Со приказни за животните, музички хепенинг и забава за најмладите денеска започна одбележувањето на стогодишнината од основањето на Зоолошката градина во Скопје, која е најстара на Балканот. Во овие сто години Скопје ЗОО имала подеми и падови, а денес во неа живеат 500 животни од сто вида, а меѓу најатрактивните се слоницата Данела, нилскиот коњ Буцо, морските лавови, лемури, тапаси, пингвини, автохтоната мечка и многу други. Градоначалникот ...

Македонската женска фудбалска репрезентација попладнево претрпе висок пораз на гостувањето во Фалчут од домаќинот Унгарија со 7-0, во четвртото коло од квалификациите во Групата Ц3 за пласман на Светското првенство во 2027 година. Како и на првиот дуел во вторникот во Битола на кој загубија со 5-0, избраничките на селекторот Александар Андов беа немоќни и во реваншот да му се спротивстават на унгарскиот состав. Почетниот резултат стоеше на ...

„Денеска продолжува кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“ во општина Кавадарци, еден од најзначајните центри на агросекторот во државата“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. „Согласно податоците на Министерството во општина Кавадарци има над 6.000 регистрирани земјоделски стопанства. Државата има над 1.500 склучено договори за над 5.000 хектари земјоделско земјиште во државна ...

Опозиција која е безидејна, на која ѝ недостига сериозна конструктивност за да биде коректор на власта и која се соочува со внатрешни проблеми, сметам дека оваа интерпелација е неиздржана, изјави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, одговарајќи на новинарско прашање во врска со поднесената интерпелација. Тој за време на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, која денеска ...

Кошаркарите на ТФТ го совладаа попладнево МЗТ Скопје Аеродром со 93-91 во дерби натпреварот од второто коло во ТОП 6 фазата на „МТЕЛ“ Супер лигата. ТФТ до триумфот дојде со фуриозна игра во четвртата четвртина во која надомести негатива од 14 поени, триумфирајќи со тројка на Ташовски во последниот напад. Ташовски со 27 поени беше најефикасен во редовите на ТФТ, додека на другата страна Војдан Стојановски и Меквин реализираа по 18 поени. ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави денеска дека лондонскиот премиерлигаш нема да игра на нерешен резултат во дербито против Манчестер Сити, чиј исход би можел да го одлучи новиот англиски шампион, пренесуваат денеска британските медиуми. Арсенал влегува во утрешното дерби со предност од шест бодови и натпревар повеќе од Сити, но и со променлива форма и три порази на последните пет дуели во сите натпреварувања. „Сакаме да го добиеме ...

Раководството на Реал Мадрид планира да потпише нов договор со напаѓачот Винисиус, објави денеска весникот „Марка“. Според истиот извор, преговорите со 25-годишниот бразилски репрезентативец и неговиот менаџер ќе започнат наскоро. Винисиус му се приклучи на Реал во 2018 година, а актуелниот договор со важност до лето 2027 беше потпишан во 2023 година. Вредноста на Винисиус на трансфер пазарот се проценува на 150 милиони евра. Од почетокот на ...

Во двата денешни натпревари во рамки на 28. коло во Првата македонска фудбалска лига, скопски Вардар со убедлив триумф од 7-0 над последнопласираниот Шкупи се врати на чело на табелата, додека Пелистер освои важни бодови во битката за опстанок, совладувајќи ја Македонија ЃП со 2-0. Вардар извојува рутинска победа на гостински терен против градскиот ривал со головите на Закариќ (10 минута), Бабунски (44), Рустеми (автогол, 45+3), Тодоровски ...

Во Русија и годинава се одржа културно-образовниот проект „Читај ја Македонија!“, кој од 2014 година континуирано го реализира Олга Панкина, претседател на невладината организација Македонски културен центар во Москва. Како што информира Панкина, главниот настан во рамки на проектот се одржал вчера во Културниот центар „Фазил Искандер“, а бил наменет за деца на возраст од 12 до 13 години и нивни наставници. Настанот традиционално се ...

Градоначалникот на Делчево, Иван Гоцевски денеска положи цвеќе пред спомен-плочата на комитите од последната чета на ВМРО во Пијанечкиот Регион, оддавајќи им почит на борците кои ги загубиле животите во борбата за слободата на македонскиот народ. По повод годишнината од настаните од 18 април 1933 година, Гоцевски потсети дека во тогашното Царево Село, по долг период на притисоци и репресии врз населението во Пијанец и Малеш, четата влегла во ...

Единаесетте градоначалници на Општините од Источно планскиот регион (ИПР) покренаа иницијатива за решавање на проблемот со бездомните животни, по примерите на двата соседни региони. Градоначалникот на општина Пробиштип, Тони Тоневски, воедно и претседател на Советот на градоначалници на ИПР вели дека за почеток се предвидени околу 100.000 евра, а со најава оти ќе се обезбедат и дополнителни средства за целосна реализација на проектот. За ...

ЈП Водовод и канализација – Скопје спроведува акција за отплата на долговите без пресметка на камата за задоцнето плаќање. Акцијата, како што информираат од јавното градско претпријатие, започнува во понеделник на 20 април и ќе трае до 5 јуни годинава. -Ги повикуваме сите корисници кои имаат заостанат долг за потрошена вода (тужен и редовен), да ја искористат можноста за плаќање на рати без пресметана камата, велат од ЈП Водовод и ...

Со свеченост во паркот „Јане Сандански“ денеска беше одбележан 21-от роденден на Општина Аеродром. На настанот, градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, заедно со претседателката на Советот, Сузана Павловска, доделија признанија на жители на општината кои со својот ангажман и успеси дале значаен придонес во областа на науката, образованието, спортот и културата. Во обраќањата беше истакнато дека Општина Аеродром континуирано ги ...

Американската кошаркарка Алија Бостон потпиша четиригодишно продолжување на договорот со Индијана во вредност од 6,3 милиони долари, што е највисок износ во историјата на женската американска професионална кошаркарска лига (ВНБА), објави денеска клубот. Бостон со тоа го надмина неодамнешниот договор на Аја Вилсон, која потпиша тригодишен договор вреден 4,7 милиони долари со Лас Вегас, рекорд кој траеше само 48 часа. И двата договори се ...

Фудбалерите на Ковентри го завршија своето 25-годишно отсуство од Премиер лигата, откако ремизираа 1-1 на гости против Блекбурн и обезбедија синоќа промоција на шест кола до крајот на сезоната во Чемпионшип лигата. Враќањето во Премиер лигата фудбалерите на Ковентри го прославија синоќа на „Ивуд парк“ заедно со 7.000 гостински навивачи. Ковентри, предводен од Френк Лампард, е на врвот на табелата со 86 бодови од 43 натпревари, 13 повеќе од ...

Фудбалската федерација на Саудиска Арабија му врачи отказ на селекторот Ерве Ренар, два месеци пред настапот на Светското првенство. Францускиот стратег ја предводеше саудиската репрезентација од крајот на 2024 година, по првиот мандат од 2019 до 2023 година. „Таков е фудбалот. Саудиска Арабија се квалификуваше на Светското првенство седум пати, а двапати под мое водство. И постои само еден селектор кој ја предводел репрезентацијата од ...

Италијанскиот репрезентативец ред Мануел Локатели го продолжи договорот со Јувентус до 2030 година, објави клубот од Торино. Локатели, кој оваа сезона е капитен на Јувентус, дојде во торинскиот клуб во 2021 година како позајмен фудбалер од Сасуоло, пред да потпише договор во 2023 година. „Продолжувањето на договорот претставува понатамошен чекор кон консолидација и обезбедување континуитет на нашиот спортски проект, кој гледа кон иднината и ...

Од печат деновиве излезе романот Јета од Ивана Трајаноска, објавен како 249-та книга во едицијата ПРОаЗА на издавачката куќа Или-Или од Скопје. Јета е роман што длабоко навлегува во прашањата на мултикултурализмот, интеркултурализмот, припадноста и отуѓувањето, како и во слоевитите конструкции на личниот, националниот, верскиот, но и женскиот идентитет во историскиот и современиот контекст на поранешна Југославија и денешна Македонија. ...

Со документарецот „Приказната за Силјан“ на Тамара Котевска, Центарот за култура „Бели мугри“ го означи стартот на новата сезона на филмски проекции во Кочани. Љубителите на големото платно синоќа ја преполнија кино салата на кочанската Националната установа. Се бараше билет повеќе за да се биде просутен на првата проекција на новото платно, со новата дигитална опрема и ласерски проектор. Во првите редови беа режисерката Тамара Котевска и ...

Во Македонскиот културно-информативен центар во Софија се одржа промоција на книгата „Човекот, културата и влогот во сопствената култура“ од м-р Александар Јорданоски а воедно и на Националниот конзерваторски центар – Скопје. Настанот, како што информираа од Македонскиот КИЦ Софија, е дел од континуираната програма на Македонскиот културно-информативен центар, во чии рамки годинава се реализирани над дваесет културни настани со цел промоција ...

Поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација со цел непречено обезбедување на мамографски прегледи за жените од источниот регион. Во таа насока, директорите на Клиничка болница Штип и Општа болница Кочани договорија взаемно решение со кое се овозможува континуитет на услугата.Мамографиите ќе се изведуваат во Општата болница во Кочани, додека пак снимките ќе се читаат и интерпретираат ...

Обновените спортски терени на кејот на Вардар, на потегот кај Маџир Маало, денеска беа пуштени повторно во употреба. Реконструирани се терените за фудбал и кошарка, поставена е нова урбана опрема, трибини и ограда. Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓоргиевски и министерот за спорт Борко Ристовски ги посетија обновените терени, а Ѓоргиевски на својот профил на Фејсбук пишува дека тоа се места кои повторно се враќаат на граѓаните како центар ...

Прославениот бразилски кошаркар и член на Куќата на славните, Оскар Шмит, почина во петокот на 69-годишна возраст по долго боледување. Семејството во соопштението наведе дека Шмит 15 години се борел со тумор на мозокот „храбро, со достоинство и упорност, останувајќи модел на решителност, великодушност и љубов кон животот“. Иако никогаш не заигра во НБА, легендарниот Шмит имаше статус на кошаркарска икона во родниот Бразил поради ...

Кошаркарите на Орландо и Феникс се последните учесници во плејофот во НБА лигата. Орландо го освои осмото место во Источната конференција, откако со 121-90 го победи синоќа Шарлот, додека Феникс обезбеди место во плејофот на Западот победувајќи го Голден Стејт Вориорс со 111-96. Орландо ќе игра против првопласираниот Детроит во првото коло од плејофот. Серијата започнува в недела вечер во Детроит. Плејоф серијата во Западната конференција, ...

Новиот роман „Замир“ од Хакан Ѓундај е објавен на македонски јазик, во издание на „Матица македонска“. Станува збор за роман што уште со својата тема, наративна напнатост и силна внатрешна драматика се наметнува како книга за која ќе се зборува. „Замир“ е роман со моќен емотивен и општествен набој, дело што отвора крупни и болни прашања за насилството, стравот, бегалството, моќта и човечкото достоинство. Тоа е книга што не се чита само како ...

Американскиот технолошки гигант Гугл денеска претстави серија нови функции во рамките на својот систем за вештачка интелигенција, дизајнирани на корисниците да им го олеснат купувањето и планирањето на летувањата. Новата функција им овозможува на корисниците едноставно да опишат што бараат од стока, по што вештачката интелигенција може да ги контактира локалните продавници и да прибере информации за достапноста на производите, а потоа да ги ...

Ракометарите на Охрид изборија историско финале во Купот на Македонија откако во првото полуфинале го совладаа првакот Еурофарм Пелистер со 26:19. Охриѓани во кус временски период по втор пат слават победа на Е.Пелистер, а ова им е прво финале во куп натпреварувањето. Прашањето на победникот беше решено во првиот дел кога Охрид благодарение на одличната одбрана на противникот му дозволи да постигне само седум голови и водеше со 13:7. Во ...

Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да се изборат за финалето во купот откако во првото полуфинале загубија до Охрид со 19:26. – Самите сме виновни за поразот. Пелистер на секој натпревар оди на победа, но денеска имавме лош ден и не бевме на нивото на Пелистер. Не одигравме како на дуелот со Алкалоид. Сега ни останува фокусот на натпреварите од лигата и честитки за ракометарите на Охрид, изјави по дуелот капитенот на Е.Пелистер ...

Ракометарите на Охрид се изборија за своето прво финале во купот на Македонија откако попладнево го совладаа Еурофарм Пелистер со 26:19 во првото полуфинале што се игра во Струмица. Во најголемиот дел од натпреварот охриѓани имаа водство, а во неколку наврати и со десет голови разлика. – Ова за нас е историски успех. Мислам дека одигравме еден од подобрите натпревар сезонава. Одбраната беше клучна за денешната победа, а Пилиповиќ беше одличен ...

Белата куќа и покрај политичките и воени тензии очекува доаѓање на фудбалската репрезентација на Мундијалот во САД. Новиот став доаѓа по неделата на неизвесност околу тоа дали Иран ќе учествува на Светското првенство. Работната група очекува доаѓање на селекцијата на Иран до 10.јуни во Тусон, а потоа да патуваат за Лос Анџелес каде ги играат дуелите со Нов Зеланд и Белгија, додека дуелот со Египет го играат во Сиетл. Претседателот на САД ги ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.04
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
76%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
93%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
88%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
68%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
65%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.02
86%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
62%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Цинк

0.00

Калај

53.60

Алуминиум

3.54

Сребро

2186.28

Рутениум

48965.59

Платина

55170.68

Родиум

257205.97