Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб од денеска до 19 април ќе се реализира мултимедијален проект за деца „Магичниот круг на детството“ на КАТ Продукција, со поддршка на нашето Министерство за култура и туризам. -Македонскиот јазик е најголемата културна татковина, која нема граници. Затоа живеењето на јазикот меѓу генерациите, кои не се во Македонија, туку живеат во други држави е многу значаен културен елемент. Ова е ...

На територијата на општина Кисела Вода утрово започна голема акција за чистење диви депонии во која се вклучени 11 скипови, 2 багери и 25 камиони со кои се расчистуваат повеќе од десет критични точки. На терен, како што информираат од локалната самоуправа, интензивно работат сезонските работници ангажирани од Општина Кисела Вода во координација со екипите на јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“. -Денес спроведуваме ...

Камен-темелник на доградба на ОУ „Страшо Пинџур“ во населбата Даме Груев во општина Ѓорче Петров беше поставен денеска со цел да се овозможи настава во една смена во училиштето. Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, соопшти дека со проектот ќе бидат изградени шест нови училници, на две нивоа, на вкупна површина од околу 710 квадратни метри. -Ова се совпаѓа со нашата стратегија за едносменска настава во сите училишта во ...

Археолошкиот локалитет Стоби претставува едно од најзначајните културни богатства на Република Македонија и важен столб на нашиот културен идентитет – изјави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на локалитетот. Тој нагласи дека државата континуирано ја поддржува Националната установа Стоби обезбедувајќи значителни буџетски средства за заштита, конзервација и презентација на овој уникатен археолошки комплекс. Оваа ...

Колективниот договор во културата бил усвоен без позитивно мислење од Министерството за финансии, вели премиерот Мицкоски и додава дека за еден колективен договор да биде применлив, неопходно е претходно да постои согласност од Министерството за финансии, што, според него, во овој случај недостигало. Нагласува дека доколку сакаме да имаме функционална држава треба да има ред и да се почитуваат законите. – На владината седница на 31 декември ...

ЈП „Лајка“ почна едукативен караван за млади на тема „Како да бидам одговорен сопстевеник на мојот миленик“. -Темата отвори важни прашања и поттикна искрени, зрели дискусии за хуман однос кон животните, одговорностите што ги носи сопствеништвото, значењето на стерилизација/кастрација, правилна грижа, вакцинација и идентификација, како и превенција од напуштање и намалување на бројот на бездомни кучиња, велат од ЈП „Лајка“. Првата станицана ...

Во Скопје се одржува 18. Европски конгрес на абдоминални хирурзи. Настанот е организиран од Македонската асоцијација на абдоминални хирурзи (МААС) – Скопје, во соработка со Европската асоцијација на дигестивни хирурзи (EDS) и како што беше посочено, претставува еден од најзначајните стручни собири во областа на дигестивната хирургија во регионот. Се очекува конгресот да овозможи уникатна платформа за меѓународна размена на знаења, научни ...

Фудбалерите на Фрајбург, Астон Вила, Нотингем Форест и Брага се пласираа во полуфиналето на Лига на Европа. Откако пред една недела во Италија победи со 3-1, Астон Вила синоќа го завери пласманот во полуфиналето со убедлив триумф над Болоња на „Вила Парк“ со 4-0. Нотингем Форест на реваншот пред своите гледачи го совлада Порто со 1-0 откако првиот натпревар во Португалија заврши без победник 1-1, Брага го победи Бетис со 4-2 во Севиља по ...

Шпански Рајо Ваљекано, украински Шахтјор, англиски Кристал Палас и француски Стразбур се полуфиналисти во Конференциската лига на УЕФА. Рајо Ваљекано претрпе пораз синоќа од 1-3 во Атина од АЕК, но, сепак, ја soчува предноста од 3-0 од првиот натпревар на домашен терен. Противник на шпанскиот клуб за место за финалето ќе биде Стразбур кој со триумфот над Мајнц од 4-0 ја надомести негативата од 0-2 од првиот натпревар. Во второто полуфинале ќе ...

Времето денеска, како и претстојниот викенд, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Според информациите од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и утре ќе дува умерен со засилен северен ветер и ќе има појава на локален дожд со услови за ретки грмежи. Од вторник повторно времето ќе биде нестабилно со врнежи од дожд и појава на грмежи. Во Скопје, исто така, денеска се очекува променливо облачно време и слаб до умерен северен ...

На 17 и 18 април во македонскиот паб „Ѕе“ во Градскиот трговски центар гостува фестивалот „ Malomfesztivál“, кој доаѓа од северот на Војводина. Покрај музичките гости во Скопје ќе допатуваат и директорот на Фестивалот, Тамас Хорват (Tamas Horvath), како и организаторите Леа Блашко и Војислав Бјелаковиќ, кои пред македонската јавност ќе го претстават и промовираат овој мошне значаен настан, кој е познат и како Фестивал на ветерници и се ...

Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси (38) стана сопственик на шпанскиот петтолигаш УЕ Корнеља, објави денеска клубот од предградието на Барселона. Со овој потег, легендата на Барселона и на аргентинската репрезентација стана само уште еден во низата фудбалери кои одлучија дел од својата заработка да ја инвестираат во клубови од пониските лиги. Ѕвездата на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, пред две години вложи неколку милиони евра во ...

Во момент кога границите меѓу научната фантастика и реалноста стануваат сè потенки, кинеската компанија Икспенг аероХТ (XPeng AeroHT) прави можеби и најконкретен чекор кон ерата на летачки автомобили. Нејзиниот модел „Land Aircraft Carrier“, претставен пред јавноста во Гуангжу и на престижната кинеска меѓународна изложба за воздухопловство и аерокосмос (China International Aviation and Aerospace Exhibition), ја симболизира амбицијата за ...

На црквата „Свети Јаков“ во селото Драј Додингтон во англискиот регион Мидлендс, чијшто камбанарија е наклонета повеќе од познатата Коса кула во Пиза, ѝ се потребни повеќе од 117.000 евра за поправка на сериозно оштетениот и искривен под. Црквата, која има статус на заштитен објект од втора категорија и потекнува од 12 век, е позната по својот камбанариски столб, кој е навален околу 5,1 степен. За споредба, навалувањето на Кулата во Пиза ...

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз коментираше за неговото повлекување од турнирот во Барселона. Според светскиот рекет број два, неговата повреда била посериозна отколку што се очекуваше. Во првото коло од турнирот, 22-годишникот го победи Финецот Ото Виртанен (6:4 и 6:2). За време на првиот сет, Шпанецот го повика физиотерапевтот на теренот поради болка во десната подлактица. – Врз основа на денешните прегледи, можам да кажам дека повредата ...

Вкупниот награден фонд за вториот Грен слем сезонски турнир Ролан Гарос оваа година ќе изнесува 61,7 милиони евра, што е зголемување од 9,5 проценти во однос на лани и ќе биде распределен меѓу сите учесници, вклучувајќи 2,8 милиони евра за победниците во машка и женска конкуренција. Како што соопштија денеска организаторите, распределбата на наградниот фонд се движи од 24.000 евра за пораз во првото коло од квалификациите во поединечна ...

Македонската женска ракометна репрезентација ќе игра во групата Б на Европското првенство 2026 заедно со Норвешка, Романија и Швајцарија, одлучи жрепката вечерва во Катовице. За македонските ракометарки ова ќе биде деветти настап на континенталниот турнир, а трет во низа. Европското првенство 2026 ќе се одржи од 3 до 20 декември. Европската ракометна федерација организацијата им ја додели на Полска, Романија, Чешка, Словачка и Турција. Post ...

НБА го казни бекот на Шарлот Хорнетс, Ламело Бол, со 35.000 долари за „непотребен и неодговорен контакт“ со центарот на Мајами, Бам Адебајо, за време на плејин натпреварот (126:127 продолжение). Во соопштението на НБА се објаснува дека казната е поради опасен контакт кој создал значителен ризик од повреда за Адебајо, кој го повредил долниот дел од грбот и не се врати на теренот откако одигра само 11 минути. Бол го постигнал победничкиот ...

НБА ги објави бројките за гледаност на своите натпревари од регуларната сезона 2025/26. Околу 170 милиони луѓе во Соединетите Американски Држави ги гледале натпреварите на четирите примарни платформи за емитување на лигата (ABC/ESPN, Amazon Prime Video, NBC/Peacock и NBA TV). Ова се најдобрите бројки на лигата во последните 24 години, соопшти НБА. Во споредба со сезоната 2024/25, ова претставува зголемување од 86 проценти. Во 2024 година, ...

Фудбалерот на Баерн Минхен, Хари Кејн, се осврна на победата од 4:3 над Реал Мадрид синоќа во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. – Беше тежок натпревар. Знаевме колку е тешко да играте против Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Јасно е дека овој клуб има посебна врска со ова натпреварување. За да го победите Реал и да го исфрлите од Лигата на шампионите, треба да бидете на највисоко ниво. Првото полувреме беше малку лудо, ...

Фудбалерот на Арсенал, Габриел Мартинели, ги искажа своите впечатоците по нерешениот резултат 0:0 со Спортинг синоќа на домашен терен во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. – Спортинг е многу добар тим. Мислам дека Арсенал одлично ја заврши работата, не прими гол. Задоволни сме од ждрепката; се пласиравме понатаму и сме многу среќни поради тоа. Полуфиналето против Атлетико? Веруваме во себе и знаеме за што сме способни. Ги ...

Бразилскиот претседател Лула да Силва верува дека напаѓачот на Сантос, Нејмар, треба да учествува на Светското првенство во 2026 година ако е физички подготвен. – Разговарав со Анчелоти и тој ме праша: „Дали мислите дека Нејмар треба да биде повикан во репрезентацијата?“ Јас одговорив: „Ако е физички подготвен, тогаш е доволно добар“, го цитира да Силва „RMC Sport“. Анчелоти на 18 мај треба да го објави својот список од 26 играчи за Светското ...

Вртоглавиот раст на билетите за подземната железница до одредени стадиони во САД, во комбинација со превисоките цени на влезниците, предизвикаа големо незадоволство кај фудбалските навивачи чии буџети за мундијалскиот турнир вртоглаво растат. Во Бостон, локалната транзитна управа објави дека повратен билет од железничката станица до стадионот Фоксборо, оддалечен 25 километри, ќе чини 80 долари. Тоа е речиси десет пати повеќе од редовната цена ...

Поранешниот голман на австриската репрезентација, Александар Манингер (48), загина во сообраќајна несреќа, објави денеска Фудбалската федерација на Австрија (ОФБ). Според австриските медиуми, несреќета се случила во близина на Салбург кога воз на необележан премин удрил во возилото во кое се наоѓал Манингер. За време на својата кариера, Манингер одигра 33 натпревари за австриската репрезентација, а на клупски план беше дел од Салцбург, ГАК, ...

Премиерлигашот Манчестер Сити објави денеска дека Бернардо Силва ќе го напушти клубот на крајот од сезоната. Силва ја потврди информацијата во објава на својот Инстаграм профил. „Кога пристигнав пред девет години, го следев сонот на едно момче кое сакаше да успее во животот. Овој град и клубот ми дадоа многу повеќе од тоа. Сè што успеавме да постигнеме заедно е наследство кое ќе го негувам засекогаш“, објави Силва. Силва му се приклучи на ...

Центарот за култура „Бели мугри“ од Кочани утре ќе ја одржи првата филмска проекција со новата дигитална киноопрема, набавена со донација од Агенцијата за електронски комуникации. Со документарниот филм „Приказната за Силјан“ на режисерката Тамара Котевска, снимен во околината на Кочани, во Облешево, и официјално ќе почне новата сезона на филмски проекции. Како што најави в.д. директорката Габриела Стефановска, проекцијата ќе има хуманитарен ...

Во свечената сала на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) денеска беше промовиран првиот том на капиталното дело „Македонски етимолошки речник“ (А – Ж) од проф. д-р Гоце Цветановски. Изданието, кое доаѓа од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, претставува историски исчекор за македонската лингвистика пополнувајќи ја повеќедецениската празнина во словенската етимолошка наука. Проректорката на УКИМ, проф. д-р ...

Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб вчера беше промовирана книгата „Проникнување на тишината“ („Pronicanje tišine“) од Љерка Тот Наумова, авторка која подеднакво создава на два јазика – македонски и хрватски. Настанот свечено го отвори директорката на македонскиот КИЦ во Загреб, Мими Ѓоргоска-Илиевска, која истакна дека Љерка Тот Наумова со својата поезија ги поврзува луѓето преку зборот, чувството и мислата. Таа посочи и ...

Националната галерија на Република Северна Македонија вечер во 19 часот во објектот Чифте амам ќе ја отвори изложбата „Етнографија во делата од колекцијата на Националната галерија“, за која информира дека е проект синергија помеѓу етнологијата и ликовната уметност, толкувајќи ги и разработувајќи ги етнографските елементи во уметничките дела создадeни кон крајот на 19 и првата половина на 20 век. Ќе бидат изложени 52 дела од колекцијата на ...

Анастас Коцарев е роден во Охрид на 26 март 1890 година во старото познато и угледно охридско семејство Коцаревци. Основно образование завршил во родниот град, гимназија во Солун и Битола, а во Женева дипломирал на Медицинскиот факултет. Во Швајцарија останал да работи како асистент, лекар и приватен доцент по онкологија на Универзитетската клиника во Женева. Кратко во 1927 бил професор по Експериментална патологија на Американскиот колеџ по ...

weather icon

Скопје

15ᴼ / 15ᴼ
1.03
67%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.89
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
2.19
89%
1014
weather icon

Софија

14ᴼ / 14ᴼ
0.65
74%
1014
weather icon

Сараево

17ᴼ / 17ᴼ
2.79
94%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
1.34
87%
1013
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
1.34
69%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.91
70%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.86
61%
1014
weather icon

Букурешт

18ᴼ / 16ᴼ
1.34
84%
1010
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
3.13
60%
1013
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
2.05
86%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Платина

55170.68

Сребро

2186.28

Бакар

13.01

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Калај

53.60

Иридиум

253540.09

Алуминиум

3.54

Злато

135639.33

Цинк

0.00

Рутениум

48965.59