Битола, 14 мај 2026 (МИА) - Во семејниот дом во битолската населба Баир изутрината во 06:40 часот, убиена е А.В. (31 г.) од Битола. Од СВР Битола за МИА потврдија дека полициски службеници го привеле нејзиниот сопруг А.Р. (33 г.) кој се сомничи за извршено убиство. - Осомничениот А.Р. во 06:40 часот, со нож ја нападнал неговата сопруга А.В. со која живееле заедно. Од здобиените повреди А.В. починала во семејниот дом, а смртта ја констатирал ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје вчера лишиле од слобода две лица поради сомнение за кражба на велосипед пред теретана во Скопје. - На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од село Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и ...

Битола, 14 мај 2026 (МИА) - Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека во пелагониското село Добрушево се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл без регистарски ознаки, управуван од Х.Т.(30) и електричен тротинет, управуван од шестгодишно дете, двајцата од селото Добрушево. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, а со телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во ЈЗУ Клиничка болница Битола. ...

Куманово, 14 мај 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривични пријави против убиецот од Драгоманце за убиство на уште две жени и обид за убиство на две жени, како и против двајца мртвопроверители од болницата во Куманово, информираа денеска од МВР. СВР Куманово до Основното Јавно Обвинителство Куманово поднесе кривични пријави против Т.Б. (26) од село Драгоманце, Општина Старо Нагоричане, за сторено кривично дело „убиство“ поради основи на ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Најсвежо утрово е на Попова Шапка каде е измерен 1 степен, а најтопло во Гевгелија со 13 степени. Во Mаврови Анови, Пожаране, Лазарополе се измерени 4 степени, 5 во Берово, Тетово, Радовиш, Скопје-Петровец и Крива Паланка, 6 во Kрушево и Куманово, 7 во Скопје-Зајчев Рид и Претор, 8 во Штип и Виница, 9 во Охрид и Прилеп, 10 во Битола, Струмица, Демир Капија и Велес, како и 11 степени во Кавадарци, соопшти Управата ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) – Министерот за здравство Азир Алиу денеска информираше дека странската Комисија која ги проверувала сомнителните случаи на непотребно извршени кардиохируршки операции или упатувања за операции, утврдила сомнителни наоди кај девет од вкупно 13 анализирани предмети. На денешната прес-конференција, Алиу соопшти дека кај четири пациенти Комисијата оценила дека третманот бил медицински соодветен, навремен и спроведен ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - ДКСК не е надлежна да се меша во работата на Обвинителството - рече денеска претседателот на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Адем Чучуљ, во врска со одлуката на Јавното обвинителство за запирање на истрагата за набавките на мазут за ТЕЦ „Неготино“. Чучуљ укажа на потребата од поголема соработка меѓу двете институции - ДКСК и Обвинителството. - Не би ја коментирал одлуката на Јавното ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Со порака за достапност и блискост до граѓаните, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја отвори Народната канцеларија на претседателот во Скопје на улицата Димитрие Чуповски бр. 7. Таа истакна дека новото катче е создадено за да биде отворено место за сите - младите, возрасните и пензионерите - каде што ќе се развиваат дијалог, дебата и демократска култура. - Мислев дека е време уште едно место тука ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Од вкупно анализирани 13 предмети поврзани со сомнежи за непотребно извршени кардиохируршки операции или непотребно упатени за операција, странската комисија кај девет случаи утврдила сомнителни наоди во текот на дијагностичката евалуација, и тоа, на пример, несогласување меѓу ангиографските наоди од коронографијата и писмениот извештај, по што следувало несоодветна индикација за процедурите, било да се ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Јавното обвинителство Куманово, во соработка со Истражниот центар при Обвинителството, СВР Куманово и другите надлежни државни органи, ја прошири истрагата против осомничениот дваесет и петгодишен овчар од Старо Нагоричане за уште четири тешки кривични дела, убиство и обид за убиство од квалификуван облик - информира обвинителот Љубомир Лапе. Како што соопшти Лапе, по обезбедување нови докази, истрагата е проширена ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година учениците од прво до трето одделение првпат ќе добијат и дигитални свидетелства, соопшти Министерството за образование и наука. Проектот е поддржан од„ Македонски Телеком“ и, како што велат од МОН, е резултат на заложбите за дигитализација на образованието и значаен чекор во процесот на модернизација на образовните услуги во државата. -Оваа учебна ...

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Поранешниот американски амбасадор Кристопфер Хил, кој денеска зборуваше на панелот Leading in the Hot Seat: Decisions That Shape Economies на самитот на „Македонија 2026“, ја истакна важноста од соработката на лидерите на балканските земји, но и посочи на изреката „Размислувај глобално, делувај локално“. Главна поента од овој панел беше дека лидерството се тестира во моменти на притисок, а донесувањето одлуки ги ...

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Значењето на лидерството во услови на кризи и притисоци, улогата на компаниите и институциите во задржување на талентите, како и влијанието на вештачката интелигенција во образованието, пазарот на труд и иднината на работните места, беа во фокусот на вториот ден од самитот на „Македонија 2025“, што се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување на лидерство“. Претседателот на Управниот одбор на ...

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Како дијаспората може да и помогне на Македонија и кои предизвици се појавуваат во обидите да се направи тоа беа прашањата во фокусот на панелот „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ (Diaspora as Strategic Capital: Giving Back Home) на дводневниот Самит Македонија2026, што завршува попладнево во Скопје. -На дијаспората не и треба мотивација, љубовта е присутна. Она што недостасува е структура, основа, ...

Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Македонското општество има знаење, има талент, има луѓе кои успеваат и дома, но и во целиот свет. Сега е време тој потенцијал да го претвориме во резултати. Да создадеме држава што ќе биде доволно силна младите да сакаат да останат, доволно модерна за талентите да се враќаат и доволно самоуверена да се натпреварува и со најдобрите, порача попладнево министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Фондацијата Конрад Аденауер (КАС) денеска организира конференција „Бизнис со интегритет за конкурентна економија“ на која ќе биде отворена темата за сѐ поголемото значење на интегритетот, транспарентноста и усогласеноста, како предуслови за успешна и конкурентна економија. Конференцијата ќе понуди практични согледувања за тоа како етичкото и одговорно работење придонесува за намалување на коруптивните ризици, гради ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Во март годинава во земјата се евидентирани 73.921 туристи, кои оствариле 134.233 ноќевања, објави Државниот завод за статистика Од вкупниот број туристи, 19,7 % се домашни, а 80,3 % се странски. Кај ноќевањата, пак, 26,5 % се од домашните, а 73,5 % од странските туристи. Во периодот јануари - март 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 5,2 %. Кај ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Поранешниот претседател на Република Македонија, Ѓорге Иванов, учествуваше на 29-тиот Евроазиски економски самит организиран од Фондацијата „Мармара“, кој од 11 до 13 мај 2026 година се одржа во Истанбул, Турција. Иванов, како што соопшти неговиот Кабинет, се обрати на сесијата „Глобален дијалог на лидери“, на тема „Европската Унија во пресрет на променливите глобални и економски вредности: Поствоен свет со војни, ...

Охрид, 14 мај 2026 (МИА) – Претставници на релевантните лаборатории во нафтената индустрија во регионот, на министерствата за енергетика, регулаторните комисии, државните инспекторати, како и други релевантни институции и компании учествуваат на 10. Регионален симпозиум на лаборатории за нафта и нафтени деривати што од денеска се одржува во Охрид. Симпозиумот претставува значајна регионална платформа за професионална размена на искуства, ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изјави дека досега за капитални проекти се реализирани 75 отсто од буџетските средства на Министерството за транспорт. Како што рече, Министерството е подготвено и за повеќе ако буџетот дозоволува. - Со добро планирање, успеавме досега да реализираме 75 отсто од средствата за капитални проекти од буџетот на Министерството за транспорт, што е одличен ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Висок е процентот на корупција во државата и приоритетот ни е сега таа работа. Не се остварија драматичните најави дека брзо ќе бидат подобрени процентите на инфлацијата, изјави денеска претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески пред почетокот на конфедерацијата "Бизнис со интегритет". Азески предупреди дека евентуалното зголемување на инфлацијата може да предизвика катастрофални последици поради на ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Tреба да ги гледаме процесите онакви какви што се и да бидеме реални. Треба да сме свесни дека малите и средните претпријатија на класично отворен либерален систем се неконкурентни и тоа треба да го кажеме јавно, директно и отворено. Нема јавна постапка што може да ја добие мало и средно претпријатие од Македонија ако на неа учествува кој било, не светски, не европски, туку регионален учесник. Прашањето е што ...

Атина, 14 мај 2026 (МИА) - На важноста на регионалната поврзаност како клуч за енергетска стабилност на поширокиот регион и на енергетските проекти што секоја земја ги спроведува се осврнаа учесниците на панел-дискусијата на конференцијата за енергетика во Атина, меѓу кои и министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, која посочи дека ни е потребна поголема регионална интеграција и интерконекција, а паралелно се ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Летово ќе биде завршена физибилити-студијата по што ќе следува ревизија. Процесот на планирање мора да заврши перфектно добро. Првичниот рок што го кажав, дека проектот ќе се заврши до 2031 година, останува, ништо не е поместено - изјави денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски за брзата пруга на Коридорот 10. Како што истакна Николоски одговорајќи на новинарски прашања, во тек се ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Не само јавниот, туку и приватниот сектор треба активно да се вклучи во борбата против корупцијата. И невладините организации, исто така, науката, академиците, стопанските комори, граѓаните, на сите нивоа. Секој треба јавно да зборува и да кажува со какви конкретни примери на корупција се соочил. Неопходно е креирање заедничка платформа во која ќе учествуваат сите општествени чинители. Само така ќе може да се стори ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Во однос на Реформската агенда веруваме дека сепак има стапка на исполнетост и позитивен тренд од почетокот на овој извештаен период и се надеваме дека ќе има и поголема исполнетост до крајот реформските чекори, рече денеска Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка при Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, во изјава за медиуми пред Третиот состанок на Националниот консултативен механизам за Реформската ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Првиот вицепремиер и министер за европски прашања Беким Сали, во рамките на третиот состанок на Националниот консултативен механизам за реформската агенда 2024 - 2027, организиран од Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје и Министерството за европски прашања, ја истакна важноста на реформската агенда како клучен инструмент за институционална трансформација и унапредување на процесот на европска интеграција ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) – Министерот за надворешни работи Тимчо Муциунски ја повика опозицијата да има одговорен пристап за реформската агенда, да придонесе во европската иднина и да ја тргне настрана дневната политика. Соопшти дека во следниот период се очекува „историски висока исплата на средства за државата во рамките на планот за раст“. - Европската интеграција не може да биде успешна без сериозност, без одговорност и без минимум ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Потребен ни е дијалог со Бугарија и во тој контекст јас побарав билатерална средба со мојата колешка од Бугарија на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО, кој ќе се одржи во Шведска за десетина дена. И покрај сѐ она што се случи во последните денови, мојот став беше прилично јасно артикулиран и јавноста го слушна за онаа несекојдневна и навистина непријатна епизода пред некој ден - ...

Скопје, 14 мај 2026 (МИА) - Преспанскиот договор јасно го регулира користењето на термините за државните институции, но употребата на придавката македонски во однос на идентитетот и народот не може да се забрани - истакна денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова одговарајќи на новинарски прашања во однос на вербалната нота врачена до амбасадорот на Бугарија во земјата поради изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија ...

Цезар салата

51 минута - МИА
weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.06
32%
1011
weather icon

Белград

31ᴼ / 29ᴼ
3.65
46%
1007
weather icon

Загреб

24ᴼ / 24ᴼ
3.21
57%
1008
weather icon

Софија

25ᴼ / 25ᴼ
1.85
47%
1012
weather icon

Сараево

28ᴼ / 28ᴼ
3.3
42%
1010
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 24ᴼ
1.79
54%
1009
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
3.58
56%
1013
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.64
50%
1014
weather icon

Подгорица

26ᴼ / 26ᴼ
2.88
49%
1014
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 27ᴼ
6.26
41%
1009
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 21ᴼ
3.13
64%
1010
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
0.61
57%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Калај

53.60

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Паладиум

40767.15