Во општина Градско се одржа трибина во рамки на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, на која со земјоделците разговаравме за активностите во земјоделскиот сектор. Каналите за наводнување се санираат, дефектите се отстрануваат со цел обезбедување на континуирано снабдување на вода за наводнување на земјоделските посеви. Во текот на средбата разговаравме и за последиците од ниските температури што ја зафатија територијата на ...

Во текот на 2025 година во Куманово се реализирани вкупно 102 културни манифестации, покажува извештајот усвоен на последната седница на општинскиот совет. Програмата е разновидна и наменета за различни генерации. Во Куманово, според податоците на Секторот за култура се реализирале над сто настани. Извештајот за реализација на програмата за културни манифестации во Куманово за 2025 година отвори дебата меѓу советниците околу квалитетот, ...

Во Кочани, во малото зеленило каде што се вкрстуваат улиците „Скопска“ и „Сремска“, денеска беше означен почетокот на проектот за уредување на современ простор наменет за велосипедисти. Станува збор за изградба на нов вело-полигон, кој се реализира како донација од приватне правен субјект. Планирано е овој простор да зафаќа околу 324 квадратни метри и да биде уреден според модерни стандарди. Во рамки на проектот ќе се постави целосна ...

Манастирот „Свети Георгиј Победоносец“, во дебарското село Рајчица, во присуство на верници од повеќе градови, го одбележа патронот, што почна синоќа со празнична Вечерна богослужба. Денеска на денот кога се слави споменот на патронот и небесен застапник, светиот великомаченик Георгиј Победоносец, во неговиот свет манастир најпрво беше одржана Утрена богослужба, а потоа Божествената архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше неговото ...

Единствено решение за зачувување на животната средина е Регионалната депонија за југозападниот регион од Македонија, кај Новаци, беше констатирано при денешната посета на шведскиот амбасадор Ола Сулстром на Прилеп. На градската депонија кај Алинци во завршна фаза е изградбата на фабриката за селекција на отпадот, а Пелагонија и Прилеп се водечки во процесот со управувањето на отпадот. Од 2021 година во Пелагонискиот и Југозападниот регион е ...

Општина Кисела Вода денеска го одбележа својот патрон празник, 6 мај, Ѓурѓовден. Годишното чествување понуди содржајна програма. Во знакот на духовноста, традицијата и обичаите беа сите активности кои го одбележаа овој ден, спојувајќи ги верските чествувања со културното наследство и пренесувањето на вредностите на новите генерации. Празнувањето започна утринава со свечена литургија во црквата „Свети Ѓорѓи“, на која заедно со граѓани и ...

Општина Чаир денеска започна акциски процес за отстранување на над 200 хаварисани и напуштени возила од јавните површини на територијата на општината, со цел ослободување на паркинг-просторот и подобрување на урбаниот ред. Од општинската прес-служба соопштија дека со оваа акција веднаш се ослободуваат стотици паркинг-места за жителите, создавајќи пофункционални услови за движење и паркирање во различни делови на Чаир, а истовремено се ...

Кавадарци се збратими со Општина Будва, Црна Гора, информираа денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. – Градоначалникот Митко Јанчев заедно со претседателот на Совет д-р Стојанчо Рамов, потпишаа меморандум за збратимување со претставници на Општина Будва, Црна Гора, на чело со претседателот на Совет на Будва, Петар Оџиќ. Со овој меморандум двете страни се обврзуваат да ја зацврстат соработката меѓу локалните ...

Паралелно со доградбата, во ООУ „Гоце Делчев“ во Горно Лисиче реализираме проект со огромно значење – воведуваме современ, енергетски ефикасен систем за греење во рамките на „EU for Clean Air – ЕУ за чист воздух“. Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески потпиша Меморандум за разбирање со Микела Телатин, директорка на Канцеларијата на Обединетите нации за проектни услуги за Југоисточна Европа (УНОПС). Ова не претставува само ...

Долгогодишниот тренер на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, не успеа да дојде до своето трето финале во Лигата на шампиони со шпанскиот клуб, откако во вторникот вечер загуби на гостувањето од лондонски Арсенал со 1-0 во реванш полуфиналниот натпревар, по ремито 1-1 пред една недела на „Метрополитано“. „Ако сме елиминирани, тоа значи дека нашите противници заслужиле да одат понатаму. Тие ги искористија своите шанси, вклучително и одличната шанса ...

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на повеќе места се очекува нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според најавите, во петок и во сабота на повеќе места се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните до сабота ќе се задржат пониски. Post ...

Македонската култура е жива ризница на духот. Таа е светлина во фреските, ехо во каменот и трепет во народната песна. Во неа се запишани радоста и болката, копнежот и гордоста, истрајноста и вербата на многу генерации што создавале, чувале и оставале траен белег – истакнал министерот за култура и туризам Зоран Љутков вчеравечер во своето обраќање пред концертот на Националниот џез-оркестар во Брисел во рамките на манифестацијата „Денови на ...

Во организација на македонската амбасада и Културно-информативниот центар, во Тирана беше одржана пригодна свеченост по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик. -Вршителката на работите во Амбасадата, Радмила Стојмировска истакна дека оваа година се одбележуваат 81 година од усвојувањето на македонската азбука и го потенцираше значењето на јазикот како столб на нашиот национален идентитет, кој ја обединува заедницата и го чува богатството ...

Министерот за локална самоуправа, Златко Перински, денеска потпиша Меморандуми за соработка со шест високообразовни институции, со што се воспоставува нова рамка за институционална соработка меѓу Министерството и академската заедница. Кон крајот на минатата година, Министерството потпиша Меморандум за соработка со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, со чии професори и академски кадар веќе е воспоставена соработка. Меморандумите ...

Градоначалникот на Општина Битола Тони Коњановски денеска оствари средба со Ола Сулстром, амбасадор на Шведска во земјава. Соговорниците разменија мислења за билатералните односи меѓу двете земји, а градоначалникот Коњановски го запозна амбасадорот Сулстром со Битола градот со богата историја, култура, туристичката мапа и можностите на градот под Пелистер, како и економските потенцијали кои ги нуди Битола и кои се привлечни и за странски ...

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, на денешната прес-конференција ги покани граѓаните на традиционалниот целодневен настан „Нож и виљушка на европска чинија“, кој ќе се одржи на 9 мај во Паркот на Франкофонија, со почеток во 12 часот. Тој посочи дека станува збор за симболичен датум, Денот на Европа, кој годинава Центар го одбележува и преку оваа манифестација, во присуство на претставници на земјите членки на Европската ...

Во битолскиот Офицерски дом ќе биде отворена меѓународна ликовна излоба како дел од проектот: „Простори на уметност: Природа – Култура – Човештво“, организирана од Институт за ликовни уметности, Факултет за уметност и образовни науки во Чешин, Универзитет во Шлезија во Катовице, Полска. Во пресрет на вечерашното свечено отворање од КИЦ Битола информираа дека Факултетот за ликовни уметности на Универзитетот во Шлезија е еден од најзначајните ...

Американската компанија „Епл (Apple)“ вчера се согласи на спогодба од 250 милиони долари по тужбата во којашто се обвинува технолошкиот гигант за заведување на купувачите на „Ајфон (iPhone)“ поради доцнење на надградбите на вештачката интелигенција на неговиот гласовен асистент „Сири (Siri)“. Спогодбата, којашто сè уште бара одобрение од федерален судија во американската сојузна држава Калифорнија, се очекува да им користи на клиентите во САД ...

Развивачот на „Чет-ГПТ“, „Опен-АИ (OpenAI)“, се очекува да потроши околу 50 милијарди долари оваа година за развој на компјутерската моќност, според соосновачот и претседател на оваа американска компанија за вештачка интелигенција – ВИ, Грег Брокман. Тој, всушност, ја откри таа бројка во своето сведочење во тужбата поднесена од технолошкиот милијардер Илон Маск, кој е исто така, соосновач на „Опен-АИ“. Имено, Маск тврди дека Брокман и шефот ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, изјави оти е горд на своите фудбалери кои синоќа изборија пласман во финалето во Лигата на шампиони, прво за лондонскиот клуб од 2006 година. „Се гордеам си нив и многу сум среќен. Долго чекавме на ова финале и сум исклучително среќен што го постигнавме пред нашите навивачи. Нашите навивачи се горди на нас“, рече Артета. Арсенал во полуфиналето го елиминираше мадридски Атлетико, откако на реваншот во Лондон ...

Бразилскиот напаѓач Хулк официјално е нов фудбалер на Флуминенсе. Триесетидеветгодишниот поранешен бразилски репрезентативец потпиша договор до крајот на 2027 година и ќе го носи дресот со број 7. Хулк му се приклучи на Флуминенсе без обесштетување, откако го раскина договорот со Атлетико Минеиро, за кој настапуваше од 2021 година и освои седум трофеи. Хулк од 2008 до 2012 година беше дел од португалскиот Порто, со кој ја освои Лига Европа во ...

Температурите низ целата држава утрово се над нула. Најстудено било во Берово каде се измерени два степена, а најтопло во Виница, Крушево и на Зајчев Рид во Скопје каде утринската температура е 10 степени. За денеска се најавува променливо облачно време со сончеви периоди и ветер од јужен правец кој ќе биде позасилен долж Повардарието. Максималната температура ќе биде во интервал од 21 до 27 степени. Веќе од утре од попладневните часови се ...

Легендарниот гитарист Влатко Стефановски утре во Скопје ќе ги претстави своите две најнови албумски остварувања – Guitar Sings, инструментален албум, и Muscle Memory, нов студиски проект, во организација на дискографската куќа „Кроација рекордс“. На промоцијата, која ќе се одржи во хотелот „Холидеј ин“ со почеток во 12 часот, Стефановски ќе зборува за креативниот процес, инспирацијата зад албумите, како и за своите тековни и идни музички ...

Македонскиот културно-информативен центар во Истанбул, во соработка со Национална галерија на Македонија, на 8 мај 2026 година со почеток во 19:00 часот, ќе ја отвори изложбата „Архивски документи“ на истакнатата македонска уметница Жанета Вангели. Изложбата претставува комплексна синтеза на четиридецениско творештво, во кое архивата освен како сведоштво за минатото, функционира и како активен и динамичен простор на современа интерпретација. ...

На 8, 9 и 10 мај шести пат ќе се одржи најмасовната еколошка акција во земјава и регионот „Генералка викенд“, која годинава мобилизира десетици илјади волонтери од 80 општини, над 600 организации и повеќе од 250 државни институции и компании. Акцијата прерасна во национална традиција и најголема логистичка операција за собирање отпад и подигнување на еколошката свест кај граѓаните. Во текот на трите дена ќе се реализираат активности на повеќе ...

Ана Полизовска од Битола, членка на Детско ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ е наградена со златен медал од Европската асоцијација за астрономско образование (European Association for Astronomy Education-EAAE) која во соработка со European Southern Observatory (ESO) го реализира детскиот ликовен конкурс „Визија за убавината на универзумот“. Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ од Битола оваа година учествуваше по втор пат и од 12 ...

Општина Битола со поддршка и активно ќе учестува во националната акција „Генералка викенд“ која ќе се одржи на 8, 9 и 10 мај во овој град. Од секторот за односи со јавност информираа дека главна цел на акцијата е отстранување на отпадот од јавните површини, парковите и дивите депонии во градот и околината. Низ акцијата „Генералка викенд“ се овозможува поддршка на процесот на селекција и рециклирање, поврзувајќи ги граѓаните со локалните ...

Општина Велес со цел да ги стимулира жителите во општината на помала потрошувачка на електрична енергија и годинава распиша јавен повик за субвенционирање на граѓаните за купен сончев термален колектор од 50 проценти од цената, но не повеќе од 20 илјади денари и за купена инвертер клима во висина од 30 проценти од цената, но не повеќе од 15 илјади денари. Јавен повик за сончев термален колектор е со важност од 05.05.2026 до 03.06.2026 година, ...

Францускиот институт во Скопје и Кинотека ги организираат месечните „Кино средби” на кои ќе бидат прикажани современи француски филмови како и големи класици на француската кинематографија. Овие кино средби денеска продолжуваат со проекцијата на „Марија” (2024), од Жесика Пали, со Анамарија Вартоломеj, Мет Дилон и Џузепе Маџо, во Кинотека. Во „Марија”, Жесика Пали раскажува за трагичната судбина на Марија Шнајдер. Чувствителен омаж на ...

Кошаркарите на Хапоел Тел Авив го совладаа вечерва мадридски Реал со 76:69 (18:21, 16:15, 21:10, 21:23) како домаќини во Ботевград и намалија на 1-2 во четвртфиналната серија од плејофот во Евролигата. Елија Брајант и Крис Џонс со по 19 поени го предводеа израелскиот тим до првата победа во пресметката со шпанскиот гигант. Најефикасен во редовите на Реал беше Треј Лајлс со 14 поени. Габриел Дек додаде 11 поени, додека Факундо Кампацо постигна ...

weather icon

Скопје

25ᴼ / 25ᴼ
0.85
43%
1011
weather icon

Белград

17ᴼ / 17ᴼ
13.02
95%
1011
weather icon

Загреб

20ᴼ / 20ᴼ
3.88
89%
1012
weather icon

Софија

23ᴼ / 23ᴼ
1.22
57%
1012
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.31
53%
1009
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 23ᴼ
1.34
55%
1009
weather icon

Атина

25ᴼ / 22ᴼ
2.24
67%
1014
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.07
61%
1014
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
1.8
59%
1014
weather icon

Букурешт

26ᴼ / 23ᴼ
3.13
46%
1009
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 20ᴼ
3.58
46%
1010
weather icon

Истанбул

23ᴼ / 22ᴼ
1.31
60%
1013
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Кобалт

45.39

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Платина

55170.68

Иридиум

253540.09

Рутениум

48965.59

Злато

135639.33

Паладиум

40767.15

Калај

53.60

Бакар

13.01

Цинк

0.00