Поранешниот француски фудбалски репрезентативец, Самир Насри, реагираше на одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) да го додели на Мароко Африканскиот куп на нации 2025. Претходно, CAF ја прифати жалбата на Мароко и му додели технички пораз на Сенегал од 3:0 за напуштање на теренот откако му беше досуден пенал во 90+8 минути од финалниот натпревар на 18 јануари. Натпреварот на крајот беше продолжен и заврши со победа од 1:0 за ...

Тренерот на Боде-Глимт, Кјетил Кнутсен, ја забележа пасивноста на играчите на неговиот тим во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Спортинг. Натпреварот се одигра синоќа во Лисабон и заврши со 5:0 во корист на домаќините. Спортинг се пласираше во четвртфиналето на турнирот со вкупен резултат (5:3). – Не игравме фудбал. Игравме претпазливо и се покажа дека е премногу значајно и премногу за нас да се справиме. Спортинг ...

Фудбалерот на Вест Хем и Сенегал, Ел Хаџи Малик Диуф, коментираше за одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) да го поништи резултатот од финалето на Африканскиот куп на нации и да му додели на Сенегал казна за напуштање на теренот во натпреварот против Мароко. – Овој трофеј се освојува на теренот, а не преку е-пошта. Добра ноќ, напиша Диуф на социјалните мрежи. Во финалето на турнирот, кое се одржа на 18 јануари, по досудениот ...

Тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети, наскоро, ќе потпише продолжување на договорот со гигантот од Торино, јавуваат италијанските медиуми. Спалети седна на клупата на Јувентус во октомври лани на местото на Хрватот Игор Тудор, а неговиот договор важи до крајот на тековната сезона. Според италијанските медиуми, 67-годишниот Спалети ќе потпише до јуни 2027 година, со опција за продолжување на соработката за уште една сезона. Спалети претходно ...

Италијанскиот фудбалски прволигаш Кремонезе го отпушти денеска тренерот Давиде Никола, по серијата од 15 натпревари без победа што го втурна тимот во зоната на испаѓање во Серија А. – Кремонезе објавува дека Давиде Никола е разрешен од должноста главен тренер на првиот тим. Клубот изразува благодарност до тренерот и неговиот персонал за професионализмот и посветеноста што ја покажаа во нивната секојдневна работа откако пристигнаа во Кремона, ...

Нивото на водата во Охридското Езеро денеска се наоѓа на котата 693,67 метри надморска височина или 18 сантиметри над просекот за март. Водостојот на езерото е драстично подобар во споредба со минатата година кога во март нивото на водата во езерото беше повеќе од 30 сантиметри под месечниот просек или неколку сантиметри над дозволениот минимум. Температурата на водата во езерото изнесува 7 Целзиусови степени или половина степен пониска од ...

Општинската организација на Црвен крст Битола во соработка со Муфтиство на ИВЗ – Битола и муфтијата Хаџи Ефенди Амид Расими, по повод верскиот празник Рамазан Бајрам и 17 март – Ден на основање на Црвениот крст на РСМ, додели донација хуманитарна помош која ќе биде поделена на социјално-загрозени семејства од исламска вероисповед. Општинската организација на Црвен крст Битола, по повод Денот на основањето на Црвениот крст, во соработка со ...

Изложбата „Лазар Соколов – живот и дело“, на авторот м-р Илија Василески, ќе биде отворена вечерва со почеток во 19.30 часот во Музејот на македонската борба за самостојност. Преку богат музејски материјал што содржи фотографии, документи, лични предмети, но и досието водено од Управата за државна безбедност на Социјалистичка Република Македонија, изложбата го документира животниот пат на македонскиот интелектуалец кој оставил силен белег врз ...

Под слоганот „Светот ја слави поезијата. Градот ја слуша“, ќе биде одбележан Светскиот ден на поезијата, со настан на кој ќе читаат 30-тина современи македонски поети и поетеси од сите генерации и со музичка програма од современи македонски музичари. Темата на оваа поетска вечер, што ќе се одржи во „Лабораториум“, велат организаторите, не е случајно избрана. – Патот е важна одредница на сите поети – и општочовечкиот и поетскиот, ...

Националниот џез-оркестар, вечерва, со почеток во 20 часот, ќе го изведе најновиот проект на американскиот композитор и диригент Мајк Холобер, This Rock We’re On: Imaginary Letters, под диригентство на самиот автор. – Холобер е еден од најзначајните современи џез-композитори и аранжери, препознатлив по својата виртуозност, изразена оркестарска визија и длабока музичка чувствителност. Неговиот проект This Rock We’re On: Imaginary Letters е ...

Истражувачи од Австралија развиле „интелигентна“ преврска за рани која може истовремено да ги следи и лекува повредите. Тоа според научниците има потенцијал значително да помогне во лекување на различен вид рани. „Тим научници од Универзитетот РМИТ (RMIT) од Австралија, развиле метод за вградување на мали, мултифункционални наноматеријали, познати како јаглеродни точки, во хидрогелна преврска која овозможува истовремено следење и третман на ...

ПСЖ синоќа ја забележа втората победа над Челзи осминафиналето на фудбалската Лига на шампионите. Парижаните славеа во Лондон со 3:0. – Демонстриравме високо ниво на игра во текот на натпреварот. Игравме многу прецизно во транзиција и постигнавме два гола, што ја уби тензијата во натпреварот. Контролирањето на играта во вакви натпревари е секогаш тешко, бидејќи Челзи е одличен тим кој се стреми брзо да постигне голови. Не беше лесно да се ...

Сенегалската фудбалска федерација има намера да се жали до Арбитражниот суд за спорт (CAS) на одлуката на Конфедерацијата на африкански фудбал (CAF) за доделување на Африканскиот куп на нации во 2025 година на Мароко. – Сенегалската фудбалска федерација ја осудува оваа неправедна, без преседан и неприфатлива одлука, која носи срам за африканскиот фудбал. За да ги заштити своите права и интересите на сенегалскиот фудбал, федерацијата ќе ...

Тренерот на Манчестер сити, Хозеп Гвардиола, искажа пофални зборови за неговиот колега од Реал Мадрид, Алваро Арбелоа. Реал синоќа го победи Сити на гостински терен со 2:1 во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. – Дадовме сè од себе во овој натпревар. Имаме неверојатен тим, неверојатна група играчи. Сепак, нивниот голман Тибо Куртоа бранеше фантастично, тој беше во најдобра форма и во првиот натпревар. Ми се допаѓа Алваро ...

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, даде свое видување за триумфот од 2:0 над Баер Леверкузен остварен синоќа во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите. – Арсенал се претстави одлично. Добро почнавме, целосно доминиравме и создадовме многу шанси пред голот на Баер. Голманот го држеше Леверкузен во игра долго време во првото полувреме. Игравме одлично и индивидуално и како тим. Ова е нашиот најдобар настап оваа сезона, истакна ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо. Претежно во западните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север, на планините ќе има услови врнежите да бидат од снег, а на некои од повисоките места од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од источен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени. Во Скопје, ќе ...

Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Крушево и на планинските премини Стража, Буково и Ѓавато. Според информациите од Јавнот претпријатие „Македонија пат“ сите патни правци се проодни. Сообраќајот се одвива непречено по влажни коловози, а внимателно возење се препорачува особено низ клисурите каде е можна појава од одрони. Post Views: 4 март 18, 2026 Слаби врнежи од снег има на Попова Шапка и Крушево и на планинските премини Стража, ...

Најниска минимална температура утрово е измерена на Попова Шапка, три степени под нулата, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Евидентирани биле 0 Целзиусови степени во Mаврови Анови, Kрушево, Лазарополе, 1 во Берово, 3 во Крива Паланка, Претор, 4 во Битола, Прилеп и Виница, 5 во Охрид, Тетово и Штип, 6 во Куманово и Велес, 7 во Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Струмица и Кавадарци, како и 8 во Демир Капија и Гевгелија. До ...

Утре во западните делови од земјата се очекуваат повремени слаби врнежи од дожд, додека на планините и на повисоките места ќе има врнежи од снег. Ќе дува умерен, а на одделни места повремено засилен ветер од северен и североисточен правец, што ќе придонесе за дополнително заладување, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Во наредните денови времето ќе се задржи променливо облачно со слаб до умерен северен ветер. Утринските ...

Македонскиот ракомет остана без уште еден свој вреден работник. Вчера ненадејно, почина Сашо Србиновски на 61-годишна возраст, објави Ракометната федерација на Македонија. Србиновски ќе остане запаметен како човек кој даде значаен придонес во успешната организација на Струшкиот ракометен турнир. Некогашен ракометар на РК Струга, а подоцна и тренер на истиот клуб, Сашо Србиновски ќе остане запаметен и како прв селектор на репрезентацијата во ...

Мандолинскиот оркестар под дирегентската палка на Рамадан и Ерхан Шукри викендов ќе учествува на меѓународниот фестивал во Стеин, Холандија. Мандолинскиот оркестар, кој на фестивалот ќе учествува како специјален гостин, ќе одржи два концерта. Учеството на Мандолинскиот оркестар на фестивалот во Холандија е поддржано од Министерството за култура и туризам. Post Views: 4 март 18, 2026 Мандолинскиот оркестар под дирегентската палка на Рамадан ...

Во кино салата на Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница вечерва ќе се одржи проекцијата на филмот „Уште една игра“ (One More Game) на режисерот Ник Јансен. Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево, Македонија, има желба да стане ѕвезда како професионален гејмер — стремеж што се коси со желбите на неговата мајка за негово традиционално образование. Кога неговиот најблизок пријател, Димитар, добива можност да оди на проба за најдобриот европски ...

Македонскиот поет Ѓоко Здравески ќе биде гостин на еден од најдолготрајните фестивали на поезија во светот „Горанова пролет“, кој годинава ќе се одржи по 63-ти пат од 19 до 22 март, во Загреб, Луковдол и Риека, Хрватска. Фестивалот е посветен на живите поетски гласови – домашни, регионални, европски и светски, а се одржува во чест и спомен на Иван Горан Ковачиќ, како и на идејата за поезијата како форма на борба за лична и универзална ...

Кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“, насочена кон директна комуникација со земјоделците и претставување на актуелните мерки и политики за поддршка на земјоделското производство, почнува денеска со првата трибина што ќе се одржи во Домот на културата во општина Босилово, со почеток во 18 часот. Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, директната комуникација со земјоделците е од ...

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа Златко Перински денес одржа работни средби со градоначалниците и општинската администрација на општините Богданци и Гевгелија. Можностите и предизвиците кои овие две општини од југоистокот ги имаат за развој се дискутираа на одржаните состаноци. -На средбите беа отворени сите можности кои што реурсниот центар како нов проект на Министертвото ги овозможува за ...

Пред Итната медицинска помош на Општата болница во Кочани, денеска со звук од сирена на болничко возило, е откриено спомен обележје посветено на Илчо Гоцевски, 64 – та жртва на пожарот во „Пулс“. Иле, во текот на кобната ноќ помеѓу 16 и 17 – ти март со болничкото возила во единаесет наврати превезуваше повредени на клиники во Скопје. Почина во својот дом на 17 март во вечерните часови во сон, после бурната и исцрпувачка ноќ, и борбата да се ...

Чаир се подготвува за Рамазан Бајрам. Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, вечерва беше присутен на почетокот на интензивната акција за чистење на јавните површини, која се реализира во рамки на подготовките за празникот Рамазан Бајрам, информира Општина Чаир во соопштение што МИА го пренесува интегрално. Општина Чаир секојдневно се ангажира за одржување и чистота на јавните површини, додека вечерва овој ангажман дополнително се ...

Екипите на јавното претпријатие „Комунална хигиена“ отстраниле обемна дива депонија лоцирана на улицата „Лихнида“, во Општина Ѓорче Петров. – Во рамките на реализираните активности на посочената локација беа подигнати и транспортирани приближно 30 кубни метри кабаст, градежен и градинарски отпад одложени на јавна површина – информираа од претпријатието. Оттаму додаваат дека од почетокот на март, нивните екипи расчистиле вкупно 1.260 кубни ...

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, денеска изврши увид во градежните работи за реконструкција на месната заедница во населбата Пинтија. Проектот веќе влегува во својата завршна фаза, а објектот кој подолг период беше во лоша состојба, наскоро ќе го добие својот нов, современ лик. -Месната заедница е првата и најважна алка помеѓу граѓаните и локалната самоуправа. За жителите на Пинтија, оваа реконструкција ...

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски информираше дека на територијата на град Скопје започна широка и координирана пролетна акција за генерално чистење, со цел унапредување на јавната хигиена и заштита на животната средина. -Акцијата започна во општината Кисела Вода, а во неа се вклучени екипи од повеќе јавни претпријатија. Од Комунална хигиена интензивно ги чистат улиците и го отстрануваат отпадот, вклучително и неправилно ...

Лажги

1 час - Civil Media
-
weather icon

Скопје

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
47%
1022
weather icon

Белград

14ᴼ / 11ᴼ
2.06
50%
1023
weather icon

Загреб

13ᴼ / 13ᴼ
3.09
44%
1023
weather icon

Софија

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
42%
1023
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
5.19
46%
1025
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
0.0
56%
1023
weather icon

Атина

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
39%
1017
weather icon

Тирана

17ᴼ / 17ᴼ
0.51
59%
1018
weather icon

Подгорица

18ᴼ / 18ᴼ
1.54
55%
1019
weather icon

Букурешт

12ᴼ / 10ᴼ
4.63
36%
1025
weather icon

Будимпешта

13ᴼ / 11ᴼ
3.09
36%
1025
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 13ᴼ
10.29
47%
1023
Currency

61.64

Currency

52.5826

Currency

71.0589

Currency

37.4809

Currency

38.4582

Currency

66.8122

Currency

7.69168

Currency

0.6967

Currency

0.33132

Currency

0.52501

Currency

1.16811

Currency

0.5579

Цинк

0.00

Кобалт

45.39

Сребро

2439.04

Паладиум

47550.95

Родиум

323115.00

Иридиум

253540.09

Платина

64944.51

Алуминиум

3.60

Рутениум

53788.20

Бакар

12.12

Калај

50.46

Злато

151548.67