Скопје
12ᴼ /
12ᴼ
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Антонио Милошоски, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, во централниот Дневник на телевизија Алсат, се осврна на темата за поранешниот вицепремиер Артан Груби, кој денеска беше уапсен на еден од граничните премини, а за кој имаше меѓународна потерница уште од декември 2024 година. По однос на ова Милошоски вели дека во Собранието во земјава немало никаква информација за него, иако според него, Груби самиот ја ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска нагласи дека е убеден оти до јуни - јули ќе пристигне првата пратка од стоте автобуси за главниот град. - Автобуси требаше да имаме во март, но тендерот пропадна. Јас не се плашам да се извинам ако згрешам со проценките. Сега, наместо 80 ќе бидат набавени 100. Најголем дел од нив ќе стигнат оваа година - рече Ѓорѓиевски вечерва во гостувањето во Дневникот на ...
Хаг, 23 февруари 2026 (МИА) – Членовите на новата малцинска влада на Холандија, предводени од најмладиот премиер во историјата на земјата, Роб Јетен, денеска положија заклетва и стапија на должност. Јетен ја предводи тричлената коалиција составена од неговата либерална партија Д66 и двете конзервативни партии – Народна партија за слобода и демократија и Христијанско-демократски апел. Коалицијата вкупно има 66 пратеници од вкупно 150 места во ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Поранешниот вицепремиер Артан Груби доби мерка куќен притвор. Основното јавно обвинителство Скопје по добивањето на известувањето дека второосомничениот во предметот за Државната лотарија каде е осомничен заедно со уште пет лица, доброволно се пријавил на органите на прогонот и изразил подготвеност да соработува со надлежните органи, ќе ја продолжи постапката со цел донесување на јавнообвинителска одлука. - ...
Лондон, 23 февруари 2026 (МИА) – Поранешниот британски амбасадор во САД, Питер Манделсон денеска е уапсен под сомнение за злоупотреба на јавна функција откако се откри дека имал блиски врски со покојниот сексуален престапник Џефри Епстин. На 72-годишниот Менделсон во септември минатата година беше разрешен од амбасадорската функција, кога се открија неговите блиски врски со Епстин. Полицијата претходно овој месец почна казнена истрага против ...
Делчево, 23 февруари 2026 (МИА) - Националниот координатор за Конвенцијата од 2003 година на УНЕСКО, Ивона Опетчевска - Татарчевска присуствуваше на Годишното собрание на Здружението „Копачка“ по повод подготовката на новиот шестгодишен извештај за УНЕСКО. -Иако со Копачката соработуваме повеќе од 15 години, нашата заедничка работа на номинацијата за нејзино впишување во УНЕСКО започна во 2011 година. Поводот за моето присуство на годишното ...
Нион, 23.февруари 2026 (МИА) – Фудбалерот на Бенфика Џанлука Престијани привремено е суспендиран и нема да биде на располагање на Жозе Мурињо за реванш дуелот против Реал Мадрид в среда за дуелот од Лигата на шампионите. Аргентинецот е обвинет дека за време на првиот дуел од 1/16 финалето расистички го навредувал играчот на Реал Мадрид Винисиус Жуниор. Од Бенфика реагираа веднаш дека ќе се жалат, иако се сомневаат дека жалбата ќе има некое ...
Техеран, 23 февруари 2026 (МИА) - Актуелните нуклеарни преговори отвораат можност за соработка меѓу Техеран и Вашингтон во секторот за нафта и гас, изјави иранскиот министер за нафта Мохсен Пакнеџад, пренесе иранската агенција Мехр . „Сè е можно“, рече Пакнеџад кога беше запрашан какви се шансите за иранско-американска соработка во секторот за нафта и гас во контекст на нуклеарните преговори, објави иранската агенција. Меѓутоа, засега не е ...
Багдад, 23 февруари 2026 (МИА) – Ирачкиот заменик министер за миграција и раселени лица, Карим ал Нури денеска изјави дека околу 22.000 Ирачани од озлогласениот камп ал Хол во Сирија се вратени во Ирак. Во кампот ал Хол беа сместени семејства на борци од терористичката група Исламска држава. Ал Нури посочи и дека од Сирија треба да се вратат од 1.200 до 3.000 лица, кои се бараат од безбедносните агенции за нивна вмешаност во спроведување ...
Берлин, 23 февруари 2026 (МИА) – Германската армија мора да го забрза купувањето оружје и опрема додека земјата се адаптира на новите безбедносни предизвици, изјави денеска министерот за одбрана Борис Писториус при неговата посета на Агенцијата за набавки во Кобленц. - За да можеме да го направиме тоа, треба да станеме поагилни, поинвентивни и побрзи. Не станува збор за работата на поединечните вработени, туку за процесите и процедурите, ...
Брисел, 23 февруари 2026 (МИА) – Европска Унија денеска не успеа да го усвои новиот пакет санкции кон Русија ниту одобри поголем заем за Украина поради приговорите од Унгарија, изјави денеска високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. - За жал не постигнавме договор за 20-иот пакет санкции. Тоа е чекор назад и порака што денеска не сакавме да ја испратиме, наведе Калас по состанокот на министрите за ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје информира дека отсега постои можност за онлајн надополнување на картичката со билети. -Имаме одлична новина за сите патници. Од сега можете онлајн да ја надополните вашата картичка со билети и/или износ (средства) директно преку нашата официјална веб страна skopjebus.mk — без чекање, без редици и без одење до продажно место. Сè што ви треба е телефон или компјутер и ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Заврши распитот на поранешниот вицепремиер Артан Груби во Обвинителство, по што тој вечерва беше спроведен во Кривичен суд, каде што ќе биде изведен пред судија на претходна постапка. Поранешниот вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците, Груби, осомничен за проневера во „Државна лотарија“, денеска беше уапсен на граничниот премин „Блаце“ и сместен во притворското одделение во Шуто Оризари, по што беше ...
Скопје, 23.февруари 2026 (МИА) – Екипата на Тиквеш со победа и три бодови се враќа од гостувањето кај Македонија Ѓорче Петров откако во последниот дуел од 19.коло славеше гостинска победа со 1:0. Стрелец на победничкиот гол во 77.минута беше Луисињо. Гостите од Кавадарци постигнаа гол преку Сила и во 55.минута, но прегледувањето на ВАР снимката голот беше поништен. Тиквеш со новите три бодови со вкупно 24 се проби на седмото место на ...
Мексико Сити, 23 февруари 2026 (МИА) – Мексиканскиот министер за безбедност Омар Гарсија Арфуш денеска изјави дека 25 припадници на Националната гарда загинале во сојузната држава Халиско во шест одмазднички напади откако армијата вчера го уби шефот на наркокартелот „Халиско нова генерација“ (ЦЈНГ), Немесио Рубен Осегер Сервантес – Ел Менчо. Во акцијата против Ел Менчо загинаа 30 членови на наркорателот, еден затворски чувар, еден агент ...
Вашингтон, 23 февруари 2026 (МИА) – САД ќе воведат царина од 15 отсто за увоз од ЕУ по неодамнешната одлука на американскиот Врховен суд за претходните царини од страна на претседателот Доналд Трамп, изјави денеска висок функционер на Белата куќа, пренесе ДПА. Основата за новата стапка е Указот за глобалните царини што американскиот претседател Доналд Трамп го потпиша по одлуката на Врховниот суд, рече функционерот. „Сепак, ова е само ...
Брисел, 23 февруари 2026 (МИА) - Европскиот парламент денеска го одложи гласањето за спроведувањето на царинскиот договор меѓу ЕУ и САД, изјави претседателот на парламентарниот комитет за меѓународна трговија Бернд Ланге. „Сакаме да добиеме јасна порака од САД дека тие го почитуваат договорот“, рече Ланге по консултациите со други пратеници на ЕУ, пренесе ДПА. Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и американскиот ...
Париз, 23 февруари 2026 (МИА) - Француската крајно десничарска партија Национален собир и радикалната левичарска Непокорена Франција поднесоа одделни предлози за гласање недоверба на владата во знак на протест против неодамна усвоената Повеќегодишна енергетска програма (PPE) со декрет, објавија француските медиуми. Таа програма ги утврдува главните насоки за потрошувачката и производството на електрична енергија за секој енергетски сектор ...
Скопје, 23.февруари 2026 (МИА) – Селекторот на женската ракометна репрезентација Кристијан Грчевски го објави поширокиот список на ракометарки за дуелите со Белгија од квалификациите за Европското првенство 2026. На списокот се наоѓаат 35 ракометарки, а 13 настапуваат во странство. Грчевски во текот на оваа недела ќе го објави и скратениот список. Неделата на ЕХФ стартува на 1.март. Првиот дуел македонските ракометарки го играат на гостински ...
Скопје, 23.февруари 2026 (МИА) – Ракометарите на лидерот во Супер лигата Вардар на стартот од плеј оф дуелите ќе стартува со две гостувања. Првото ќе биде овој викенд во Автокоманда, каде „црвено-црните гостуваа во саботата и победија со 28:25. Во следното коло (второ – плеј оф) Вардар гостува во Битола, кај првакот Еурофарм Пелистер, а термин за одигрување на дуелите од таа рунда е 14 или 15.март. Инаку, во првото коло (28.февруари – 1.март) ...
Хаг, 23 февруари 2026 (МИА) – Обвинителите на Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска побараа потврдување на обвинението против поранешниот претседател на Филипини, Родриго Дутерте, за да може да почне неговото судење. - Така наречената војна против дрогата на Дутерте резултираше со убиства на илјадници цивли, а многу од жртвите беа деца - изјави обвинителот Маме Нианг на рочиштето за потврдување на обвинението. Според правилата на МКС, ...
Вашингтон, 23 февруари 2026 (МИА) – Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска повторно го нападна Врховниот суд, кој минатата недела пресуди против неговата програма за царини. Тој најави дека ќе преземе други ингеренции за царините и за „дозволите“, но не наведе детали. Трамп во објава на сопствената социјална мрежа „Трут соушл“ наведе дека Врховниот суд „случајно“ му даде повеќе ингеренции од претходно, а минато неделната одлука ја оцени ...
Киев, 23 февруари 2026 (МИА) - Украинските вооружени сили ослободија 400 квадратни километри територија и осум села во Олександровското боиште, на југот од земјата, соопшти Олександр Сирски, командантот на украинските Вооружени сили. На социјалните мрежи Сирски објави дека од крајот на јануари тие имаат постигнато напредок во борбите на фронтот, пишува Украинска правда. „Од крајот на јануари оваа година, на рутата Олександр, групата ...
Вашингтон, 23 февруари 2026 (МИА) – Војната во Украина предизвика директна штета во вредност од 200 милијарди долари, а реконструкцијата ќе чини милијарди повеќе, се наведува во најновиот извештај на Светска банка, Европска комисија, украинската влада и Обединети нации. Според нивните процени од почетокот на војната на 24 февруари 2022 година до крајот на декември минатата година, вкупната штета изнесува 195,1 милијарди долари, а за ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Демократската унија за интеграција позитивно ја оценува одлуката на Артан Груби да се врати во земјата, со што се создава можност преку транспарентна, правична и непристрасна постапка да се изнесат сите аргументи и да се разјаснат сите прашања, стои во соопштението на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Очекуваме процесот да се одвива во согласност со највисоките стандарди на владеење на правото – со високо ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - Градоначалничката на Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска денеска во просториите на Општината оствари средба со извршниот директор на Шведско-македонската стопанска комора, Самуил Наумовски Викиус. Како што се наведува во соопштението на Општината, оваа стопанска комора, која официјално започна со функционирање во октомври минатата година наскоро ќе ја отвори својата канцеларија во населбата Црниче, токму на ...
Кочани, 23 февруари 2026 (МИА) - Делегација од Амбасадата на Швајцарија, предводена од амбасадорот Кристоф Зомер денеска ја посети Општина Кочани, каде што оствари средба со градоначалникот Владко Грозданов. На средбата, како што соопштија од локалната самоуправа, беа разменети мислења за справувањето со последиците од трагедијата во „Пулс“, при што акцент беше ставен на преземените активности и научените лекции од изминатиот период. Во ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) - На седница на Ректорската управа на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје во петокот биле усвоени заклучоци за предложениоет нов закон за високото образование откако до крајниот рок, 16 февруари, биле добиени забелешките од сите единици во составот на УКИМ. Скопскиот универзитет денеска е домаќин на јавната дебата за пакетот три закони за високото образование, квалитет во високото образование и ...
Скопје, 23 февруари 2026 (МИА) – Дебатите ги одржуваме со цел да дојдеме до едно заедничко, по можност најдобро решение, затоа што Министерството за образование и наука не е спротивставена страна туку, напротив, во соработка со универзитетите МОН го почна и на ист начин и ќе го заврши законот, изјави министерката Весна Јаневска пред почетокот на јавната дебата за предлозите за нов закон за високо образование и за закон за квалитет на високото ...
Росоман, 23 февруари 2026 (МИА) - Општина Росоман организира бесплатен превоз за земјоделците на саем во Солун во март. Станува збор за еден од најголемите вакви саеми во регионот. Како што информира денеска градоначалникот Ѓорѓи Крстевски во изјава за МИА, станува збор за познат саем за земјоделство и сточарство, на кој може да се видат напредни технологии, вештачка интелигенција во сточарството, разни видови алатки и опрема. - Росоман е ...