Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
Москва, 9 мај 2026 (МИА) - Германија оди по „многу опасен пат“ одбивајќи да ја признае одлучувачката улога на Советскиот Сојуз во победата над нацизмот, а ова не е прв пат, изјави денеска Дмитриј Песков, портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, цитиран од ТАСС. - Германија оди по многу опасен пат. Не е прв пат. Сегашната генерација германски политичари, кои практично молчат за улогата на СССР во победата над нацизмот, воопшто не ја ...
Москва, 9 мај 2026 (МИА) - Руското Министерство за одбрана денеска ја обвини Украина за кршење на тридневниот прекин на огнот склучен со посредство на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува ДПА. Украинските сили ги нападнале руските воени позиции и цивилната инфраструктура со беспилотни летала и артилерија во регионите Калуга, Тула, Смоленск, Курск, Брјанск и Белгород, како и во Чеченската Република и регионите Ставропол и ...
Москва, 9 мај 2026 (МИА) - Рускиот претседател Владимир Путин го прими словачкиот премиер Роберт Фицо во Кремљ. Фицо е единствениот европски лидер кој пристигна во Москва на прославата по повод Денот на победадата над фашизмот - 9 Мај. - Вашиот доследен став во корист на зачувувањето на историската вистина заслужува почит, рече Путин на почетокот од средбата со Фицо и ја пофали „суверената надворешна политика“ што словачката влада се обидува ...
Будимпешта, 9 мај 2026 (МИА) - Петер Маѓар денеска положи заклетва како нов премиер на Унгарија, со што се означи крајот на 16-годишното владеење на Виктор Орбан. Маѓар положи заклетва во Парламентот откако неговата централно-десничарска партија Тиса избори убедлива победа на изборите минатиот месец, победувајќи го Фидес на Орбан. Партијата Тиса освои двотретинско мнозинство во Парламентот со 199 места, што ѝ дава можност да ги смени клучните ...
Стокхолм, 9 мај 2026 (МИА) – И покрај тензиите со Вашингтон и планираното повлекување на американските трупи од Германија, германскиот канцелар Фридрих Мерц вели дека е оптимист во врска со кохезијата и иднината на НАТО, пренесува ДПА. - Силата на НАТО не зависи само од бројот на војници, туку и од споделените цели, а ова единство останува недопрено, изјави Мерц за новинарите во Стокхолм, каде што присуствуваше на конференција на шведските ...
Вашингтон, 9 мај 2026 (МИА) - Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не ја исклучува можноста за испраќање американска делегација во Москва на разговори за војната во Украина. - Би го направил тоа ако мислам дека ќе помогне. Многу би сакал да видам крај на оваа војна, одговори Трамп на прашање на новинарите пред Белата куќа дали е подготвен да испрати преговарачи во Москва да разговараат за можно решение на конфликтот во Украина. ...
Брисел, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, денеска изјави дека Европската Унија мора да биде отворена за разговори со Русија за обезбедување мир во Украина. Зборувајќи во Брисел на Денот на Европа, Кошта рече дека ЕУ е подготвена да се вклучи во разговори за праведен и траен мир во Украина. - Ќе треба да се водат разговори со Русија за заедничките безбедносни прашања во соодветен момент, рече Кошта, ...
Киев, 9 мај 2026 (МИА) - Стотици пожарникари продолжуваат да се борат со шумскиот пожар во забранетата зона околу поранешната нуклеарна централа во Чернобил во Украина. Украинските власти соопштија дека ситуацијата е под контрола и нема опасност од радијација. Пожарот бил предизвикан во четвртокот од две руски беспилотни летала. Досега се изгорени повеќе од 1.200 хектари, а за гасење на пожарот се ангажирани 374 пожарникари. Забранетата зона ...
Тирана, 9 мај 2026 (МИА) - Силното влијание на емиграцијата врз образованието во Албанија останува загрижувачко. Од 1991 година, околу 50% од албанското население емигрирало, директно придонесувајќи за намалување на населението на училишна возраст и бројот на ученици, стои во ивештајот на УНЕСКО. Во исто време, трендот се променил, од емиграцијата на неквалификувани работници во 1990-тите, кон заминување на пообразовани лица, што ја зголеми ...
Приштина, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на Демократскиот сојуз на Косово (ДСК) Љумир Абдиџику предложи поранешната претседателка на Косово, Вјоса Османи да ја предводи листата на кандидати за пратеници на ДСК и да биде кандидат за претседател на Косово, додека тој ќе биде номиниран за премиер на Косово. На Главниот одбор на партијата, тој изјави дека денешниот состанок на највисокото тело на ДСК конечно ќе донесе одлука за обединување со ...
9 мај 2026 ЗНАМ тотално се распаѓа на сите нивоа. По пратеникот Миле Цеков, уште една советничка на ЗНАМ во Советот на општина Прилеп го напушти владејачкото мнозинство, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го објавува интегрално. Оваа група, создадена од Максим Димитриевски, а финансирана од Мицкоски и ВМРО-ОКГ, со единствена цел растурање на СДСМ, прво ја предаде својата матична партија, а потоа и своите гласачи со влегувањето во ...
9 мај 2026 Филипче без кочници се додворува на Софија и нуди уставни измени на брза лента, трет по ред од СДС спремен за национални отстапки, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Венко Филипче е без рбет и со секоја своја изјава докажува дека за него и СДС не постојат никакви црвени линии кога станува збор за националните интереси. Изминатиот период Филипче постојано се обидуваше да се доближи и се ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Нека ни е честит 9 Мај-Денот на победата над фашизмот, најголемото зло на дваесеттиот Век! Денес, после 81 година, се потсетуваме на денот кога црвеното знаме на слободата се развеа над урнатините на тиранијата, означувајќи го триумфот на работништвото, прогресивните и слободарски сили и обединетите народи против смртта, робството, експлоатацијата и омразата. Ова не е само датум од историјата, туку симбол на ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Марија Митева, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, гостуваше во Радар подкаст, каде говореше на темата за политичко лидерство, за што вели дека довербата во еден политички лидер се гради преку конзистентноста на ставовите, посветената работа и резултатите што ги постигнува, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. Како што се наведува во соопштението, што МИА го пренесува интегрално, според неа, разликата меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и лидерот на ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Филипче како Коте од Руља, се стави на тацна на Бугарија и на Румен Радев, догматично ги следи чекорите на Зоран Заев, изјави на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално. „Румен Радев, не е нов политичар во Бугарија, туку само нов премиер, за кој сите знаеме какви радикални ставови има околу Македонија и македонскиот јазик, народ, идентитет и историја. Да не ...
9 мај 2026 Наместо да застане покрај Владата во одбрана на националните интереси, Филипче сака да го надмине Заев во предавствата, па отворено вели дека уставните измени се прва работа што би ја направил на власт, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, што МИА го објавува интегрално. Венко Филипче по стапките на неговиот ментор, Зоран Заев, за власт е спремен се државно да распродаде. Само што Филипче сака да го надмине својот учител и ментор ...
9 мај 2026 Зелената агенда и понатаму останува најсилниот и најрелевантен одговор на глобалните предизвици во сегашниот геополитички и безбедносен контекст за цела Европа, а особено за земјите од Западен Балкан. Ова беше главната порака што ја истакна ДОМ на Состанокот на лидерите на зелените партии од Европа, претсавуван од ко-претседателката, Ана Угринска, кој се одржа во Брисел на 8 мај (петок), се вели во соопштението од ДОМ, што МИА го ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Слободата не е подарок, туку е резултат на пожртвуваната борба на илјадници храбри борци кои под знамето на антифашизмот и народноослободителната борба, се исправија против окупаторите и нивните соработници. По повод „9 мај“ - Денот на победата над фашизмот, делегацијата на #Левица предводена од пратеникот Борислав Крмов, пред споменикот „Ослободителите на Скопје“ положија свежо цвеќе во чест на оние кои ги положија ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче денеска му честита на Петер Маѓар, кој положи заклетва и стана нов премиер на Унгарија, соопштија од СДСМ. МИА интегрално ја пренесува пораката на Филипче објавена на социјалната мрежа Икс (X). „Честитки до новиот премиер Петер Маѓар и до целиот унгарски народ! На Денот на Европа, Унгарија доби демократска влада. По 16 години криминал, корупција, автократска власт и гушење на ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Претседателот на СДСМ Венко Филипче истакнува дека вметнувањето на правата на малцинствата во Уставот не е загрозување на македонскиот национален идентитет, туку негово зајакнување. -Националниот идентитет го загрозуваат криминалот и корупцијата, а не малцинствата. Христијан Мицкоски и криминална група ВМРО мораат еднаш засекогаш да разберат: граѓаните јасно гледаат што прават. Намерно сакаат да ја изолираат ...
Македонска Каменица, 9 мај 2026 (МИА) - Делегација од Општина Македонска Каменица, предводена од градоначалничката Соња Стаменкова, престојуваше во студиска посета на Велење, каде одблиску се запозна со процесите на праведна транзиција и економска трансформација на региони поврзани со рударската индустрија. Во состав на делегацијата беа и советничките во Советот на Општина Македонска Каменица, Адријана Пауновска Спасевска и Валерија ...
Штип, 9 мај 2026 (МИА) - Втор ден се чисти отпад и градежен шут во Штип, во рамките на еколошката акција „Генералка викенд“. Со градежни машини се расчистува градежниот шут, а амбалажи од најразлични производи, пластични ќеси и друг вид на отпад се чисти од вработените во штипските јавни претпријатија, припадници на Армијата, пожарникари, Општината, членови на Извидничкиот одбор „Еквинокс“, волонтери, граѓани. Градоначалникот на општина Штип, ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Во општина Кисела Вода поставени се нови 15 контејнери за текстилен отпад кои се распоредени пред основните училишта и детските градинки. Со ова, информираа денеска од општината, иницијативата добива изразена едукативна димензија, директно насочена кон развивање на еколошката свест кај најмладите и поттикнување на одговорни навики за заштита на животната средина уште од најрана возраст. Ова претставува втора фаза од ...
Дебар, 9 мај 2026 (МИА) - На граничниот премин „Џепиште“, што е втор премин на македонско – албанската граница, кај Дебар, во првите четири месеци годинава, се регистрирани 14.918 патници, забележувајќи благ раст, споредено со истиот период минатата година. - Во периодот јануари-април на овој премин се регистрирани 14.918 патници што е за 1% повеќе споредено со истиот период лани, кога минале 14.708 патници. Овој премин е од локален карактер, ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) - Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба. Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и ...
Македонска Каменица, 9 мај 2026 (МИА) – Во Македонска Каменица денеска успешно се реализираше еколошката акција „Викенд генералка“, во која активно учество зедоа граѓани, вработени во јавните институции и претставници од локалната самоуправа, со заедничка цел – создавање почиста и поуредена животна средина. Акцијата, како што информираше градоначалничката Соња Стаменкова во својата објава на фејсбук, поминала во духот на солидарност, ...
Кочани, 9 мај 2026 (МИА) - Семејствата на загинатите во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 42. Марш на ангелите и денеска чекореа низ улиците во Кочани, почнувајќи од Паркот на Револуцијата и завршувајќи кај зградата на Основното јавно обвинителство во Кочани. На одговорните во институциите им се обратија во три наврати, застанувајќи пред зградата на Полицијата, барајќи одговорност за полициските службеници, кои таа ноќ не ...
Скопје, 9 мај 2026 (МИА) Ана ЦВЕТКОВСКА Ендоскопска комбинирана интраренална хирургија (ECIRS), една од најсовремените и најкомплексни уролошки процедури за третман на коралиформна и мултипла бубрежна калкулоза, е изведена првпат во Македонија, но и пошироко во регионот. Интервенцијата е изведена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ од страна на уролозите д-р Александар Мицковски и д-р Владимир Лозановски, со поддршка од два комплетни ...
Скопје, 8 мај 2026 (МИА) - Управители на две правни лица и вработени во Агенцијата за управување со одземен имот се осомничени за злоупотреба на постапка за јавна набавка, откако Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Кривичната пријава е поднесена против Н.И. и Б.Г., во својство на управители на правни лица, против две правни лица, како и против пет лица вработени во Агенцијата за ...
Велес, 8 мај 2026 (МИА) - Во СВР Велес, 43-годишна велешанка пријавила дека била измамена за сума од 16.592 денари. Според пријавеното, на 05.05.2026 добила СМС порака за наводно сторен сообраќаен прекршок кој требало да го плати. Како што информираат денеска од СВР Велес, во пораката имало линк од веб страна со насоки за плаќање и било наведено дека доколку ги следи упатствата ќе плати само половина од сумата за прекршокот. Откако ги внела ...