Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, на денешната прес-конференција посветена на акцијата за отстранување на хаварисани и напуштени возила, истакна дека станува збор за конкретна интервенција чија цел е враќање на јавниот простор на граѓаните и подобрување на еколошките стандарди во општината. Како што наведуваат од Општина Чаир, акцијата започна во средата и ќе продолжи и во наредните денови, сѐ додека има ...

Прилеп, 8 мај 2026 (МИА) - Повеќе од 5.000 ученици од десетте основни училишта во Прилеп денеска се приклучија на еколошката акција „Генералка викенд“, која оваа година се реализира со мотото „Генералка час“. Учениците од утринските часови активно ги чистеа училниците, училишните дворови, спортските сали и останатите училишни простории, со цел создавање почиста и поздрава средина. - Освен собирањето на сметот и чистењето на училишната ...

Дебар, 8 мај 2026 (МИА) - Мрежата за промовирање на лингвистичка разновидност (НПЛД), денеска на Генералното собрание во Стокхолм, Шведска, го прифати предлогот на Македонското друштво „Сонце“ следното Генерално собрание на НПЛД во 2027 година да се организира во Албанија, во соработка со друштвото. -Пред делегатите на Генералното собрание имав чест да го претставам предлогот ова значајно европско собрание да се одржи во Албанија, а предлогот ...

Куманово, 8 мај 2026 (МИА) - Спорт, дружење и едукативни активности денеска обединија околу 300 ученици од основните училишта во Куманово на манифестацијата „Мини Олимписки игри 2026“, која се одржа во спортската сала на средното училиште „Перо Наков“. Настанот беше организиран од Македонски олимписки комитет во рамки на ОВЕП програмата, поддржана од олимписка солидарност. Учениците се натпреваруваа во интерактивни игри и спортски активности ...

Штип, 8 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на општина Штип, Иван Јорданов, заедно со шведскиот амбасадор Ола Сулстром и Лесли Милер од Канцеларијата на УНИЦЕФ, како и претставници од здружението LEAD беа дел од презентацијата на проекти за иновативни решенија во рамки на програмата UPSHIFT, реализирана во партнерство со LEAD и УНИЦЕФ, со финансиска поддршка од Шведска. Во рамки на проектот UPSHIFT, седум ученици од СОУ Гимназија „Славчо ...

Дебар, 8 мај 2026 (МИА) - Општина Маврово и Ростуше денеска се вклучи во акцијата „Генералка викенд" и преку масовно учество во оваа национална активност уште еднаш ја покажа својата силна еколошка свест. Предводени од градоначалникот Онер Јакупоски, во акцијата се вклучија вработените во општинската администрација, Комуналното претпријатие, како и наставниот кадар и учениците од сите општински основни и средното општинско училиште. Акцијата ...

Тетово, 8 мај 2026 (МИА) - Сојузот на здруженија на медицински сестри, техничари, акушерки и стоматолошки сестри на Македонија (ЗМСТАС), предводен од Здружението „ЗА НАС“ на Македонија по повод Неделата на сестринство на градскиот плоштад во Тетово одржа симулациска вежба. Во рамки на вежбата беше симулирана сообраќајна несреќа во која мотоциклист е удрен од возило. Волонтери од Црвениот крст први му укажаа помош на повредениот, по што ...

Крива Паланка, 8 мај 2026 (МИА) - Крива Паланка уште еднаш покажа дека знае, може и сака да ја чува природата. Со искрена желба за почист, поздрав и позелен град, стотици граѓани, институции, здруженија, волонтери и јавни служби денес се обединија околу една заедничка цел создавање подобри услови за живот и зачувување на природните вредности за идните генерации, преку реализацијата на шестата по ред национална еколошка акција „Генералка ...

Штип, 8 мај 2026 (МИА) - Успешно заврши првиот ден од еколошката акција „Генералка викенд“ во Штип. Вработените во штипските јавни претпријатија, општината, учениците и вработените во Универзитетот „ Гоце Делчев“ –Штип денеска се вклучија во најголемата еколошка акција, чистејќи ги дворовите и околината околу објектите. Во Штип „Генералка викенд“ ќе продолжи и утре, најави секретарот на општина Штип, Вишна Шорова-Ангелова. -На 9 мај 2026 ...

Гевгелија, 8 мај 2026 (МИА) - Децата од двете основни училишта и детските градинки во Гевгелија учеа за правилно селектирање и рециклирање текстилен отпад преку едукативни кампањи организирани од Општината во соработка со компанијата „Тексомак“ која е колективен постапувач за управување со отпаден текстил. Со интерактивни презентации, разговори и едукативни содржини прилагодени за најмладите, тие се запознаа со важноста за грижата за ...

Лос Анџелес, 7 мај 2026 (МИА) - Детски роман од 1893 година од американскиот писател Ингерсол Локвуд повторно ја разгоре теоријата на заговор дека синот на Доналд Трамп, Барон Трамп е патник низ времето... Книгата „Чудесното подземно патување на Барон Трамп“ го следи богатото момче по име Барон Трамп, кое живее во замокот Трамп и тргнува на патување во Русија со придружник по име Дон. Овие имиња и мотиви беа предмет на шпекулации на ...

Брускетите се едноставно, но мошне вкусно медитеранско предјадење кое совршено ги спојува свежината на зеленчукот и аромата на крцкаво потпечениот леб. Оваа варијанта со француско лепче, пршут, домати, босилок и листови од ротквица е лесна за подготовка, а впечатлива. Потребни состојки: 1 француско лепче 150 грама пршут 2 зрели домати рака свежи листови босилок 2 чешниња лук 4 лажици маслиново масло 1 лажица балсамико прелив (прозирен или ...

Лос Анџелес, 7 мај 2026 (МИА) - Патничкиот инфлуенсер Џејк Розмарин се огласи од крстосувачот „МВ Хондиус (MV Hondius) во Атлантскиот Океан, кој е во карантин по сомневање за епидемија на хантавирус - ретка, но потенцијално сериозна болест. На бродот има околу 150 патници и членови на екипажот кои се изолирани со денови, додека медицинските тимови ја следат состојбата и се обидуваат да спречат ширење на заразата. Според достапните информации, ...

Вашингтон, 7 мај 2026 (МИА) - Ник Норвиц, докторанд на Харвард и поддржувач на кетогената исхрана, одлучил да види што би се случило со неговиот организам откако ќе внесе преголема количина храна. За таа цел, за само еден месец изел дури 720 јајца, што во просек изнесува 24 јајца дневно. По добиените резултати од крвта се увидело дека таканаречениот „лош“ холестерол значително се намалил, што дополнително ги збунило докторите. Значаен дел од ...

Вашингтон, 8 мај 2026 (МИА) - Колумбиската ѕвезда Шакира на социјалните мрежи објави дел од официјалната химна „Дај, дај“ (Puntería), наменета за претстојното Светско фудбалско првенство што ќе се одржи во Мексико, САД и Канада. Таа најави дека целата песна ќе биде промовирана на 14 мај, со пораката „Подготвени сме“, а во проектот е вклучен и нигерискиот пејач, текстописец и продуцент Бурна Бој. View this post on Instagram A post shared by ...

Лос Анџелес, 8 мај 2026 (МИА) - Американската технолошка компанија „Опен-АИ“ (OpenAI) воведе нова функција „Доверлив контакт (Trusted Contact)“, којашто има за цел - ако корисникот изрази мисли за самоповредување во разговор со „Чет-ГПТ“, да ги предупреди неговите најблиски, објави „Теккранч (TechCrunch)“. Овој потег уследи откако „Опен-АИ“ се соочи со бран тужби од семејства на луѓе кои извршиле самоубиство откако разговарале со нивниот ...

Софија Антиполис, 8 мај 2026 (МИА) - Водечките европски кардиолози објавија нови препораки за исхрана за пациенти со срцеви заболувања, нагласувајќи дека треба да му дадат приоритет на готвењето дома за да се избегне ултра-преработена храна. Лекарите, исто така, ја нагласуваат важноста на јадењето побавно и избегнувањето оброци доцна навечер. Европското здружение за кардиологија (ЕЗК, со седиште во Софија Антиполис, Франција) нагласува дека ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Приведени се 18 возачи за безобѕирно возење на територија на цела држава од кои 16 биле без возачка, а двајца со активна забрана. Министерството за внатрешни работи соопшти дека осум возачи се од Скопје (од кои двајца малолетници), тројца се од Гевгелија, двајца во Кичево и по еден во Тетово, Радовиш и Дебар. Кај еден од возачите во Скопје била пронајдена и марихуана, додека кај возачот во Тетово биле измерени и ...

Штип, 7 мај 2026 (МИА) - Пронајдена е починато помладо женско лице во стан на улицата „Васил Главинов“ во Штип. Според станарите на зградата станува збор за турска студентка, која студира на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“. Командирот на ТППЕ-Штип, Благој Ренџов за МИА потврди дека се повикани да интервенираат и да влезат во станот преку врата на балконот, бидејќи станот имал блиндирана врата. Според првичните информации лекарите и ...

Штип, 7 мај 2026 (МИА) - Секторот за внатрешни работи-Штип потврди дека во стан во Штип е пронајдена 20-годишна државјанка на Република Турција. Во соопштението од СВР-Штип се вели дека денеска во 14.48 часот во СВР Штип било пријавено дека во стан во Штип било пронајдено почината женско лице. Полициските службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за У.Е ( 20) , државјанка на Република Турција. Увид врши екипа на СВР ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Заменик-министерот за внатрешни работи, Астрит Исени деновиве во Њујорк учествува на Глобалниот форум за ревизија на Глобалниот компакт за безбедна, уредна и регуларна миграција на Обединетите нации, кој се одржува од 5 до 8 мај. Како што информираат од МВР, Исени во своето обраќање истакнал дека соработката со IOM веќе дава конкретни резултати преку реализација на значајни национални и регионални проекти насочени ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Кичево, вчера во 18:00 часот го лишиле од слобода Д.С. (65) од Кичево, по извршени претреси во неговиот дом и помошни простории. Како што информира МВР, претресите биле спроведени со судска наредба на две локации – во Кичево и во селото Попоец, кичевско. При акцијата, полицијата пронашла и одзела две пушки и куршуми од различен калибар. Лицето било задржано во полициска станица и по ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - По долго боледување, на 53-годишна возраст почина новинарката на МИА, Ирена Радовановиќ, една од препознатливите фигури во македонското новинарство, особено во областа на внатрешната политика. Новинарската кариера ја почна во неделникот „Фокус“ во 1991 година, каде што работела до 2001 година, по што продолжува во „Вечер“ како новинар во внатрешнополитичката рубрика. Во 2004 станува дел од редакцијата на „Нова ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Во неделата кога го одбележувавме 5. Мај – Денот на македонскиот јазик, ден што нè потсетува на значењето на јазикот како темел на нашиот културен и национален идентитет, македонскиот Културно-информативен центар во Загреб беше дел од повеќе активности кои придонесуваат за афирмација, негување и промоција на македонскиот јазик. Во рамки на активностите вчера во македонскиот КИЦ во Загреб Маријана Јанчевска – ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Центарот за климатски промени започна со проширување на мрежата за примарна селекција на отпад во Општина Гази Баба, со цел поддршка на локалните самоуправи во исполнување на Зелената агенда за Западен Балкан. Како што соопшти Центарот, на 24 април годинава во населeното место Даме Груев – Трубарево беа бесплатно доделени 95 канти за примарна селекција на пластичен отпад на домаќинствата. Активноста претставува ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) Од Амер Капетановиќ Денот на Европа често се третира како датум за одбележување. Тој треба да биде повеќе од тоа. Треба да биде дисциплина на политичката мисла: момент кога треба да се запрашаме дали Европа сè уште е способна да го претвори своето ветување во пракса. Шумановата декларација не беше церемонијален текст. Таа беше стратешки чин. И понуди на Европа излез од логиката на ривалство, со поврзување на државите ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец април 2026 година. -Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство - ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – „Спортувајте, другарувајте, учете, затоа што спортот е иднината на нашата татковина Македонија“, порача премиерот Христијан Мицкоски на свеченото отворање на првата сезона од „Плазма - Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје. Тој истакна дека Владата ќе продолжи да ги поддржува спортот и младите генерации. На настанот, кој обединува над 27.000 деца од целата држава, беа најавени натпревари во ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Нема простор за каква било паника бидејќи не постои опасност од појава на хантавирусот, ниту ризик за македонските граѓани, што е најважно во овој момент. Секторот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на дневна основа е во комуникација со Светската здравствена организација (СЗО) и со Европскиот центар за контрола на болестите, така што на дневна основа ги добива сите податоци што ни се потребни за ...

Скопје, 8 мај 2026 Претседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски, во интервју за емисијата „Клик плус“ на ТВ „21“ на 7 мај 2026 година, говореше за повеќе актуелни уставно-правни прашања, при што се осврна на предметот за Законот за употреба на јазиците, имплементацијата на одлуките на Судот, измените на Кривичниот законик, уставната тужба, реформите во јавната администрација и иницијативите поврзани со судските плати и олективниот ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Иридиум

253540.09

Злато

135639.33

Рутениум

48965.59

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Алуминиум

3.54