот во Кочани го лишиле од слобода А.М.(19) од Кочани, постапувајќи по претходна пријава од ...

Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Полициските службеници во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, лишија од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти Министерството за внатрешни работи. Од нив, осум лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои четири малолетници, четири лица управувале возило под дејство на алкохол, ...

Атина, 10 август 2026 (МИА) – На граничните премини Дојран/ Дојрани кон нашата земја и Кипи кон Турција, при проверка на две товарни возила кои влегле во Грција, царинските службеници на грчката Независна управа за јавни приходи (ААДЕ) откриле и заплениле вкупно 1.296 боци нелегална разладна течност (фреон), а избегнатите царини и даноци се проценуваат дека надминуваат 338.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од боците со нелегален ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Полицијата во Штип лишила од слобода три лица во рамки на акција за сузбивање на недозволена трговија со дрога. При преземените мерки биле пронајдени марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага, нож и други предмети. Како што соопштија од МВР, на 8 август, околу 22:00 часот, на Штипски сокак, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Штип ги затекнале М.Б. и М.Џ.У. ...

Кавадарци, 10 август 2026 (МИА) - Дрско и непристојно се однесувал пред градски базен, кавадарчанец во алкохолизирана состојба бил лишен од слобода, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. - Вчера попладне во 16:50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода П.М.(27) од овој град, затоа што пред Градски базен во Кавадарци го нарушил јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 12:20 часот, на подрачјето на Центар во Скопје, го привеле 18-годишниот Д.И. од Кочани. Како што соопшти денеска МВР, тој бил приведен по претходно добиена пријава дека со употреба на физичка сила од 70-годишна скопјанка одзел личен накит. За случајот бил известен јавен обвинител. По целосното документирање на настанот, ЕВР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје ќе ...

Куманово, 10 август 2026 (МИА) - Во село Пузаљка, Општина Старо Нагоричане, вчера попладне настанал пожар во паркирано патничко моторно возило натоварено со дрва, по што зафатил и нискостеблеста шума информираа денеска од СВР Куманово. - Вчера во 18:38 часот во СВР Куманово било пријавено дека во село Пузаљка, Општина Старо Нагоричане настанал пожар во паркирано патничко моторно возило кое било натоварено со дрва. Од пожарот била зафатена и ...

11/08/2026 04:15 - МИА

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Н.(31) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во Скопје, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „хонда“, управувано од пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин. СВР Тетово поднесе кривична ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Многу топло време со температури до 40 степени се најавуваат во следните два дена. Високи ќе бидат и утринските температури кои ќе се движат од 12 до 23 степени. Од четврток се најавува нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи. Повремено процесите ќе бидат во форма на невреме, а тремпературите ќе опаднат за неколку степени. бак/са/ Фото: мИА архива Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Многу топло ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) – Делегации од Генералштабот на Армијата и Министерството за одбрана, Владата, Собранието и Кабинетот на претседателката на државата денеска положија цвеќе пред спомен-плочата во касарната „Илинден“, во спомен на осумте припадници на резервниот состав на Армијата кои загинаа во 2001 година кај месноста Љуботенски бачила. Централната делегација од Генералштабот и Министерството за одбрана ја предводеше началникот ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Денеска до 13 часот регистрирани се вкупно седум пожари на отворен простор, од кои активни се 3 пожари, под контрола се 2, а 2 пожара се изгаснати, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). -Активни пожари: Општина Штип - с. Лакавица (ниска вегетација); Општина Македонски Брод - место викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол (сува трева, нискостеблеста шума и грмушки); Општина Неготино - воениот полигон ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Имињата на бранителите кои пред 25 години го положија својот живот за татковината кај месноста Љуботенски Бачила, да се спомнуваат со гордост, а нивното дело да биде вечен потсетник за нивната храброст и љубов кон татковината, напиша денеска министерот за одбрана, Владо Мисајловски на својот фејсбук профил. Како што наведува Мисајловски, храброста и пожртвуваноста на бранителите се траен аманет за идните ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Според најновиот преглед на Македонскиот информациски систем за шумски пожари - МКФФИС, од денеска, во 12 часот и 45 минути, речиси целата територија на државава со исклучок на повисоките делови на Шара, е со висок метеоролошки индекс за опасност од пожари. Директорот на ЦУК Мухамет Али, во пишаната изјава наведува дека иако во моментов нема области со многу висок метеоролошки индекс за опасност од пожари, сепак ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Ако надвор е 39 степени, клима уредите да бидат на околу 25, за да може да се прилагоди организмот ако излезете надвор на отворено, препорача доктор Давид Здравески, раководител на Одделот за здравствена промоција и следење на болести при Институтот за јавно здравје, во изјава за медиумите говорејќи за јавно - здравствените препораки за заштита од топлото време. - Меѓу општите јавно-здравствени препораки што ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Полициски службеници изминатото деноноќие лишиле од слобода 15 лица поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, соопшти МВР. Од нив, 10 лица управувале моторно возило без возачка дозвола, од кои тројца малолетници, две лица управувале возило под дејство на алкохол, едно лице управувало возило со активна забрана и две лица возеле без возачка дозвола ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Министерот за односи меѓу заедниците, Агон Ферати оствари средба со резидентната координаторка на Обединетите нации во земјава Рита Колумбија, на која се разговарало за зајакнување на соработката и поддршката на процесите поврзани со развојот на земјата. Како што соопшти Министерството за односи меѓу заедниците на средбата била истакната важноста на тесната соработка со младите, додека посебно внимание било ...

Скопје, 10 август 2026, (МИА) Дарко ЈАНЕВСКИ Втората балканска војна започнала со судирите меѓу Бугарија, Грција и Србија во јуни 1913 година во врска со различните сфаќања за тоа на која држава колкав дел од Македонија треба да и припадне. Подоцнежните анализи покажале дека е многу веројатно оти Бугарија ќе успеела да извојува победа и на двата фронта, доколку таквата ситуација не ја искористела Романија, која поттикната од Франција и Велика ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Во Гостивар здравствениот систем реагираше навремено, пациентите добија соодветна здравствена грижа, а јавноста беше информирана за состојбата. Здравјето на граѓаните не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки, се вели во реакцијата од Министерството за здравство. Министерството за здравство, се вели во реакцијата, ја почитува законската можност секој да поднесе пријава доколку смета дека постои основ, ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Министерството за внатрешни работи демантира наводи изнесени во јавноста дека кандидат за прием во Средното полициско училиште „7 Мај“ не бил повикан на проверка на моторичките способности и покрај тоа што ги исполнувал условите од јавниот повик, МВР во допис до медиумите соопшти дека процесот на селекција сè уште е во тек и се спроведува во повеќе последователни фази. На проверка на моторичките способности се ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Вкупно 15 пожари на отворен простор се регистрирани до 18:00 часот, од кои шест се активни, два се под контрола, а седум се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи. Активни пожари има во Општина Македонски Брод кај местото викано Видуш, во близина на с. Драгов Дол каде гори ниска вегетација, нискостеблеста шума и грмушки; во Општина Струга кај с. Долна Белица - ниска вегетација; во Општина Центар Жупа ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Четириесет и еден предлог проект содржи Првата конечна приоритетна листа на предлог - проекти за јавни инвестиции, што на предлог на Министерството за финансии (МФ) и Комитетот за јавни инвестиции ја усвои Владата. Листата, како што наведува МФ, ги содржи предлог-проектните идеи подготвени и проверени од иницијаторот (институцијата што го има доставено), а потоа оценети од страна на Министерството за финансии и ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Бензините од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 4 денари по литар, а цената на дизелот се намалува за 8 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,81 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС - 95 ќе изнесува 87 денари за литар, ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Регионална средба на превозниците од регионов ќе се одржи утре во Скопје за изнаоѓање решение за проблемот со којшто се соочуваат превозниците од Западен Балкан во однос на престојот во Шенген зоната. Ваква средба првпат се одржува во земјава, а на неа е најавено учество на раководствата на превозниците од Македонија, Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. - Проблемот се уште не е решен. Средбата се одржува за ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Во периодот јануари – јуни 2026 година домашната градежна оператива извршила градежни работи во странство во вкупна вредност од 12.9 милиони денари што претставува намалување за 57 проценти во споредба со истиот период лани, соопшти Државниот завод за статистика Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 12 875 илјади денари или 76,5 отсто помалку во споредба со истиот период ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Жртвата на бранителите не е само дел од минатото, таа е трајно потсетување дека мирот, слободата и безбедноста имаат своја цена, наведува премиерот Христијан Мицкоски во објавата на Фејсбук по повод 25 годишнината од загинувањето на македонските бранители кај Љуботенски Бачила. - Денес одбележуваме 25 години од трагичниот настан кај Љуботенски Бачила, ден кога Македонија се сеќава на осумте македонски бранители ...

Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Денешниот ден треба да не потсети на хероите кои во 2001 година го положија животот бранејќи ја Македонија, напиша нa својот ФБ, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, по положувањето свежо цвеќе во касарната Илинден, како дел од одбележувањето на 25-годишнината од масакрот кај Љуботенски бачила каде загинаа осум македонски бранители. „Во касарната Илинден оддадовме ...

Скопје, 9 август 2026 (МИА) – Македонските тенисери имаа успешен настап во конкуренција на двојки на турнирот „Neocom open 2026“ што викендов се одржува на терените на ТК „Југ“ во Скопје, откако Кристијан Јанев и Ерион Незири го освоија пехарот во машка, а Сара Митевска заедно со Андреја Глушкова од Бугарија во женска конкуренција. На турнирот кој е од рангот Ј60 за тенисери и тенисерки до 18 години, Митевска и Глушкова без поголеми проблеми ...

Гевгелија, 9 август 2026 (МИА) – Македонската машка кадетска кошаркарска репрезентација го претрпе вториот пораз на Европското првенство од б дивизијата, откако синоќа во Гевгелија загуби убедливо од Хрватска со 112:57 во рамки на 3 коло во групата Б. Предводени од Дион Шабани во нападот, македонските кадети одиграа рамноправна прва четвртина во салата „26. Април“., а на почетокот на вториот период, хрватската селекција направи серија од 5:0 ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Белград

5ᴼ / 4ᴼ
2.57
88%
1026
weather icon

Загреб

4ᴼ / 1ᴼ
1.54
87%
1026
weather icon

Софија

3ᴼ / 2ᴼ
1.03
88%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.14
90%
1029
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 1ᴼ
0.88
96%
1026
weather icon

Атина

13ᴼ / 10ᴼ
2.68
71%
1029
weather icon

Тирана

13ᴼ / 12ᴼ
2.06
100%
1026
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
0.0
100%
1026
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 0ᴼ
1.54
80%
1029
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.54
83%
1027
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
4.12
92%
1030
Currency

61.548

Currency

54.966

Currency

73.744

Currency

37.992

Currency

39.15

Currency

67.22

Currency

8.2483

Currency

0.67176

Currency

0.34733

Currency

0.52331

Currency

1.0968

Currency

0.58441

Паладиум

32279.35

Кобалт

33.53

Платина

49319.25

Злато

130856.75

Сребро

1666.05

Цинк

3.76

Алуминиум

3.07

Калај

46.54

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

321507.47

Бакар

12.58