Ливињо, 21 февруари 2026 (МИА) – Американската репрезентација во мешани двојки во состав Кајла Кун, Конор Каран и Кристофер Лајлис го освои златото во акробатски скијачки скокови на Зимските олимписки игри (ЗОИ) 2026 во Ливињо, со што ја одбрани титулата од Игрите во 2022 година. Швајцарија го освои сребрениот медал, додека големиот фаворит за златото Кина, заврши третопласирана и ја освои бронзата. Американците освоија 325,35 од можни 450 ...

Абуџа, 21 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 38 лица се убиени во село во северозападна Нигерија во напад што го извршија вооружени лица, соопштија денеска полицијата и локалните власти. Тие рекоа дека нападот се случил во село во нигериската држава Замфара. Локален функционер изјави дека вооружените лица ги убиле сите жители кои се обиделе да избегаат. рп/ Фото: МИА архива Абуџа, 21 февруари 2026 (МИА) - Најмалку 38 лица се убиени во село во ...

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот, како што информира ОЈО, на 19 и 20 ...

Дебар, 21 февруари 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Дебар, Фисник Меља, оствари средба со Халил Беџети, почесен македонски конзул во Бурса, Република Турција, што претставува важен чекор кон интензивирање на економските и институционалните односи меѓу Дебар и стратешките индустриски центри во Турција, информираа од општината. На средбата станало збор за можностите за меѓусебна соработка во различни области, со посебен акцент на ...

Дебар, 21 февруари 2026 (МИА) - Осумдесет годишен дебранец се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил негов сограѓанин со патничко моторно возило. -Синоќа околу 20.55 часот во Одделението за внатрешни работи е пријавено дека на улицата „Иса Болетини“ во Дебар патничко возило „фолксваген голф“ со дебарски регистарски ознаки управувано од Е.Б.(20) од Дебар удрило во пешакот Н.Л.(80) од Дебар, информираше Стефан Димоски, портпарол ...

Гостивар, 21 февруари 2026 (МИА) - Лицата кои работеле во странство нема да платат данок доколку докажат дека компанијата преку која што биле ангажирани платила данок во земјата каде што биле ангажирани, објасни денеска премиерот Христијан Мицкоски на новинарско прашање во врска со известувањата на УЈП за плажање данок на лица кои работеле во странство. - Сакам неколку работи да појаснам. Не станува збор за ретроактивен данок. Ова е закон кој ...

Тесеро, 21 февруари 2026 (МИА) – Норвежанецот Јоханес Клебо го освои златниот медал во класичната трка од 50 километри на денешниот, претпоследен, ден на Зимските олимписките игри (ЗОИ) 2026 во Тесеро, остварувајќи историски подвиг со победа во сите шест олимписки дисциплини во крос-кантри скијање, што досега не му успеало на ниту еден друг натпреварувач. Дваесетидеветгодишниот Норвежанец ја освои својата единаесетта титула во третиот настап ...

Кочани, 21 февруари 2026 (МИА) - Помал пожар избувнал во кујнскиот дел на угостителски објект сместен во Трговскиот центар во Кочани, откако се запалило црево поврзано со плинска боца. Настанот предизвика загриженост кај граѓаните кои во тој момент се наоѓале во централното градско подрачје. Според информациите, вработените реагирале навремено и со противпожарни апарати успеале да го локализираат огнот пред тој да се прошири во останатиот дел ...

Струга, 21 февруари 2026 (МИА) - Лице од струшкото село Франгово управувало моторно возило без положен возачки испит, возилото е одземано соопшти денеска СВР Охрид. Според информацијата, вчера во 10 часот и 45 минути полициски службеници од ОВР Струга, од слобода го лишиле М.Д.(32) од селото Франгово. - При контрола во сообраќајот извршена на улицата „Маркс Енгелсова“ во Струга, било сопрено патничко моторно возило „Голф“ со струшки ...

Кавадарци, 21 февруари 2026 (МИА) - Малолетник и 38-годишен кавадарчанец возеле низ Кавадарци без положен возачки испит. Како што денеска соопштија од Секторот за внатрешни работи - Велес, синоќа во 19:20 часот, на улица „Страшо Пинџур“ во градот, полициски службеници од ОВР - Кавадарци лишиле од слобода 15-годишен кавадарчанец. - При контрола во сообраќајот бил сопрен мопед „педа“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од малолетникот ...

Гостивар, 21 февруари 2026 (МИА) - Задоволство е да се гледа прогрес и да се гледааат добри резултати во изградбата на автопатот Гостивар - Букојчани. Имаме силна динамика, државата овозможува навремена логистика и со средства и во делот на експропријацијата и силната динамика ќе продолжи во следниот период за до крајот на 2029 година да возиме по овој автопат, изјави заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар ...

Гостивар, 21 февруари 2026 (МИА) – Автопатот од Гостивар до Кичево ќе биде изграден во рокот, ова го потврдија премиерот Христијан Мцковски, министерот за транспорт и врски, Александар Николовски и директорот на ЈП „Државни патишта“, Коце Трајановски по денешниот увид на работите на делница „два“ којашто се простира од Гостивар до кичевското село Букојчани. Премиерот, Христијан Мицкоски искажа благодарност до соработниците и институциите кои, ...

Лас Вегас, 21 февруари 2026 (МИА) – Поранешниот светски боксерски првак во бокс во повеќе категории, Флојд Мејведер (48), ќе се врати од пензија оваа година за својата прва официјална борба по речиси една деценија, иако неговиот противник сè уште не е познат. „Сè уште имам шанса да поставам нови рекорди во боксот“, изјави Мејведер, кој се пензионираше во 2017 година откако беше непоразен во 50 борби. Прогласен претходно оваа година од ...

Москва, 21 февруари 2026 (МИА) - Руската разузнавачка служба - ФСБ, ја класифицира онлајн платформата Телеграм, која ја користат милиони луѓе во Русија, како безбедносен ризик, пренесува ДПА. - Руската војска повеќепати ги загрозуваше животите на војниците користејќи ја услугата за пораки на фронтот во борбата против украинските трупи, соопшти ФСБ. Во соопштението се вели дека има „доверливи информации оти вооружените сили и разузнавачките ...

Скопје, 21 февруари 2026 Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче денеска реагираше на изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. МИА интегрално го пренесува соопштението на СДСМ со реакцијата на Филипче. „Наместо да ги спроведе реформите што Европа ги бара две години, Мицкоски нуди само изолација и анти-ЕУ кампања. Преку 70% од граѓаните сакаат ЕУ – а тој зборува за „булинг“ и „прва и втора лига“. Тоа не е булинг, тоа е последица од ...

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) - Јазикот е најсилното идентитетско обележје на секој народ, чувар на историјата и културата, преносител на знаењето и вредностите. Затоа, и институционално и индивидуално, имаме обврска да ги негуваме македонскиот, албанскиот, турскиот, српскиот, босанскиот, ромскиот, влашкиот и сите други јазици што се користат во нашето богато мултиетничко општество. Само така ќе продолжиме да ги зацврстуваме мостовите на ...

Атина, 21 февруари 2026 (МИА) – Безживотните тела на три лица биле извлечени по несреќата со мигранти што се случи рано утрово во морскиот дел на 15 наутички милји јужно од Кали Лименес кај градот Иралклио на грчкиот остров Крит, додека спасени се 20 лица, информираа од крајбрежната служба на Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Локалните медиуми од Крит пишуваат дека во превртениот чамец загинале пет лица, а околу 20 се исчезнати, ...

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) – Со натпреварите меѓу Вардар – Башкими и Пелистер – Струга, денеска продолжува 19 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). По двете стартни победи во пролетниот дел од сезоната, Арсими и Работнички, лидерот Вардар посакува и трета радост, иако голманот на „црвено – црните“ Давор Талески, истакна дека Башкими е незгоден противник. „Да, добро го започнавме пролетниот дел од сезоната, и тоа секако дека ни ...

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) - Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, реализираше теренска посета на рудниците и производствените капацитети на „Мермерен Комбинат АД Прилеп“, компанија која врши ископувања на еден од најпрепознатливите индустриски брендови на државата и значаен извозник на македонски мермер на глобалниот пазар, соопшти Министерството. За време на посетата, министерката извршила ...

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) - Партиските притисоци предводени од СДС и ДУИ разрешувале судии за еден ден. Ристо Катевеновски, поранешен судија на Врховниот суд тврди дека бил разрешен поради тоа што не дал позитивно мислење за судски случај по барање на тогашните власти СДС и ДУИ, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. На судско рочиште судијата Катевеновски истакнал ...

Кавадарци, 21 февруари 2026 (МИА) - Лишени биле од слобода двајца тиквешани кои изминатава ноќ возеле под дејство на алкохол, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес. - Синоќа во 23:27 часот, на улица „Страшо Пинџур“ во Кавадарци, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода З.С.(48) од овој град. При сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „голф“ со ...

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) - Европската иднина на Западен Балкан, политичката интеграција и економските предизвици што ги носат глобалните процеси, беа во фокусот на конференцијата на Паневропската Унија на Македонија, на која говорниците испратија заедничка порака дека регионот е дел од европската архитектура, а не нејзина периферија. Во Европа, велат тие, се отвора момент на одлучување – континент кој се бори со демографски пад, ...

Рабат, 21 февруари 2026 (МИА) – Вкупно 18 сенегалски навивачи, кои беа приведени минатиот месец во Мароко, за време на финалето на Африканскиот куп на нации, се осудени во петокот во судот во Рабат на затворски казни во траење од три месеци до една година. Обвинетите беа гонети за хулиганство, обвинение кое вклучуваше насилни дела, особено против полицијата, оштетување на спортска опрема, нелегално влегување во спортски објекти и користење ...

Виница, 21 февруари 2026 (МИА) - По осми пат в недела ќе се одржи „Чупино Winter Vertica“l, зимска планинска трка која прерасна во вистински спортски спектакл во регионот. Патеката до Чупини Брдо, 1750 метри висок врв на Плачковица, е долга 5 километри со 1000 метри искачување. Стартот е закажан за 10:00 часот од чаршијата во Блатец, а целта е на врвот Чупино, Годинава, организаторот Општина Виница, очекува 150 натпреварувачи од 8 држави, ...

Париз, 21 февруари 2026 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека одлуката на Врховниот суд на Соединетите Американски Држави за трговските тарифи на претседателот Доналд Трамп покажува дека е добро да има противтежа на моќта и владеење на правото во демократиите. - Не е лошо да се има Врховен суд и, следствено, владеење на правото. Добро е да се има моќ и противтежа на моќта во демократиите, рече Макрон на годишниот ...

Москва, 21 феваруари 2026 (МИА) - Три лица загинаа во хеликоптерска несреќа во регионот Амур на далечниот исток на Русија, пренесува „Анадолија“. Приватен хеликоптер „Робинсон“, кој исчезнал од радарите претходно во текот на денот, е пронајден без преживеани, соопштија денеска властите на регионот Амур. - Потрагата по хеликоптерот што исчезна во областа Ромненски е завршена во регионот Амур. За време на операцијата за пребарување и спасување, ...

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) - Во однос на процесот на евроинтеграција Македонија е жртва на булинг, тоа треба јасно и гласно да си го признаеме, а и сè повеќе политичари во Брисел тоа го признаваат, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во воведното обраќање на Конференцијата „Европската иднина на Западен Балкан: Политичка интеграција, регионална соработка и економска отпорност во време на глобални предизвици“, која втор ден во ...

Вашингтон, 21 февруари 2026 (МИА) - Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на европските земји со контрамерки доколку ЕУ ги фаворизира домашните производители на оружје пред американските во набавките, објави бриселскиот портал „Политико“. Пентагон изрази противење на каква било европска иницијатива за ограничување на пристапот до европскиот пазар за американската одбранбена индустрија, предупредувајќи дека ...

Брисел, 21 февруари 2026 (МИА) - Бројот на дизел возилата (вклучувајќи ги и дизел хибридите) во Европската Унија во изминатата деценија се намалил за 67 отсто, за разлика од оние на бензински и електричен погон кои бележат раст, објави Еуростат. Во периодот од 2014 до 2024 година, во 20 земји од ЕУ за кои има податоци, а претставуваат 93 отсто од вкупниот пазар на Унијата, бројот на возила на бензин (вклучувајќи ги и хибридите) се зголемил за ...

Скопје, 21 февруари 2026 (МИА) - Последните информации за најголемиот нарко скандал со пет тони дрога, објавени од обвинителството потврдуваат дека дрогата слободно ја поминала македонската граница, „повеќекратно“, стои во соопштението на СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Дополнително, пред тоа, дрогата во поголема количина била пренесувана со товарни и патнички возила од објект на правно лице во Скопје до локација во атарот на Свети ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
62%
1026
weather icon

Белград

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
55%
1026
weather icon

Загреб

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
55%
1025
weather icon

Софија

8ᴼ / 5ᴼ
2.57
59%
1026
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
3.12
67%
1028
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 7ᴼ
1.04
59%
1025
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
62%
1026
weather icon

Тирана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
71%
1026
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
0.51
62%
1026
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
61%
1029
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 9ᴼ
1.59
45%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 5ᴼ
4.63
65%
1029
Currency

61.6317

Currency

53.0188

Currency

71.0739

Currency

37.3113

Currency

39.0511

Currency

68.3732

Currency

7.68792

Currency

0.66893

Currency

0.33606

Currency

0.52476

Currency

1.20326

Currency

0.57672

Цинк

3.24

Платина

68963.35

Алуминиум

3.42

Кобалт

66.14

Родиум

372948.66

Злато

166253.76

Иридиум

231355.22

Паладиум

51794.85

Бакар

11.73

Сребро

2711.59

Рутениум

47358.05

Калај

50.64