Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Софија, 8 мај 2026 (МИА) - Бугарскиот парламент се очекува денеска да го изгласа предлог-кабинетот на кандидатот за премиер Румен Радев, номиниран од партијата Прогресивна Бугарија. Претседателката Илијана Јотова вчера му го врачи првиот мандат за состав на влада на Радев како претставник на најголемата пратеничка група во 52. Народно собрание, кој веднаш го врати мандатот како исполнет. Предложената владина структура предвидува четворица ...
Белград, 8 мај 2026 (МИА) - Премиерот на Србија, Ѓуро Мацут, денеска изјави дека предлогот на нафтената компанија МОЛ за купување на мнозинскиот руски удел во Нафтената индустрија на Србија (НИС) не е целосно прифатлив и дека потребно е да се коригира, а преговорите се уште се во тек. На прашањето за „црвените линии“ на Србија во преговорите, Мацут за РТС изјави дека тоа е стабилноста на пазарот и снабдувањето, и дека рафинеријата за нафта во ...
Белград, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за европски интеграции на Србија, Немања Старовиќ, на денешната седница на ресорниот парламентарен одбор изјави дека наводите за замрзнување на средствата за Србија од Планот за раст за Западен Балкан се „целосно лажна вест пласирана на сензационалистички начин“. Старовиќ, исто така, рече дека портпаролот на Европската комисија, Маркус Ламберт, на прес-конференцијата изјавил дека средствата не се ...
Софија, 8 мај 2026 (МИА) - Бугарското Народно собрание, по бурна расправа, денеска ја избра новата влада предводена од премиерот Румен Радев, предложена од партијата Прогресивна Бугарија. Пратениците првин го избраа Радев за претседател на Владата. За неговиот избор гласаа 124 пратеници од Прогресивна Бугарија, пратениците од ГЕРБ - СДС беа воздржани, а ДПС, Демократска Бугарија, Продолжуваме со промените и Преродба гласаа против. Вкупно ...
Атина, 8 мај 2026 (МИА) – Министерот за одбрана на Грција Никос Дендиас ја остави отворена можноста земјата да набави транспортни авиони Ц-390 од Португалија за што разговарал на средбата со неговиот португалски колега Нуно Мело за време на посетата на Лисабон, јави дописничката на МИА од Атина. Дендиас по средбата се осврна на билатералните односи меѓу двете земји кои ги карактеризираше како извонредни. - За време на нашите разговори уште ...
Тирана, 8 мај 2026 (МИА) - Податоците на Евростат покажуваат значително зголемување на вложувањата на албанските граѓани во странство, главно во недвижности. -Овие инвестиции достигнаа околу 760 милиони евра, што е значително повисоко ниво во споредба со претходните години. Статистиката за странски директни инвестиции вклучува и купување на недвижности од страна на поединци во странство, што го одразува движењето на капиталот кон странските ...
Атина, 8 мај 2026 (МИА) – Во април годишната инфлација во Грција се зголемила на 5,4 отсто, наспроти 3,9 проценти еден месец претходно, покажуваат официјалните податоци од грчката Служба за статистика, а најголемо е зголемувањето на цените на горивата, јави дописничката на МИА од Атина. Од споредбата на општиот индекс на потрошувачки цени за април 2026 година со истиот индекс од април 2025 година произлегува зголемување од 5,4 отсто, наспроти ...
Атина, 8 мај 2026 (МИА) – Во пештера во морскиот дел јужно од грчкиот остров Лефкада, вчера попладне рибари пронашле поморски дрон со вклучен мотор, а според грчките медиуми располага со детонатори и најверојатно ќе го преземат надлежни од Министерството за одбрана на Грција за дополнителна истрага, јави дописничката на МИА од Атина. Рибарите откако го пронашле, успеале да го извлечат и закотват на пристаниште. Грчкиот весник „Катимерини“ ...
Тирана, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари во говор во Обединети навии, на Меѓународниот форум за миграција, ја потврди посветеноста на Албанија за безбедна, регуларна и легална миграција, заснована на човекови права, меѓународна соработка и јакнење на албанската дијаспора. - Со конкретни реформи, политики засновани на податоци и регионални и глобални партнерства, Албанија ја зајакнува својата улога како ...
Вашингтон, 8 мај 2026 (МИА) – Американски трговски суд пресуди дека најновите глобални царини од 10 проценти воведени од претседателот Доналд Трамп не се оправдани според трговското законодавство од 1970-тите години, но само во однос на две приватни компании увозници и сојузната држава Вашингтон. Царините и понатаму остануваат во сила за сите други увозници. Судот оцени дека воведувањето на царините согласно членот 122 од Трговскиот закон од ...
Вашингтон, 8 мај 2026 (МИА) – Американското Министерство за правда истражува серија сомнително темпирани трансакции на пазарот на нафта што се случиле непосредно пред важните најави на претседателот Доналд Трамп и високите ирански функционери за војната во Иран, објавија синоќа американските медиуми. Истрагата се однесува на најмалку четири случаи во кои трговците оствариле вкупен профит од повеќе од 2,6 милијарди долари обложувајќи се на пад ...
8 мај 2026 Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески денес (8.5.2026 година), ќе оствари средба со претседателката на Европската асоцијација за обезбедување квалитет во високото образование (ЕНКА), проф. д-р. Кристина Гицулика. На средбата ќе се дискутира за вклученоста на бизнис заедницата во системот на високото образование, а фокусот посебно ќе биде ставен на учеството на бизнис зедницата во креирање на студиските програми, ...
Скопје, 8 мај 2026 Во време кога вештачката интелигенција го преобликува секој аспект од деловното работење, кога сајбер заканите еволуираат со невидена брзина, а инфраструктурата се изградува одново за една сосема нова деловна реалност, една порака јасно одекна на петтото издание на Ingram Micro & Vendors Networking во Охрид: иднината нема да ѝ припадне на оние со најнапредна технологија, туку на оние со најсилни партнерства. Вчера во ...
8 мај 2026 СДС и Филипче продолжуваат со политики спротивни на македонските национални интереси. СДС и Венко Филипче повторно покажуваат дека за нив најважно е враќањето на власт, дури и по цена на нови отстапки на штета на македонскиот народ и државните интереси, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. Лицемерието на СДС и Венко Филипче нема крај, додека зборуваат за европскиот пат на државата ги кочат и не ги ...
8 мај 2025 Мицкоски повторно прибегнува кон старата техника на мачкање очи. Кампњата е почната. Еден дел од кампањата е заострување на односите со Бугарија. Иако се уште не формирана владата во Бугарија, тој веќе изјави дека не очекува подобрување, туку заострување на односите, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Уште минатата година, во јули, бугарскиот претседател Румен Радев јасно кажа дека Македонија сама ...
8 мај 2026 СДС и Филипче немаат црвени линии, тие за власт веднаш би направиле нови предавства, рече Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално. Филипче постојано изјавува дека уште веднаш е подготвен за уставни измени, без гаранции дека за Македонија тоа би била последната пречка. Планот за уништување на Македонија на Зоран Заев за ден повеќе власт, сега Венко Филипче сака да го ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Од денеска привремено ги гасиме коментарите на официјалните профили на СДСМ на социјалните мрежи.Покрај Орбановата медиумска мрежа која контролира 40 отсто од медиумскиот простор во Македонија (Петер Шац, Агнеш Адамик и компанија), против која веќе започнаа истражни дејствија од страна на унгарската полиција, а наскоро се очекува и вклучување на Европското јавно обвинителство, криминална група ВМРО користи и ...
7 мај 2026 Со шефот на криминалната група, политичкиот дилетант Христијан Мицкоски економијата оди надолу, граѓаните имаат празни фрижидери, празни џебови и сè потежок живот, кажа Богданка Кузеска-портпаролка и членка на ИО на СДСМ на прес-конференција, што МИА ја пренесува интегрално. Додека Мицкоски продава бајки дека Македонија е „трета економија“ во Европа, последните податоци на Статистика покажуваат зголемена инфлација од 5,7% во ...
8 мај 2026 На кого одговара Венко Филипче, пред Зоран Заев или пред Румен Радев или пред двајцата? Во ситуација кога Македонија е блокирана од Бугарија со билатерални барања кои ги загрозуваат националните интереси, Венко прво што направи е да се допадне на Радев како нов премиер и да застане на нивна страна, воедно да изгледа и како кодош и клеветник на македонскиот премиер Мицкоски, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го ...
Скопје, 8 мај 2026 Нас ни е многу битно денеска да зборуваме за ова што го гледате позади мене денеска. Тоа е една кампања нова во смисол како нов бран, како дел од лагите на на ВМРО-ДПМНЕ. Новата кампања е всушност повторно лага за граѓаните дека ниту Мицкоски, ниту ВМРО-ДПМНЕ никогаш до не досега не рекле дека ќе го поништат Преспанскиот договор, дека ќе го вратат името и никогаш не рекле дека скандирале никогаш Северна, рече Андреј ...
8 мај 2026 СДСМ отворено ја започнува борбата против фабриката за лаги, манипулации и организирана пропаганда на ВМРО-ОКГ, орбановата мрежа на медиуми и армијата ботови кои секојдневно шират говор на омраза, конструкции и невистини, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Портпаролката на СДСМ и членка на ИО, Богданка Кузеска, денеска јасно порача дека во случајот со објавените документи на Алфа ТВ за кои не се ...
8 мај 2026 Постоечкиот електроенергетски систем не е подготвен да се справи со зголеменото производство на електрична енергија од фотоволтаици. Производството од фотоволтаици е променливо и непредвидливо, пред сѐ затоа што зависи од временските услови и од нивното управување од човечки фактор. Наместо да се направи адаптација на системот, институциите дозволија да се приклучуваат сѐ повеќе и повеќе нови капацитети без соодветно планирање со ...
Скопје, 8 мај 2026 По пратеникот во Собранието Миле Цеков, уште еден член на ЗНАМ го напушта владејачкото мнозинство, овој пат советничката Мирјана Стеваноска на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп. ЗНАМ се распаѓа на сите нивоа, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична ...
Скопје, 8 мај 2026 Демократската унија за интеграција ја информира јавноста дека на виделина излезе уште еден договор поврзан со компанијата ЕЛНОС БЛ, потпишан во рамки на јавна набавка на МЕПСО, институција раководена од кадри блиски до ВЛЕН, стои во соопштението од ДУИ, што МИА во ги пренесува интегрално. Според договорот со број 23817/2025, потпишан на 08.07.2025 година, МЕПСО склучува договор за набавка на опрема со компанијата ЕЛНОС БЛ ...
8 мај 2026 Венко Филипче по цели две години чмаење на претседателското место на СДС даде ветување дека првиот премиерски потпис ќе го стави на закон против корупција. Нема потреба Венко Филипче да се изначека за премиерско место, на кое никогаш нема да седне, туку може веднаш да повика Васко Ковачевски екс директорот на РЕК да се врати од бегство и да одговара пред лицето на правдата за сомнежите за криминал, се вели во соопштението од ...
Битола, 8 мај 2026 (МИА) - Општина Битола и општинската организација на Сојуз на борци ги одбележаа Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот. Според востановената традиција, градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски, делегација на Советот на Општина Битола, претставници на општинската организација на Сојузот на борци, на политички партии и здруженија по повод 9 Мај – Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот, положија ...
Штип, 8 мај 2026 (МИА) -Штипската Клиничка болница денеска го објави првиот оглас за вработување медицински персонал, во текот на оваа година. Директорот на Клиничка болница-Штип, Владко Захариев изјави дека денеска е објавен оглас за 23 работни места, а веќе следната недела ќе бидат објавени уште две позиции за административен кадар. -Денес во националните весници е излезен оглас за 23 вработувања во моментот. Од тие 23 вработувања ќе има ...
Струга, 8 мај 2026 (МИА) - Општина Струга почна со дистрибуција на решенијата за плаќање данок на имот за физички и правни лица и за комунална такса – фирмарина. Граѓаните имаат можност за првпат обврските да ги подмират и онлајн, соопшти општинската прес-служба. Општината aпелира до сите граѓани и правни субјекти да ги подмират своите обврски во законски предвидените рокови, со цел да се избегнат пенали и дополнителни трошоци. - Новина оваа ...
Куманово, 8 мај 2026 (МИА) Во Куманово, денеска по шести пат пред градскиот базен, спортската сала и на кеј, се одржува еколошката акција „Генералка викенд“. Ученици, претставници од ЈП „Чистота и Зеленило“ и од општината учествуваа на акцијата која се одржува во неколку градови. Масовната акција е во организација на Одделението за животна средина при Општина Куманово, во соработка со организацијата „Man and mountagne LLC“ од Австрија и со ...
Куманово, 8 мај 2026 (МИА) - Продолжува партерното уредување околу спортската сала во Куманово, информираа денеска надлежните од Општина Куманово. Станува збор за проект за кој Општина Куманово аплицираше на вториот владин повик за финансиска поддршка на општините за реализација на инфраструктурни проекти. За партерно уредување, како што е наведено на електронскиот систем за јавни набавки одвоени се над 17,6 милиони (17.622.823,28) денари со ...