Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Во македонскиот Културно-информативен центар во Белград вечерва беше отворена изложбата „Архивски документи“ од македонската ликовна уметница Жанета Вангели што претставува сублимација на главните области на интересирање што се во нејзиниот фокус. Со изложбата Вангели не воведува во дел од архивските документи низ визуелна уметност преточена во дигитални слики, фотографии, текст и звучна уметност. Ова е една нејзина мала ретроспектива. Таа е ...
Сојузот на Македонците со исламска религија (СМИР) реагира на присуството на сомнителни лица во реканскиот крај, Општина Маврово и Ростуше, кои се претставуваат дека се од „Евангелије за секој дом”. – Најостро реагираме на присуството на сомнителни лица, кои се претставуваат како преставници на здружение “Евангелије за секој дом”, во селата на реканскиот крај, населени со население со исламска религија, притоа растурајќи пропаганден материјал ...
Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков, денеска најави дека за десетина дена ќе започне изградбата на катната гаража во непосредна близна на Градскиот пазар, како и дека до почетокот на туристичката сезона ќе бидат заокружени градежните работи на реконструкцијата на Плоштадот кај Стариот чинар во центарот на градот. – Изградбата на катната гаража беше врвен приоритет во сите овие изминати десетина години. За десетина дена започнува нејзината ...
На Рентген одделението во ЈЗУ Општа болница Велес, неделава започна да работи медицинскиот апарат Дензитометар или популарно наречен ДЕКСА скен. Апаратот ја мери коскена густината во човечкото тело. Вредностите коишто ги мери се значајни за превенција, односно за рано откривање на oстеопороза или состојба на намалена коскена маса и деградација на коскеното ткиво, што доведува до зголемена кршливост на коските и последователно зголемен ризик ...
Општина Кисела Вода започна со спроведување на редовната пролетна системска дезинфекција, дезинсекција и дератизација. Акцијата се реализира во соработка со фирмата ТОКСИ-ВЕТ ДООЕЛ Скопје и е насочена кон ефикасно уништување на штетните глодари на сите јавни површини низ територијата на општината. Согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна средина, во наредните 30 дена активностите ќе ...
Ирската компанија за патничко осигурување „Џаст кавер“ (JustCover) го прогласи Лисабон за најшарен град во светот, покажува најновата анализа заснована на обработка на фотографии од разни светски дестинации. Според студијата, од избраните фотографии од португалската престолнина биле идентификувани повеќе од 2,6 милиони бои, што го става Лисабон на врвот на листата на визуелно највпечатливи градови. Истражувањето е направено во време кога ...
„Американскиот актер Итан Џејмисон (27), познат по улогата во филмот „Игрите на гладните“ („The Hunger Games“), е уапсен под сомнение дека пукал во тројца мажи во градот Рали, Северна Каролина“, соопштија надлежните органи. Според информациите од полицијата, Џејмисон бил приведен на 8 април поради инцидент што се случил на 22 март во вечерните часови. Полицијата интервенирала по пријава за пукање околу 21:52 часот. По пристигнувањето на ...
Кошаркарите на Голден Стејт вориорс ги победија Лос Анџелес клиперс рано утрово во плејин натпревар од НБА со 126:121. Натпреварот се одигра на стадионот „Интуит Доум“ во Инглвуд. Ѕвездата на Вориорс, Стеф Кари, постигна 35 поени и беше најдобар стрелец на натпреварот. Во поразениот тим се истакнаа Матурин со 23 и Ленард со 21 поен. Голден Стејт ќе игра против Феникс за место во плејофот. Натпреварот ќе се одржи на 17 април. Post Views: 1 ...
Филаделфија ноќеска го победи Орландо во натпревар од плејин на НБА со 109:97. Натпреварот се одигра во „Иксфинити Мобајл Арена“ во Филаделфија. Бекот на Орландо, Дезмонд Бејн, постигна 34 поени и беше најефикасен кошаркар на на натпреварот. Во победничкиот тим најдобри беа Макси (31 поен), Убре (19) и Еџкомб (19 + 11 скока). Филаделфија се пласираше во плејофот на НБА, а Орландо ќе игра уште една шанса, ќе се соочи со Шарлот за место во ...
На покана од претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Масар Омерагиќ, претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на ФФМ. Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА. Претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, ја истакна важноста на ...
Раководството на Реал Мадрид бара нов главен тренер кој ќе го замени Алваро Арбелоа. Според „Атлетик“, мадридскиот клуб разгледува четири кандидати. Јирген Клоп е високо ценет од раководството на клубот, но немало контакт меѓу двете страни. Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, го цени Зинедин Зидан, но се очекува тој да биде тренер на француската репрезентација. „Кралевите“ исто така ги разгледуваат опциите и Дидие Дешан, кој ќе ја ...
Претседателот на Светската фудбалска асоцијација (ФИФА), Џани Инфантино, е уверен дека играчите на иранската репрезентација сакаат да играат на Мундијалот 2026. – Иранската репрезентација дефинитивно ќе дојде. Секако се надеваме дека ситуацијата ќе се смири дотогаш, што сигурно ќе помогне. Но, Иран, секако, треба да дојде. Тие ја претставуваат својата нација. Се квалификуваа. Играчите сакаат да играат. Ги посетив пред две недели, имаа тренинг ...
Во македонскиот Културно-информативен центар во Загреб од денеска до 19 април ќе се реализира мултимедијален проект за деца „Магичниот круг на детството“ на КАТ Продукција, со поддршка на нашето Министерство за култура и туризам. -Македонскиот јазик е најголемата културна татковина, која нема граници. Затоа живеењето на јазикот меѓу генерациите, кои не се во Македонија, туку живеат во други држави е многу значаен културен елемент. Ова е ...
Охрид денеска на свечен и симболичен начин му оддаде почит на д-р Анастас Коцарев, истакнат лекар и патриот, кој своето дело го афирмира во светот носејќи го со себе духот на родниот град. Во присуство на градоначалникот Кирил Пецаков, членови на семејството и многубројни граѓани беше откриена спомен-плоча пред влезот на неговата родна куќа во стариот дел на градот. Пецаков истакна дека обврска на Градот е да му се оддолжи на Коцарев за ...
Државниот завод за ревизија денеска објави конечен ревизорски извештај за извршена ревизија на финансиските извештаи и ревизија на усогласеноста на Агенцијата за катастар на недвижностите за 2024 година за сметка на основен буџет 637 и сметка на буџет од самофинасирачки активности 787. Како системска слабост, која е утврдена, Државниот завод за ревизија наведува дека не се доделени идентификациски броеви на државните органи и правните лица ...
Со над 2 милиони денари, обезбедени преку унгарската кредитна линија, следната недела почнуваат конзерваторско-реставраторските зафати на ѕидното сликарство во црквата „Св. Константин и Елена“ во село Мокрино, општина Ново Село – најави министерот за култура и туризам Зоран Љутков при денешната посета на сакралниот објект заедно со директорот на Заводот и Музеј – Струмица, Бранко Ѓоргиев, и градоначалникот на општина Ново Село, Ѓорги Божинов. ...
Пијанистот со светска кариера Симон Трпчески летоска ќе одржи два концерти и тоа на 13 август во Античкиот театар во Охрид, а на 14 август во Хераклеа во Битола. Античкиот театар во Охрид, како еден од најзначајните културно-историски локалитети, ќе понуди амбиент во кој секоја нота добива нова димензија. Во овој простор, каде што историјата и уметноста се испреплетуваат, концертот на Трпчески ќе прерасне во доживување што ги надминува ...
Отворен повик до македонски, албански и грчки уметници да учествуваат во двомесечна уметничка инсталација на островот Свети Ахил во Малото Преспанско езеро, упатуваат организаторите на Меѓународниот културен фестивал „Триетнес“ (TRIETHNÉS) што се одржува во Преспа, Грција, во соработка со грчката општина Преспа. „Триетнес“, што во превод значи три народи или Тромеѓа, оваа година ќе се одржи по втор пат, уметничката инсталација е инспирирана ...
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја следи состојбата со откупот на оризот во кочанскиот регион, во делот на тоа како се откупува, по која цена, одговори денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој беше прашан за проблемот со откуп на оризовата арпа од ланската реколта. Посочи дека досега се откупени 10.000 тони оризова арпа. -Знаете дека во делот на есенската жетва имаше ...
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) започнува кампања насочена кон унапредување на безбедноста во сообраќајот на мотоциклистите која ќе се реализира во соработка со МВР, Факултет за Безбедност-Скопје, Мотоциклистичката федерација. Во услови на зголемена мобилност и се поголемо присуство на мотоцикли во сообраќајот, мотоциклистите остануваат една од најранливите категории учесници. Кампањата има за цел да ја ...
Министерот за животна средина и просторно планирање Мухамед Хоџа денеска ја отвори тркалезната маса „Од политика до пракса: Приоритети за животна средина во рамките на програмата LIFE“ истакнувајќи дека Македонија е една од првите земји во регионот што пристапи кон овој клучен европски инструмент. Како што се наведува во соопштението од МЖСПП, министерот нагласил дека во партнерство со K&S Скопје веќе се работи на зајакнување на ...
Во рамките на карванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински ја посети Општина Охрид, при што оствари средба со градоначалникот Кирил Пецаков, со членови на Советот на Општината, како и со раководители и претставници на општинската администрација. На состанокот е разговарано за клучните активности на Министерството, можностите што им стојат на располагање на општините, како и за конкретните потреби и ...
Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, оствари работна посета на Општина Охрид, при што одржа средба со градоначалникот Кирил Пецаков, членовите на Советот и општинската администрација. На средбата се разговараше за развојните приоритети на општината, тековните предизвици и можностите за нивно надминување преку заедничка координација меѓу централната и локалната власт. Во фокусот на ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, се обрати на денешната Национална конференција за природа, каде истакна дека заедничкиот системски одговор е единствениот пат кон долгорочно зачувување на природните ресурси. „Да работиме заедно за вистински зелен пресврт“, порача тој, нагласувајќи ја важноста на партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор. Во своето обраќање, Хоџа стави фокус на новиот Закон за ...
Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните, дека на 17.04.2026 со почеток од 15.00 часот и 18.04.2026 со почеток од 13.30 часот на меѓународниот аеродром „Свети Апостол Павле“ во Охрид ќе се одржи симулациска вежба чија цел е проверка на подготвеноста, координацијата и ефикасноста на надлежните институции во услови на кризни и вонредни ситуации. Во рамките на вежбата ќе има зголемен број полициски службеници и возила и ќе се ...
Во Пелагонискиот Регион се случува инфраструктурен бум и тоа е нешто што ќе продолжиме да го работиме – истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на средба со стопанственици од регионалните стопански комори на Битола и Прилеп. Информирајќи за тековните и најавувајќи нови проекти, Николоски нагласи дека единствена цел на Владата е да се развива стопанството и токму затоа пелагониските општини се помагаат со сериозни ...
Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески, денеска изврши увид во градежните активности за целосна реконструкција на кракот на булевар „Трета македонска бригада“ (кај Метро). -Станува збор за проект со кој за првпат темелно се обновува овој значаен сообраќаен потег во Општина Аеродром. Делницата е во должина од 777 метри, со поставување на околу 6.000 м² нов асфалт, како и тротоари со вкупна површина од 1.500 м², се наведува во ...
Градоначалничката на Општина Кисела Вода Бети Стаменкоска Трајкоска, заедно со заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денеска извршија увид во завршните градежни работи на доградбата на објектот при градинката „8 Март“ во Расадник. Новиот простор од 800 квадратни метри е изграден по највисоки стандарди и опфаќа шест нови и пространи занимални, во кои се вклучени и две јаслени групи, со што се обезбедува ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, го коментираше испаѓањето на шпанскиот клуб од Лигата на шампионите по поразот од 4:3 од Баерн. Зборувајќи за медиумите по натпреварот во Минхен, тој се осврна на моментот кога беше исклучен Едуардо Камавинга. Во својата изјава за „Movistar+“, Арбелоа беше особено критичен кон судијата Славко Винчиќ, поради вториот жолт картон што му го покажа на Камавинга во 86-та минута. „Очигледно е дека сум ...
Министерствата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за економија и труд заеднички прават скрининг на увозниците на вештачки ѓубрива, информираше денеска министерот за земјоделството, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски кој денеска одговараше на новинарски прашања пред отварањето на Меѓународно научно-стручно советување „Агро-наука и пракса 2026“(АНП-2026) на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“-Штип. ...