Скопје
7ᴼ /
7ᴼ
Сеута, 10 август 2026 (МИА) – Повеќе илјади жители на шпанската ексклава Сеута на северот од Африка протестираа барајќи поголема помош од централната власт во Мадрид и построга контрола на границата со Мароко, откако кон крајот на јули во градот влегоа повеќе од 70.000 мигранти, од кои мнозинството набрзо се вратија во Мароко, јавуваат денеска шпанските медиуми. „Сеута не е на продажба. Сеута е Шпанија“, извикуваа демонстрантите собрани на ...
Мадрид, 10 август 2026 (МИА) – Шумските пожари на југот и во централниот дел на Шпанија, во Уелва, Кастиља и Сеговија, на околу 90 километри оддалеченост од Мадрид, и понатаму се активни, а нивното гаснење бара распоредување на голем контингент копнени и воздухопловни ресурси, соопштија денеска шпанските власти. Во гаснењето на пожарите ширум Шпанија денеска учествуваат 21 авион и околу 300 пожарникари, меѓу кои и припадници на Воената ...
Киев, 10 август 2026 (МИА) – Русија планира да го зголеми бројот на балистички ракети што може истовремено да ги лансира врз територијата на Украина од сегашните 77 на 200, изјави денеска командантот на украинските Сили за беспилотни системи, Роберт Бровди. - Дури и ако успеат да лансираат само половина од тој број, сето тоа ќе лета кон нас – рече Бровди. Тој додаде дека единствениот начин да се намали бројот на ракети што Русија може да ги ...
Атина, 10 август 2026 (МИА) – Голем број пожарникари, меѓу кои и силите од Романија и Франција кои се во Грција преку европскиот механизам за цивилна заштита, се ангажирани за гаснење на пожарот што околу 8 часот утрово избувна во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака за евакуација на жителите и оние кои се наоѓаат во населено место што е во ...
Атина, 10 август 2026 (МИА) – Значително е подобрена состојбата со пожарот што околу 8 часот утрово избувна во ниска вегетација во областа Куварас во источниот дел на периферијата Атика, поширокиот регион на Атина, но една живинарска фарма изгоре целосно, а за огнената стихија целосно да биде ставена под контрола интервенираат речиси 200 пожарникари, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од противпожарната служба на Грција, ...
Атина, 10 август 2026 (МИА) – Со цел да се утврди дали на територијата на Грција постојат и функционираат ветерни електрани без потребните дозволи, како и дали се почитуваат пропишаните технички услови за нивна инсталација, одржување и работа, обвинителката надлежна за Дирекцијата за справување со кривични дела поврзани со подметнување пожари (ДАЕЕ) нареди спроведување прелиминарна истрага, откако неодамнешниот пожар во областа Виотија ...
Скопје, 7 август 2026 (МИА) - Објавените податоци на Државниот завод за статистика за нивото на инфлација во јули 2026 година во споредба со јули 2025 година е уште еден показател којшто е потврда за политиките коишто ги креира и спроведува Владата и упатува на стабилизирање на економските текови и задржување на позитивните трендови во економијата, наведува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во објава на Фејсбук. Според ...
Атина, 8 август 2026 (МИА) – Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Министерската одлука за „Определување на ...
10 август 2026 На СДС сега им смета и македонското сонце и уметничката инсталација, каде знамето од повеќекрако сонце се претопува во македонското знаме со осум краци, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Талогот на општеството од СДС, партијата којашто два пати го менуваше знамето, еднаш името, еднаш банкнотите, Уставот, е последна која може да говори за понижување на државата. Партијата чии лидери ја бришат ...
Скопје, 10 август 2026 Помина повеќе од еден месец, цел град Гостивар беше отруен со загадена вода. Речиси 5.000 граѓани завршија во болница. Здравствена катастрофа и тотален распад на институциите. Одговорност од власта, од здравствените институции досега нема. Од никого. А нема ниту чиста вода во Гостивар, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски, член на Извршниот одбор на СДСМ, што МИА го пренесува ...
Скопје, 10 август 2026 Од јуни 2024 година до денес, ниту еден од првите албански заменици-премиери во оваа Влада нема претседавано со ниту една единствена седница на Владата. Изет Меџити - 0 седници. Беким Сали - 0 седници. Арбен Фетаи - 0 седници. Вкупно: нула, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Ова покажува појасно од која било пропагандна изјава каква е реалната тежина на Албанците во оваа Влада. Функцијата ...
10 август 2026 СДСМ дава целосна поддршка на струмичките земјоделци производители на црвена пиперка. Даваме целосна поодршка на македонскиот земјоделец кој од утро до мрак е на нива, за да произведе храна за цела држава, кажа Софија Димитриева, членка на Централниот одбор на СДСМ, денеска во изјава за медиумите, што МИА ја пренесува интегрално. Барањата на струмичките земјоделци се оправдани. Тие не протестираат за милост - бараат ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Денеска официјално завршува семејното летување и екскурзијата на Мицкоски во Бриж. Многумина се прашуваат зошто Мицкоски одбра да летува токму во Брисел - административен центар на Европската Комисија, без плажа и без особена туристичка содржина, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Тој ги повика сите граѓани да останат во Македонија, да летуваат по планини и езера, да не се мачат со ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Талогот на општеството Филипче, поради кој со години сме пиеле небезбедна вода, а тоа не ни било кажано нам, граѓаните на Гостивар, нема право да морализира за случајот, изјави на прес-конференција Мартин Андоновски, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Гостивар, стои во партиското соопштение, што МИА го пренесува интегрално. Со години Филипче и власта предводена од СДС добивала извештаи од државните институции за ...
Скопје, 10 август 2026 Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги исполнува дадените ветувања и да работи во интерес на граѓаните. Една од најзначајните мерки за директно подобрување на животниот стандард е линеарното зголемување на пензиите за 7.000 денари за поголем број пензионери, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од прес-конференцијата на Дијана Илиевска, што МИА го пренесува интегрално. Пред изборите ветивме дека ќе направиме сѐ ...
Скопје, 10 август 2026 Здружението на новинари на Македонија алармира за директни закани по живот кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов. Во коментари се повикува на негово физичко елиминирање. Се бара „јунак“ што ќе „расчисти“ со него. Се бара да биде „решен на експресен начин“. Ова не е обичен интернет-инцидент. Ова е директна последица од политиката што ја води Христијан Мицкоски и организираната криминална група ВМРО, се вели во ...
Скопје, 10 август 2026 Талогот на СДС повторно се појави. Овој пат во ликот на мали Фрчко, кој се измачил на топлото време и отишол пред Јавно обвинителство. Но, ја утнал адресата од кои бара одговорност за случајот со водата во Гостивар, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Јон Фрчкоски од СДСМ, што МИА ја пренесува интегрално. Се побрза талогот на СДС да поднесе кривична пријава за лица кои, како ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Либерално-демократската партија (ЛДП) најостро ги осудува директните закани по животот, повиците за насилство и етнички заснованите навреди упатени кон новинарот и колумнист Ерол Ризаов поради неговото јавно пишување и изразените ставови, се наведува во реакцијата на ЛДП, која МИА ја пренесува интегрално. Несогласувањето со нечие мислење никогаш не смее да биде причина за закани, омраза или повици за физичко ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Лицемерно е што СДС се вмешува во политичка борба и пресметка за откупот на пиперки. Заев од јахта диктира ниски цени за пиперката, а СДСМ глуми загриженост за земјоделците, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ што МИА ја пренесува интегрално. Земјоделците кои имаат проблем со откупот добро знаат дека меѓу најголемите откупувачи е Мамас Ајвар во сопственост на Зоран Заев. Е сега друго прашање е дали има политичко ...
Скопје, 10 авгут 2026 (МИА) - ДУИ продолжува со истата расипана плоча. Секој ден пласира по една измислица и една лага. Но, тоа не е вест. Вест би било доколку ДУИ, барем еднаш, ја кажеше вистината, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Денес решиле да ги бројат седниците на Владата. И токму тука си дадоа автогол. За информирање на јавноста, претставници на ВЛЕН претседавале со седници на Владата. Но, бидејќи ...
Крива Паланка, 10 август 2026 (МИА) - Изгаснат е пожарот што избувна во саботата на градската депонија во Крива Паланка, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски. Според Коцевски, пожарот бил локализиран вчера, во текот на претпладневните часови, додека на негово целосно гасење се работело до доцна синоќа. - Нашите екипи речиси 30 часа активно работеа на целосно гасење на пожарот, со оглед ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Град Скопје соопшти дека од денеска Јавното претпријатие за државни патишта започнува со реконструкција на главниот мост над Маркова Река во скопската населба Драчево. Поради изведувањето на градежните работи, во наредниот период може да има отежнато одвивање на сообраќајот, па од Град Скопје замолуваат за трпение, разбирање и почитување на сообраќајниот ред. - Реконструкцијата на мостот е значаен чекор кон ...
Вашингтон, 5 август 2026 (МИА) - Легендарниот филм „Пурпурен дожд“ („Парпл рејн“) ќе добие свој мјузикл кој ќе се одигра на Бродвеј, носејќи нова сценска интерпретација на веќе познатата приказна. Мјузиклот, базиран на истоимениот филм од 1984 ќе содржи дел од најголемите хитови на Принс, меѓу кои и насловната нумера „Пурпурен дожд“ Музичката претстава ја следи приказната од филмот „Пурпурен дожд“. Главната улога ја толкува Принс, за млад ...
Пекинг, 7 август 2026 (МИА) – Кинески истражувачи завршија ажурирана геолошка карта на целата Месечина во размер 1:5.000.000, пренесе Синхуа повикувајќи се на Институтот за геологија при Кинеската академија за геолошки науки. Основната карта, со должина од околу 280 сантиметри и висина од 120 сантиметри, е дополнета со геолошки карти на поларните региони на природниот сателит на Земјата. На картата со точност се одбележани над 13.000 ударни ...
Стокхолм, 7 август 2026 (МИА) – Откривањето на повеќе од десетина изумрени ирваси на архипелагот Свалбард ги збуни истражувачите, а причината за смртта сè уште е непозната, соопшти највисокиот претставник на овој норвешки архипелаг. Вкупно 13 мртви животни – два мажјаци и 11 женки – беа откриени во две долини на архипелагот за време на пребројувањето на популацијата, пренесе ДПА. - Исклучително е необично репродуктивно способни женки и ...
Лондон, 10 август 2026 (МИА) - Додека режисерот Мет Ривс е зафатен со работа на продолжението на „Бетмен“, шефот на студиото на „Ди-си“ (DC), Џејмс Ган разреши еден од најголемите сомнежи меѓу обожавателите. Иако обожавателите сакаат што поскоро да го видат и третиот дел од приказната со Роберт Патинсон во насловната улога, Ган јасно ги отфрли гласините дека вториот и третиот дел од трилогијата ќе бидат снимани еден по друг. Во последните ...
Лос Анџелес, 10 август 2026 (МИА) - „Гугл“ официјално го објави почетокот на исклучувањето на „Гугл асистент“. Почнувајќи од 4 септември, компанијата постепено ќе ги префрла уредите со оперативен систем „Андроид“ - на „Џемини“, што ќе стане новиот стандарден гласовен и вештачкоинтелигентен асистент на телефоните. Промената ќе се случи автоматски преку „Гугл плеј сервис“, без корисникот да мора да инсталира нова апликација или рачно да ги ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Лицата над 65 години се почувствителни на здравствените ефекти од високите температури и топлотните бранови. Согласно националните и меѓународните препораки, лицата над 65 години се сметаат за една од ризичните категории на населението. Со возраста, организмот потешко се приспособува на високите температури. Дополнително, повозрасните лица почесто имаат хронични заболувања и користат редовна терапија, а одредени ...
Скопје, 10 август 2026 (МИА) - Уживај во летото, создавај убави спомени и грижи се за своето здравје, е пораката што денеска ја упатија од Институтот за јавно здравје, споделувајќи информации за препознавање, превенција и заштита од сексуално преносливи инфекции. - Сексуално преносливите инфекции (СПИ) се инфекции кои најчесто се пренесуваат преку незаштитен сексуален контакт - вагинален, анален или орален. Тие можат да бидат предизвикани од ...
Лос Анџелес, 10 август 2026 (МИА) - Научници развија нов вид молекула што би можела да го промени начинот на којшто одредени сериозни болести се третираат во иднина. Станува збор за таканаречени молекуларни лепила што можат да поврзат еден штетен протеин со системот во клетката одговорен за негово отстранување. Во напис објавен во списанието „Сајенс“ (Science), научниците тврдат дека успеале да користат таква молекула за да го отстранат ...