Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Во рамки на подготвителните активности за Светското првенство во спортски риболов на крап, вчера беше извршено порибување на Мавровското Езеро со 2.000 килограми крап, информираат од националниот парк „Маврово“. Воедно, ЈУНП „Маврово“ ги известува сите спортски риболовци дека од денес стапува во сила забрана за лов на крап, која ќе важи во наредниот период, односно до завршувањето на Светското првенство. Од управата на најголемиот национален ...
Кошаркарите на Пелистер вечерва го победија актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром во вториот натпревар од полуфиналната серија на плејофот. Натпреварот во Битола заврши со резултат 81:76 за домаќините кои се изборија за „мајсторка“. По изедначената прв четвртина која заврши 18:17 за Пелистер, во вториот период зелено-белите одиграа многу подобро од противникот и на пауза отидоа со двоцифрена предност 46:33, која се покажа доволна за конечен ...
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ја зачува мрежата „чиста“ и е најзаслужен за денешната победа на неговиот тим Валенсија на гостувањето кај Атлетик Билбао. Ова беше натпревар од 35-то коло на шпанското фудбалско првенство. Умар Садик го постигна единствениот гол во 72. Минута, Димитриевски во неколку наврати го спаси својот гол. Алетик Билбао моментално има 44 бода и е на деветтото место на табелата во Ла Лига. ...
Рома вечерва ја победи Парма со 3:2 на гостински терен во 36. коло од италијанското фудбалско првенство. Гостите поведоа во 22. минута со голот на Дониел Мален. Габриел Стрефеца израмни во 47. минута, а Мандела Кеита го постигна вториот гол во 87. минута. Девин Вренч повторно го израмни резултатот во 90+4-та минута, а Мален реализираше пенал во 90+11 минута за да им ја донесе победата на гостите. Рома освои 67 бода и се искачи на петтото ...
Поранешните македонски фудбалски шампиони, Работнички и Македонија ЃП на две кола до крајот на Првата лига ги загубија теоретските шанси за опстанок и од следната сезона ќе бидат второлигаши. Ова е епилогот по денешните три средби од 31.коло во најквалитетното македонски фудбалско натпреварување. Постигнати резултати: Брера – Работнички 2:2 Арсими – Башкими 1:1 Македонија ЃП – Тиквеш 1:4. Табела: Вардар 77 бода, Шкендија 71, Струга 62,Силекс ...
Пробите за настапите на 70. издание на големиот музички натпревар „Евровизија“ се објавени на официјалниот Јутјуб – канал. Триесет и пет земји учествуваат на натпреварот, чиј домаќин годинава е Австрија. Првото полуфинале е во вторник, второто во четврток, а големото финале е закажно за во сабота. Главни фаворити за победа, според обложувалници на интернет, се Финска, Грција и Данска. Post Views: 3 мај 10, 2026 Пробите за настапите на 70. ...
Раководството на Реал Мадрид има намера враќањето на стабилноста и дисциплината во тимот да биде врвен приоритет за новиот главен тренер, објавува „АС“. Според шпанскиот спортски весник, клубот верува дека сезонава тимот го изгубил редот, почитта и стабилноста. Решавањето на овие проблеми ќе биде приоритет за менаџерот кој ќе го преземе Реал за следната сезона. Како што забележува АС, Жозе Мурињо, кој моментално е во Бенфика, останува водечки ...
Под мотото „Фолклорот како живо наследство“, Општина Центар организираше културно-едукативен настан во Паркот на Франкофонија, со настапи на Ансамблот за народни игри и песни „Орце Николов“ и фолклорните групи од Детскиот културен центар – Карпош. Од Општината наведуваат дека играорците, пред публиката, се претставија со богат репертоар од разновидни ора, народна музика и раскошни македонски носии, создавајќи атмосфера на поврзаност и ...
Лицата со атипичен развој да имаат заедничко секојдневие со лицата со типичен развој, а надлежните институции да ги слушнат проблемите со кои се соочуваат овие лица од нивните семејства, да се обезбедат пристапни рампи, обележена заштита кај пешачките премини, доволно образовни асистенти. Тоа беа дел од пораките упатени на настанот „Другарството е богатство“ што се одржа денеска во Градскиот парк во Скопје, во организација на Здружението ...
Најдобриот македонски атлетичар Дарио Ивановски со нов државен рекорд на 10 км – 29 минути и 34 секунди денес победи на 10. јубилејно издание на традиционалната трка ХалкЕко Скопје трча 10км, соборувајќи го досегашниот резултат од 29,50 минути. Победничка во женска конкуренција е Греша Бакрачи од Косово, која мина прва низ целта со постигнато време од 35 минути и 18 секунди. На трката учествуваа над 2000 тркачи од 16 земји. Трката и оваа ...
Првиот светски рекет Арина Сабаленка објасни зошто побарала физикална терапија за време на натпреварот со Кирстеа. Таа го коментираше нејзиниот пораз во третото коло од Мастерсот 1000 во Рим – 6:2, 3:6, 5:7. Во решавачкиот сет, Белорусинката направи медицинска пауза поради проблеми со долниот дел од грбот. – Мислам дека играв лошо од самиот почеток до самиот крај. Го започнав натпреварот добро, но потоа моето ниво нагло падна. Чувствував како ...
Тренерот на Лацио, Маурицио Сари, е разочаран од прикажанат игра на неговиот тим во поразот од Интер вчера во 36. коло од италијанското фудбалско првенство. – Голот на Лаутаро Мартинез е резултат на нашиот пристап. Примивме по аут, кога имаше двајца противници во шеснаесетникот. Обично има пет или шест напаѓачи, но денес беше премногу лесно. Вториот гол беше истата приказна: тие направија пет додавања во нашиот шеснаесетник без никаква ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, одговори дали смета дека загарантираното место во Лигата на шампионите следната сезона е доволно за тимот. – Секако, тоа е исклучително важно, но главната цел на клубот, како на Барселона и Реал Мадрид, е да станеме шампиони. Беше тешка сезона, тешко е да се објасни. Од една страна, го загубивме Купот на пенали, но од друга страна, се боревме напорно во Лигата на шампионите, играјќи неверојатно ...
Иднината на извршниот директор на Милан, Џорџо Фурлани, во тимот е под знак прашалник поради протестите на навивачите, објави „Калчомеркато“. Незадоволството на навивачите може да доведе до тоа сопствениците на Милан да го отпуштат 46-годишниот Италијанец многу пред да му истече тековниот договор. Се очекува статусот на Фурлани да биде утврден во следните неколку недели. Фурлани беше назначен на 11 ноември 2022 година. Милан моментално е ...
Во организација на Планинарски спортски клуб „Голак“ Делчево денеска се одржува планинарски марш долг околу 18 километри, посветен на големиот јубилеј од Разловечкото востание. Со силни пораки за зачувување на историската меморија, љубовта кон природата и почитта кон македонските револуционери, денеска започна планинарскиот марш во чест на 150-годишнината од Разловечкото востание. Маршот, кој се организира од ПСК „Голак“ Делчево, обедини ...
Првиот светски тенисер Јаник Синер ја забележа својата 29-та последователна победа на турнир АТП 1000. Од 1990 година, само Србинот Новак Ѓоковиќ имал подолга серија (30 и 31). Синер се изедначи со Швајцарецот Роџер Федерер. Следни на ред се Шпанецот Рафаел Надал (23) и Американецот Пит Сампрас (19). Дваесет и деветтата победа на Синер дојде во второто коло на Мастерс турнирот во Рим, победувајќи го Австриецот Себастијан Офнер (6:3 и 6:4). Во ...
Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, се осврна на третиот натпревар од серијата на Лејкерси против Оклахома Сити (108:131) во второто коло од плејофот на НБА. – Не сум лут ниту разочаран. Очигледно, сме разочарани само затоа што губиме со 3:0. Но, сè уште имаме шанса, и тоа е сè што можеме да побараме, рече Џејмс во интервјуто по натпреварот. На ветеранот му беше поставено и прашањето дали Оклахома Сити се споредува со најдобрите ...
Со традиционалното палење на фестивалскиот оган, кој годинава го запали сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, синоќа беше отворено 54-то издание на манифестацијата „Мајски оперски вечери“. Фестивалот беше отворен со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, што е првпат две претстави да бидат изведени на почетокот на фестивалот. -Овој фестивал повеќе од пет децении е симбол на врвната ...
Ракометарите на Охрид забележаа победа над Вардар 1961 со 26:24 за прв триумф над „црвено-црните“ во својата клупска историја. Со оваа победа охриѓани се зацврстија на второто место на табелата. Ова беше натпревар од 8. коло во плејофот. На вториот саботен натпревар од ова коло, Алкалоид на гости го победи Тиквеш со 30:23. Вардар е прв со 56 бода, Охрид има 50, Еурофарм Пелистер трет со 48, Алкалоид има 42, Бутел и Тиквеш собраа по 24. Post ...
Вардар е уште поблиску до шампионскиот трофеј по денешната победа над Силекс во 31. коло од Првата македонска фудбалска лига. Победа забележа и Шкендија која не дозволи Вардар уште денес да слави титула. Резултати на денешните средби од 31.коло на ПМФЛ: Пелистер – Шкупи 7:0 Шкендија – Струга Вардар – Силекс 2:1. Вардар е лидер со 77 бода, Шкендија има 71, Струга 62… Post Views: 2 мај 10, 2026 Вардар е уште поблиску до шампионскиот трофеј по ...
Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, одговори на прашањето дали верува дека може да ги врати симпатиите на навивачите на клубот. – Да, верувам. Не оваа сезона – тие ќе имаат свое мислење за оваа сезона и тоа нема да се промени. Но, ако можеме да го имаме летото што го сакаме, тогаш сум 100 проценти убеден дека ќе бидеме различен тим следната сезона. Различен во однос на резултатите, различен во однос на тоа како ќе изгледаат работите. Не е ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, го сподели своето мислење за тоа колку далеку може да стигне репрезентацијата на Португалија на Светското првенство 2026. -Португалија може да направи сè. Тие имаат неверојатна генерација. Минатата година ја освоија Лигата на нации. Во 2016 година го освоија Европското првенство. Оваа генерација е технички супериорна во однос на онаа. Секако, тука е Бразил на Карло Анчелоти, тука е Аргентина, но Португалија ...
Манчестер сити го победи Брентфорд со 3:0 дома во 36. коло од англиската Премиер лига. Трите гола паднаа во второто полувреме. Ги постигнаа Жереми Доку, Омар Мармуш и Ерлинг Халанд негов 26-ти во Премиер лигата. Норвежанецот е лидер во трката за голови во лигата. Манчестер сити има 74 бода и е втор на табелата во Премиер лигата. „Граѓаните“ се два бода зад Арсенал, а на двете екипи им остануваат уште три натпревари до крајот на првенството. ...
Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар. – Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика и гурмански специјалитети. Годинава настанот го посветуваме на 9 Мај, Денот на ...
Ливерпул попладнево ремизираше 1:1 со Челзи на домашен терен во 36. коло од англиската Премиер лига. На голот на играчот од средниот ред на Ливерпул, Рајан Гравенберг во 6. Минута, одговори Енцо Фернандез во 35. минута. На почетокот на второто полувреме, судијата Крег Посон го поништи голот на играчот од средниот ред на Челзи, Кол Палмер, поради офсајд по интервенција на ВАР. Ливерпул има 59 бода и е четврти на табелата во Премиер лигата, а ...
Раководството на Реал Мадрид останува заинтересирано за селекторот на француската репрезентација, Дидие Дешам. Според „Ел Мундо“, поканувањето на 57-годишниот Французин на тренерската позиција на мадридскиот клуб е план Б доколку не може да се постигне договор со Жозе Мурињо, кој моментално е тренер на Бенфика. Преговорите со португалскиот менаџер веќе се започнати. Реал Мадрид, под водство на Алваро Арбелоа, е втор во Ла Лига со четири ...
На граничниот премин „Џепиште“, што е втор премин на македонско – албанската граница, кај Дебар, во првите четири месеци годинава, се регистрирани 14.918 патници, забележувајќи благ раст, споредено со истиот период минатата година. – Во периодот јануари-април на овој премин се регистрирани 14.918 патници што е за 1% повеќе споредено со истиот период лани, кога минале 14.708 патници. Овој премин е од локален карактер, што подразбира дека право ...
По повод 9 Мај – Денот на победата над фашизмот, делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев, претставници на Советот на Општина Велес, од Армијата, од институции и од Општинскиот Сојуз на борци денеска положија цвеќе на Спомен – костурницата од Народноослободителната војна, а изградена во чест на жртвите од фашизмот од Велес и велешко. На Спомен костурницата во Велес, почиваат 90 – тина борци загинати во текот на ...
Во општина Кисела Вода поставени се нови 15 контејнери за текстилен отпад кои се распоредени пред основните училишта и детските градинки. Со ова, информираа денеска од општината, иницијативата добива изразена едукативна димензија, директно насочена кон развивање на еколошката свест кај најмладите и поттикнување на одговорни навики за заштита на животната средина уште од најрана возраст. Ова претставува втора фаза од проектот кој се реализира ...
Делегација на ЕУ во земјава денеска во Градскиот парк во Скопје е домаќин на централниот настан по повод Денот на Европа, кој е отворен за сите граѓани. Манифестацијата започна со настап на детски танцови групи пред летната сцена „Школка“, а потоа напладне евроамбасадорот Михалис Рокас и официјално со пригоден кус говор и порака го прогласи настанот за отворен. Во Градскиот парк со евроамасадорот денеска беа и министерот за европски прашања ...