Ракетата за тешки товари „Њу Глен“ (New Glenn) на компанијата „Блу ориџин“ (Blue Origin) постави сателит во погрешна орбита за време на своето трето лансирање – соопшти вселенската компанија основана од Џеф Безос. Компанијата изјави дека околностите сè уште се истражуваат. „Во моментот правиме процена и ќе ги ажурираме податоците кога ќе имаме подетални информации“, соопштија од „Блу ориџин“. Ракетата беше лансирана според планот од ...

Сан Антонио го победи Портланд со 111:98 дома во првиот натпревар од првото коло од плејофот на НБА. За Спарс, центарот Виктор Вембањама постигна 35 поени, додека Стефон Касл и Де’Арон Фокс имаа по 17. Во гостинскиот тим се истакнаа Дени Авдија со 30 поени и 10 скока и Скут Хендерсон со 18 поени. Сан Антонио поведе со 1:0 во серијата прв до четири победи. Вториот натпревар ќе се игра на 22 април. На другиот натпревар од 1/8финалето на ...

Шеј Гилџус-Александар од Оклахома Сити, Никола Јокиќ од Денвер и Виктор Вембањама од Сан Антонио се номинирани меѓу номинираните за најкорисен играч (MVP) за регуларната сезона на НБА 2025-26, објави прес-службата на лигата. Меѓу номинираните за дебитант на годината се В.Џ. Еџкомб од Филаделфија, Купер Флег од Далас и Кон Нипел од Шарлот. Номинирани за тренер на годината се Џ.Б. Бикерстаф од Детроит, Мич Џонсон од Сан Антонио и Џо Мацула од ...

Тренерот ПСЖ, Луис Енрике, го коментираше поразот од 2:1 од Лион во домашниот натпревар од 30. коло од француското фудбалско првенство. – Се обидовме да постигнеме голови, промашивме пенал и постигнавме гол со последниот шут. Таков е фудбалот. На почетокот од натпреварот беше јасно дека се мачиме и беше тешко. Но, мислам дека тимот се обиде да создаде шанси. Имавме 23 шутеви, тие имаа пет и постигнаа два гола. Тешко е да се победи ваков ...

Во текот на изминатата недела, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје (КХС) подигнаа и транспортираа 655 кубни метри непрописно одложен отпад на територијата на градот Скопје. Отстранети се неколку поголеми диви депонии на улиците „Перо Наков“ во општината Гази Баба, „Џон Кенеди“ во општината Чаир, како и „Гвадалахара“ во општината Шуто Оризари, информираат од јавното градско претпријатие. Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, ...

Во Културниот центар Белград вечерва ќе се одржи концерт за пијано и саксофон во изведба на Маја Поповиќ и Нинослав Димов. Македонскиот Културно-информативен центар во Белград, кој е организатор на овој музички настан, поддржан од Министерството за култура и туризам, продолжува да гради партнерски односи со познати културни инститиции, како што е една од најпознатите и најпопуларните, Културниот центар Белград. Македонските музички уметници ...

Предводникот на Ковентри сити, Френк Лампард, е прогласен за најдобар тренер во сезоната 2025/26 во втората лига на Англија, објави прес-службата на Чемпионшип. Ковентри ремизираше 1:1 со Блекбурн Роверс во петокот. Ова му обезбеди на клубот второ место и враќање во Премиер лигата за прв пат од сезоната 2000/01. Четириесет и седумгодишниот Лампард го презеде Ковентри во ноември 2024 година. Претходно беше тренер на Дерби Каунти, Челзи и ...

Ливерпул го победи Евертон со 2:1 вчера на гостински терен во 33. коло од англиската Премиер лига. Натпреварот се одигра на стадионот „Хил Дикинсон“ во Ливерпул. „Црвените“ станаа првиот тим во историјата на Премиер лигата што победил на 60 различни стадиони во натпреварувањето. Евертон минатите сезони играше на „Гудисон парк“ се до изградбата на новиот стадион – „Хил Дикинсон“. Ливерпул има 55 бода и е петти на табелата во Англиското ...

Примероците на водата за пиење во Скопје, земени од 14 до 17 април, одговараат на Правилникот за безбедност и квалитет, соопшти ЈП Водовод и каналзиација-Скопје. Секторот за санитарна контрола на јавното претпријатие испитал 151 примерок за физичко-хемиска и 151 примерок за микробиолошка анализа на водата за пиење, кои во наведениот период биле земени од 43 мерни места во Скопје. -Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите ...

Вистината излезе на виделина: „Матица“ објави втор том од „Табу – време на страв и страдање“ од Стојков – за првпат објавени досиеја и спомени за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија Вистината за геноцидот врз Македонците од Пиринска Македонија излезе на виделина, на увид на домашната и на странската јавност. „Матица македонска“ објави втор том од зборникот „Табу – време на страв и страдање: прогонувањето на Македонците во ...

Со традиционални ора и танци во изведба на професионални француски и македонски танчери, во Националната установа Центар за култура Крива Паланка се одржа француско-македонска вечер. Настанот во организација на Фондацијата „Бел Идеал” насловен „Култури и резонанси” овозможува исклучителна културна размена помеѓу Франција и Македонија, а ќе биде достапен и за скопската публика вечерва, со почеток во 19 часот во МКЦ, сала “Фросина”. -Настанот ...

Факултетот за музичка уметност во Скопје со концерт на пијанистот Дино Имери вечер ќе одбележи 60 години постоење. Концертот ќе се одржи од 20 часот во концертната сала на ФМУ и ќе биде бесплатен за посетители. На програмата на концертот е „Голдберг варијации” од Јохан Себастијан Бах, за кое Имери вели дека е дело застапено на репертоарот на мал број пијанисти во светот поради тоа што од изведувачот бара огромна подготвеност, уметничка ...

Фудбалерите на Манчестер Сити го победија Арсенал со 2:1 вечерва на домашен терен, во натпревар од 33 коло во Премиер лигата и ја намалија разликата на три бода зад лондонскиот тим во трката за титулата. Сити поведе со голот на Рајан Черки во 16 минута, но само 107 секунди подоцна, Арсенал израмни со голот на Каи Хаверц по кардинална грешка на голманот Џанлуиџи Донарума. Победата на Манчестер сити му ја донесе Ерлинг Халанд во 66. минута. ...

Фудбалерите на Баерн Минхен вечерва ја освоија 35, шампионска титула во Бундеслигата, откако го совладаа Штутгарт со 4:2 на домашен терен, и обезбедија недостижна предност на четири кола пред крајот на сезоната. На Баерн му беше доволен бод да ја одбрани титулата, откако единствениот конкурент Борусија Дортмунд загуби влера од Хофенхајм со 1:2. Штутгарт поведе во 21 минута со голот на Крис Фирих, а Баерн возврати со голови постигнати за шест ...

Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров го одбранија трофејот во Купот на Македонија, откако попладнево во финалето во Струмица триумфираа против дебитантот Спартак со 33-30 (18-14). Бранителот на титулата потешко од очекувањата дојде до победата, наидувајќи на силен отпор на ракометарките на Спартак, кои прв пат во клупската историја настапија во куп финалето. Во израмнето прво полувреме, Ѓорче Петров замина на пауза со предност од четири голови, ...

акометарите на Вардар 1961 по рекорден 18. пат го освоија трофејот во Купот на Македонија, откако вечерва во неизвесно финале во Струмица го совладаа дебитантот Охрид со 24-23. Вардар добро го отвори натпреварот во салата „Парк“ во Струмица и на средина од полувремето имаше предност од 8-4, но Охрид во продолжението ги консолидираше редовите и на полувреме замина со гол негатива (12-13). Охрид по паузата продолжи во добар ритам и во 42. ...

Раководството на англискиот премиерлигаш Тотенхем ги осуди расистичките напади на социјалните мрежи врз дефанзивецот Кевин Дансо (27) по неговата грешка на натпреварот со Брајтон, повикувајќи на полициска акција. Дуелот во саботата меѓу Тотенхем и Брајтон заврши 2-2, а гостите израмнија во судиското продолжение по грешка Дансо. „Кевин Дансо е жртва на одвратна расистичка злоупотреба на социјалните мрежи. Однесување кое без сомнение е кривично ...

Работнички го совлада Арсими со 2-0 на домашен терен, додека Струга извојува гостинска победа над Башкими од 4-0 над Башкими во двата завршни натпревари попладнево во рамки на 28 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). Скопски Работнички извојува важна победа во битката за опстанок со головите на Мухарем (54 минута) и Хоџа (90+4). Струга извојува убедлив триумф на гостувањето во Куманово со головите на Кампаоре (45+2), Бојку (80), ...

Македонското друштво „Преспа“ и здружението „ВМРО ДПМНЕ Албанија“ објавија дека за гласање на денешните парламентарни избори во Бугарија се пријавиле 183 лица. -Во Албанија на пописот над 7.000 „Бугари”, а за гласање се пријавиле само 183 лица. Вистината е поедноставна и поубедлива — поголемиот дел од тие „Бугари” го зеле бугарскиот пасош само заради слободното движење во ЕУ, не заради идентитет, не заради убеденост, не заради припадност, ...

Македонскиот рекордер Дарио Ивановски забележа денеска огромен успех со освојувањето на второто место на престижниот Белградски маратон што се одржа по 39. пат во силна конкуренција. Најдобриот македонски маратонец ја истрча патеката со време од 2:09:35 часа, заостанувајќи 25 секунди зад победникот Гада Гемсиса Гудета. Маратонецот од Етиопија мина прв низ целта со време од 2:09:11 часа со што го собори рекордот на Белградскиот маратон. ...

Казахстанската тенисерка Елена Рибакина ја освои титулата на ВТА турнирот во Штутгарт, откако денеска во финалето ја победи Каролина Мучова (ВТА-12) од Чешка со 7-5, 6-1. За наградата, втората светска тенисерка светот доби 160.000 евра и жолт спортски кабриолет „Порше 911 Карера“, што вреди приближно колку и наградниот фонд. За Рибакина, која годинава победи на Австралија Опен, ова е втора титула во Штутгарт по 2024 година и 13-та во ...

Напаѓачот на бразилски Сантос, Нејмар, предложи промена на правилото за офсајд. „Би го променил правилото за офсајд. Офсајд треба да се зема предвид само за високи додавања. Кога станува збор за ниско додавање или додавање под пределот на градите, тоа не треба да се нарекува офсајд“, изјави Нејмар за „Зиго Спорт“. Поранешниот напаѓач на ПСЖ и Барселона постигна четири голови и додаде три асистенции на осум натпревари оваа сезона. Нејмар ...

Напаѓачот на Баерн Минхен, Серж Гнабри, поради повреда веројатно ќе ги пропушти преостанатите натпревари до крајот на сезона, што го доведува во прашање неговиот настап за германската репрезентација на претстојното Светското првенство, јавија синоќа локалните медиуми. Гнабри има повреда на мускулот на десната нога и ќе биде надвор од терените подолг период, објави Баерн. Клубот не даде дополнителни детали, оставајќи ја неизвесна сериозноста ...

Иднината на 58-годипниот Јирген Клоп не е поврзана со тренерското место во Реал Мадрид, туку негова долгорочна цел е да седне на клупата на Германија, објави денеска весникот „АС“. Според шпанскиот весник, Клоп се чувствува комфорно и среќно на неговата сегашна позиција како спортскиот директор на „Ред Бул Груп“ и не планира во скоро време да се врати на тренерската работа. Клоп својот последен тренерски ангажман го имаше во Ливерпул, ...

Актуелниот европски првак ПСЖ нема да му прави пречки на капитенот Маркињос при евентуално заминување од екипата на крајот од сезоната, објави денеска парискиот весник „Л Екип“. Според истиот извор, 31-годишниот Бразилец самиот ќе одлучи дали сака да остане во тимот, бидејќи парижаните се склони да се разделат од играчот на лето. Маркињос е во ПСЖ од 2013 година. Оваа сезона запиша 26 настапи во сите натпреварувања и постигна два гола. ...

Најплатените фудбалери во светот сè повеќе купуваат помали фудбалски клубови со цел да го искористат нивниот раст или, пак, на тој начин да отворат други деловни можности во тие средини, оценуваат аналитичарите. Аргентинската фудбалска ѕвезда Лионел Меси (38) претходно оваа седмица го купи каталонскиот петтолигаш Корнеља. Неколку недели претходно, 41-годишниот Португалец Кристијано Роналдо купи 25 проценти од акциите во шпанскиот второлигаш ...

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал“ (“Muse-X Expo Festival”), соопшти Министерството за култура. Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцирала важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи уметници, продуценти и културни ...

Вработените од ЈУ Национален парк „Пелистер“ во соработка со Extreme Bike Team Bitola викендов извршија целосно уредување на планинарската патека која води од Цапарска пресека преку Горна Скала, Лоша Стена па се до селото Цапари. Локацијата Лоша Стена е еден да најлесно достапните природни видиковци кои ги има Националниот парк „Пелистер“ и се наоѓа на околу 1.220 метри надморска висина, југоисточно од селото Цапари и сега е веќе лесно ...

Кошаркарите на Кливленд, Денвер, Њујорк и Лос Анџелес Лејкерс забележаа победи синоќа на стартот од плејоф серијата до четири победи во НБА лигата. Во Источната конференција во првото коло од плејофот, Кливленд поведе против Торонто откако победи со 126-113, додека Њујорк дојде до стартна победа над Атланта со 113-102. Во Западната конференција, Лос Анџелес Лејкерс триумфираше против Хјустон со 107-98, а во отсуство на Лука Дончиќ и Остин ...

Фудбалерите на Реал Сосиедад го освоија шпанскиот Куп на Кралот, совладувајќи го синоќа Атлетико Мадрид на пенали со 6-5 (2-2) во финалето во Севиља. Баскискиот тим ја повтори историјата кога пред 39 години го победи Атлетико Мадрид во финалето на Купот, исто така, по изведувањето на пенали, откако натпреварот заврши нерешено 2-2. За Реал Сосиедад ова четврти куп трофеј во клупската историја, шест години по нивниот последен триумф. Реал ...

weather icon

Скопје

16ᴼ / 16ᴼ
1.05
64%
1014
weather icon

Белград

16ᴼ / 15ᴼ
0.04
92%
1014
weather icon

Загреб

14ᴼ / 14ᴼ
1.64
88%
1013
weather icon

Софија

15ᴼ / 15ᴼ
0.81
76%
1014
weather icon

Сараево

18ᴼ / 18ᴼ
2.51
93%
1012
weather icon

Љубљана

16ᴼ / 15ᴼ
0.45
88%
1014
weather icon

Атина

23ᴼ / 20ᴼ
0.89
68%
1013
weather icon

Тирана

18ᴼ / 18ᴼ
1.96
72%
1014
weather icon

Подгорица

17ᴼ / 17ᴼ
1.91
65%
1014
weather icon

Букурешт

17ᴼ / 17ᴼ
4.02
86%
1009
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 14ᴼ
1.79
62%
1013
weather icon

Истанбул

19ᴼ / 18ᴼ
1.97
100%
1013
Currency

61.645

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0603

Currency

66.8565

Currency

7.86455

Currency

0.73493

Currency

0.33253

Currency

0.52573

Currency

1.15121

Currency

0.55992

Родиум

257205.97

Калај

53.60

Злато

135639.33

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Цинк

0.00

Сребро

2186.28