Кочани, 9 август 2026 (МИА) - Планинарскиот спортски клуб (ПСК) „Осогово“ од Кочани на 23 август ќе го организира четвртиот традиционален меморијален планинарски марш „Стамен Каровски“, посветен на својот починат член, планинар и долгогодишен другар. Маршот ќе започне во 9 часот од туристичкиот локалитет Пониква, а учесниците ќе се движат по маркирана кружна патека долга околу 9 километри до највисокиот врв на Пониква – Панаѓур (1.669 метри ...

Ливерпул, 9 август 2026 (МИА) – Премиерлигашот Ливерпул е на чекор од потпишување договор со дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, јави денеска „Скај Спортс“. Според истиот извор, Араухо денеска ќе пристигне во Ливерпул на задолжителните медицински прегледи по што се очекува да остане на „Енфилд“ како позајмен фудбалер до крајот на сезоната. Ливерпул ќе може да ја активира откупната клаузула во неговиот договор со Барселона од 55 милиони ...

Скопје, 9 август 2026 (МИА) – Вториот по големина град во Узбекистан, Самарканд, идниот месец ќе биде домаќин на 46 шаховска Олимпијада на која македонскиот репрезентативен шах ќе биде претставен во машка и женска конкуренција. Како што денеска објави Светската шаховска федерација (ФИДЕ), натпреварувачкиот дел ќе стартува на 16. септември, со воведното од вкупно 11 кола кои ќе се играат во Меѓународниот изложбен центар „Патот на свилата“. ...

Скопје, 9 август 2026 (МИА) – Со дерби натпреварот меѓу Вардар и Шкендија, и дуелот меѓу Скопје и Струга денеска ќе биде комплетирано 2. коло од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Дербито на Националната арена „Тодор Проески“ со почеток од 17 часот ќе донесе пресметка меѓу актуелниот првак Вардар и вицешампионот Шкендија, кои и оваа сезона се главните аспиранти за титулата. „Нè очекува дерби натпревар против Шкендија ...

Белград, 9 август 2026 (МИА) – Македонската машка кадетска ракометна репрезентација го освои деветтото место на Европското првенство во Белград, откако попладнево во својот завршен настап извојува убедлива победа над Израел со 39-29. Македонските ракометари до победата дојдоа со фантастично второ полувреме во кое имаа апсолутна контрола врз случувањата на теренот. Натпреварот започна со иницијатива на израелските ракометари кои на средина од ...

Скопје, 6 август 2026 (МИА) - Официјално денеска започна снимањето на новиот македонски игран филм „Голиот Рид“, долгоочекуван кинематографски трилер со елементи на драма и хорор-фантазија. Проектот се реализира во продукција на „City Star Production“, под режисерска палка на Игор Алексов, авторот на меѓународно признатиот филм „Лена и Владимир“ кој освои дури 96 награди и 46 номинации на престижни светски фестивали. Сценариото е дело на ...

Струга, 6 август 2026 (МИА) - „Стари навики и нови приказни - пишување сценарио во денешниот свет“ е темата на мастеркласот на Масимилијано Нардули што ќе се одржи денеска во Струга во рамките на вториот ден од 10. издание на фестивалот Дрим Шорт. Програмата, како што и нформира тимот на Дрим Шорт, ќе почне во 15 часот во кафе бар Дуќан со отворање на катчето за виртуелна реалност, каде публиката ќе има можност да ги искуси „8 billion ...

Дојран, 7 август 2026 (МИА) - Со концерт во амфитеатарот во Стар Дојран, фолклорното друштво „Мегдан" од Богданци вечерва повторно ќе организира хуманитарна акција за прибирање средства за лекување на 39-годишниот Ристо Живковиќ од Богданци, татко на три деца. Под мотото „Оро на хуманоста", концертот е дел од „Дојранско културно лето 2026" и го организира Општина Дојран од 19.30 часот. Ќе настапи Фолклорниот ансамбл „Мегдан" од Богданци, ...

Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Во Паркот на франкофонијата вечер во 20 часот ќе биде отворена самостојната изложба на Анастасија Саздовска „Homo archīvālis“ во организација на Центарот за современи уметности Скопје, со поддршка на Министерство за култура и туризам и Општина Центар. Изложбата се состои од дигитални колажи и дела изработени во комбинирана техника и претставува истражување на традиционалните тетоважи и нивно повторно поставување ...

Охрид, 7 август 2026 (МИА) - Пијанистката Теодосија Нтоку и виолончелист Масимо Полидори вечерва ќе настапат на традиционалната Грчка вечер на фестивалот „Охридско лето“, организирана со поддршка на Амбасадата на Грција во Северна Македонија. Теодосија Нтоку е пијанистка со значајно присуство на меѓународната музичка сцена, а списанието „Би-Би-Си мјузик“ ја опишува како изведувач со драматични квалитети, емотивна суптилност и возбудлива ...

Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Македонскиот Културно-информативен центар во Софија и Друштвото на писателите на Македонија потпишаа Меморандум за соработка, со што, како што известува Центарот, „воспоставена е цврста основа за понатамошно унапредување на соработката во областа на културата, книжевноста и промоцијата на македонското духовно и литературно творештво“. Меморандумот го потпишаа директорот на КИЦ на Република Македонија во Софија, ...

Струга, 7 август 2026 (МИА) - Со работилница на тема „Справување со насилството врз девојчиња и жени“ денеска во Струга продолжува 10. издание на фестивалот за краток филм Дрим Шорт. Работилницата, како што соопшти тимот на Дрим Шорт, е предводена од „Женска инфо точка - Струга“, а предвидена е анализа на студентскиот филм „Сведоци“ во режија на Јана Голабоска. Едукативната програма, како што посочуваат, ќе продолжи со почеток со мастерклас ...

Охрид, 7 август 2026 (МИА) - Галеријата на икони во Охрид од денеска е збогатена со уште едно непроценливо историско, уметничко и духовно дело – иконата „Исус Христос на престол“, изработена во ретка мозаична техника, односно од ситни обоени камчиња или стаклени коцкички (тесери), карактеристична за византиската уметност. Како што беше посочено на денешната презентација организирана по повод одбележувањето на 75-годишниот јубилеј на ...

Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Културниот и едукативен центар „Лабораторум“ почнува нов проект наречен „ЛИФТ“, иницијатива насочена кон развој и поддршка на младата публика и независната музичка сцена преку едукативни и креативни програми. Првата активност во рамки на проектот се бесплатни музички работилници посветени на тереминот, првиот електронски музички инструмент во историјата и еден од најнеобичните инструменти во светот. Создаден пред ...

Охрид, 8 август 2026 (МИА) – Програмата на годинешното 66. Издание на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, преку концертот на ренесансниот хор „Готик Војсис“ од Велика Британија што на публиката ќе и приреди невообичаено патување во времето преку раната и средновековната музика. Ансамблот „Готик Војсис“, формиран во 1980 година од музичарот Кристофер Пејџ, повеќе од 45 години е препознатлив по високиот квалитет, ...

Демир Хисар, 8 август 2026 (МИА) - Куклeна претстава наменета за млади, во изведба на Здружението „Тактус“ од Охрид ќе се одржи пред селскиот дом во село Суводол денеска во рамки на петтото издание на манифестацијата „Демир Хисар низ боите и звуците на уметноста“. Во рамки на манифестацијата вечерва во 20 часот, во Домот на културата „Илинден“ во Демир Хисар ќе биде отворена изложбата на сликарот Тони Попов, насловена „Барајќи си дом. ...

Прилеп, 8 август 2026 (МИА) - Во Ликовна галерија на прилепскиот центар за култура „Марко Цепенков“ синоќа беше отворена изложбата на фотографии и дигитални дела насловена „Дома" од прилепските уметници Александра Ацеска и Илија Ацески. Станува збор за поставка на фотографии и фотоманипулации, кои носат спој на две различни уметнички перцепции. -Илија Ацески е конкретен, прецизен и рационален. Ја застапува аристотеловата теорија дека ...

Скопје, 8 август 2026 (МИА) - Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне денеска во 15 часот во Europe House Struga cо разговор со Никола Ристановски, каде публиката и авторите ќе имаат шанса да зборуваат на тема „Дали ги поставуваме вистинските прашања?" и да ги анализираат филмовите од програмата Студенти во фокус. Специјалната ВР програма е достапна секој фестивалски ден во Дуќан, со филмовите односно виртуелни ...

Охрид, 9 август 2026 (МИА) - Програмата на 66. издание на фестивалот „Охридско лето“ вечер продолжува со „Вечер на ЕУ“, во чии рамки во црквата „Света Софија“ ќе биде одржан концертот „Последна роза на летото“. На концертот ќе настапат унгарската флејтистка Јохана Кезеи, ирскиот виолинист Дејвид Тобин и ирскиот пијанист Фингин Колинс, музичари со богати меѓународни кариери и настапи на престижни европски и светски сцени. Јохана Кезеи се ...

Техеран, 9 август 2026 (МИА) - Иран постави нови услови за повторно отворање на Ормуската Теснина, вклучувајќи го и барањето САД никогаш повеќе да не ја загрозуваат Исламската Република, објавија државните медиуми. САД, исто така, мора трајно да ја прекинат војната против Иран и неговите регионални сојузници, се наведува во соопштението на Врховниот совет за национална безбедност на Иран, објавено синоќа. Советот е највисокото тело за ...

Тел Авив, 9 август 2026 (МИА) - Израел го отфрла мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа од 15 точки и нема да се повлече од Газа сè додека палестинската милитантна група Хамас не биде целосно разоружана, изјави денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој истакна дека Израел ја отфрла мапата на патот за разоружување на Појасот Газа предложена од Одборот за мир, со што официјално го отфрла предлогот ...

Техеран, 9 август 2026 (МИА) - На почетокот на третата година од својот мандат, иранскиот претседател Масуд Пезешкијан се сретна со врховниот верски водач ајатолахот Моџтаб Хамнеи, објавија денеска иранските медиуми, наведувајќи дека за време на состанокот двајцата лидери разговарале за економски и воени прашања. Разговорите ги опфатиле виталните потреби на населението, околностите и идните перспективи поврзани со агресивната војна на САД и ...

Техеран, 9 август 2026 (МИА) - Иранската новинска агенција Мехр објави видео во кое, според неа, врховниот верски лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, се појави во јавноста за прв пат. Во кратко видео објавено од агенцијата Мехр на Телеграм, Моџтаба Хамнеи може да се види во профил како седи во соба опкружена со луѓе и разговара со нив, иако иранската агенција не кажа кога или каде е снимена сцената. Десната половина од лицето на Хамнеи ...

Сана, 9 август 2026 (МИА) - Најмалку седум лица загинаа утрово во воздушниот напад на јеменските бунтовници Хути врз пристаништето Ал-Маха, објави јеменската армија. Хутите ја презедоа одговорноста за нападот, објави Ал Џезира. Јеменските бунтовници објавија дека го извршиле нападот „со голем број балистички ракети и беспилотни летала“, наведувајќи дека целите биле „војници на саудискиот непријател и складишта со оружје“. Хутите наведуваат ...

Дамаск, 9 август 2026 (МИА) – По 18 месеци интензивни преговори Сирија и Русија постигнаа договор за меморандум за разбирање за иднината на руските бази во Тартус и Хмејмим, објави денеска сириското Министерство за надворешни работи, а објави државната агенција САНА. Министерството изјави дека сириската држава ќе го преземе управувањето со цивилните објекти, вклучувајќи го аеродромот Хмејмим и комерцијалното пристаниште во пристаништето ...

Газа, 9 август 2026 (МИА) - Палестинската милитантна група Хамас денеска повика на целосно спроведување на планот од 15 точки на американскиот претседател Доналд Трамп за Појасот Газа. Хамас во соопштение објавено на Телеграм изјави дека останува посветен на планот од 15 точки за втората фаза од прекинот на огнот во Појасот Газа, објави Ал Џезира. Во соопштението се нагласува дека приоритет сега е целосното спроведување на договорот, што ...

Пекинг, 9 август 2026 (МИА) - Тајфунот Делфин денеска ја погоди источна Кина, што предизвика откажување на повеќе од 1.000 летови, евакуација на милион луѓе и прогласување на највисоко ниво на опасност, објавија метеоролошките служби, пишува Евроњуз (Euronews). Средишниот дел на тајфунот попладнето, по локално време, се упати кон копното во близина на градот Јухуан, во источната кинеска покраина Џеџијанг, соопшти Националниот метеоролошки ...

Киев, 9 август 2026 (МИА) - Во рускиот напад врз Харков во североисточна Украина синоќа загинаа две лица, а 12 се повредени, објавија денеска украинските власти. Руските трупи синоќа ја нападнаа и Одеса со балистички ракети и беспилотни летала, а во нападот се повредени шест лица, изјави денеска Сергеј Лисак, началник на Воената администрација на градот Одеса. Началникот на Воената администрација на Харковскиот округ, Олег Синегубов изјави ...

Лондон, 9 август 2026 (МИА) - Британската кралска морнарица предупреди за зголемена руска активност околу британските територијални води откако помина 21 ден во јули следејќи ги руските бродови, објавија британската PА Media и ДПА. Операциите за набљудување на руската активност се зголемија за 25 проценти во јули споредено со изминатата година, при што воените бродови направија повеќекратни преминувања преку Ламанш и Северното Море. ...

Будимпешта, 9 август 2026 (МИА) - Поранешниот претседател на Врховниот суд, Андраш Бака ја прифати номинацијата за претседател на Унгарија на владејачката партија Тиса, соопшти унгарскиот премиер Петер Маѓар. Маѓар објави на Фејсбук дека Бака ја прифатил номинацијата од желба да ѝ служи на нацијата и да работи за единството на унгарскиот народ и создавањето демократска, европска Унгарија. Унгарскиот премиер објави фотографија направена за ...

weather icon

Скопје

7ᴼ / 7ᴼ
0.51
93%
1027
weather icon

Белград

6ᴼ / 4ᴼ
2.57
91%
1025
weather icon

Загреб

7ᴼ / 4ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Софија

4ᴼ / 3ᴼ
0.0
87%
1027
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
1.21
90%
1028
weather icon

Љубљана

4ᴼ / 3ᴼ
0.24
99%
1025
weather icon

Атина

15ᴼ / 13ᴼ
0.89
54%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
2.06
100%
1025
weather icon

Подгорица

10ᴼ / 10ᴼ
1.03
100%
1025
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 3ᴼ
3.09
81%
1029
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
3.09
82%
1026
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
4.12
93%
1030
Currency

61.543

Currency

54.968

Currency

73.739

Currency

37.998

Currency

39.145

Currency

67.209

Currency

8.2482

Currency

0.6714

Currency

0.34732

Currency

0.52316

Currency

1.0968

Currency

0.58451

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Бакар

12.58

Калај

46.54

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Иридиум

321507.47

Сребро

1666.05