Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Киев, 9 август 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин може да прибегне кон нова масовна мобилизација без официјално да го објави тоа, со цел да изврши притисок врз Европа. Ова го изјави во украинскиот претседател Володимир Зеленски во интервју за украинската телевизија, објави ДПА. Тајното повикување на стотици илјади Руси за воена служба може да биде насочено не само против Украина, туку и за да се изврши психолошки притисок врз ...
Рим, 9 август 2026 (МИА) - Папата Лав Четиринаесетти денеска повика да се „направи простор“ за дипломатија во конфликтот меѓу Русија и Украина, со цел да се запре насилството и страдањето на цивилните жртви. За време на молитвата Ангел Господов, папата од балконот на својата резиденција на плоштадот Свети Петар во Ватикан рече дека „хуманитарното право мора да се почитува во овој конфликт“, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. „Тие ...
Берлин, 9 август 2026 (МИА) - Германија се соочува со секојдневни напади од хибридна војна од странство, изјави денеска министерот за внатрешни работи Александар Добриндт по сомнителниот обид за напад со дрон наполнет со експлозив на аеродромот Лајпциг/Хале. Добриндт изјави за „Билд ам Зонтаг“ дека странските сили сакаат политички и социјално да ја потчинат Германија со всадување страв. „Ние не сме во војна, но сме секојдневна цел на хибридна ...
Лондон, 9 август 2026 (МИА) - Британскиот министер за одбрана, Вес Стритинг, ги повика сојузниците да помогнат во зајакнувањето на воздушната одбрана на Украина пред зимата, која рускиот претседател Владимир Путин ќе се обиде да ја искористи како „оружје“ против Киев. Британскиот министер ја посети Украина минатата недела за да разговара за подготовките за зимата, сезона во која Москва во претходните години ја напаѓаше енергетската ...
Лондон, 9 август 2026 (МИА) - Британскиот премиер Ендру Барнам следната недела ќе тргне на национална турнеја со цел да ја подобри врската на владата со британската јавност, пишува денеска британскиот весник „Гардијан“. Се очекува премиерот да објави низа нови мерки што треба да им помогнат на граѓаните финансиски. Иако Даунинг стрит сè уште не објави официјален распоред, се очекува премиерот да посети области каде што лабуристите ја изгубија ...
Лондон, 9 август 2026 (МИА) - Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека до 50.000 севернокорејски војници ќе бидат распоредени во Русија за да се борат на нејзина страна против Украина, објавија денеска британските медиуми. Зеленски изјави дека е донесена одлука за распоредување помеѓу 30.000 и 50.000 војници од Северна Кореја на територијата на Русија, не прецизирајќи како ја добил ваквата информација. Во јули, тој процени дека ...
Белград, 8 август 2026 (МИА) - Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека идната година со стапка на раст на БДП од 4,5 проценти Србија ќе биде „убедливо прва во Европа“ и дека вонредни избори ќе се одржат за најмногу три месеци. За време на политички состанок во населбата Белегис во општината Стара Пазова, тој рече дека во првата половина од годината, Србија имала највисока стапка на економски раст на континентот, според официјалните ...
Тирана, 9 август 2026 (МИА) - Пожари од широки размери го зафатија подрачјето над градовите Круја и Ѓирокастро, во чие локализирање и во текот на ноќта ангажирани беа голем број оперативни сили. -Операциите за изолирање и контрола на пожарот на над Круја, кој поради ветерот брзо се ширеше, продолжија со интензивен интензитет, со непрекинато ангажирање во текот на целата ноќ на структурите за цивилни вонредни состојби и вооружените сили, ...
Атина, 9 август 2026 (МИА) – Поминавме тешки десет дена, во кои преовладуваа силни ветрови и многу тешки и неповолни услови и се соочивме со над 400 пожари, истакна министерот за климатска криза и цивилна заштита на Грција Евангелос Турнас во интервју за грчката телевизија „Скај“, јави дописничката на МИА од Атина. Турнас се осврна на големите пожари на островот Парос, во јужниот дел на островот Крит и во областа Виотија во централна Грција, ...
Букурешт, 9 август 2026 (МИА) - Романија периодично ги анализира своите способности за брзо идентификување и соборување беспилотни летала, вели романскиот министер за одбрана Романија периодично ги анализира своите способности за брзо идентификување и соборување беспилотни летала што пристигнуваат на територијата на земјата, изјави министерот за одбрана Раду Мируца во интервју за телевизијата Диџи 24. Воената одлука за соборување на ...
Тирана, 9 август 2026 (МИА) - Министерството за Европа и надворешни работи на Албанија (МЕНР) во денешната реакција, околу посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Белград и неговата изјава дека Украина не го променила својот став за непризнавање на независноста на Косово, нагласува дека „нема паралела меѓу Косово и Украина“. Додава дека „исто како што Албанија цврсто стои и ќе продолжи да стои во поддршка на суверенитетот, ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Повеќе од четири недели Гостивар е без чиста вода. Повеќе од 4.700 граѓани завршиле во болница. Епидемија на жолтица. И до денес - ниту едно стручно лице од надлежна институција не излезе пред јавноста да каже каква е реалната состојба со водата. Ниту еден официјален документ. Ниту една потпишана експертска проценка - наведува СДСМ во соопштението што МИА го пренесува интегрално. Зошто? Затоа што никој не сака да ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Случајот во Ново Село, каде што приврзаници на предавниците Венко Филипче и Зоран Заев, насила сакаа да предизвикаат инцидент, го извади на површина целиот талог на СДС. Луѓето кои Филипче сака да ги продаде како „деца“, а ни помалку ни повеќе на Македонија, всушност се возрасни лица, блиски и верни на Заев, осудени за насилство и трговија со дрога - соопшти ВМРО-ДПМНЕ. МИА интегрално го пренесува соопштението на ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Европа се соочува со суша, намалување на водните ресурси и пресушување на реките, што создава проблеми за енергетскиот сектор и го зголемуваат ризикот од недостиг на електрична енергија и нов раст на цените. А Македонија веќе е зависна од увоз на струја, додека во над 50 населени места граѓаните се соочуваат со проблеми со загадена вода. Токму во вакви услови, Мицкоски и ВМРО-ОКГ сакаат водата и струјата на ...
Скопје, 9 август 2026 Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност. Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание - не мора да чека никого да поднесе пријава. Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Кети Штерјова од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. А Обвинителството - ...
Скопје, 9 август 2026 Венко Филипче со месеци ја плаши јавноста со тврдења дека цените неконтролирано растат, дека инфлацијата се разгорува и дека Владата не успева да ја стави под контрола. Но, за разлика од политичките прес-конференции на Филипче, бројките не можат да се приспособуваат според дневнополитичките потреби, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ што МИА го пренесува интегрално. На 27 март Филипче тврдеше: „Сведоци сме како цените ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Повеќе од еден месец луѓето во Гостивар се трујат со загадена вода. Повеќе од 4.700 лица завршија во болница. А одговорност од власта досега нема од никого. Граѓаните на Гостивар бараат чиста вода и одговорност за труењето. Досега го нема ниту едното, ниту другото - изјави денеска на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ што МИА ја пренесува интегрално. Не може цел град да биде ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт. Талогот од СДС си го покажа вистинското лице. Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт - изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Валентин ...
Скопје, 9 август 2026 Развојот на туризмот е еден од стратешките приоритети на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Во изминатиот период се реализираат бројни инфраструктурни и развојни проекти кои имаат за цел да ја подобрат туристичката понуда, да ја зголемат поврзаноста на државата со регионот и Европа и да создадат нови можности за локалниот економски развој, се посочува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од денешната прес-конференција на ...
Скопје, 9 август 2026 Општина Штип водена од градоначалникот на ВМРО – Иван Јорданов, започна со распродажба на земјата во сопственост на државата. Повторно на мета се познатите штипски „Печурки”. Таму постојат правни субјекти од кои граѓаните со години егзистираат, се наведува во соопштението на СДСМ кое МИА го пренесува интегрално. Затоа прашуваме: - Дали имате согласнот за изградба на шеснаесеткатница, од граѓаните кои работат таму и ги ...
Скопје, 9 август 2026 Левица дава целосна поддршка на струмичките земјоделци кои храбро излегоа на улица во борба против понижувачките откупни цени на пиперката „куртовска капија“. Тие со месеци ја обработуваат земјата, вложуваат сопствени средства и го преземаат целиот ризик на производството, а сега за еден од најзначајните земјоделски производи во струмичкиот регион им се нудат потценувачки 25 денари за килограм, се вели во соопштението од ...
Кавадарци, 9 август 2026 (МИА) - Без плаќање во готовина ќе се патува од утре во автобусите од јавниот превоз во кавадаречката општина. Од Јавното претпријатие „Градски превоз - Кавадарци“ информираа дека плаќање на билет во автобусите за градски и приградски превоз ќе се врши исклучиво со КА карта - персонализирана картичка со надополнување на кредит и со платежна картичка. - До 31 декември оваа година, при секое купување на КА карта со ...
Дебар, 9 август 2026 (МИА) - Во селото Себиште административната единица Стеблево, кое едно од 22 села во областа Голо Брдо во Албанија, населени главно со Македонци, се наоѓа едно ретко природно богатство кое привлекува внимание со својата убавина и геолошка вредност. -Станува збор за Пештерата во Себиште, природна формација која била откриена случајно и во својата внатрешност крие фасцинантен свет од сталактити и сталагмити, создадени во ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Во Амфитеатарот на Домот на културата во Драчево вечерва ќе биде прикажан филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, во рамки на киното на отворено што го организира Општина Кисела Вода во соработка со Кинотеката на Македонија. Како што соопшти Општина Кисела Вода, филмскиот викенд започна синоќа со проекцијата на култниот македонски филм „Бал-Кан-Кан“, а вечерва програмата продолжува со уште едно ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Во селото Грешница, општина Македонски Брод, вчера напладне полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишиле од слобода Г.С.(45) од с.Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу с.Грешница и с.Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено. Во селото Сарандиново, општина ...
Кавадарци, 8 август 2026 (МИА) - Кавадарчани на возраст од 76 и 82 години биле приведени поради дрско и непристојно однесување, информираше денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. - Вчера во 14:25 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци ги приведоа П.М.(76) и М.М.(82), двајцата од овој град, затоа што во полициска станица го нарушиле јавниот ред и мир со дрско и непристојно однесување, не ги почитувале наредбите на ...
Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера и утрово во Скопје, на различни локации, ги лишија од слобода Д.Н.(46) од скопско, Е.А.(24) од Скопје и М.Е.Џ.(22) од Германија затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци. Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Единицата за насилен криминал при СВР Скопје - Одделението за насилен криминал и одделението за семејно насилство расчистија две кривични дела и во координација со ОЈО Скопје поднесе кривични пријави против две лица од Скопје. Како што информира МВР, Одделението за насилен криминал поднесе кривична пријава против Д.В.(37) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“ по член 123 во ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - На локалниот пат Илинден – Марино, ноќеска на една минута по полноќ полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи го лишиле од слобода Д.В.(41) од Скопје, кој управувал возило под дејство на алкохол. Тестот покажал дека тој има 2,13 промили алкохол во крвта, а возел и без дозвола. - При извршената контрола било констатирано дека тој ...
Скопје, 9 август 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје во скратена постапка гони 46-годишник осомничен за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“ според член 300 срав 4 во врска со член 297 став 3 во врска со став 1, како и „неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода“ од член 301 став 1 од Кривичниот законик. Како што информира ОЈО, осомничениот, на 7 август околу пладне, управувал ...