Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Брисел, 7 мај 2026 (МИА) - Европската Унија во текот на минатата година регистрирала 540 обиди за странско мешање, при што во 29 проценти од случаите сторителите биле поврзани со Русија, а во шест проценти со Кина, изјави Тадеуш Гжегожевски, раководител на Одделот за информативна безбедност и спротивставување на странско мешање при Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС). Гжегожевски ова го изјави на сослушување пред европратениците од ...
Бања Лука, 6 мај 2026 (МИА) – Лидерот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, најави дека за време на претстојната посета на Москва ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, со кого ќе разговара за односите меѓу Република Српска и Русија. Додик изјави дека односите со Русија се на ниво на стратешко партнерство, додавајќи дека Република Српска сака и Русија и Соединетите Американски Држави да имаат економски ...
Анкара, 6 мај 2026 (МИА) – Црноморскиот Басен може да се затопли за дури 4 степени Целзиусови до 2070 година, при што зголемените температури значително ќе ги засилат екстремните временски појави, предупредуваат турски експерти, пренесува Анадолија. Според Бариш Јонол од Факултетот за аеронаутика при Техничкиот универзитет во Истанбул, повисоките температури веројатно ќе доведат до поинтензивни врнежи, бидејќи топлиот воздух задржува повеќе ...
Белград, 6 мај 2026 (МИА) - Граѓаните и претприемачите во Србија на крајот на април годинава имале кредити во износ од 4.509 милијарди динари, што е зголемување за 1,7 проценти во споредба со март. Најголем раст од 5,1 отсто е регистриран за потрошувачките кредити, соопшти Здружението на српски банки. Кредитите на правни лица изнесуваа околу 2.371 милијарди динари и беа за 1,7 проценти повисоки од претходниот месец, додека кредитите за ...
Атина, 6 мај 2026 (МИА) - Монах, кој не се чувствувал добро и бил преземен од возило на брзатапомош, за време на транспортот од Урануполи на Халкидики кон болницата во Полигирос скокнал од возилото, паднал и се повредил - објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Инцидентот се случил вчера кога 48-годишниот монах, српски државјанин, од засега непознати причини го одврзал појасот и скокнал од амбулантното возило ...
Атина, 6 мај 2026 (МИА) – Во однос на Ормуската Теснина сакаме да бидеме многу јасни: треба да се вратиме на претходното статус кво. Силни поддржувачи сме на заштитата на принципот на слободата на пловидба. Тоа го покажавме и како непостојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации и верувам дека ова е област што претставува заеднички приоритет за сите наши земји, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на Самитот ...
Белград, 7 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави програмски текст во кој презентира план од пет точки за Србија потенцирајќи дека е потребно да се донесат смели и важни одлуки во наредниот период. Во авторски текст за „Курир“, Вучиќ наведува дека менувајќи се себеси, ја менуваме иднината, која, како што вели, е одредена од работата и од промената на навиките и однесувањето. Тој нагласува дека на Србија и се ...
Софија, 7 мај 2026 (МИА) - Бугарската претседателка Илијана Јотова се очекува денеска да го врачи мандатот за составување влада, јави БТА. Во вторникот, по завршувањето на консултациите со парламентарните групи, Јотова соопшти дека мандатот ќе биде врачен на 7 мај во 17 часот. За време на средбите се издвоиле неколку теми што политичките сили ги сметаат за клучни приоритети – буџетот, судските реформи и исплатите од Планот за закрепнување и ...
Атина, 7 мај 2026 (МИА) – Предвремена отплата на долг во висина од 6,9 милијарди евра од првиот меморандум, односно од првиот заем од европските земји на почетокот на економската криза, најави министерот за национална економија и финансии на Грција Кирјакос Пиеракакис во изјава за „Ројтерс“, јави дописничката на МИА од Атина. Според Пиеракакис предвремената отплата на долгот е планирана следниот месец, а со тоа и дополнително ќе се намали ...
Загреб, 7 мај 2026 (МИА) - Загреб е првиот град во Европа што нуди роботакси-услуги, објави хрватската компанија „Верне“, којашто веќе еден месец ја спроведува револуционерната технологија на градските улици. Во соработка со светски реномираната такси-компанија „Убер“ и со системот за самоуправувачко возење на кинеската компанија „Пони.аи“, „Верне“ управува со 10 автоматизирани автомобили за одреден број корисници во градот од 8 април. ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Во земјава има над 5.500 сметководители и еден од предизвиците со кои се соочуваат е дигитализацијата која станува неминовен дел од нивното работење. Од Институтот на сметководители и овластени сметководители, кои денеска ја организираа Третата регионална конференција, велат дека сметководствената професија е една од најзасегнатите професии во делот на дигитализацијата. Претседателката на ИСОС Весна Прентоска со ...
Скопје, 6 мај 2926 (МИА) - Во време кога енергетиката е едно од најважните прашања за секоја држава, наша обврска е да создадеме систем што ќе биде сигурен, конкурентен и отпорен на глобалните предизвици. Intraday Market токму тоа го овозможува. Со оваа платформа добиваме поголема флексибилност во управувањето со електроенергетскиот систем, подобро балансирање и поефикасно користење на енергијата во реално време - рече денеска премиерот ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Цените на угостителските услуги во април 2026 година во однос на истиот месец од претходната година се зголемени за 2.8 %, објави Државниот завод за статистика. Во однос на претходфниот месец, пак, цените се зголемени за 0.6 %. Во периодот јануари – април 2026 година споредено со истиот период лани, угостителските услуги поскапеле за 3.0 %, додека во однос на декември 2025 година зголемувањето е 0.6 %.са/ Фото: МИА ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Денес отвораме нова фаза за македонската енергетика. Во време кога секој мегават-час е важен, Пазарот во тековниот ден е сигурносен вентил на нашиот систем, кој ни ја носи потребната флексибилност. Тој им овозможува на нашите компании да реагираат во реално време - да ги коригираат своите енергетски потреби на само неколку часа пред испораката, да ги намалат трошоците за дебаланси и поефикасно да управуваат со ...
Неготино, 6 мај 2026 (МИА) - Тројца млади од Неготино со решение за органскиот отпад, го селектираат и складираат во повеќе компостери во дворот на неготинската гимназија и од него ќе прават ѓубриво за ѓубрење на јавни зелени површини. За ова денеска информираа од тимот што го спроведува проектот „Еко-печурка компостери: Иднината на циркуларна економија“. Во проектот се вклучени над 40 средношколци. - Примерот со овие младинци од Неготино ...
Скопје, 6 мај 2026 Семос Едукација пред околу 1000 сметководители и овластени сметководители ги претстави можностите за практична примена на вештачката интелигенција во сметководството, во рамки на Третата регионална конференција, организирана од Институтот на сметководители и овластени сметководители на Македонија (ИСОС), под мотото „Генерација со визија – Професија со иднина“. Презентацијата беше фокусирана на конкретни примери за примена ...
7 мај 2026 Во општина Градско се одржа трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која со земјоделците разговаравме за активностите во земјоделскиот сектор. Каналите за наводнување се санираат, дефектите се отстрануваат со цел обезбедување на континуирано снабдување на вода за наводнување на земјоделските посеви. Во текот на средбата разговаравме и за последиците од ниските температури што ја зафатија ...
7 мај 2026 Првиот заменик на Претседателот на Владата и Министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на Научниот саем 2026, организиран од Меѓународните училишта „Маариф“ во Тетово. Во своето обраќање, министерот Сали истакна дека знаењето, науката и иновацијата се клучни двигатели на економскиот развој и на европската интеграција на државата. „Денес, повеќе од кога било, економскиот напредок зависи од човечкиот капитал и способноста ...
7 мај 2026 Во СДС ништо не се менува, Филипче е продолжена рака на Заев во предавничките политики и е спремен да го надмине Заев во сервилноста само поради една цел, да остане на тронот во СДС и да добие власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА пренесува интегрално. Венко Филипче целосно ја следи политичката линија на Заев, а секоја негова изјава и постапка го потврдува тоа, Филипче е трет после Заев и Ковачевски кој без двоумење ...
7 мај 2026 Додека граѓаните бараат конкретни одговори на клучните прашања, законот за двојно државјанство, исполнување на реформската агенда до јуни, екстрадиција на Груевски, внесување на Бугарите во Уставот, укинување на техничката влада без консензус и меѓународна поддршка, новите задолжувања, економскиот колапс, растот на инфлацијата, поскапувањето на горивата и основните животни намирници, падот на животниот стандард, распространетата ...
7 мај 2026 Новиот скандал во МЕПСО отвора сериозни сомнежи за организирана мрежа на партиско фаворизирање и злоупотреба на јавните пари, пишува во денешното соопштение на ДУИ, што МИА го пренесува интегрално. Компанијата „Green Maintenance“ формирана само неколку недели пред распишувањето на тендерот, без работна историја, без докажан капацитет и без реално присуство на терен, успева да добие договор вреден до 236 илјади евра за чистење на ...
7 мај 2026 Во емисијата „Анализа“ на телевизија 24 гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Петар Ристески, кој истакна дека годинава нема да има предвремени парламентарни избори, односно дека ВМРО-ДПМНЕ се стреми за редовни избори во 2028 година и дека приоритет остануваат реформите, евроинтеграциите и реализацијата на проекти ветени пред граѓаните, пишува во денешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го пренесува интегрално. „Оваа ...
7 мај 2026 ДУИ повторно лаже, манипулира и ја потценува јавноста. Најевтината понуда ја претставуваат како корупција, затоа што не можат да се помират дека МЕПСО повеќе не е нивна партиска каса, се вели во соопштението од ВРЕДИ, што МИА го пренесува интегрално. Фактите се јасни: во конкретната постапка избрана е најевтината понуда. Избраниот понудувач дал цена од 184.535 денари без ДДВ, додека следнорангираната понуда била 651.165 денари без ...
7 мај 2026 За Мицкоски тепање жена е „мал престап“ – срамна заштита на насилството врз жените и на Тошковски. Изјавата на Христијан Мицкоски дека бруталното претепување на жена од неговиот бодигард е „мал престап и системот функционира“ е скандалозна, опасна и недозволива, рече Розалија Ангелковска од Форум на жени на СДСМ на прес-конференција што МИА ја преенсува интегрално. За Мицкоски, семејното насилство и тепањето жена се „мал престап“. ...
7 мај 2026 СДС и Филипче за власт би ја редефинирале македонската историја и идентитет, се наведува во соопштението од прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. СДС и Филипче уште веднаш се подготвени да направат ново национално предавство, почнувајќи со уставните измени. Бугарските власти, јасно кажаа дека уставните измени не се последниот услов кој го имаат за влез на Македонија ...
Ресен, 7 мај 2026 (МИА) - Општина Ресен информира дека експертски тим врши истражување на влажните живеалишта во Преспанско Езеро. Станува збор за активност на претставници на проектот „Иницијатива за зелена и сина Преспа - Зајакнување на заштитата преку истражување, едукација и комуникација“, кои заедно со помош на претставници на ,,ПОНД“ реализираа теренска обука – поставување и собирање на мрежи во влажните живеалишта, кои се особено ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Во просториите на Општина Илинден, градоначалникот Александар Георгиевски одржа работен состанок со претставници на Амбасада на Соединетите Американски Држави во државава, на кој се разговараше за можностите за унапредување на меѓусебната соработка и поддршка на проекти од значење за локалниот развој. На средбата, како што соопшти Општина Илинден, присуствувале политичкиот службеник и заменик-шеф на Одделот за ...
Виница, 7 мај 2026 (МИА) - Општина Виница ги отстрани времените објекти – бараки на улицата Илинденска, кои со години биле нефункционални и претставувале несоодветна слика за овој дел од градот. По нивното отстранување, започнати се активности за уредување на просторот и создавање дополнителни паркинг места, со цел подобрување на инфраструктурата и условите за граѓаните. Од Општина Виница информираат дека новите паркинг капацитети ќе имаат ...
Битола, 7 мај 2026 (МИА) - Во Битола вечер почнува првото издание на новата градска манифестација – „Вински фестивал“ чиј домаќин и организатор е ЈОУ Културно информативен центар (КИЦ) – Офицерски дом Битола. Во изјава за МИА, новоизбраниот директор на КИЦ Битола Димитар Михајловски, истакна дека очекува новиот фестивал да го видат посетители од градот, државата и странство. -Подготвивме нова, ретка манифестација, тридневен фестивал кој ги ...
Дебар, 7 мај 2026 (МИА) - На граничниот премин „Блато“ на македонско – албанската граница кај Дебар, во првите четири месеци од годинава минале вкупно 496.705 патници, што е за 49 отсто поголема бројка, споредено со истиот период минатата година. - Протокот на патници на овој премин е во постојан раст. Во периодот јануари – април минале 496.705 патници, наспроти 333.640 истиот период минатата година, што е зголемување за околу 49 отсто. ...