Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - За воспоставување целосно функционален систем што ќе опфаќа една национална СОС-линија, десет центри за упатување жртви на силување, ќе обезбеди долготрајна нивна психосоцијална поддршка, најмалку 28 засолништа, 19 советувалишта и бесплатна правна помош за жртвите, годишно треба да се одвојат околу седум милиони евра, што е 0,1 отсто од националниот буџет - истакна денеска проф. д-р Катерина Шапкова-Коцевска од ...

Скопје, 8 мај 2026 Во дворот на претседателскиот Кабинет, во присуство на основци од скопските училишта „Владо Тасевски“, „Димитар Миладинов“, „Исмаил Ќемаљи“ како и од „Блаже Конески“ од Прилеп, денеска се одржа церемонија на менување на државното знаме. Учениците љубопитно и со почит ја проследија свеченоста што традиционално ја реализира Баталјонот за почести при Армијата, а потоа ги разгледаа просториите на Кабинетот, се запознаа и ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Демографските промени имаат директно и длабоко влијание врз образованието. Изминативе две децении Македонија се соочува со намалување на стапката на наталитет, иселување, стареење на населението и изразени регионални нерамномерности. Тоа резултираше со намалување на бројот на ученици и неадекватен сооднос со бројот на наставници. Дополнително, две третини од сите училишни објекти се подрачни училишта, но во нив учат ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Патрола на силите на Европската Унија во Босна и Херцеговина (ЕУФОР), составена од припадници на армиите на Северна Македонија и Турција, вчера попладне спасила две лица од возило што излетало од патот Грачаница – Тузла. Како што соопштува ЕУФОР БиХ, несреќата се случила околу 14 часот, кога возило „фолксваген голф“ изгубило контрола меѓу 24-от и 25-от километар од патниот правец, излетало од коловозот и удрило во ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Потенцијалите на двата македонски аеродроми и туристичкиот капацитет на земјата се претставени пред водечки авиокомпании и туро-ператори на роуд шоуа во Финска и Норвешка од страна на концесионерот „ТАВ Македонија“, а со цел отворање нови директни авиолинии во скандинавските земји. За време на роуд-шоуата, што се одржаа во април во Осло и Хелсинки, директорот за приходи и развој на маркетинг на „ТАВ Македонија“, ...

Атина, 8 мај 2026 (МИА) - Можеме да одиграме конструктивна улога преку зајакнување на сопствените интерконекции и интегрирање во поцелосно развиена мрежа за природен гас во Југоисточна Европа - вели министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска во интервју за грчкиот енергетски портал Energygame и додава дека „нашиот директен придонес е промовирање проекти што нè поврзуваат подобро со Грција и Србија“, кои според ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Во март годинава се издадени 245 одобренија за градење, што е за 26,6 проценти помалку во однос на истиот месец од претходната година - објави денеска Државниот завод за статистика. Најмногу одобренија за градење, 148, се за високоградба. Во Полошкиот Регион се издадени најмногу одобренија за градење - 62 по што следуваат Скопскиот со 51, Југозападниот - 37, Југоисточниот - 34, Источниот - 24, Пелагонискиот -15 и ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Компанијата МЕПСО ја обжалила одлуката на предарбитражното тело за спорови, кое одлучи во корист на компанијата „Енергоинвест“ од Сараево, која требаше да го гради интерконекторот кон Албанија. Од МЕПСО се убедени дека ќе ја добијат правната битка со „Енергоинвест“ посочувајќи дека аргументите се на нивна страна. Консултирале и две реномирани адвокатски компании од САД, чие мислење е дека МЕПСО има многу јака основа ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите за растот на домашната економија, побавно враќање на инфлацијата кон историскиот просек и понеповолна надворешна позиција, пред сè под влијание на енергетската компонента. Ова го истакна гувернерот д-р Трајко Славески при презентацијата на најновите пролетни ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Министерката за енергетика Сања Божиновска најавува дека, ако е потребно, повторно ќе се разговара со „Окта“ за продолжување на попустот за дизел-горивото од четири денари за литар и за бензините од два денари и по 18 мај кога истекува сегашниот договор. Тоа, како што вели, ќе зависи од случувањата со цените на нафтените деривати на берзите и од војната на Блискиот Исток. - Следиме сè што се случува. Нашите мерки ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Повеќе од 74 проценти од средствата за капитални инвестиции во Министерството за транспорт се реализирани уште на почетокот од годината. Подготвени сме наменски да реализираме дополнителни 40 милиони евра, секако доколку тие средства може да се обезбедат со ребалансот на Буџетот, изјави заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, во гостувањето во поткастот „Ноќно студио“. Како ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска изјави дека укинувањето на балансерот било неопходно поради коруптивните ризици што ги создавал посочувајќи истовремено дека прашањата за нерезидентното државјанство, односите со Бугарија и енергетските политики се комплексни и мора да се решаваат преку уставни принципи, јавна дебата и почитување на човековите и еколошките стандарди. Во изјава за медиуми по ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, при што беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу земјата и СЕ во областа на владеењето на правото, демократијата и човековите права. Министерот Сали, како што соопшти Министерството за европски прашања, го поздравил затворањето на ...

8 мај 2026 СДСМ му честита на Румен Радев за изборот за премиер на Република Бугарија. Се надеваме дека новата бугарска влада ќе покаже конструктивен и разумен пристап кон Северна Македонија, со цел градење добрососедски односи, кои ќе бидат во интерес на граѓаните и на двете држави, без какво било загрозување на македонскиот национален идентитет, јазик и култура, се наведува во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Министерот за правда Игор Филков и генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, денеска во Влада таја потпишаа Рамковна конвенција за вештачка интелигенција на Советот на Европа - прв обврзувачки меѓународен инструмент, кој поставува јасни принципи и стандарди за развој и употреба на вештачката интелигенција. Рамковната конвенција ги надополнува постојните меѓународни стандарди за човекови права, ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска оствари средба со висока делегација од Европската служба за надворешно дејствување (ЕЕАС) во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана меѓу Европската Унија и Северна Македонија. На средбата, како што соопшти МНРиНТ, бил поздравен редовниот политички дијалог воспоставен во рамките на Партнерството за безбедност и одбрана, потпишано ...

Битола, 8 мај 2026 (МИА) - Пратеници од изборната единица број 5 денеска гостуваа на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола и дебатираа со студентите на тема „Отворено за идеите на младите“ и се информираа за начинот на организирање и функционирање на Собранието, односите на Собранието со другите институции, парламентарниот институт и други надлежности. Народните избраници и студентите едногласно заклучија дека директните средби се ...

8 мај 2026 Денешната прес-конференција ја свикуваме во врска со случувањата со последните закони од реформската агенда, односно со лицемерието кое СДСМ и Венко Филипче се обидуваат да го протнат и во Собранието и на македонската политичка сцена. Како медиуми и јавност сте сведоци дека сите поважни законски решенија, а пред сè сите решенија од реформската агенда, се носат во една транспарентна, јавна и отчетна процедура – како никогаш досега, ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Не верувам во демографски фатализам. Напротив, убедена сум дека државите може да одговорат мудро, стратегиски и хумано - изјави вчеравечер претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во обраќањето на приемот во чест на учесниците на регионалната конференција „Предводење на промените: патеки кон демографска отпорност во согласност со потребите на луѓето“, посветена на демографските промени и нивното влијание врз ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова вчера остварила средба со генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој престојува во официјална посета на земјата. Таа, како што посочија од Кабинетот на претседателката, ја истакнала улогата на Советот на Европа како најстара европска институција, која повеќе од седум децении ги унапредува демократијата, човековите права и владеењето на правото како темелни ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски, денеска, одговарајќи на новинарски прашања, го покани бугарскиот премиер Румен Радев да ја посети земјава. Мицкоски, по свеченото отворање на првата сезона од „Плазма - Спортските игри за млади“ на плоштадот Македонија во Скопје, одговарајќи на новинарско прашања дали официјално ќе го покани Радев во посета на земјата на средба на премиерско ниво, одговори дека не гледа причина зошто не ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за одбрана Владо Мисајловски оствари средба со делегација од Европската Унија предводена од Космин Добран, директор на Директоратот за мир, партнерство и кризен менаџмент при Европската служба за надворешни работи (EEAS), на која, како што информираат од Министерството, била потврдена заемната посветеност во делот на зајакнување на одбранбената соработка. Средбата во Министерството за одбрана, која била ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска оствари средба со новоименуваниот државен секретар Сељатин Бељули, при што му посака успешна работа во Министерството. Бељули, како што информираат од МЖСПП, има повеќедецениско искуство во државната администрација. Во текот на својата кариера ја извршувал функцијата директор на Агенцијата за вработување, како и државен секретар во ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Претседателот на Собранието Африм Гаши, на денешната работна средба со заменик-амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, порача дека институцијата дејствува ефикасно во усвојувањето на законите од Реформската агенда и останува посветена на квалитетната дебата и унапредувањето на стратешкото партнерство меѓу двете земји. Како што информираат од Собранието, Гаши ја запознал заменик-амбасадорката ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Делегација на Собранието на Република Северна Македонија во Парламентарното собрание на Медитеранот (ПСМ), во состав од пратениците Сали Мурати, Јованка Тренчевска и Ѓорѓија Сајкоски, како и заменик-генералниот секретар на Собранието Ибуш Јусуфи, од 6 до 9 мај во Будва, Црна Гора, учествуваше на 20. Генерално собрание на Парламентарното собрание на Медитеранот. Како што информира собраниската прес-служба, ...

Скопје, 8 мај 2026 (МИА) – Политичката коалиција „Вреди“ утре, на 9 мај, официјално ќе се трансформира од соработка меѓу пет политички субјекти во единствено политичко тело. Овој процес на обединување ќе биде потврден од над 805 делегати, соопшти денеска на прес-конференција претставникот на „Вреди“, Дритон Сулејмани. Сулејмани посочи дека оваа промена претставува чин на одговорност кон граѓаните и доказ дека заедничкиот интерес може да се ...

Газа, 7 мај 2026 (МИА) - Девет лица загинаа, а 39 се ранети во израелските напади врз Газа во последните 24 часа, објави палестинското Министерство за здравство. „Има жртви под урнатините и на улиците, а екипите на брзата помош и цивилната одбрана не можат да стигнат до нив“, се наведува во соопштението, објавено од Ал Џезира. Од октомври 2025 година, кога стапи на сила прекинот на огнот, во израелските напади во Газа се убиени 846 лица, ...

Техеран, 7 мај 2026 (МИА) – Иран продолжува да го разгледува предлогот за преговори на САД и сè уште нема подготвен одговор, изјави ден денеска портпаролот на Министерството за надворешни работи, пренесува ДПА. Портпаролот на иранското МНР, Есмаил Багаеи, за државната агенција ИРНА изјави дека Техеран ќе го соопшти својот став до Вашингтон преку Пакистан, кој дејствува како посредник, откако ќе завршат внатрешните консултации. Белата куќа ...

Атина, 7 мај 2026 (МИА) – Вештачката интелигенција да му служи на човекот; забрана за воведување ретроактивни даноци; систем на оценување на државните службеници; зголемување на шест години на мандатот на претседателот на земјата; ограничување на улогата на Парламентот во истрагата за евентуална кривична одговорност на министрите; избор на раководството на судството од надлежната парламентарна Комисија, а не од Владата, се дел од предложените ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, заедно со градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, извршил увид во тековните инфраструктурни проекти што се реализираат во општината, со вкупна вредност од над 110 милиони денари. Како што информираат од Министерството, средствата се обезбедени преку првиот и вториот јавен повик на МЖСПП, а проектите опфаќаат регулирање на речни корита, ...

weather icon

Скопје

17ᴼ / 17ᴼ
1.5
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.91
91%
1014
weather icon

Загреб

16ᴼ / 16ᴼ
3.58
86%
1015
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.64
71%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.76
94%
1013
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 18ᴼ
1.34
80%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.45
66%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.16
72%
1015
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.97
62%
1015
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
4.02
73%
1011
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
1.34
61%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.47
100%
1014
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Кобалт

45.39

Злато

135639.33

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Платина

55170.68