Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Скопје, 4 мај 2026, (МИА) Блаже МИНЕВСКИ Во приватната архива на Михаил Герџиков, која се чува во семејството на потомците од ќерка му Магда во Софија, постои фотографија портрет на Гоце Делчев со негова посвета. Фотографијата е направена пролетта 1902 година во ателјето на Александар Владиков во Софија. На задната страна од фотографијата има две посвети на Гоце Делчев. Првата е за Михаил Герџиков: „На Михаил Герџиков, најдобриот мој пријател ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Легендарниот гитарист Влатко Стефановски утре во Скопје ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања - Guitar Sings, инструментален албум, и Muscle Memory, нов студиски проект, во организација на дискографската куќа „Кроација рекордс“. На промоцијата, која ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“ со почеток во 12 часот, Стефановски ќе зборува за креативниот процес, инспирацијата зад албумите, како и за своите ...
Вкусни и миризливи палачинки Состојки: 10 лажици брашно 2 јајца малку шеќер малку сол половина млеко и половина вода( додадете во зависност од густината) 1 лажица путер 3 јаболка малку шеќер, путер, мед и цимет Подготовка: Направете ја смесата за палачинки од горенаведените состојки, се добиваат 12 палачинки. Се лупат јаболката и се сечат на коцки. Загрејте го путерот и шеќерот на оган, додадете ги јаболката и медот, и покријте за да го ...
Рим, 6 мај 2026 (МИА) - Италијанската премиерка Џорџа Мелони го осуди ширењето на лажни „дипфејк“ фотографии генерирани со вештачка интелигенција, вклучително и една на која е прикажана во долна облека, откако тие масовно се проширија на интернет. „Во последните денови кружат неколку мои лажни слики, генерирани со вештачка интелигенција и претставени како вистински од страна на некои премногу ревносни противници“, напиша вчера Мелони на ...
Лондон, 6 мај 2026 (МИА) - Повеќе од половина од бројот на езера во светот се намалиле од почетокот на 90-тите главно поради климатската криза и високата потрошувачка на вода од страна на луѓето, покажа голема меѓународна студија. Езерата (и природни и вештачки) губат просечно 22 гигатони вода годишно, од 1992 до 2020 година - објавува „Гардијан“. Во таа смисла, дури 53 отсто од езерата забележале пад. - Ова не треба да се игнорира - рече ...
Лондон, 6 мај 2026 (МИА) - Емотиконите во дигиталната комуникација имаат многу поголемо влијание врз човечкиот мозок отколку што се претпоставуваше. Новото научно истражување објавено во списанието „Психофизиологија“ (Psychophysiology) укажува на тоа дека мозокот, во првите милисекунди од визуелната обработка, речиси не прави разлика меѓу емотикон и човечко лице. Истражувањето покажува дека кога во пораката се содржи насмеан, тажен или лут ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Легендарниот гитарист Влатко Стефановски денеска во Скопје ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања – Guitar Sings, инструментален албум, и Muscle Memory, нов студиски проект, во организација на дискографската куќа Croatia Records. На промоцијата, што ќе се одржи во хотелот „Холидеј Ин“ со почеток во 12 часот, Стефановски ќе зборува за креативниот процес, инспирацијата зад албумите, како и за своите ...
Пекинг, 7 мај 2026 (МИА) - Основниот модел „Ајфон 17“ (iPhone 17) и неговите „Про“ верзии ги зазедоа првите три места според глобалната продажба на паметни телефони во првиот квартал од 2026 година, покажува најновата анализа на компанијата „Каунтерпоинт рисрч“ (Counterpoint Research). Според извештајот, „Ајфон 17“ е најпродаваниот уред со учество од шест проценти во вкупната светска продажба. Веднаш зад него, на втората и третата позиција, ...
Хјустон, 7 мај 2026 (МИА) - На едно од најстудените и најсурови места на планетава, има сцена како од филм: Темноцрвен поток истекува од глечер на Антарктикот, поради што овој феномен е наречен крвав водопад. Секако, има совршено научно објаснување за тоа. Крвавите водопади се наоѓаат на глечерот Тејлор во сувите долини на Антарктикот. Научниците утврдиле дека црвената боја тука не доаѓа од некое „мистериозно“ загадување, туку од екстремно ...
Вашингтон, 7 мај 2026 (МИА) - Здравјето на мозокот во голема мера зависи од начинот на живот, а не само од генетиката и возраста, се наведува во новиот извештај на Американското здружение за срце (AHA). Експертите нагласуваат дека ризикот од деменција и мозочен удар може значително да се намали преку воспоставување правилни животни навики и навремена здравствена грижа. Според извештајот, здравјето на мозокот е нераскинливо поврзано со ...
Лос Анџелес, 7 мај 2026 (МИА) - Американскиот автопроизводител „Тесла“ повлекува 218.868 возила во Соединетите Американски Држави поради проблем со доцнење во прикажувањето на сликата од камерата за задниот поглед, што може да ја зголеми опасноста од несреќа, соопшти Националната администрација за безбедност на сообраќајот на автопатиштата (НХТСА). Сликата од камерата за задниот поглед кај овие возила може да се појави со доцнење кога ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) – При увидот на Јавното обвинителство во опожарениот објект „Пулс“ во Кочани бил пронајден изгорен ресивер за активирање на пиротехнички уред, како и црн ранец марка „Најк Џордан“ во кој се наоѓале пластично куферче со два ресивера за активирање на пиротехнички средства, батерија од девет волти, марка Филипс и кеса со неискористено пиротехничко средство. Ова беше посочено денеска од страна на Јавното обвинителство при ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесe кривична пријава против В.Е.(31) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 26.10.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории кај пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана. ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Двајца шеснаесетгодишници се сомничат за кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“ поради тоа што физички нападнале врсник. Министерството за внатрешни работи информира дека еден од шеснаесетгодишниците му се заканувал на врсникот и со автоматска пушка. - СВР Тетово поднесе известување против 16-годишник од с.Шипковица, тетовско и 16-годишник од с.Гајре, тетовско, поради постоење основи на сомнение за ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Секторот за контрола и истраги лиши од слобода три лица, меѓу кои и сопственичка на салон за убавина, осомничени за шверцување медицински препарати штетни за здравјето на граѓаните. Извршен е и претрес во салон за убавина, каде што се пронајдени шверцувани непроверени дермални филери и други медицински производи што се користат за убавина, но и за редуцирање маснотии, кои сопственичката на салонот ги користела кај ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Во изминатото деноноќие во Министерството за внатрешни работи се регистрирани седум пријави за семејно насилство, при што четири лица се лишени од слобода, а со две е извршен службен разговор. Како што информираат од МВР, утрово во 05:10 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода С.Д.(38) од Штип. И покрај тоа што од април 2026 година имало изречено судско решение да не се доближува и да не ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишиле од слобода девет возачи за безобѕирно управување возило, од кои седум возеле без дозвола, еден под дејство на алкохол и еден со активна забрана под дејство на алкохол - информираат од Министерството за внатрешни работи. Двајца возачи во Скопје и по еден во тетовско, Куманово, Гевгелија, Прилеп и Валандово управувале ...
Дебар, 6 мај 2026 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за внатрешни работи во Дебар лишиле од слобода дебранец поради физички напад врз неговата сопруга. -Полициските службеници го лишиле од слобода Б.Г.(45) од Дебар, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ја нападнал неговата 36-годишна сопруга, на која и упатувал и закани, информираа од полицијата. Нападната сопруга побарала и лекарска услуга во Општата ...
Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против три лица и тоа за две лица за кривични дела „криумчарење“ и „вршење на јавен превоз без поседување лиценца“, како и за една осомничена за кривични дела „прикривање на стоки кои се предмет на криумчарење и царинска измама“ и „производство и пуштање во промет штетни средства за лекување“. Со цел обезбедување на осомничената и непречено водење на кривичната ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да биде објавена пресудата за Стојанче Јовановски, обвинет за три кривични дела - телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, загрозување на сигурноста и наведување на самоубиство и помагање во самоубиство, поврзани со трагедијата од 2 март годинава кога неговата сопруга Ивана Јовановска и шестгодишната ќерка Катја ги загубија животите. ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Основниот кривичен суд - Скопје го прогласи за виновен обвинетиот Стојанче Јовановски и му изрече максимална единствена казна затвор во траење од 12 години за трите кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство, кое резултира со трагична смрт на неговата сопруга и нивната малолетна ќерка. Судот го осуди Јовановски за три кривични дела, односно пет години затвор за телесна повреда, три години за ...
Куманово, 7 мај 2026 (МИА) - Здружение на пензионери Куманово годинава со низа активности го одбележува значајниот јубилеј – 80 години од своето постоење. Наместо традиционални свечени седници, раководството се одлучило за динамична програма што опфаќа фестивали, регионални средби и културно-спортски манифестации со учество на пензионери од земјава и регионот. Во рамки на јубилејната програма, денеска во големата сала на Центар за култура ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Неопходна е поопсежна анализа на законите поради несовпаѓањето на висината на казните со тежината на последиците во случаите со смртен исход, истакна денеска јавната обвинителка Адела Бојчевиќ, по изрекувањето на првата неправосилна пресуда за Стојанче Јовановски во траење од 12 години затвор за три кривични дела поврзани со континуирано семејно насилство кое резултираше со трагична смрт на неговата сопруга и ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Ако навистина сакаме објективна слика за „27 април“, мора да се провери целината: што се случувало пред настанот, што се случувало за време на настанот, што се случувало потоа и како тие процеси биле поврзани со тогашните политички цели, пред сè, промената на уставното име на Република Македонија - изјави во интервју за МИА, Митко Чавков, поранешен директор на Бирото за јавна безбедност и министер за внатрешни ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - „Примената на технологијата, дигитализацијата и вештачката интелигенција како двигатели на економскиот развој“ е темата на Германско-македонскиот бизнис-самит, што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските стопански комори во странство, а во соработка со Германско-македонското стопанско здружение. На настанот, што ќе обедини високи претставници од ...
Братислава, 7 мај 2026 (МИА) - Словачка и Македонија имаат огромен потенцијал за унапредување на економската соработка. Совачка е силен поддржувач на македонската евроинтеграција, спроведување на рефомите, кои се во насока на остварување на овој процес и пренесување на своето искуство. Ова беше констатирано на тет-а-тет средбата на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со својот колега и домаќин на средбата, министерот за ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Управата за јавни приходи (УЈП) не е само институција што се грижи за јавните приходи, туку е и институција и заедница на вработени што имаат општествена и човечка одговорност - изјави денеска директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова, по повод крводарителската акција со мотото „Дарувај крв - дарувај живот“, што се одржува денеска во УЈП во соработка со Институтот за трансфузиона медицина. Таа им се ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Генералниот секретар на Советот на Европа, Ален Берсе, кој од вчера е во прва официјална посета на Република Северна Македонија, денеска, со домаќинот, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, ќе оствари тет-а-тет средба по што е најавена и заедничка прес-конференција. За време на престојот во земјата, генералниот секретар на Советот на Европа ќе се сретне и со највисоките државни ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Собранието денеска ќе ја одржи 100-та седница, на чиј дневен ред се вкупно 17 точки. На денешната седница пратениците ќе дискутираат по Предлог на законот за ратификација на Рамковниот договор за воена соработка меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција, Предлог законот за ратификација на Договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Турција за ...
Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Во однос на билатералните односи со Бугарија, сакам да бидам кристално јасен. Во овој контекст нашата држава не е подготвена за уставни измени. Има недостиг на доверба и недостиг на кредибилитет во однос на испораката кон нас како држава, така што во овој момент услови за уставни измени нема и Владата не е подготвена да преземе каков било чекор кон уставни измени. Ова го изјави министерот за надворешни работи и ...