Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Градската општа болница „8 Септември“ доби целосно реновиран оперативен блок со инвестиција од 12 милиони евра преку ТАВ-програмата. Со реконструкцијата се опфатени седум специјализирани операциони сали, одделите за интензивна нега и за патологија, административни кацеларии, покривната конструкција, клиничките лаборатории и придружните простории. Премиерот Христијан Мицкоски денеска истакна дека станува збор за ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - На денешното рочиште за судскиот предмет „Онкологија 2“ адвокатите на двајцата обвинети изразија различни ставови за начинот на изведување на обемните материјални докази. Додека одбраната на првообвинетиот Никола Васев побара од судот селекција и читање само на клучните докази за да се избегне неоправдано одолжување, бранителката на второобвинетиот Нехад Нухи инсистира секој доказ да биде поединечно изведен во ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - На 11.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Д. (27) од Скопје затоа што на истиод ден околу 16:20 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, од патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки во движење пукал во воздух со сигнален пиштол. Со Ф.Д. е извршен службен разговор и од него е одземен сигнален пиштол со една рамка во која имало 11 парчиња муниција за сигнален пиштол ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривична пријава против Г.М.(39) од Свети Николе осомничен за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Пријавениот му продал хероин на едно лице, кој бил пронајден и одземен. СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.И.(48) од Тетово поради постоење основи на ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Петнаесетгодишник од Скопје е лишен од слобода вчера во 14.50 часот од полицијци од СВР Скопје, кои постапиле по претходна пријава од општинско основно училиште на подрачјето на Гази Баба дека пријавениот влегол во училиштето и со остар предмет му нанел тешки телесни повреди на 15-годишен ученик. Министерството за внатрешни работи соопшти дека предметот е одземен и дека по целосно документирање на случајот ќе ...
Кавадарци, 12 мај 2026 (МИА) - Злоупотребена е фотографија од малолетна кавадарчанка со монтирање недолична содржина, оваа информација попладнево ја потврди за МИА, портпаролката на Секторот за внатрешни работи - Велес, Ана Милевска-Ѓеоргиева. -На 06.04.2026 во 11:45 часот во ОВР - Кавадарци, 49-годишна кавадарчанка пријавила дека од страна на непознато лице била злоупотребена фотографија од нејзината малолетна ќерка со монтирање на недолична ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, денеска изјави дека ниту како јавен обвинител, ниту како раководител, не вршел притисок или влијание врз обвинителите во однос на одлуките што ги носат во предметите по кои постапуваат. - Јас ни како обвинител ни како виш, на ниеден обвинител не сум му сугерирал, ниту пак загрозил неговата самостојност. На ниеден ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за превенција и Отсекот за општ криминал при СВР Велес денеска реализираа превентивна активност за спречување на питачење. На граѓаните им беше потенцирано да се воздржат од давање пари на лицата кои питачат, а секој забележан случај на питачење, особено од страна на деца на улица, да го пријават во надлежните институции. Целта на превентивната активност е да се надмине проблемот со ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, сите возеле без возачка дозвола. Четири возачи во Скопје, двајца во Струга, двајца во Битола и еден во Прилеп управувале возило без возачка дозвола. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Од полицијата апелираат до сите ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Судскиот совет денеска спроведе интервју со кандидатите за претседател на Основен кривичен суд Скопје. Противкандидати се судијата Ивица Стефановски и Даниела Димовска, актуелна вршителка на должноста. Интервјуата ги спроведува тричлена комисија од Судскиот совет, како дел од административната рамка. Кандидатите денеска ги претставија своите програми пред комисијата во Судскиот совет, а претседателот на комисијата ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од Отсекот за криминалистичка полиција при СВР Штип вчера во 19:50 часот го лишиле од слобода А.Ш.(65) од Штип. Тој се сомничи дека како управител на образовен центар во Штип, за време на одржување на дополнителна настава, подолг период допирал по телото неколку малолетни ученички, соопшти Министерството за внатрешни работи. Настанот во полициска станица, како што се посочува, го пријавиле ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Охрид синоќа околу 20 часот извршиле претрес во дом и помошни простории во Охрид, каде престојувал И.Ј. (31) од Кичево, при што била пронајдена и одземена марихуана. Како што информира полицијата, претресот бил реализиран по претходно добиени сознанија, во координација со Основното јавно обвинителство Охрид и со наредба од Основниот суд во Охрид. При претресот е пронајдена и одземена ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски бил повикан на разговор во полициска станица на 7 мај - потврдија за МИА од Министерството за внатрешни работи. - Лицето за кое прашувате, на 7.5.2026, по наредба на Основното јавно обвинителство, е повикано на информативен разговор во СВР Скопје - Единица за економски криминал и корупција. Во тек се активности по што соодветно ќе ја ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски смета дека со предлог-законот за игри на среќа и забавни игри, што го усвои Владата, состојбата во државата ќе се подобри во морална смисла, а најавува и решение со кое ќе се ограничи до коцкарниците да има канцеларии за издавање брзи кредити. На новинарско прашање Мицкоски денеска рече дека Владата стои во одбрана на законот забележувајќи дека ќе се смени перцепцијата за тоа дека ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - М-таговите за наплата на патарините отсега ќе бидат достапни и преку двата најголеми мобилни оператори во земјата - „А1 Македонија“ и „Македонски телеком“. Ќе може да се купат на 24 рати за месечен износ од 49 денари, а наплатата на патарините ќе се врши преку банкарската сметка на корисникот или преку сметката за мобилни услуги. Со регистрација на веб-страницата на мобилниот оператор корисникот ќе може да одбере ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Фокусирајте се на она што можете да го контролирате. Ние сме релативно мала земја, случувањата во остатокот од светот може да нè парализираат. Тоа им го порача Мајк Зафировски на политичарите и на сопствениците на бизниси, кој е еден од основачите на „Македонија 2025“, од самитот во Скопје, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. Поттикнување лидерство“. Според него, силна, независна, ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Владата продолжува со силна поддршка за рамномерен регионален развој и намалување на развојните диспаритети помеѓу општините и регионите. На денешната владина седница беа разгледани и усвоени програмите преку кои за 2026 година ќе се финансираат десетици проекти насочени кон подобрување на условите за живеење, локалната инфраструктура, конкурентноста и одржливиот развој. - Преку Програмата за намалување на ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Во услови на глобални кризи енергетиката повеќе не е само економско прашање, туку прашање на безбедност, стабилност и стратешка отпорност на државите - порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во своето обраќање на панелот на тема Energy and Economy in the Post-War World alongside War, Terror, Conflict and Forced Migration на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Во периодот јануари – март годинава вкупната вредност на договорените градежни работи во странство изнесува 4 459 илјади денари, што е за 91,4 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во првиот квартал годинава градежната оператива од државава во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 4 457 илјади денари, што е за ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Овогодишниот самит на организацијата „Македонија 2025“ обедини водечки бизнис-лидери од регионот, кои дискутираа за системските промени потребни за забрзан раст и за предизвиците со кои се соочуваат компаниите во процесот на интернационализација. На панелот посветен на прашањето како може регионот од потенцијал да создаде скалабилни и одржливи резултати се отворија клучни теми за конкурентноста, иновациите и ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Нашиот фокус останува заштитата на животниот стандард на граѓаните и ребалансот нема да оди надвор од овие рамки - вели министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во интервју за МИА во контекст на почнатите разговори за ребалансот на буџетот. Според Димитриеска-Кочоска, граѓаните треба да бидат спокојни дека буџетот е ликвиден, се сервисираат сите обврски, редовно се исплаќаат платите и пензиите и ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Со приклучувањето на Србија во системот СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамките на СЕПА-областа. Тоа, како што соопшти Народната банка на РСМ, во пракса значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи. - Србија е еден од нашите најзначајни ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - „Одлуки што ги обликуваат економиите“, „Победа со вештачка интелигенција: Од возбуда до вистинска конкурентска предност“ и „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“, се дел од темите на дискусиите на агендата на вториот ден од самитот на Македонија 2025, што се одржува во Скопје. Самитот ќе заврши попладне со обраќање на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски. Во фокусот на ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година - покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното масло (2,23) и кај течниот нафтен гас - ТНГ(3,55 отсто), ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е вообичаено во овој период да почне процедурата за ребаланс на буџетот, а оценува и дека Владата успешно се справува со кризата бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада. - Вообичаено е во јуни да почнат процедурите за ребаланс на буџетот и во јули да се донесе. Така беше и во 2024 и 2025, а до крајот на годината ќе имаме уште една конечна ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски информира дека е одржан состанок посветен на реформската агенда и на процесот на европската интеграција, на кој онлајн учествувал и Герт Јан Копман, директор на Директоратот за проширување и источно соседство при Европската комисија. Мицкоски во објава на „Фејсбук“ посочи дека на состанокот биле разгледани клучните реформски приоритети и следните чекори во процесот на европска ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Заменик-министерката за европски прашања Викторија Трајков учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, кој годинава се одржува под мотото „Глобална одговорност“ на кој учествуваат високи државни претставници, дипломати, универзитетски професори, претставници на меѓународни организации и експерти од повеќе земји. На самитот, како што соопшти Кабинетот на заменик-министерката Трајков, се дискутираше за ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Ние сме промакедонска партија и тоа е она што нас нè интересира, а тоа што СДСМ како политичка партија одамна го изгуби својот идентитет и начин на дејствување, тоа е нивен проблем и мислам дека со тој проблем многу бргу ќе се соочат на избори - рече премиерот Христијан Мицкоски прашан за коментар на тоа што лидерот на СДСМ ја нарекол ВМРО-ДПМНЕ бугарофилска партија. Мицкоски истакна оти ова не заслужува ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски е изненаден од одлуката за стопирање на случајот за набавката на мазут во ТЕЦ „Неготино“, но, како што рече, има информации дека штом АД ЕСМ ќе ја прими одлуката, ќе ја обжали, по што се надева дека случајот ќе биде вратен на повторно разгледување. - Јас со неверување ја примив оваа вест и искрено да кажам, бев шокиран од она што го слушнав. Добро е што АД ЕСМ, поранешно ЕЛЕМ, најави ...
Скопје, 13 мај 2026 (МИА) - Коалицијата меѓу ВМРО-ДПМНЕ, политичката партија „Влен“ и ЗНАМ функционира искуклучително квалитетно. Впрочем, тоа го докажуваат и граѓаните на избори. Ние како Влада сакаме следните избори да бидат редовни и да се одржат во 2028 година, но како партија и Влада сме поготвени во секое време да има избори и на тие избори да победиме - вели премиерот Христијан Мицкоски. Нагласува дека врз основа на ресурсите со кои ...