Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Силата на една држава се гледа преку силата на нејзините институции. Кога институциите функционираат, граѓаните имаат чувство на сигурност, доверба и ред. Токму затоа улогата на македонската полиција денес е исклучително значајна, особено во време на комплексни безбедносни предизвици и нови закани што не познаваат граници - порача министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на одбележувањето на 7 Мај - Денот на ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Над 27.000 деца од целата држава оваа година ќе учествуваат на „Плазма - Спортските игри за млади“, кои опфаќаат разни спортски дисциплини и ќе се реализираат преку натпревари на локално, регионално и државно ниво. Најуспешните млади спортисти ќе обезбедат пласман на меѓународното финале во Сплит, каде ќшто е се натпреваруваат со врсници од регионот. По повод свеченото отворање на Игрите, кое ќе се одржи утре (8 ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Инфлација од околу 4 % и раст на бруто-домашниот производ од 3,5 % предвидува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 3 %, а растото на БДП ќе достигне 3,8 %. Советот на Народната банка на днешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, содржани во кварталниот извештај. Во извештајот е заклучено дека светската економија и ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Ние како Влада дневно ја следиме состојбата и тоа го кажа Меѓународниот монетарен фонд дека како држава сме во првите три во Европа според применетите мерки како процент од бруто-домашниот производ - истакна премиерот Христијан Мицкоски во изјава за медиумите по Германско-македонскиот самит во Скопје. Мицкоски посочи дека Владата прави многу повеќе од нашите моментни можности имајќи ја предвид, како што посочи, ...

Каунас/Атина, 6.мај 2026 (МИА) – Екипите на Жалгирис и на Валенсија остварија победи во третиот натпревар од четвртфиналето од плеј офот од Евролигата во кошарка. Жалгирис во натпреварот број 3 направи подвиг со победата од 81:78 против Фенербахче, откако ривалот имаше водство од 19 поени во вториот период (35:16). Сепак во завршницата во последната четвртина Жалгирис дојде до предност и победа со што ја намали серијата на 2-1 во добиени ...

Скопје, 6.мај 2026 (МИА) – Кошаркарките на Бадел вечерва остварија победа од 71:69 во натпреварот број 3 од финалето од плеј офот. Тие на домашен терен ја совладаа екипата на Крива Паланка и намалија на 2-1 во победи за Крива Паланка. Триумфот на Бадел беше остварен со кошот на две секунди до крајот на Ива Чoлакоска, која вкупно постигна 16 поени, а во решавачките моменти имаше смирена рака. Претходниот напад гостинките од Крива Паланка за ...

Минхен, 6.мај 2026 (МИА) – Фудбалерите на ПСЖ се изборија за ново финале во Лигата на шампионите откако вечерва одиграа нерешено 1:1 во вториот натпревар од полуфиналето против Баерн во Минхен. Победата од 5:4 на првиот дуел се покажа решавачка за пласманот на ПСЖ во финалето. За францускиот тим ова е трето финале, а второ во низа во најквалитетното фудбалско натпреварување. ПСЖ поведе со голот на Усама Дембеле во 3.минута и потоа со одлична ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Финалето на 71. издание на елитното европско клупско фудбалско натпреварување ќе донесе пресметка меѓу Арсенал и бранителот на титулата ПСЖ. Финалето на Лигата на шампиони ќе се игра на 30 мај во Будимпешта на „Пушкаш Арена“. Лондонски Арсенал дојде до финалето без пораз, со 11 победи и три нерешени, и гол-разлика 29-6. Сепак, во нокаут фазата, англискиот тим постигна само шест голови. Три во осминафиналето против ...

Њујорк, 7 мај 2026 (МИА) – Кошаркарите на Њујорк поведоа со 2-0 против Филаделфија во полуфиналната плејоф серија на Источната во НБА лигата, откако синоќа на домашен терен триумфираа со 108-102. Џејлен Бренсон беше најефикасен во редовите на Њујорк со 26 поени, додека Оги Ануноби реализираше 24 поени. Во редовите на Филаделфија, која играше без повредениот Џоел Ембид, најефикасен со 28 поени беше Тајрис Макси. Следниот натпревар во серијата ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) – Ракометарите на Фуксе Берлин, Барселона и Алборг се пласираа на завршниот турнир во Лигата на шампиони, додека последниот патник ќе биде познат вечерва по реваншот меѓу Магдебург и Пик Сегед. Во најнеизвесниот натпревар во средата вечер, Фуксе го победи Веспрем на пенали и се пласираше на фајнлфорот. Откако унгарскиот тим победи со 35-34 во првиот натпревар, Фуксе одговори со победа од 31-30 во Берлин. Лихтлајн, ...

Мадрид, 7 мај 2026 (МИА) – Сопственикот на шпанскиот фудбалски второлигаш Андора, Жерар Пике доби суспензија од шест натпревари и забрана од два месеци за вршење на фудбалски активности во Шпанија поради неспортско однесување кон судиите по поразот на неговиот тим од Албасете со 0-1 изминатиот викенд. Пике, кој 14 години го носеше дресот на Барселона, пред осум години заедно со група инвеститори ја купи Андора, која на четири кола до крајот ...

Дортмунд, 7 мај 2026 (МИА) – Дефанзивецот на Борусија Дортмунд и поранешен германски репрезентативец, Никлас Шуле, објави денеска дека ќе ја заврши кариерата на крајот од сезона, на само 30 години. Шуле, кој одигра 49 натпревари за германската репрезентација, посочи дека одлуката за пензионирање била поттикната, откако минатиот месец го повреди коленото. „Откако ја слушнав добрата вест по магнетната резонанца дека не сум ги скинал вкрстените ...

Даблин, 7 мај 2026 (МИА) – Повеќе познатите ирски личности од светот на забавата се приклучија на повикот за бојкот на фудбалските натпревари против Израел, што Ирска треба да ги игра оваа есен во рамки на Лигата на нации на УЕФА, поради конфликтот во Појасот Газа, каде што, според нив, израелската страна врши геноцид врз локалните Палестинци. Групата наречена „Ирски спорт за Палестина“ ја обвини израелската страна за кршење на статутите на ...

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Национална галерија на Македонија, на 8 мај 2026 година со почеток во 19:00 часот, ќе ја отвори изложбата „Архивски документи“ на истакнатата македонска уметница Жанета Вангели. Изложбата, како што информираат од Македонскиот КИЦ Истанбул, претставува комплексна синтеза на четиридецениско творештво, во кое архивата освен како сведоштво за ...

Битола, 6 мај 2026 (МИА) - Во битолскиот Офицерски дом ќе биде отворена меѓународна ликовна излоба како дел од проектот: „Простори на уметност: Природа – Култура – Човештво“, организирана од Институт за ликовни уметности, Факултет за уметност и образовни науки во Чешин, Универзитет во Шлезија во Катовице, Полска. Во пресрет на вечерашното свечено отворање од КИЦ Битола информираа дека Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во ...

Скопје, 6 мај 2026 (МИА) - Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег - истакнал министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во своето обраќање пред концертот на Националниот џез-оркестар во Брисел во рамките на ...

Битола, 6 мај 2026 (МИА) - Националната установа Завод и Музеј-Битола е номинирана за меѓународната награда „Жива“ што се доделува во рамки на Форумот за словенски култури. Номинацијата е потврдена по посетата на членот на жири комисијата, Роберт Зидел, директор на Музејот на фабриката Видел во Варшава, информираа од НУ Завод и Музеј-Битола. -Гостинот од Варшава ги посети постојаната поставка на музејот, Спомен собата на Мустафа Кемал ...

Куманово, 6 мај 2026 (МИА) - Во текот на 2025 година во Куманово се реализирани вкупно 102 културни манифестации, покажува извештајот усвоен на последната седница на општинскиот совет. Програмата е разновидна и наменета за различни генерации. Во Куманово, според податоците на Секторот за култура се реализирале над сто настани. Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации во Куманово за 2025 година отвори дебата меѓу ...

Прилеп, 6 мај 2026 (МИА) - Десет претстави во официјалната конкуренција и уште четири во придружната програма, тркалезни маси, автор во фокусот, работилници, театар за деца, изложби ќе понуди јубилејниот 60-ти македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ кој ќе се одржува од 5 до 12 јуни во Прилеп под мотото „Храбриот нов театар“, беше соопштено на денешната прес-конференција за програмата на Фестивалот. Претставата „Мачкина глава“ од ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Оркестарот на Македонската филхармонија вечерва ќе го одржи концертот „Хармонија“, на кој како солист ќе настапи реномираниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент ќе биде маестро Емил Табаков од Бугарија. Нинг Фенг важи за еден од водечките виолинисти на меѓународната сцена. Иако често настапува со најзначајните оркестри во Кина, тој има и успешна европска и светска кариера, со седиште во Берлин. Критиката го ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Павилјонот на Република Северна Mакедонија на 61. Венециско биенале свечено ќе биде отворен утревечер во 18.30 часот со претставување на проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?), авторско дело на Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес. Претставувањето е целосно поддржано и организирано од Министерството за култура и туризам. ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Друштвото на писателите на Македонија информира дека лауреати на наградата „Книжевен жезол“ за 2026., годината во која ова меѓународно признание одбележува јубилеј – три децении постоење, и кое Друштвото го доделува за поетски опус на еден домашен и на еден странски автор, се реномираната бугарска поетеса Роза Бојанова и македонскиот поет академик Ристо Василевски. - Роза Бојанова има свој посебен поетски код по кој ...

Скопје, 7 мај 2026 (МИА) - Седум оперски претстави од Пучини и Верди, од кои две првпат во една вечер, како и еден балет, се на програмата на годинашниот 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, кој традиципнално се одржува од 9 до 31 мај во Националната опера и балет. Фестивалот ќе почне в сабота со две оперски претстави од Џакомо Пушини – премиерите на „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, откако фестивалскиот оган ќе го запали нашата сопранистка ...

7 мај 2026 Би-би-си - Лондон Претседателот на САД, Доналд Трамп, предвиде дека војната во Иран ќе „заврши брзо“ и вели дека повеќето луѓе ја „разбираат“ неговата цел да ги запре нуклеарните амбиции на Техеран. Неговите коментари доаѓаат откако Иран соопшти дека американскиот предлог за завршување на војната „сè уште се разгледува“. Американскиот весник „Аксиос“ (Axios) објави дека Белата куќа верува дека е блиску до меморандум за разбирање од ...

Париз, 7 мај 2026 (МИА) - Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро денеска ја исклучи можноста за укинување на какви било меѓународни санкции против Иран додека Ормуската Теснина останува блокирана. - Иран, или барем иранскиот режим, бара од Соединетите Американски Држави олеснување на санкциите во замена за отстапки во својата нуклеарна програма. Но, исклучено е какви било санкции да бидат укинати додека воден пат како ...

Берлин, 7 мај 2026 (МИА) - Повеќето граѓани на Европската Унија не ги сметаат Соединетите Американски Држави за доверлив партнер, покажува студијата базирана на анкети спроведени во сите 27 земји-членки, пренесе ДПА. Според анализата на фондацијата „Бертелсман“, раководството на Доналд Трамп остава длабоки последици врз перцепцијата на граѓаните. Истражувањето, спроведено од институтот „Нира Дата“ во март, опфатило повеќе од 18.000 лица. ...

Брисел, 7 мај 2026 (МИА) - Европските законодавци и влади напредуваат во преговорите за финализирање на договорот за укинување на царините за увоз од Соединетите Американски Држави, но работата сè уште не е завршена, изјави денеска претседателот на Комитетот за трговија на Европскиот парламент, Бернд Ланге. Преговорите се одвиваат во услови на нов притисок од американскиот претседател Доналд Трамп и несогласувања околу заштитните механизми. - ...

Москва, 7 мај 2026 (МИА) - Заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев, оцени дека евентуалното приближување на Германија до поседување нуклеарно оружје би претставувало несомнен casus belli (повод за војна) и причина за преземање најшироки мерки на руски одговор во рамките на доктрината за нуклеарно одвраќање. Во текст објавен за РТ, Медведев наведе дека таквиот развој на настаните би предизвикал сериозна ...

Будимпешта, 7 мај 2026 (МИА) - Повеќе од три четвртини од гласачите кои ја поддржале новата унгарска партија Тиса на неодамнешните избори, очекуваат идната влада да преземе посилни мерки во борбата против климатските промени, додека повеќе од 70 проценти поддржуваат заштита на правата на ЛГБТ+ заедницата, покажува новата анкета. Партијата Тиса, предводена од Петер Маѓар, победи на изборите со што заврши 16-годишното владеење на унгарскиот ...

Амстердам, 7 мај 2026 (МИА) - Втор медицински авион за репатријација, кој превезуваше патник заразен со хантавирус од крузерот „Хондиус“ (Hondius), денеска слета во Амстердам по итна евакуација од бродот во близина на брегот на Зеленортските Острови (Кабо Верде). Медицинскиот авион утрово слета на аеродромот „Схипхол“, додека двајца претходно евакуирани патници пристигнаа во Амстердам уште синоќа. Во меѓувреме, холандското Министерство за ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
0.75
66%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
1.76
91%
1013
weather icon

Загреб

15ᴼ / 15ᴼ
3.17
88%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.62
71%
1013
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.98
95%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 16ᴼ
1.34
85%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 20ᴼ
0.89
67%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.26
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.94
62%
1015
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
0.89
84%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
57%
1012
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
1.42
98%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Бакар

13.01

Цинк

0.00

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Паладиум

40767.15

Злато

135639.33

Сребро

2186.28

Алуминиум

3.54

Калај

53.60