Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
Италијанските даночни власти започнаа истрага против возачите и тимовите на Формула 1 поради сомневање за даночна евазија на приходи остварени од натпреварување на италијански трки, објави RacingNews365. Италијанските власти имаат намера да ја проверат усогласеноста со даночните закони за претходните години и веќе испратиле писма до возачите барајќи да поднесат даночни пријави за сезоната 2025. Се забележува дека истрагата е поттикната од ...
Белоруската тенисерка Арина Сабаленка коментираше за добивањето на наградата „Лауреус спортистка на годината“. Церемонијата на доделување награди се одржа вчеравечер во Мадрид, Шпанија. – Воау, спортистка на годината! Има толку многу неверојатни жени во спортот во моментов. Ова признание ми значи многу. Искрено, неверојатно е да го видам моето име покрај спортистките на кои се восхитував толку долго. Благодарам на „Лауреус“ за вашата ...
Барселона е заинтересирана да го потпише напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез. Според „Мундо Депортиво“, 26-годишниот Аргентинец стана главна трансфер цел на Барселона за летото 2026 година. Барселона е подготвена да потроши 100 милиони евра за трансфер на играчот. Алварез е во Атлетико Мадрид од август 2024 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2030 година. Во сезоната 2025/26, тој постигна 19 гола и имаше девет асистенции во 47 ...
Иранскиот министер за спорт Ахмад Доњамали објави дека репрезентацијата може да учествува на Светското првенство во 2026 година, под услов безбедноста на нејзините играчи да биде обезбедена. – Доколку безбедноста на репрезентативците во Соединетите Американски Држави е обезбедена, ќе одиме на Светското првенство. Сепак, одлуката за учество ќе ја донесат владата и Врховниот совет за национална безбедност на Иран, ја цитираше неговата изјава ...
Поранешниот капитен на Јувентус, Леонардо Бонучи, го посочи Пеп Гвардиола како идеален кандидат за функцијата главен тренер на италијанската репрезентација. – Главната работа е целосно да го обновиме италијанскиот фудбал, почнувајќи од одбраната. Ни треба храброст да се соочиме со вистината за да ја вратиме почитта на светот и повторно да станеме одличниот тим што бевме како светски шампиони. Имаме многу талентирани млади играчи – треба да им ...
Таткото на покојната пејачка Ејми Вајнхаус ја загуби битката пред Високиот суд против две пријателки на неговата ќерка, откако десетици нејзини лични предмети беа продадени на аукција. Мич Вајнхаус поднесе тужба против Наоми Пари и Катриона Гурлеј, обвинувајќи ги дека профитирале од предмети продадени на аукции во Соединетите Американски Држави. Адвокатите на Вајнхаус пред судот изјавија дека двете жени „намерно ги прикриле“ продажбите и ...
Мадона нуди награда откако неколку нејзини костими исчезнаа по настапот на музичкиот фестивал Коачела. Поп иконата изјави дека исчезнале јакна, корсет, фустан и други предмети од нејзината гардероба, пишувајќи на Инстаграм доцна синоќа дека бара нивно „безбедно враќање“. Сликите објавени на платформата од страна на Мадона ја прикажуваат пејачката во розови и лаванда модни комбинации. „Ова не е само облека; тие се дел од мојата историја“, ...
Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, е прогласен за одбранбен играч на годината во НБА за сезоната 2025-26, според ESPN. Дваесет и двегодишниот Французин стана првиот играч што едногласно ја освои наградата. Вембањама е најмладиот добитник на наградата за одбранбен играч на годината. Тој исто така стана првиот играч на Сан Антонио Спарс што ја освоил наградата по Кавај Ленард, кој ја освои во две последователни сезони (2014/15 и ...
Вулверхемптон е првиот тим што ги загуби и теоретските шанси да остане во Премиер лигата за сезоната 2026/27. Тимот ја изгуби секоја шанса да го задржи своето место во англиската Премиер лига откако синоќа Вест Хем ремизираше 0:0 со Кристал Палас во 33. коло. „Чеканите“ кои моментално се наоѓаат на 17. место, имаат 33 бода. Вулверхемптон, кој е на 20. место со 17 бода, ниту со максимални пет победи во последните пет кола нема да може да ...
Дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк, го сподели своето мислење за тоа дали победата над Евертон во 33. коло од Премиер лигата ќе влијае на шансите на тимот за квалификација во Лигата на шампионите 2025/26. Во неделата „Црвените“ го победија Евертон со 2-1 на гости. Ван Дајк го постигна победничкиот гол во 90+11-та минута. – Може ли оваа победа да ни помогне да се квалификуваме за Лигата на шампионите? Апсолутно. Имаме уште пет ...
Одбранбениот фудбалер Андреас Кристенсен ја отфрли понудата на Барселона за продолжување на договорот, објави „Мундо Депортиво“. Се очекува 30-годишниот Данец да потпише како слободен агент со тим од Премиер лигата, Бундеслигата, Серија А или Ла Лига. Тековната понуда за договор со Каталонците не ги исполнува очекувањата на Кристенсен, оставајќи сомнеж за неговата иднина со клубот. Дефанзивецот е во Барселона од јули 2022 година, а неговиот ...
Со свечено дефиле на учесниците и културно-уметничка програма на Плоштад Македонија, вечерва во Скопје официјално беше отворено Светското училишно првенство во ракомет 2026, кое за првпат се одржува во Македонија во организација на Федерацијата за училишен спорт, под покровителство на Министерството за спорт. Главниот град во наредните денови ќе биде светска ракометна мапа на младинскиот спорт, обединувајќи над 700 млади ракометари и ...
Над 65 издавачи и повеќе од 150 активности беа најавени на годинашниот Саем за книга, на денешната прес-конференција на која Даниела Глигоровска, извршен директор, Сања Кондарко, оперативен директор на Саемот на книга и Бојан Саздов, претседател на Македонска асоцијација на издавачии (МАИ), информираа за тоа што е планирано. Работното време на Саемот ќе биде од 10 до 20 часот од 23 април, четврток. Слоганот годинава е Отвори прозорец кон нови ...
Во изминатата недела е забележано значително зголемување на бројот на деца со респираторни инфекции на детското одделение во Општата болница во Куманово. Лекарите информираат дека дневно се извршуваат околу 80 прегледи, што претставува дополнителен притисок врз педијатриските служби. Началничката на одделението, д-р Маргица Арсовска, посочува дека обемот на работа не е намален уште од септември, но дека во последните денови има нагло ...
Обвинителката од Основното јавно обвинителство-Штип бара казна согласно законот, бидејќи 74 годишниот Денис Асанов ја убил 79 годишната Борјанка Николова, а пак неговата одбрана побара ослободителна пресуда и тврди дека Асанов е невин. Ова се дел од завршните зборови за случајот со убиството на Николова, чиј дел од телото беше пронајдено закопано во дворот на Асанов во Штип. -Врз основа на горе изнесеното во целост ќе се докаже дека ...
Сѐ е подготвено за Светското училишно првенство во ракомет – IFS чиј домаќин е нашиот главен град Скопје. Овој голем спортски настан официјално ќе стартува со денешното свечено отворање кое ќе се одржи на плоштад „Македонија“ со почеток во 19:30 часот. Македонската машка репрезентација ќе игра во А-групата во салата „Македонско сонце“. На првиот меч утре ќе се соочи со Бугарија (10:30 часот); на 23 април (08:30 часот) противник ќе и биде ...
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до четврток ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд, а денес и утре и појава на грмежи, соопшти УХМР. Процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и јужните делови каде во текот на овој период ќе наврнат над 30 l/m². Дневната температура ќе биде во опаѓање, а во четврток ...
Со вечерашната премиера на претставата „Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски, Драмски театар ќе одбележи 80 години постоење. Ова, како што беше речено денеска, е огромен јубилеј, не само за Драмскиот театар, туку за македонскиот театар воопшто и за македонската култура. Почетоците на Драмски театар датираат од 1946 година кога на овој ден, 21 април, на сцената на тогашниот Македонски народен театар во Скопје, ...
„Сон на балон“ е најновата илустрирана книга за деца од Александра Велинова во издание на ИК „Едука Мак“ која ќе биде промовирана на 24 април (петок) во Промотивниот центар на Саем на книга, со почеток во 18 часот. Автор на илустрациите е Никола Темков. „Сон на балон“ обработува актуелна тема –ИСЕЛУВАЊЕТО. Речиси и да нема дете што нема роднини, пријатели, блиски што живеат во странство. Алексеј се охрабрува да се качи во волшебниот балон и ...
Денес градоначалникот Дарко Костовски ги потпиша првите решенија за исплата на надомест за новороденче, во износ од 5000 денари. Финасиската поддршка е предвидена во програмата за социјална заштита за 2026 година и заложба на градоначалникот за подобрување на условите за младите семејства во општина Бутел. Покрај тоа, локалната самоуправа вложува во инфраструктурни објекти за најмладите, кои ќе создадат услови за подобра иднина на секое дете. ...
Раководството на кошаркарската Евролига соопшти дека сите влезници за годинашниов Ф4 што од 22 до 24.мај ќе одржи во Атина се распродадени. Последниот контингент влезници беше пуштен во продажба денеска и во кус рок веднаш беше распродаден. „Влезниците беа продавани во неколку фази, а последната беше распродадена денеска. Тоа значи дека сите влезници за фајнл-форот за 2026 се во целост продадени, соопшти Евролигата. Брзата распродажба на ...
По девет сезони минати на Енфилд во Ливерпул, Мохамед Салах на крајот од сезоната заминува, а во клубот веќе најавуваат дека е најдена замената во името на 19-годишниот Јан Диоманде од РБ Лајпциг. Играчот на бундеслигашот има одлична сезона и на тој начин ги оправда 20-те милиони евра, кои неговиот клуб ги плати последниот летен преоден рок на шпанската екипа Леганес од Шпанија. Репрезентативецот на Брегот на Слоновата коска сега има многу ...
„Наследена носија“ е насловот на самостојната изложба на Мила Добревска што в четврток ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид. Како што информираат од НУ Завод и Музеј Охрид, изложбата го отсликува духот на македонската жена, преточувајќи ги традиционалните вредности во современ контекст. Наследените носии, според концептот, не се само облека, туку и начин на претставување и перцепција, како одраз на особините и идентитетот. ...
Археолошкиот музеј на Република Македонија успешно го промовираше новиот пристап во презентација на културното наследство „Музејот како живо место“, насочен кон доближување на музејските содржини до пошироката јавност, особено до помладата публика. Како што информираат од музејот, настанот е реализиран во соработка со „Reset Experience“ и „Art Room“ и бил осмислен како отворен и динамичен комуникациски формат, преку кој институцијата ...
Во штипското Општинско основно училиште „Ванчо Прќе“ денеска беше одбележан Денот на кинескиот јазик. Директорот на ООУ „Ванчо Прќе“ Кокан Радев вели дека ваквите активности им отвораат нови видици на учениците и им даваат шанса да запознаат поинакви, но многу интересни култури. Во програмата имаше содржини што ја доближија кинеската традиција, јазик и обичаи до младите. -Се надевам дека ова ќе отвори за нашите ученици нови хоризонти, ќе се ...
Фрескопишувањето во Манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани влегува во својата завршна фаза, информираат од црковниот одбор. Оттаму апелираат до сите верници кои имаат нарачано фрески да го извршат преостанатото плаќање најдоцна до крајот на месецот. За дополнителни информации, верниците може да се обратат кај отец Гоце Ефтимов. Post Views: 2 април 21, 2026 Фрескопишувањето во Манастирот „Св. Димитриј“ во Кочани влегува во својата завршна фаза, ...
Два одделни инциденти регистрира СВР Куманово, вчера на спортски настани во Куманово, при што млад фудбалер пријавил физички напад од судија, додека во вториот случај, по расправија, бил оштетен автобус со кој се превезувале играчи. Во првиот случај, вчера во 16:30 часот во СВР Куманово, дваесет и двегодишниот И.А. од Куманово, фудбалер на ФК „Куманово-Милано“, пријавил дека околу 11:00 часот на стадион во Агино Село пред завршување на ...
Прилепскиот завод и музеј денеска ги почна годинашните археолошки истражувања на античкиот локалитет Стибаре кај Прилеп, најпознат во земјава по импозантните мермерни статуи пронајдени на локалитетот. Од денеска до средината на мај ќе се работи на откривање на подземната инфраструктура која се востанови со геоскенирањето во 2023 година. – Резултатите од геоскнирањето кое го направивме со опрема од Архелошкиот музеј на Македонија упатија на ...
Томе Трајков од Стрип центарот на Македонија – Велес промотор на македонскиот стрип и организатор на стрип настани, Александар Стеванов од Штип македонски стрип автор, стрип хроничар, сценарист на кратки стрипови, кој се занимава и со летеринг дизајн и има искуства и со цртање го претставија македонскиот стрип на Фестивалот на стрип „Цртани Романи Шоу (CRS)“ во Загреб, Хрватска. На Фестивалот кој се одржа од 17 до 19 април во Академијата на ...
Играчот на Њукасл Сандро Тонали би можел во летниот преоден рок да направи трансфер во една од двете екипи од Манчестер. Италијанскиот фудбалер е на мета на двата премиерлигаши од Манчестер, Сити и Јунајтед. Мала предност во моментов имаат „црвените ѓаволи“, а сумата за играчот од средината на теренот се предвидува да биде околу 100 милиони евра. Ова дава до знаење дека играчот има висока цена на пазарот. Инаку, претходните месеци имаше ...