Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Струмица, 8 мај 2026 (МИА) - СВР Струмица поднесе кривична пријава против правен субјект од Струмица и против Н. Б. (50) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во четири наврати сториле кривично дело „аночно затајување - соопштија денеска од МВР. Се наведува дека пријавената компанија во својство на даночен обврзник и Н.Б. во периодот на сторување на делото управител со неограничено овластување во внатрешниот и надворешниот ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - СВР Куманово поднесе кривична пријава против Г.С.(23) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материи” и „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”. На 04.04.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај пријавениот во ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска на Американскиот универзитет на Европа - ФОН Скопје ќе учествува на научна конференција „Креирај дома, продавај глобално“. Како што соопшти МОН, со конференцијата ќе биде означено отворањето на Технолошкиот парк - Н99. Министерката Јаневска ќе се обрати на панел-дискусија посветена на образованието и дигиталната трансформација. хс/лв/ Фото: МИА архива ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) – Под слоганот „Победа, принципи и вредност“, денеска во дворот на Владата ќе се одржи свечена церемонија по повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Според најавата, на церемонијата премиерот Христијан Мицкоски, ќе положи цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. По чинот на полагање цвеќе е предвидено пригодно обраќање на премиерот Мицкоски. ра/лв/ Фото: МИА архива Скопје, 9 мај 2026 ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) – Во Паркот на Франкофонијата во Скопје денеска ќе се одржи настанот „Нож и вилушка на европската чинија“, кој преку гастрономија, музика и култура ќе ги прослави европските вредности и заедништвото. Како што е наведено во соопштението на организаторите, настанот има за цел да ги доближи различните европски кујни и култури до граѓаните, создавајќи простор за дружење, размена на идеи и дегустација на уникатни вкусови. ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Во Градскиот парк во Скопје денеска ќе се одржи централниот настан по повод одбележувањето на Денот на Европа, кој годинава се одржува под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“, соопшти „Европска куќа Скопје“. Како што најавуваат, официјално обраќање на настанот ќе има евроамбасадорот Михалис Рокас со почеток во 12 часот на сцената „Школка“. Пораки ќе бидат испратени и во најавените изјави за медиумите од ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, наврна во Претор, 33 литри на метар квадратен. Следуваат Битола со 23, Охрид, 19, Струмица, 12, Гевгелија, 11, Тополчани, 10, Прилеп, Kрушево и Демир Капија, 8, Кавадарци, 7, Берово, 6, Велес, 5, Скопје-Зајчев Рид, 4, Тетово, Mаврови Анови и Попова Шапка, 3, Крива Паланка и Пожаране, 2 и 1 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, информира Управата за ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - На 08/09.05.2026 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода О.И.(31). М.М.(31), А.Р.(27), М.Б.(40), Ј.Ѓ.(32), Д.Х.(19) и 15-годишник, сите од Скопје, А.Д.(35) од с.Сарај, скопско и А.Д.(36) од Република Словенија затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја, бела грутчеста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите, против нив ќе ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - ОВР Прилеп поднесе известување против ученик во средно училиште во Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „компјутерски фалсификат", соопшти денеска Министерството за внатрешни работи во дневниот Билтен. МВР појаснува дека пријавениот, со лажно претставување дека е наставник по англиски јазик од основно училиште во Виница, креирал профил и стапил во контакт со вработена во Министерство за ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Вештачката интелигенција е реалност. Таа не е повеќе иднина и ние мора да сме свесни за тоа и мора да вложуваме сѐ повеќе и повеќе и да ја користиме за да ги ефектуираме процесите, за да побрзо стигнуваме до иновациите, за да можеме технолошкиот развој да го забрзаме. Бидејќи ако не го правиме тоа, ние ќе заостанеме - ќе останеме изолирани и заборавени од светот. Мора да држиме чекор со она што се случува во светот, ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Во рамки на широка кампања за промоција на органодарителството, што се реализира под мотото „Органодарителството ѝ дава највисока смисла на човечноста“, д-р Марина Трајковска, анестезиолог во ГОБ „8 Септември“, апелира секој граѓанин да разговара со своето семејство за одлуката да биде донор на органи. Со изборот да биде донор, граѓанинот избира да подари некому живот, се истакнува во денешното соопштение на ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Делегација на ЕУ во земјава денеска во Градскиот парк во Скопје е домаќин на централниот настан по повод Денот на Европа, кој е отворен за сите граѓани. Манифестацијата започна со настап на детски танцови групи пред летната сцена „Школка“, а потоа напладне евроамбасадорот Михалис Рокас и официјално со пригоден кус говор и порака го прогласи настанот за отворен. Во Градскиот парк со евроамасадорот денеска беа и ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - По претходна пријава во СВР Велес од страна на граѓанин чие малолетно дете било во автобус со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице од Скопје, кој се враќал од екскурзија, дека автобусот неколку пати останувал дефект по пат, на 08.05.2026 во 22:50 часот, на наплатна станица „Отовица“, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус „сетра“ со скопски ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Автопатот Охрид-Кичево, кој е еден од најдолгите и најконтроверзни инфраструктурни проекти во државата, ќе биде целосно завршен до крајот на оваа или почетокот на следната година. Иако финансиерот не одби за дополнителни средства, со премиерот и министерката за финансии најдовме решение преку синдициран заем од домашните комерцијални банки, истакна вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, во ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Проблем со снабдување со керозин нема, имаме резерви за 90 дена иако законски мора да имаме за 60 дена. И покрај кризата отвораме пет нови дестинации од охридскиот и скопскиот аеродром, изјави вицепремиерот Александар Николоски. - Со керозин покрај тоа што се снабдуваат скопскиот и охридскиот аеродром, се снабдува целосно аеродромот во Приштина и делумно аеродромот во Ниш. Успеавме Скопје да го направиме центар на ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Научниот институт за тутун – Прилеп ќе добие поддршка од 25.500.000 денари за набавка и инсталирање на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии во контролирани услови на површина до 0,6 хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Министерот Трипуновски во објава на Фејсбук сподели дека ги посетил лабораториите на Институтот во кои се врши ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) – Балансот помеѓу фискалната консолидација, обезбедување економски раст и спроведување мерки за заштита на стандардот на граѓаните и поддршка на економијата се клучни во услови на континуирана и продлабочена геополитичка неизвесност. Ова го порачала министерката за финансии на 9-тата Меѓународна конференција Влијанието на геополитичките промени и вооружените конфликти врз процесот на проценување што во организација на ...
Кавадарци, 9 мај 2026 (МИА) - Денот на единствената македонска автохтона сорта грозје „станушина“, по петти пат беше одбележан во Кавадарци. Настанот реализиран во Винскиот музеј, беше во организација на здружението „Македонски семејни винарии“.Експерти од областа на автохтони сорти, биодиверзитет, развој на винскиот туризам и агротуризмот, одржаа предавања пред присутни лозари, винари и други гости. - Станушината е нашето природно богатство, ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Да се биде членка на Советот на Европа не значи само да се биде дел од клубот, тоа значи и обврзување кон Европската конвенција за човекови права, како и прифаќање на обврската да се спроведат сите пресуди на Европскиот суд за човекови права. Тоа е обврска што важи и за Северна Македонија и за Бугарија, и за сите 46 земји-членки. Во контекст на пресудите за македонското малцинство во Бугарија тоа значи дека мора да ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Во Ресен синоќа се одржала трибина „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која, како што објави на својот Фејсбук профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, се разговарало за предизвиците, но и за можностите за развој на земјоделството. Според Трипуновски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е отворено за предлозите, критиките и иницијативите ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Владата организира свеченост по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. Делегации од институции, политички партии, амбасади, .... ќе положат цвеќе пред споменикот „Ослободители на Скопје“. На свеченоста ќе се обрати премиерот Христијан Мицкоски. Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Владата организира свеченост по повод 9 Мај - Денот на победата над ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) – Денот на Европа ни го враќа вниманието кон моќта на европската идеја, еден визионерски проект којшто го изгради мирот, единството и стабилноста во континент кој едно време беше поделен од конфликти, се вели во честитката на претседателот на Собранието Африм Гаши по повод 9 Мај - Денот на Европа. - Денес, во време на големи геополитички предизвици и глобални несигурности, оваа идеја останува најсилната гаранција за ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека не смееме да дозволиме подвигот на илјадниците борци кои ги положија своите животи за слободата која ја живеме денес да биде заборавен или релативизиран. - Во годините на Втората светска војна, македонскиот народ, рамо до рамо со своите сограѓани Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи и Бошњаци, ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска во изјава по повод 9 Мај - Денот на Европа упати критки до власта дека ја држи државата изолирана од Европа и посочи дека треба да се направат уставни измени за да почнат преговорите за членство во Европската унија. -Денес го славиме Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. И на Денот на Европа можевме да имаме многу повеќе причини да славиме, еве, например, како ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа порача дека Европа е нашиот единствен пат и оти нашата татковина нема друга иднина и шанса за успех освен интеграцијата во Европската Унија. Мицкоски истакна дека во Европа не гледа само како на географија и оти Европа треба да биде вредност, како и дека мора да се разговара за трајни решенија по кои ќе ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Сè што правиме во овој период е насочено кон тоа државата повторно да ја застанеме на нозе, да ја закрепиме економијата и да создадеме сигурност и перспектива за секој човек, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски на свеченоста по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Нашата борба денес, потенцираше, не е со оружје. Нашата борба е за знаење, за развој, за институции и за достоинствен ...
8 мај 2026 Денес стоиме исправени пред историјата. Пред ден кој не е само датум во календарот, туку ден врежан во совеста на човештвото. Ден на победата над фашизмот. Ден кога светот покажа дека злото може да биде поразено, дека тиранијата не е вечна и дека слободата секогаш ја наоѓа својата сила во народите кои не се предаваат, рече премиерот Христијан Мицкоски во обраќање на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај - Денот на победата над ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Европа е изградена на ветувања, слобода, еднаквост и демократија. Денес во свет на конфликти и економски притисоци, мора да ги браниме овие вредности дома и надвор, рече денеска евроамбасадорот Михалис Рокас во обраќањето на свеченоста што се одржа во кругот на Владата по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Ова е ден, посочи, кога треба и да се подвлече стратешката важност на ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Потребно ни е обединување во заедничката борба за подобар живот, посилна економија, праведно општество и држава во која младите ќе сакаат да останат, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски, на свеченоста пред Владата по повод 9 Мај - Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, под слоганот „Победа, принципи и вредност“. - Како народ отсекогаш сме знаеле дека силата е во заедништвото. Во нашата историја ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Советот на ЕУ Антонио Кошта денеска преку видео порака го честита Денот на Европа на македонските граѓани, наведувајќи дека иднината на земјава е во Европската Унија. -Почитувани граѓани на Северна Македонија, денеска ви се обраќам како на идни членови на Европската Унија. На Денот на Европа го славиме нашиот заеднички европски потфат - моментот кога земјите основачки избраа единство наместо поделба ...