Скопје
16ᴼ /
16ᴼ
„Археолозите при ископување во древниот египетски град Оксиринх открија фрагменти од копија на хомеровата епска поема „Илијада“ испишани на папирус. Копијата била пронајдена во внатрешноста на мумија од римскиот период. Според експертите, ова засега е прв случај грчки книжевен текст да биде дел од процесот на мумификација. Истражувачкиот тим од Универзитетот во Барселона наведува дека папирусот бил лоциран во пределот на абдоменот на ...
Стевче Алушовски и актуелниот македонски ракометен шампион Еурофарм Пелистер ја прекина соработката. – РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека по поразот во полуфиналето на Купот на Македонија во Струмица, тренерот на екипата Стевче Алушовски поднесе оставка од својата позиција. Клубот ја прифати и му се заблагодари на Алушовски за професионалната работа, објавија битолчани попладнево на социјалните мрежи. До крајот на сезоната ...
Македонскиот писател и редовен член на МАНУ, Божин Павловски и ревијата за литература, култура и уметност „Стожер“ при Друштвото на писателите на Македонија се добитници на признанието за посебен придонес во афирмацијата и популаризацијата на ликот и делото на Ацо Шопов. Манифестацијата „Во чест на поетот“ ја организира Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, а е посветена на македонскиот поет Ацо Шопов, по повод 44 години од неговата смрт. ...
Здружението Викимедија МКД и Википедија на македонски јазик и оваа година, како дел од својата образовна програма, ги повикува сите ученици од средните училишта од цела Македонија да учествуваат на уредувачки натпревар за средношколци на тема „Ботаничари со авторски кратенки“. На натпреварот имаат можност да учествуваат сите регистрирани корисници ученици на возраст од 15 до 18 години, на Википедија на македонски јазик, а за најдобрите ...
Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје известува за повикот на шпанското Министерство за надворешни работи за прием на магистерски студии по дипломатија и меѓународни односи на Дипломатската школа во Мадрид, за 2026 – 2027 година, насочени кон дипломатски службеници и кон кандидати што не се дипломати. -Магистерските студии се консолидирани и познати како светска референца за подготовка на аналитичари и експерти за меѓународни односи и ...
Доградба на три нови училници во Основното училиште „Крум Тошев“ во село Трубарево, санитарен јазол, просторија за технички персонал, како и проширување на кујната, наставничкиот кабинет, библиотеката и други придружни простории е предвидено со проектот што се реализира со поддршка на вториот јавен повик на Владата за финансирање инфраструктурни проекти и ова е уште еден пример како со партнерство меѓу локалната и централната власт се ...
Научниците на американската вселенска агенција НАСА соопштија дека роверот „Кјуриосити“ го открил досега најразновидниот сет на органски молекули на Марс, вклучувајќи и соединенија кои никогаш претходно не биле забележани на таа планета. Во примерок од карпа, прибран уште во 2020 година во областа Шарп – планина висока околу 5,5 км во центарот на марсовскиот кратер Гејл – идентификувани се 21 органска молекула, од кои седум се првпат ...
Кина претстави нов план со кој ги повикува градовите да бидат поприспособени на младите и на семејствата преку промени во урбаното планирање, домувањето, образованието и јавните услуги како дел од пошироката стратегија за ублажување на демографскиот пад. Планот, објавен од страна на 15 кинески министерства, предвидува развој на таканаречени градови ориентирани кон младите, со фокус на вработувањето, домувањето, здравствената заштита и ...
Туристка (28) ја оштети фонтаната на Нептун во Фиренца на Пјаца дела Сињорија, откако се качила на споменикот како дел од, како што е наведено, предизвик пред венчавка, и со тоа предизвика штета од 5.000 евра. Инцидентот се случил кога жената ја поминала заштитната ограда и се качила на фонтаната, по што веднаш била отстранета од местото на настанот, пренесе Анса. Според локалните власти, нејзиното однесување предизвикало „мала, но значајна ...
Уметничките слики на холивудската ѕвезда Џони Деп се изложуваат во две галерии во Хесен. Овој петок изложбата ќе биде во галеријата Билдер фукс (Bilder Fuchs), во Фулда, а еден ден подоцна неговите дела ќе можат да се видат и во галеријата Арт (Art), Висбаден. Од галериите во Фулда и Висбаден наведуваат дека интересот на јавноста е исклучително голем. Претставниците на галериите додаваат дека ова е првпат делата на Деп да бидат изложени во ...
Македонските репрезентации со успех ги почнаа своите настапи на Светското училишно првенство во ракомет што се одржува во Скопје. Кадетите во салата „Македонско Сонце“ беа поуспешни од врсниците од Бугарија со 33:18 (11:9 полувреме). Најефикасни во македонската селекција беа Лука Јовиќ со шест, Костов и Ѓорѓиевски со по пет погодоци. Голманите Фехми и Трсунов запишаа по шест одбрани. Во групата А се и репрезентациите на Грузија, Република ...
Панатинаикос ќе игра во плејофот на кошаркарската Евролига, откако синоќа во дуелот со Монако забележа победа со 87:79. Предводник до победата на грчкиот тим беше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс кој постигна 21 поен. Монако ќе има уште една шанса да оди во четвртфиналето. За пласман во Топ 8, Монако ќе игра со Барселона. Каталонците синоќа на домашен терен ја победија Црвена ѕвезда за која сезоната во Евролигата заврши. Барселона ...
Центарот на Сан Антонио спарс, Виктор Вембањама, доби дијагноза потрес на мозокот во вториот натпревар од осминафиналето на НБА против Портланд треилблејзерс, објави „ESPN“. Натпреварот се одигра ноќеска и заврши со победа на Портланд 106:103. Во втората четвртина, Вембањама по еден дуел со Џру Холидеј, ја изгуби рамнотежата и падна незгодно, удирајќи ја главата на подот. Дваесет и двегодишниот кошаркар не се врати на теренот после тоа. Во ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, по победата од 2:1 над Алавес синоќа во 33. коло од шпанското првенство, го поддржа фудбалерот Винисиус Жуниор, кој беше исвиркан од навивачите пред натпреварот. – Свирежите? Не чувствувам дека се насочени исклучиво кон него. Тоа се реакциите на нашите навивачите. Тие сакаат играчите да го покажат својот максимум. И јас бев исвиркан кога бев играч. Јас сум задоволен од она што Винисиус го направи на ...
Следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат посвежи, а утре и во петок наместа се очекува утринската температура да се спушти под нула степени, соопшти УХМР. Минималната утринска температура ќе се спушти до -2, а максималната дневна ќе достигне до 25 степени. Post Views: 1 април 23, 2026 Следува период на стабилно и потопло време со пораст на дневната температура. Утрата ќе бидат посвежи, а ...
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги информира корисниците што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека започна акција за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање. -Можноста да се плати долгот од страна на корисниците без пресметана камата е со определено времетраење, сметано од ...
Во овој момент во Сончевиот систем не постојат астероиди кои претставуваат реална закана за Земјата, но во иднина е можно да се појават такви небесни тела, изјави Николај Железнов, виш истражувач од Институтот за применета астрономија при Руската академија на науките. Тој појасни дека астероидите имаат ограничен „животен век“ од околу 10 милиони години, во текот на кој можат да паднат на Земјата, да завршат во Сонцето или да бидат исфрлени во ...
Ракометниот клуб Охрид во онлајн продажба ги пушти влезниците за полуфиналето од ЕХФ Европскиот куп против словенечката екипа Цеље. Во зависност од местото во СЦ „Билјанини извори“ цената на влезниците изнесува 200 и 300 денари. Реванш дуелот се игра на 2. мај (сабота) во Охрид со почеток во 19 часот, а првиот дуел на програмата е на 25. април на теренот на противникот. Влезниците за дуелот во Охрид можат на се купат на: ...
Тренерот на Валенсија Педро Мартинез е прогласен за најдобар за тековната сезона 2025/2026. Ова за него е ново големо признание откако минатата сезона беше прогласен за најдобар тренер во Еврокупот. Тој пред почетокот на оваа сезона имаше само 41 натпревар во Евролигата. Неговата екипа Валенсија регуларниот дел од Евролигата го заврши на второто место зад Олимпијакос. Неговата екипа е напаѓачки најдобар со 90,5 поени. Мартинез е четвртиот ...
Претставниците на кошаркарската федерација на Шпанија и легендите на шпанската кошарка во Мадрид ги претставија плановите за Евробаскет 2029, кое покрај во Шпанија ќе се игра и во Словенија, Естонија и Грција. Секако главната вест беше дека првиот натпревар на шампионатот ќе се игра на фудбалскиот стадион на Реал Мадрид „Сантијаго Бернабе“ пред 80.000 гледачи. Тоа треба да биде историски момент за ФИБА, како натпревар со најмногу гледачи. – ...
Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс Џексон Хејс за американските медиуми потврди дека добил словенечки пасош што значи дека ќе може да настапува и за словенечката репрезентација и да настапува заедно со клупскиот соиграч Лука Дончиќ и на репрезентативно ниво. Право на настап ќе има веќе во летните „прозори“ на ФИБА кога ќе се играат квалификации за Светското првенство. – Не знам ниту збор словенечки … знам некој, но тоа не е за пред новинари, ...
Европскиот шампион ПСЖ е еден од малкуте екипи од петте најсилни лиги, кои ги одложуваше натпреварите во домашното првенство за да имаат „одмор“ за дуелите од Лигата на шампионите. Меѓу двата дуела со Челзи од осминафиналето од ЛШ беше одложен дуелот со Нант, а потоа и дуелот со Ленс меѓу дуелите од четвртфиналето на ЛШ со Ливерпул. Сега тимот на Луис Енрике поради одложувањата во рок од 27 дена ќе одигра девет натпревари. Ќе играме на секои ...
Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,56 метри надморска височина или еден сантиметар под просекот за април, утврден на котата 693,57 мнв. Водостојот на езерото е драстично подобар споредено со минатата година. На 22 април лани нивото на водата во езерото се наоѓаше 25 сантиметри под месечниот просек. Добрата „кондиција“ во која се наоѓа езерото кога станува збор за водостојот се должи на продолжениот период со ...
Бордот на интернационалниот фестивал Танц Фест 2026, за 22-то издание, донесе одлука наградата МЕНАДА за врвни достигнувања во областа на танцовата уметност да ја додели постхумно на балетскиот уметник и доајен на македонскиот балет Антон (Тони) Баталаков. Бордот на фестивалот доделува и Специјална награда МЕНАДА за поддршката на современиот танц на Општина Битола и градоначалникот Тони Коњановски поради досегашната одлична соработка. ...
Под мотото „Огледало на вистината“ од 23 до 29 април во Битола ќе се одржи 27. издание на Интернационален фестивал на монодрама на кој годинава ќе се натпреваруваат 13 актерки и актери од Европа и Египет. На прес конференција во Битола, директорот на НУ Центар за култура, Сашо Илковски, изјави дека фестивалот нуди специјално селектирани монодрами и фестивалски денови исполнети со богата официјална и дополнителна програма. -Оваа година ќе ...
Охрид официјално стана дел од Европските културни рути на Советот на Европа, со што уште еднаш го потврди свпето место на европската културна и духовна мапа. На Генералното собрание одржано во Аквилеа, Италија, Охрид е вклучен во мрежата градови и локалитети што ги поврзуваат заедничките европски вредности, културното наследство и историското паметење. За Општина Охрид тоа признание претставува потврда за историската и цивилизациска улога на ...
По повод Денот на креативноста и иновациите – 21 Април, Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемаштво – ИНОВА денеска организира креативен и едукативен настан „Зеленикс – од предизвик до иновација“, наменет за ученици од основните училишта во Скопје. Целта на настанот беше да ги поттикне младите да размислуваат иновативно и да креираат одржливи (зелени) решенија за реални предизвици од нивната околина. Учествуваа повеќе од ...
Траги од кокаин што ги загадуваат реките и езерата можат да навлезат во мозокот на лососот и да го нарушат неговото однесување, но последиците врз рибите сè уште не се целосно познати, предупредуваат истражувачите. Научниците од Шведскиот универзитет за земјоделски науки утврдиле дека единките лосос кои биле изложени на кокаин и на неговиот главен разградлив продукт – бензоилекгонин, пливале на поголеми растојанија и се ширеле низ езерото во ...
Ен Хатавеј и Мерил Стрип воодушевија во впечатливи црвени тоалети, додека Емили Блант носеше елегантна црна комбинација на Скијапарели (Schiaparelli), на светската премиера на „Ѓаволот носи Прада 2“ синоќа во Њујорк. Холивудските ѕвезди, кои ќе ги репризираат своите улоги во долгоочекуваното продолжение на култниот класик од 2006 година, вчера повторно се обединија на црвениот тепих заедно со колегите, вклучувајќи го и наградуваниот актер ...
Познатиот шпански тореадор Моранте дела Пуебла е тешко повреден кога бил прободен од бик за време на корида во Севилја, која се одржува во рамките на традиционалниот фестивал „Ферија де абрил“ – информираа денеска шпанските медиуми. Несреќата се случила во текот на настапот кога тореадорот, според извештаите, ја изгубил рамнотежата, по што бил нападнат од бикот, кој го пробол во пределот над задната ложа. Според наведените информации, животот ...