Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Европската ракометна федерација ги потврди термините за финалните натпревари во ЕХФ Европскиот куп, каде втора сезона учесник е македонски ракометен клуб. По ланското финале на Алкалоид (актуелен освојувач), ракометарите на Охрид сезонава ќе играат против Татабања од Унгарија. Првиот натпревар се игра во Унгарија на 24. мај во Татабања со почеток во 17 часот. Реваншот ќе се игра во СЦ „Билјанини извори“ во Охрид на 31. мај со почеток во 20 ...
Македонската ракометна репрезентација од вчера ги стартуваше подготовките за бараж дуелите од Светското првенство против Словачка. Во претходниот бараж дуел Словачка ја елиминира Украина со победа (27:24) како гостин (натпреварот се играше во Германија) и пораз на домашен терен (31:32). Но, селекторот на македонската репрезентација Кирил Лазаров, покрај за противникот зборуваше и за нашиот последен бараж со Фарски острови. – Имаме почит кон ...
Минесота ноќеска го победи Сан Антонио во четвртиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на НБА со 114:109. Натпреварот се играше во Минеаполис. Бек на Минесота, Ентони Едвардс, ги предводеше домаќините до триумфот постигнувајќи со 36 поени. Центарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама, беше исклучен откако го удри со лакт центарот на Минесота, Наз Рајд. Му беше досуден неспортски фаул од втор степен. Минесота го израмни резултатот на 2:2 во ...
Кошаркарите на ТФТ и во вториот обид сезонава не успеаја да стигнат до АБА лигата, по поразот во финалето во плеј офот од АБА 2 лигата од Широки (0-2 во победи) и во разигрувањето беа совладани од Борац Чачак со истиот скор во победи. Сепак македонскиот претставник ја игра најдобрата сезона во клупската историја. – Ако се свртиме зад нас и направиме осврт на сезоната во АБА лигата, не ни останува ништо освен да бидеме горди на нашиот успех. ...
Македонскиот репрезентативен голман, Столе Димитриевски ги искажа впечатоците за победата на гостински терен против Атлетик Билбао. Валенсија вчера славеше со 1:0 на „Сан Мамеш“, Димитриевски беше најдобар на теренот. – Бодовите се многу важни, за нас секој натпревар е клучен. Дојдовме тука да се бориме, работевме напорно и успеавме да ја обезбедиме победата благодарение на трудот на сите. Целиот тим трчаше неуморно, беше дисциплиниран, ги ...
Повеќе улици и населби во Куманово во текот на следните два дена ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во дистрибутивната мрежа, соопштија од Електродистрибуција. Утре, во периодот од 08:30 до 14:30 часот, без струја ќе бидат корисниците од улиците „Боро Прцан“, „Сава Ковачевиќ“, „Србо Томовиќ“, „Милан Лисица“, „Осогово“, „Осоговска“, како и дел од улицата „11 Ноември“. Прекини се најавени и задутре. Во периодот од 06:00 ...
Фестивалот на млади виолинисти „Виолин фест“ и оваа година продолжува да биде место каде талентот станува уметност и каде младите виртуози ја слават музиката. Започнувајќи ја својата мисија со работилница и презентација во музичкото училиште во Прилеп, продолжува денеска со концерт во музичкото училиште „Боро Џони“ во Струмица, каде ќе блеснат 17 виолинисти – ученици во музичките училишта од Штип, Струмица, Гевгелија, Неготино, Кочани, ...
Во Центарот за култура „Антон Панов“ вечер ќе се одржи 16. Фестивал на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“, информираа од оваа институција. Како што се наведува во информацијата, Фестивалот ќе се одржи во големата сала на Центарот за култура, а гледачите ќе имаат можност да ги проследат настапите на „Распеани струмичани“, „Распеани гевгеличани“, „Распеани валандовчани“, „Распеани радовишани“ и „Октет Струмица“. Гостин на ...
Подигнување на свеста за комплексното автоимуно заболување лупус, кое најчесто ги погодува жените во нивните најпродуктивни години е целта на одбележувањето на 10 Мај, Светскиот ден на лупус, соопшти денеска Македонската асоцијација на гинеколози и опстетичари (МАГО). Годинава, како што посочуваат од асоцијацијата, овој значаен ден се совпаѓа со одбележувањето на Неделата на женското здравје, ставајќи посебен акцент на една од ...
Единаесетте општини од Источниот плански регион (ИПР) денеска во Штип се на средба со претставници на Агенцијата за храна и ветеринарството(АХВ), Ветеринарниот факултети, како и од Ветеринарната комора и граѓански организации, со цел да се направи Стратегија за справување со бездомните животни. Осумте плански региони во државата ќе направат посебни стратегии, од кои потоа ќе се изготви Националната стратегија за справување со бездомните ...
Културно информативниот центар (КИЦ) Битола денеска почна со реализација на проектот „Симфонија на петте: звуците на Офицерски“, уникатна интердисциплинарна иницијатива која има за цел да го отвори креативниот процес пред очите на јавноста. Наместо во затворени кабинети, уметноста ќе се создава во алтернативниот галериски простор на КИЦ Битола, претворајќи го во „Живо атеље“, информираа од таа општинска установа. Во период од три недели, 20 ...
Изминатите денови интензивно се работеше на регионалниот пат Велес–Чашка, каде што Јавно претпријатие за државни патишта во соработка со Македонија Пат – Подружница Велес постави порамнителен асфалтен слој. Информацијата попладнево ја соопшти градоначалникот на Велес, Марко Колев, кој истакна дека со градежните зафати значително ќе се подобри патната комуникација помеѓу општините Велес и Чашка. Тој најави дека во наредниот период ќе продолжат ...
Занаетчиската комора – Скопје организира Национален натпревар на вештини 2026 во средното сообраќајно училиште (АСУЦ) „Боро Петрушевски“ – Скопје, поддржан од Министерството за образование и наука и Град Скопје и финансиран од Делегацијата на ЕУ во рамките на проект за млади. Натпреварот обединува ученици од десет стручни училишта од град Скопје и уште 50 училишта од државата, кои ќе ги покажат своите знаења и практични вештини во 15 стручни ...
Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ќе се врати во Реал Мадрид на крајот од сезоната, објави „COPE“. Клубот има намера да го објави назначувањето на 63-годишниот Португалец по натпреварот против Атлетик Билбао во 38. коло од Ла Лига, што ќе биде последниот натпревар на тимот во сезоната. Натпреварот ќе се одржи на 24 мај. Новинарот Јагиз Сабунчоглу известува дека Реал Мадрид ќе ѝ плати на Бенфика шест милиони евра оштета за прекин на ...
Никој нема да биде отпуштен од работа, современата реорганизација и оптимизирањето на националните културни установи подразбира фузирање на одредени институции, изјави денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков, образложувајќи сегмент од Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030 кој се однесува на автономијата во културата и предвиденото преобликување на мрежата на установите. Има манифестации, рече ...
Агенцијата за филм во август годинава ќе распише мконкурс за снимање македонски серии, соопшти денеска министерот за култура и туризам Зоран Љутков. Како што напомена одговорајќи на новинарски прашања во врска со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030, поголем фокус ќе биде ставен на играната детска програма. -Агенцијата за филм во август кончено, ќе распише конкурс за снимање македонски серии, заедно со ...
Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, им се обрати на навивачите на тимот по поразот од 2:0 од Барселона синоќа во 35. коло од шпанската Ла Лига. Барселона ја обезбеди титулата во шпанското првенство со победата над Реал Мадрид. – Разочарани сме и исто како вас. Сезоната не помина онака како што сакавме. Ќе учиме, ќе реагираме и ќе се вратиме на вистинскиот пат, напиша Куртоа на социјалните мрежи. Реал Мадрид не освои ниту еден трофеј оваа ...
Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, ја честиташе на Барселона шампионската титула во сезоната 2025/26. „Шампиони! Да живее Барса! – напиша 38-годишниот фудбалер на социјалните мрежи. Барселона синоќа во 35. коло со 2:0 го победи Реал Мадрид со 2:0 и по 29. пат стана шампион на Шпанија. Меси играше за каталонскиот тим од 2003 до 2021 година. Со нив, тој ја освои титулата во шпанското првенство 10 пати, Купот на кралот седум пати, ...
Денеска и утре во попладневните часови времето ќе биде нестабилно наместа со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер од над 60 километри на час и услови за појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Како што посочуваат оттаму, во Скопје денеска и утре претпладне ќе биде сончево, а попладне ќе биде нестабилно ...
Поттикнување и негување на квалитетот и разновидноста на креативните изрази во уметностите, заштита и одржливо користење на културното наследство, преобликување на моделите на управување и институционална автономија како основа за развој, како и дигитализација и дигитална трансформација – се приоритетите на Националната стратегија за развој на културата за периодот 2026 – 2030. Стратегијата, меѓу другото, ја дефинира културата како ресурс за ...
Зголемен е бројот на пациенти кои бараат помош за справување со убоди од крлежи и други инсекти, информираа лекарите од кумановскиот ургентен центар. Со затоплувањето на времето и почестото користење на парковите, зелените површини и шумските предели, се зголемува и ризикот од убод од крлеж. Лекарите апелираат граѓаните да не се обидуваат сами да ги отстрануваат крлежите, туку да побараат стручна медицинска помош. Доктор Иван Аргиров ...
При вонреден инспекциски надзор во Долно Лисиче во Општина Аеродром, на локацијата викана „Купишта“, затекнат е камион кој незаконски одлагал отпад од градежен шут, спротивно на Законот за управување со отпад. Од страна на општинскиот инспекторат е издаден прекршочен платен налог за правното лице, согласно член 130 од Законот. За сторениот прекршок е изречена глоба од 20.000 евра во денарска противвредност. Општина Аеродром продолжува со ...
„Евровизискиот натпревар“ во Виена е под политички притисок уште пред да започне. Сепак, за љубителите на најголемото музичко натпреварување во светот, сè се врти околу музиката и прашањето: Кои се фаворитите за финалето, за победата? Во својата 70-годишнина, „Евровизија“ се враќа во австриската престолнина. Во градот којшто претставува симбол на културата и различноста. Ова е третпат Виена да биде домаќин на настанот: првиот пат беше во 1967 ...
Македонскиот кошаркарски вицепрвак ТФТ не успеа да обезбеди трет меч во баражот за пополнување на место во регионалната АБА-лига. ТФТ синоќа во Скопје доживеа пораз и во вториот натпревар од серијата со Борац од Чачак. Гостите од Србија беа поквалитетн противник и со уште еден убедлив триумф (97:65) изборија опстанок во АБА 1. Уште по првото полувреме беше јасно дека ТФТ има многу мали шанси да дојде до посакуваната победа бидејќи Борац ...
Екипата на Крива Паланка е победник на „Шпаркасе Лајф“ Првата лига и нов македонски шампион во женска сениорска конкуренција. Во четвртиот натпревар од финалето на плејофот, Крива Паланка вчеравечер во Скопје славеше минимална победа (75:73) против екипата на Бадел 1862 и со вкупни (3:1) ја затвори серијата која го даде новиот државен првак за натпреварувачката сезона 2025/26. Кошаркарката на Крива Паланка, Аби Ниехуес го доби најголемото ...
Тренерот на Милан, Масимилијано Алегри, ги кажа причините за поразот од Аталанта (2:3) синоќа на домашен терен во натпревар од 36. коло од првенството во Серија А. – Нема смисла да зборуваме за тоа што веќе се случило, бидејќи не можеме да го промениме. Сè што можеме да направиме е да работиме напорно следната недела и да бидеме подготвени за натпреварот против Џенова, кој ќе биде одлучувачки за нашиот пласман во Лигата на шампионите. ...
Арсенал постави нов клупски рекорд за најмногу победи во една сезона. Во 36-то коло од англиската Премиер лига, вчера „топчиите“ го победија Вест Хем со 1:0. Оваа победа беше 42-ра за Арсенал во сите натпреварувања во сезоната 2025/26. Претходниот рекорд на клубот беше од сезоната 1970/71, кога победија на 41 натпревар. По 36 натпревари, Арсенал е на врвот на табелата во Премиер лигата со 79 бода. Манчестер Сити е втор со 74 бода и натпревар ...
Еврокомесарката за проширување Марта Кос пред денешната седницата на министрите за надворешни работи во Брисел, истакна дека во ЕУ има место за сите држави од Западен Балкан. Очекувам сите овие земји цврсто да останат на патот кон ЕУ, наведе Кос. Според неа, се дискутира можноста за постепено пристапување, вклучувајќи не само единствениот пазар, туку и соработка во областа на одбраната Post Views: 1 мај 11, 2026 Еврокомесарката за ...
ЈП Водовод и канализација – Скопје со цел подобра информираност на граѓаните на град Скопје, го објавува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола. Секторот за санитарна контрола во периодот од 04.05.2026 до 08.05.2026 зема 192 примероци за физичко-хемиска и 192 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење од 48 мерни места во Градот Скопје. ...
Ненад Шапоња и Никола Јованоски се први добитници на наградата „Столб на зборот“ на Меѓународниот книжевен фестивал „Република на зборот“. Фестивалот ќе се одржи од 31 јули до 2 август оваа година во Крушево и Демир Хисар. Писателите Ненад Шапоња од Нови Сад (Република Србија) и Никола Јованоски од Крушево (Република Македонија) се наградуваат за нивниот досегашен книжевен ангажман и поетски опус. Наградата Столб на зборот се состои во ...