Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски денеска изјави дека Јавното сообраќајно претпријатие и градот ја очекуваат понудата за сервисирање и дефектажа на Жичницата на Водно, која по контрола од страна на компанијата изведувач било констатирано дека е во катастрофално лоша состојба. Засега не може да каже за колку време ќе се направат овие поправки на Жичницата и кога таа повторно би била ставена во функција и оти веднаш штом бидат ...
Напаѓачот на Марсеј, Пјер-Емерик Обамејанг, е повлечен од составот на тимот за 33. коло од Лига 1 против Ле Авр на гостински терен по инцидент на тренинг-центарот, објавува „Л’Екип“. За да изгради тимско единство пред последните два натпревари од француското првенство, раководството на клубот организираше четиридневен тренинг-камп на тренинг-центарот на клубот. На последниот ден од кампот, неколку играчи, предводени од напаѓачот од Габон, ...
Нант претрпе пораз од Ленс со 1:0 синоќа во натпревар од 33. коло од Лига 1, со што ги загуби и теоретските шанси да остане во Француската прва лига. Тимот е на 17. место со уште два преостанати натпревара во лигата. „Канаринците“ се вратија во Лига 2 по 14 години, откако последен пат играа во второто по квалитет фудбалско натпреварување во Франција во сезоната 2012/13. Последниот пат кога Нант испадна од лигата, му требаше четири години за ...
Раководството на Реал Мадрид и тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, веќе се во директни преговори за соработката следната сезона, објавува А Бола. Португалскиот фудбалски стручњак има уште една година од договорот со Бенфика. Договорот вклучува откупна клаузула од три милиони евра. Реал Мадрид, под водство на Алваро Арбелоа, е втор во Ла Лига со четири преостанати натпревари, 11 бода зад лидерот Барселона. Реал Мадрид има преостанати натпревари ...
„Откривање и ритам”, е насловена изложбата на Мартин Џепароски, што синоќа беше отворена во Музеј галеријата во Кавадарци. На настанот беше кажано дека Џепароски е мултимедијален уметник чија практика опфаќа скулптура, видео-инсталации и дигитални концепти. Дипломирал вајарство и сценографија на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, во класата на проф. Ибрахим Беди. Неговото уметничко истражување е насочено кон односот меѓу човекот, ...
По повод 81-годишнината од победата над фашизмот и 76-годишнината од Денот на Европа, денеска во Делчево се одржа свеченост пред споменикот на паднатите борци во центарот на градот. Во рамки на одбележувањето, членовите на КУД „Гоце Делчев“ подготвија пригоден реферат посветен на Народноослободителната борба во Македонија и победата над фашизмот, како и осврт за значењето на 9 Мај – Денот на Европа. Пред споменикот на паднатите борци се ...
Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, изјави дека нема намера јавно да ги казни играчите од средниот ред Федерико Валверде и Орелиен Чуамени за тепачката. На 7 мај беше објавено дека избувнала тепачка меѓу играчите во соблекувалната на мадридскиот клуб, што резултирало со исеченица на главата на Валверде и негово носење во болница. Според новинарот Фабрицио Романо, секој од играчите од средниот ред добил казна од 500.000 евра за ...
По повод 150 – годишнината од Разловечкото востание, АД Национални пошти изработи официјална поштенска марка со мотиви од Разловечкото востание. Печатењето на марката, како што информираа од Општината, беше завршено кон крајот на месец април оваа година, а официјалната промоција на поштенската марка „150 години Разловечко востание” ќе се одржи на пригодна свеченост на 18 мај во Спомен – домот АСНОМ во Делчево во рамки на манифестацијата за ...
Научниот институт за тутун – Прилеп ќе добие поддршка од 25.500.000 денари за набавка и инсталирање на современа опрема за одгледување на расад на тутун во оранжерии во контролирани услови на површина до 0,6 хектари, најави денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. Министерот Трипуновски во објава на Фејсбук сподели дека ги посетил лабораториите на Институтот во кои се врши анализа на почва и производи ...
Под мотото „Чест за хероите, завет за иднината” Македонците од Мала Преспа, во Туминец, на 10 мај организираат посебна свеченост за оддавање почит на хероите од овој крај. -На 10-ти мај, гордото Туминец ќе биде центарот на македонскиот дух. Организацискиот одбор упатува покана до сите, кои имаат можност, дека се добредојдени на свеченото откривање на споменикот посветен на македонските херои од овој крај, оние кои се вградија во нашата ...
лубот за планинарски спортови „Осоговски Орел“ од Кочани, на 17 мај, недела, ќе ја реализира традиционаланта велосипедска планинска тура „Манданата“ 2026. Се стартува од манастирот „Св. Илија“ во месноста Бочвенец, во атарот на селото Речани на Осоговските Планини, па се вози кон Крушка и Бела Река. Потоа следуваат манастирот во с. Небојани, Стришко, Мишино, Бела Река, Качаник и Крушка. Висинска разлика и денивелација од 890 м.н.в. што ...
Претседателот на Денвер Нагетс, Џош Кронке, коментираше за иднината на центарот Никола Јокиќ во тимот. -Мислам дека сите опции се на маса во моментов. Ќе кажам сите, освен размената на Никола Јокиќ, бидејќи моите зборови беа извртени на многу интересен начин минатото лето. Но да, освен размената на Никола, апсолутно сè е на маса. И мислам дека опцијата едноставно да се задржи овој состав и да се оди во следната сезона со него, исто така, ...
Фудбалери на Марсеј предизвикаа хаос во тренинг кампот на клубот за време на тренинг кампот, објави „Footmercato“. Раководството на клубот организирало четиридневен тренинг камп за да го собере тимот пред последните два натпревара од Лига 1. На последниот ден од кампот, неколку играчи организирале импровизирана забава, поместувајќи кревети, предизвикувајќи хаос во собите и користејќи противпожарен апарат во тренерската соба. Инцидентот ...
Тренерот на Манчестер јунајтед, Мајкл Карик, се осврна на гласините за можното заминување од клубот на играчот од средниот ред и капитен Бруно Фернандеш. – Мислам дека е јасно дека Бруно е среќен и игра фантастичен фудбал, можеби најдобриот во неговата кариера. Имаше неколку навистина извонредни периоди. Изгледа среќен. Мислам дека треба да ја заврши сезоната на висока нота. Го очекува напорно лето. Воодушевени сме што Бруно е со нас. Тој е ...
Во просторот со силна духовна и историска меморија „Ex Capella Buon Pastore“, свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 61. издание на најпрестижниот светски настан од областа на современата уметност – Биеналето на уметноста во Венеција. На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Пиета во прекривките на ургентноста/Will my eyes be closed or open?“ од уметникот Велимир Жерновски, во кураторска ...
Повеќе од 20 години по нивниот последен студиски албум, македонскиот рок-состав „Архангел“ официјално се враќа со нова музика. Со објавувањето на синглот „Дни оловни“, чиј автор на музиката и текстот е фронтменот Ристо Вртев, бендот го најавува своето петто дискографско издание во пресрет на големиот самостоен концерт „Срцевина“, закажан за 13 јуни на Стадионот на АРМ во Скопје. Звукот и лириката на „Дни оловни“ носат специфична тежина и ...
Сан Антонио изутрина на гостински терен ја победи Минесота во третиот натпревар од второто коло од плејофот на НБА со 115:108. Најзаслужен за победата на Спарс беше Виктор Вембањама кој постигна дабл-дабл со 39 поени и 15 скока. Сан Антонио спарс водат со 2:1 во серијата прв до четири победи. Четвртиот натпревар ќе се игра на 11 мај. На другиот натпревар одигран ноќта петок кон сабота, Њујорк исто така како гости на совлада Филаделфија со ...
Валенсија синоќа го победи Панатинаикос на гостински терен во четвртиот натпревар од плејофот на Евролигата. Натпреварот, кој се одигра во Грција, заврши 89:86 во корист на гостите. Серијата „подобар од пет“ е нерешена 2-2. Петтиот натпревар ќе се одржи на 12 мај во Шпанија. Победникот ќе се пласира во Финалната четворка на Евролигата за сезоната 2025/26, каде што Олимпијакос, Реал Мадрид и Фенербахче веќе изборија учество. Post Views: 2 мај ...
Фудбалерот на аргентинската репрезентација, Лионел Меси, во интервју за „Ло де Поло“ забележа дека отсекогаш имал добар однос со Кристијано Роналдо. – Јас бев во Барселона, а тој беше во Реал Мадрид. Бевме ривали во сè, па луѓето секогаш нè споредуваа. Но, нашиот однос отсекогаш беше добар и респектабилен. Денес сме во различни фази од нашите животи, но она што се случи беше големо спортско ривалство, изјави Меси. Аргентинецот играше за ...
Најмногу дожд во изминатите 24 часа, заклучно со 8 часот утрово, наврна во Претор, 33 литри на метар квадратен. Следуваат Битола со 23, Охрид, 19, Струмица, 12, Гевгелија, 11, Тополчани, 10, Прилеп, Kрушево и Демир Капија, 8, Кавадарци, 7, Берово, 6, Велес, 5, Скопје-Зајчев Рид, 4, Тетово, Mаврови Анови и Попова Шапка, 3, Крива Паланка и Пожаране, 2 и 1 во Скопје-Петровец, Штип и Виница, информира Управата за хидрометеоролошки работи. ...
Со премиери на две оперски претстави од Џакомо Пучини – „Сестра Анџелика“ и „Џани Скики“, вечер во Националната опера и балет ќе бидат отворени 54. „Мајски оперски вечери“. Првпат две претстави ќе бидат изведени на почетокот на фестивалот. Официјално ќе биде отворен со палење на фестивалскиот оган од сопранистката со меѓународна кариера Ана Дурловски, која вечер ќе настапи во втората опера на Пучини. Годинава МОВ е во знакот на дела од Џакомо ...
Во Ресен синоќа се одржала трибина „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која, како што објави на својот Фејсбук профил министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, се разговарало за предизвиците, но и за можностите за развој на земјоделството. Според Трипуновски, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, е отворено за предлозите, критиките и иницијативите од земјоделците. – ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ...
Помладиот брат на фудбалерот на европскиот првак ПСЖ, Хвича Кварацхелија, е на проба во редовите на германскиот првак Баерн Минхен, јави денеска агенцијата ДПА. „Да, можам да потврдам дека момчето е тука и тренира со нас“, изјави спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд, на прес-конференција, одговарајќи на новинарско прашање поврзано со шеснаесетгодишниот Торнике Кварацхелија. „Тој е талентиран. Да се каже дека е добар како неговиот ...
Во изложбениот простор „Ex Capella Buon Pastore“ во Венеција, вечерва официјално е отворен павилјонот на Република Северна Македонија на 61. Венециско биенале. Нашата држава на најпрестижната меѓународна изложба на современата уметност годинава се претставува со проектот „Пиета во прекривките на ургентноста“ (Will my eyes be closed or open?) на уметникот Велимир Жерновски, во кураторска поставка на Тихомир Топузовски и Аманда Бецкес. ...
Францускиот велосипедист Пол Мание (Судал Квик-Степ) е победник на првата етапа на трката Џиро д’Италија, чие 109. издание годинава стартуваше во Бугарија. Првата од трите етапи што ќе се возат во Бугарија, беше во должина од 147 километри од Несебар до Бургас на брегот на Црното Море. Мание мина попладнево низ целта со време од три часа и 21 минута и до победата дојде во спринтерска завршница, која беше проследена со масовен пад во ...
Четвртиот тенисер во светот, Новак Ѓоковиќ, не успеа да се пласира во третото коло на Мастерсот во Рим, откако вечерва загуби од Хрватот Дино Прижмиќ во три сета со 6:2, 2:6, 4:6. Најуспешниот тенисер на сите времиња и шесткратен освојувачот на турнирот во Рим беше поразен од 79-от тенисер на АТП листата по два часа и 17 минути. „Тешко ми е да кажам нешто. Новак е мојот идол, имам голем респект кон него. Играв неверојатно. Но, сакам да ...
Шпанскиот гигант Реал Мадрид ги казни своите фудбалери, Федерико Валверде и Аурелиен Чуамени, со по 500.000 евра поради тепачка за време на тренинг. Реал ги изрече казните денеска, ден по физичката пресметка меѓу двајцата фудбалери, во која Валверде со повреди на главата бил пренесен во болница. Клубот објави дека двајцата играчи се извиниле еден на друг, како и на своите соиграчи, по инцидентот. Валверде и Чуамени се стандардни во средниот ...
Англискиот прволигаш Борнмут објави денеска дека започна истрага во врска со објавите на социјалните мрежи кои покажуваат наводна преписка меѓу неговиот фудбалер Алекс Хименез и малолетна девојка. Премиерлигашот посочи дека шпанскиот дефанзивец, како резултат на истрагата, ќе го пропушти претстојниот натпревар против Фулам. „Фудбалскиот клуб Борнмут е свесен за објавите што циркулираат на социјалните мрежи, а кои се однесуваат на десниот бек, ...
Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја објави официјалната песна за претстојното Светско првенство, насловена „Dai, Dai“. Колумбиската пејачка објави дел од новата песна на социјалните мрежи во видео снимено на легендарниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро. Песната на која настапува и нигерискиот пејач Бурна Бој официјално ќе биде објавена на 14 мај. Во видеото, Шакира е прикажана заедно со група танчари облечени во боите на неколку ...