Кочани, 10 мај 2026 (МИА) - Големите скали од источната страна на Трговскиот центар во Кочани добиваат нов лик со посредство на уметничкиот настан „Обој го Кочани“ и на мултимедиалниот креативец и уметник Аспарух Михаилов – Пучо. Иницијатор на овој настан поддржан од Европската Унија е Локалниот младински Совет на Општина Кочани. На овој начин се прави обид за активно вклучување на заедницата за локални промени и разубавување на простори во ...

Загреб, 10 мај 2026 (МИА) - Во Хрватска во периодот 2013 - 2017 година, е зголемен бројот на хоспитализации поради намерно самоповредување, односно намерно нанесување повреда на себеси без потребната желба за смрт, кога беа евидентирани повеќе од 7.500, а највисоки стапки се регистрирани кај девојчиња на возраст од 15 до 19 години, според податоците на Хрватскиот завод за здравствена заштита. „Податоците за хоспитализациите поради намерно ...

Загреб, 10 мај 2026 (МИА) - Во кафуле во хрватскиот град Крапина утрово се случила пукотница во која учествувале две лица, и притоа е убиен началник на Службата за криминалистичка полиција во ПУ Крапина-Загорје, јавуваат хрватските медиуми. Полициската управа на Крапина-Загорје објави дека маж (52) убил полицаец (52) со огнено оружје, кој не бил на должност во времето на инцидентот. Напаѓаќот потоа пукал во себе и е префрлен со хеликоптер во ...

Приштина, 10 мај 2026 (МИА) - Првото рочиште во случајот против 21 лице од српска националност, кои се обвинети во отсуство од страна на косовското Обвинителство за воени злосторства, е закажано за 1 јули, потврди Основниот суд во Приштина. Специјалното обвинителство на Косово поднесе обвинение на 15 август лани против група лица осомничени за присилно протерување на повеќе од 800.000 албански цивили за време на конфликтот во 1998 и 1999 ...

Атина, 10 мај 2026 (МИА) – Со специјален лет на авион на военото воздухопловство, грчкиот државјанин од крузерот „Хондиус“ на кој се појави хантавирусот, кој е во добра здравствена состојба и без симптоми, ќе биде префрлен во атинска болница, каде што ќе биде 45 дена во задолжителен карантин, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за здравство на Грција информираа дека планирано е во текот на денешниот ден, грчкиот државјанин ...

Прилеп, 9 мај 2026 (МИА) - Овој месец ќе се обелодени новиот оперативен план за вработување, а Министерството за економија и труд анализира - лани беше успешно спроведен планот и преку 60 проценти млади до 29 години најдоа работа преку владините мерки, изјави денеска заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески. - Ефектите се одлични. Процентот на реализација на оперативниот план во минатата година е над 92 отсто. Мерките во ...

10 мај 2026 - Лаекенски индикатори за сиромаштија покажуваат дека 21,9% од граѓаните во Македонија живеат под прагот на сиромаштија, со највисок ризик кај самохраните родители и децата. Овие податоци не се само социјален аларм туку и јасен показател за неуспехот на економските политики во државата. Кога секој петти граѓанин не може да обезбеди основен животен стандард, а кај семејствата со три и повеќе деца сиромаштијата достигнува 55%, ...

Скопје, 10 мај 2026 Вчерашниот чин, каде што неколку политички субјекти се обидоа да се сокријат зад името на една партија, не е обединување, туку последен очаен крик за политички опстанок. Иронијата е целосна - ВЛЕН избра двајца кормилари да го водат истиот брод што веќе забрзано тоне. Ова фрагментирано раководство е директно признание дека во тој политички состав владее целосна недоверба и фрагментирање. Наместо визија, тие понудија пазар ...

Скопје, 10 мај 2025 (МИА) - Денеска Филипче пак излезе на прес-конференција да објаснува како уставните измени се во интерес на Македонија, и пак се обиде да го релативизира македонскиот идентитет и националните интереси. Филипче јасно кажа дека за него националниот идентитет е застарен концепт, па сега секојдневно го повторува ставот и се врти околу својата замислена оска и си фантазира за премиерска фотелја, се наведува во реакцијата на ...

Гевгелија, 10 мај 2026 (МИА) - Планинарска акција „Родители и деца“ која ја организира здружението „Планинарски спортски клуб – Кожуф“ од Гевгелија, ќе се одржи денеска во близина на минералните бањи во Негорци. Од здружението информираат дека оваа активност има за цел во планинарењето да ги вклучи заедно родителите и децата и да им овозможи дружење во природа низ интерактивни игри. Првата акција „Родители и деца“ за оваа година ќе биде со ...

Делчево, 10 мај 2026 (МИА) - Во организација на Планинарски спортски клуб „Голак“ Делчево денеска се одржува планинарски марш долг околу 18 километри, посветен на големиот јубилеј од Разловечкото востание. Со силни пораки за зачувување на историската меморија, љубовта кон природата и почитта кон македонските револуционери, денеска започна планинарскиот марш во чест на 150-годишнината од Разловечкото востание. Маршот, кој се организира од ПСК ...

Македонска Каменица, 10 мај 2026 (МИА) - Градоначалничката на Македонска Каменица, Соња Стаменкова, информираше дека во изминатите два дена делегација од општината реализирала студиска посета на неколку градови во Република Хрватска, при што биле разгледани успешни примери на локален и одржлив развој. Како што посочи Стаменкова, во Крижевци биле презентирани моделите за граѓанска енергија и енергетска транзиција, со посебен акцент на „one ...

Куманово, 10 мај 2026 (МИА) Александра Максимовска Историски темели: колективна визија и урбан симбол Во првата половина на 20 век, Куманово се оформува како значаен занаетчиски центар, каде еснафот има клучна улога не само во економијата, туку и во културниот и општествениот живот. Токму во таков контекст се раѓа идејата за изградба на Занаетчискиот дом, простор што ќе ги обедини занаетчиите и ќе служи како центар на заедницата. Како што ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - Под мотото „Фолклорот како живо наследство“, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во Паркот на Франкофонија, со настапи на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“ и фолклорните групи од Детскиот културен центар – Карпош. Од Општината наведуваат дека играорците, пред публиката, се претставија со богат репертоар од разновидни ора, народна музика и раскошни македонски носии, создавајќи ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - Во Скопје денеска беа прогласени најдобрите вина од македонска автохтона сорта на грозје, „станушина“, настан организиран од здружението „Македонски семејни винарии“. Дегустацијата и оценувањето беа реализирани од вински експерти, кои учествуваат и во интернационални оценувања. Дипломите ги додели Јадранка Клариќ, познавач на виното, промотор и презентер на македонското вино во земјава и надвор од неа. - Радува ...

Штип, 10 мај 2026 (МИА) - По вандализмот во најголемото Општинско основно училиште (ООУ) „Ванчо Прќе“-Штип, градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов денеска најави дека во сите училишта освен што има видео надзор ќе бидат поставени и алармни системи, со цел да дополнително да се превенира против ваквите девијатни појави. Во ова училиште беа уништени смрт табли, компјутери, надгледни средства, а имало обид и да се поплави еден од ...

Скопје, 5 мај 2026, (МИА) Пишува Дарко ЈАНЕВСКИ Дали според Библијата, жената треба да молчи, да седи дома, да раѓа деца и да му биде покорна на мажот? Денес веројатно многумина би се согласиле дека само и првата заповед, за малку повеќе молчење на жените, барем малку, не многу оти тоа е веројатно невозможно, е доволна, другите заповеди нека одат по ѓаволите, но, сепак, дали тоа е библиска порака и вредност? Ако се суди според Првото послание ...

Скопје, 5 мај 2026 (МИА) Пандорка АРСОВСКА ГАЦОВА „Ги сакам македонските песни, а никогаш не сум била во Македонија“, ми рече 106-годишната баба Дора која ја посетив во нејзиниот дом во населбата „Младост“ во Софија. Со топол поглед и тивка насмевка, таа веднаш остава впечаток на човек кој носи цел еден век искуство и мудрост. Баба Дора е жена со бистар ум, дисциплина и животна филозофија што освојува. Утро кое започнува во 5:30 – ...

Овој традиционален начин на подготовка на риба во хартија/ал.фолија овозможува сите ароми и сокови да останат зачувани, а рибата да биде неверојатно сочна и полна со вкус. Во комбинација со свеж зеленчук и маслиново масло, добивате лесен и елегантен оброк идеален за семеен ручек или посебна вечера. Потребни состојки: 2 свежи риби 1 помала тиквичка 2 моркова 2 пиперки 10 шери домати 4 средни компири маслиново масло сол црн пипер босилек свеж ...

Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Повеќе од 20 години по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок-состав „Архангел“ официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје. Звукот и лириката на „Дни оловни“ ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички натпревар „Евровизија“ се објавени на официјалниот Јутјуб - канал. Триесет и пет земји учествуваат на натпреварот, чиј домаќин годинава е Австрија. Првото полуфинале е во вторник, второто во четврток, а големото финале е закажно за во сабота. Главни фаворити за победа, според обложувалници на интернет, се Финска, Грција и Данска. бд/ев/ Фото и видео: ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - Епидемиологот д-р Драган Даниловски во врска со појавата на хантавирусот вели дека јавноста не прави разлика меѓу науката и стравот од хантавирусот создаден на интернет и оти е крајно време да научиме да правиме разлика меѓу реален јавно-здравствен ризик и интернет-фантазија што живее од колективниот страв. На јавноста ѝ се потребни точни информации, трезвеност и превенција, а не паника, порачува д-р Даниловски. ...

11/05/2026 02:46 - МИА

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - На 09.05.2026 во 12:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Аугуст Цезарец“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.И.(51) од Скопје, удрило во двајца пешаци - 57-годишната Ф.С. и А.Т.(27), двајцата од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ф.С., а со телесни повреди А.Т., констатирани во ...

Велес,10 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од СВР Велес вчера во 13:10 часот лишиле 17- годишен малолетник од Велес. Претходно, на улица „Димитар Влахов“ во Велес се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со велешки регистарски ознаки, управуван од малолетникот без дозвола и патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 23 - годишниот Т.Л. од Велес. Како што информираат денеска од СВР Велес, по ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - Во рамки на кампањата за унапредување на сообраќајната култура, денеска на подрачје на Полициската станциа од општа надлежност Кисела Вода, на локалниот пат Батинци - Езеро Козјак, беше реализирана сообраќајно - превентивна активност наменета за возачите согласно кампањите „Носи кацига“, „Не користи мобилен телефон додека возиш", „Стави појас" и „Не консумирај алкохол додека возиш". Превентивната активност беше ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - Седум лица биле лишени од слобода за семејно насилство, а со еден бил извршен службен разговор, вкупно девет пријави во последното деноноќие, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи - Куманово лишиле од слобода двајца кумановци на возраст од 49 и 34 години поради физички напади врз нивните мајка и сопруга. Полициски службеници од СВР - Скопје го ...

Скопје, 10 мај 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска порача дека никогаш нема да биде заборавена жртвата на осуммината припадници на македонската полиција кои загинаа во кумановско Диво Насеље на 9 и 10 мај 2025 година. - Нивната жртва никогаш нема да биде заборавена. Вечна слава на македонските херои! Во мај 2015 година, во кумановско Диво Насеље, осуммина припадници на македонската полиција застанаа во одбрана ...

Дебар, 10 мај 2026 (МИА) - Претседателот на македонското друштво „Сонце", Васил Стерјовски, кој учествуваше на Генералното собрание на Мрежата за промовирање на лингвистичка разновидност (НПЛД) во Стокхолм, Шведска, остварил средба со претседателката на НПЛД, Ана Јунгнер Нордгнер. - Секогаш претставува особено задоволство средбата со претседателката Нордгнер, со која разговаравме за актуелната состојба на македонската заедница во Албанија, ...

10 мај 2026 Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на отворањето на првиот технолошки парк во Македонија — N99 Deep Tech Park, простор кој има за цел да ги поврзе технологијата, иновациите, науката, стартап-заедницата и институциите во заеднички екосистем за развој, се вели во денешното соопштение од Министерството за дигитална трансформација, што МИА го објавува интегрално. N99 Deep Tech Park е замислен како ...

Скопје, 11 мај 2026 (МИА) - Поврзувањето е стратешко позиционирање и цел на Владата. Коридорите 8 и 10 се стратешки за Македонија како држава од многу аспекти и затоа тоа е наш најголем приоритет - порача денеска премиерот Христијан Мицкоски при увидот на активностите за изградба на автопатот Гостивар - Букојчани. - Изградбата на автопатот, модернизацијата на пругата, брзата пруга на Коридорот 10, енергетското поврзување преку далноводи, ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
88%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
90%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
62%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
45%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.78
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Паладиум

40767.15

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Калај

53.60

Сребро

2186.28