Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Северна Македонија останува цврсто посветена на европскиот пат и покрај предизвиците и застојот во процесот на европска интеграција - истакна министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во интервју за „Евроњуз“. Муцунски нагласи дека државата не ја гради својата проевропска ориентација само преку политичка реторика, туку преку конкретни политики и вредности што се спроведуваат во ...
Скопје, 12 мај 2026 (МИА) - Како Влада цениме дека покус пат до Европската Унија нема, односно има, но тој е полн со предизвици, кои најчесто се понижувачки и поради тоа го избираме потешкиот пат, со кој местото во Унијата ќе го заслужиме со квалитет и испорака - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето на самитот 2026 во организација на „Македонија 2025“, кој годинава се одржува со мотото „По 2025: Забрзување на растот. ...
Скопје, 11 мај 2026 Ацо Ристов, новиот претседател на РКЕ, во првото медиумско појавување најави ревидирање на блоковите и ефтината тарифа во сметките за електрична енергија, со што јасно стави до знаење дека струјата ја третира како роба која мора да има единечна, а не пет различни цени. Со ова тој предизвика загриженост кај граѓаните кои се обидуваат да штедат електрична енергија, се вели во соопштението на ПП „Левица“ што МИА го пренесува ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка за поправка, санација и реконструкција на постојни кровни конструкции и поправка и санација на постојни лифтови во станбени згради на подрачјето на локалната самоуправа. Градоначалникот Горан Герасимовски информира дека со оваа мерка продолжува поддршката за подобрување на условите за домување и унапредување на безбедноста на граѓаните. - Сите станбени ...
Мајами, 11 мај 2026 (МИА) - Полицијата во Мајами ја тужи продуцентската куќа на американските глумци Мет Дејмон и Бен Афлек поради филмот „Кражба (The Rip)“. Тие тврдат дека трилерот на „Нетфликс“, инспириран од вистински настани, лажно ги прикажал редарите во градот како корумпирани криминалци. Филмот, достапен на стрим-платформата од јануари, почнува со забелешка дека се заснова на вистински настани. Заплетот е инспириран од рацијата во ...
Куманово, 11 мај 2026 (МИА) - Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за справување со убоди од крлежи и други инсекти, информираа лекарите од кумановскиот ургентен центар. Со затоплувањето на времето и почестото користење на парковите, зелените површини и шумските предели, се зголемува и ризикот од убод од крлеж. Лекарите апелираат граѓаните да не се обидуваат сами да ги отстрануваат крлежите, туку да побараат стручна медицинска ...
Скопје, 11 мај 2026, (МИА) Братислав ДИМИТРОВ Кога во некое утро ќе се сретнеш со фактот дека мустаците не ти побелеле од шампита, туку од фризерските услуги на мајката природа. Кога сè помалку ќе успеваш да се тешиш со изгледот на Кит Ричардс и локалитетот Стоби. Кога ќупот во аголот на собата ќе ти се види поблизок роднина од твојот братучед, крајно време е да излезеш од дома. Каде? Не прашувај. Само излегувај. Скопје е град на ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Подигнување на свеста за комплексното автоимуно заболување лупус, кое најчесто ги погодува жените во нивните најпродуктивни години е целта на одбележувањето на 10 Мај, Светскиот ден на лупус, соопшти денеска Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари (МАГО). Годинава, како што посочуваат од асоцијацијата, овој значаен ден се совпаѓа со одбележувањето на Неделата на женското здравје, ставајќи посебен ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Поттикнување и негување на квалитетот и разновидноста на креативните изрази во уметностите, заштита и одржливо користење на културното наследство, преобликување на моделите на управување и институционална автономија како основа за развој, како и дигитализација и дигитална трансформација - се приоритетите на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 - 2030. Стратегијата, меѓу другото, ја ...
Скопје, 11 мај 2026, (МИА) ЕДЕН ОД НАЈПЕРСЕПЕКТИВНИТЕ ЕКОНОМСКИ ЕКСПЕРТИ - НИКУ СПРИНЧАН ЗА МИА (1. ДЕЛ) Балканот е заглавен во ценовен парадокс - плаќаме европски цени со примања далеку под просекот Додека глобалните кризи на Блискиот Исток го диктираат темпото на светската економија, граѓаните во Македонија и регионот се соочуваат со специфичен ценовен парадокс. Исти производи од исти брендови често се поскапи во Скопје или Белград отколку ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) – Екипата на Крива Паланка е победник на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига и нов македонски шампион во женска сениорска конкуренција. Во четвртиот натпревар од финалето на плејофот, Крива Паланка вчеравечер во Скопје славеше минимална победа (75:73) против екипата на Бадел 1862 и со вкупни (3:1) ја затвори серијата која го даде новиот државен првак за натпреварувачката сезона 2025/26. Кошаркарката на Крива Паланка, Аби ...
Струмица, 11 мај 2026 (МИА) - Струмица денеска и утрее домаќин на Државните спортски игри за средни училишта – Гимназијада „Чушко – Струмица 2026“, во организација на Федерацијата на училишен спорт на Македонија и Меѓуопштинскиот сојуз на училишен спорт – Струмица, а под покровителство на Министерството за спорт и Општина Струмица. На спортската олимпијада ќе учествуваат околу 600 средношколци и 40 екипи од целата држава, кои ќе се ...
Минеаполис, 11 мај 2026 (МИА) - Минесота ноќеска го победи Сан Антонио во четвртиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на НБА со 114:109. Натпреварот се играше во Минеаполис. Бек на Минесота, Ентони Едвардс, ги предводеше домаќините до триумфот постигнувајќи со 36 поени. Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, беше исклучен откако го удри со лакт центарот на Минесота, Наз Рајд. Му беше досуден неспортски фаул од втор степен. Минесота ...
Валенсија, 11 мај 2026 (МИА) – Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ги искажа впечатоците за победата на гостински терен против Атлетик Билбао. Валенсија вчера славеше со 1:0 на „Сан Мамеш“, Димитриевски беше најдобар на теренот. - Бодовите се многу важни, за нас секој натпревар е клучен. Дојдовме тука да се бориме, работевме напорно и успеавме да ја обезбедиме победата благодарение на трудот на сите. Целиот тим трчаше ...
Кочани, 11 мај 2026 (МИА) - Во Центарот за култура „Бели мугри“ вечер во 18 часот ќе биде прикажана премиерата на Детската театарска претстава „Малата принцеза“ во сопствена продукција на кочанската Национална установа. Претставата е приказна за принцезата со златен глас, во режија на Сања Гацовска. Играат членовите на драмското студи при ЦК „Бели мугри“ : Маја Станојкова, Андреа Митева, Алекс Дончевски, Ана Тасева, Софија Беличева, Ана ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Во Мобилната/Монтажна галерија во Скопје, денеска ќе биде отвотена самостојната изложба „Македонска Златна Азбука“ на уметницата Мaја Танева, проект кој ја истражува македонската азбука како простор на идентитет, културна меморија и современ визуелен израз. Изложбата опфаќа 31 дело, по едно за секоја буква од македонската азбука, изработени во акрилна техника со златна фолија на акрилен хамер. Дел од буквите се ...
11 мај 2026 „Дојче веле“ Евровизискиот натпревар во Виена е под политички притисок уште пред да почне. Сепак, за љубителите на најголемото музичко натпреварување во светот, сè се врти околу музиката и прашањето: Кои се фаворитите за финалето, за победата? Во својата 70-годишнина Евровизија се враќа во австриската престолнина. Во градот кој претставува симбол на културата и различноста. Ова е третпат Виена да биде домаќин на настанот: првиот ...
Атина, 11 мај 2026 (МИА) - Не постои апсолутно никаков страв од ширење на вирусот во Грција, но Грција никогаш не остава никого сам - нагласи министерот за здравство на Грција, Адонис Георгијадис, за грчкиот државјанин од крузерот „Хондиус“, кој во текот на ноќта беше превентивно префрлен во атинска болница, каде што ќе биде во 45-дневен карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Грчкиот државјанин, првично со холандски авион, беше префрлен ...
Брисел, 11 мај 2026 (МИА) - Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи го не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната. ми/сд/ фото: МИА архива ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - После распадот на ЗНАМ, напуштањето на претеникот Цеков и советничката во Прилеп, започнува распад и во самата ВМРО-ОКГ. Криминалната организација на Христијан Мицкоски е зафатена од сериозни внатрешни конфликти, фракции поврзани со Никола Груевски, внатрешна чистка со отстранување на сите потпретседатели, заминување на градоначлникот Сотир Лукровски, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува ...
Скопје, 11 мај 2026 Навреда за сите млади, врв на лицемерие и цинизам е повикот на Христијан Мицкоски младите да не се иселуваат. Па младите поради него и криминалната организација ВМРО сакаат да се иселат, поради криминалот, корупцијата, сиромаштијата, немањето систем, партизацијата, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Трајче Стојчевски, претседател на СДММ, што МИА го пренесува интегрално. Мицкоски им ја краде ...
Гостивар, 11 мај 2026 (МИА) – Во рамки на подготвителните активности за Светското првенство во спортски риболов на крап, вчера беше извршено порибување на Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап, информираат од националниот парк „Маврово“. Воедно, ЈУНП „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од денес стапува во сила забрана за лов на крап, која ќе важи во наредниот период, односно до завршувањето на Светското првенство. Од ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Во Основниот кривичен суд денеска почнува судскиот процес против 13 полициски службеници и началници од ОВР Кочани и СВР Штип, кои се товарат за загрозување на општата безбедност и сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“. Според наводите во предметот, на 16 март обвинетите биле дежурни, но истовремено биле и ангажирани во дискотеката. На критичната ноќ кога избувнал пожарот, полициските службеници ниту ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Проширувањето е императив и за Европската Унија и за земјите кандидати - изјави денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски пред почетокот на Советот за надворешни работи на Европската Унија во Брисел, со кој претседава високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас. Станува збор, потенцира шефот на дипломатијата, за тоа Западен Балкан да ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Собранието, Африм Гаши, заедно со парламентарната делегација, составена од потпретседателите на Собранието, Јован Митрески и Весна Бендевска, координаторите на пратеничките групи, Никола Мицевски, Оливер Спасовски, Беким Ќоку, Рина Ајдари и Бобан Карапејовски, претседателот на работната група за Етичкиот кодекс, Миле Лефков, како и генералната секретарка Марина Димовска, од 11 до 14 мај 2026 година ...
11 мај 2026 Остануваат уште само 20 дена до рокот кој ќе потврди неисполнување на реформската агенда од страна на Мицкоски, пишува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Бидејќи нема никакви реформи Христијан Мицкоски повторно ја активираше добро познатата стратегија за мачкање очи на граѓаните за сопствениот неуспех и неисполнети ветување. Прво намерно заострување на односите со Бугарија, создавање тензии и конфликти, ...
11 мај 2026 ВРЕДИ изразува разбирање за паниката во ДУИ, која произлегува од новата политичка реалност. На 9 мај се потврди спротивното од она што се пропагираше две години: ВРЕДИ не само што не се распадна, туку се обедини во единствен политички субјект. Пет партии во заедничка структура претставуваат историско достигнување и нова, поконсолидирана политичка сила, пишува ВРЕДИ во соопштение што МИА го пренесува интегрално. Во овој контекст, и ...
11 мај 2026 Филипче во последно време стана погласен за бугарските барања отколку за македонските црвени линии, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Тој уште пред да се формира новата влада во Бугарија, се обидуваше да се продаде и почна отворено да говори дека е спремен да направи уставни измени без гаранции. Во континуитет се засилија неговите ставови за уставните измени, па откако се формираше ...
Скопје, 11 мај 2026 (МИА) – Македонскиот кошаркарски вицепрвак ТФТ не успеа да обезбеди трет меч во баражот за пополнување на место во регионалната АБА-лига. ТФТ синоќа во Скопје доживеа пораз и во вториот натпревар од серијата со Борац од Чачак. Гостите од Србија беа поквалитетн противник и со уште еден убедлив триумф (97:65) изборија опстанок во АБА 1. Уште по првото полувреме беше јасно дека ТФТ има многу мали шанси да дојде до ...
Лондон, 11 мај 2026 (МИА) - Арсенал постави нов клупски рекорд за најмногу победи во една сезона. Во 36-то коло од англиската Премиер лига, вчера „топчиите“ го победија Вест Хем со 1:0. Оваа победа беше 42-ра за Арсенал во сите натпреварувања во сезоната 2025/26. Претходниот рекорд на клубот беше од сезоната 1970/71, кога победија на 41 натпревар. По 36 натпревари, Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со 79 бода. Манчестер Сити е ...