Скопје
28ᴼ /
28ᴼ
Тренерот на Лос Анџелес лејкерс, Џ.Џ. Редик, одговараше на прашања по поразот на тимот од Оклахома Сити со 110:115 ноќеска во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот. Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари од серијата (4-0) и се пласираше во полуфиналето на НБА плејофот, каде што ќе играат против победникот од натпреварот Сан Антонио – Минесота (2-2). – Кога завршува сезоната, секогаш има виор од емоции. Секако, ...
Тренерот на Тотенхем, Роберто Де Зерби, упати замерки на своите фудбалери за прикажаната игра синоќа во ремито 1:1 со Лидс на домашен терен во 36. коло од англиската Премиер лига. – Игравме без страст, многу брзавме. Судијата исто така беше вознемирен денес. Не знам. Не можам да ги разберам поплаките за вчерашниот ВАР на средбата Вест Хем – Арсенал, бидејќи гостинскиот голман Давид Раја не беше фаулиран 100 проценти, туку 200 проценти, ако ...
НУ „Завод за заштита на спомениците на култура и Музеј – Струмица“ почна со реализација на проектот за конзервација на фрескоживописот во црквата „Свети Константин и Елена“ во село Мокрино, Општина Ново Село-едно од најзначајните духовни и културно-историски обележја на Струмичкиот регион, информираа од оваа установа. Се наведува дека храмот, изграден во 1870 година, претставува вредно сведоштво за богатата духовна традиција, уметничкото ...
Синоќа со претставата „Шиндлеровиот лифт“ на домаќинот Камерни театар 55 се отвори седмиот фестивал РУТА, кој се одржува од 11 до 16 мај во Сараево. Во текот на шесте фестивалски дена, публиката ќе има можност да ги проследи и останатите претстави на театрите членки на РУТА: „Мајки“ на Казалиште „Улисис“, „Гидионовиот јазол“ на Београдско драмско позориште, „Смртно сериозно“ на МГЛ, копродукцијата „Замолчувањето на Сократ“ на ЦЗК Тиват и ...
Јубилејното 70. издание на музичкиот натпревар за песна на Евровизија почнува вечерва во Виена. Австрискиот главен град е украсен со срца и слоганот „Обединети во музиката“ за седмицата кога пејачи од 35 земји ќе се натпреваруваат за музичката круна на Стариот Континент. Оваа година, пет земји – Шпанија, Ирска, Холандија, Словенија и Исланд – го бојкотираат натпреварот во знак на протест против учеството на Израел. Сепак, израелскиот пејач ...
Трикратниот шампион на Грен слемот „Ролан Гарос“, Швајцарецот Стен Вавринка, и неговиот сонародник Гаел Монфис, кој исто така се пензионира, добија вајлд карти за Отвореното првенство на Франција, објави „ESPN“. Четириесет и едногодишниот Вавринка го освои „Ролан Гарос“ во 2015 година и моментално е рангиран на 125. место. Триесет и деветгодишниот Монфис, кој стигна до полуфиналето на турнирот во Париз во 2008 година, моментално е рангиран на ...
Ѕвездата на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс, одговори на прашање за неговата иднина по поразот на неговиот тим од Оклахома Сити со 110:115 во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот. Договорот на 41-годишникот со Лејкерс истекува на крајот од сезоната. – Мојата иднина? Не знам, очигледно. Сè уште нè боли тој пораз. Вечерва, не знам што носи иднината. Немам што да докажам во оваа лига… Сè сум направил, сè сум видел. Само ...
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги повика младите центарци да се пријават за субвенции за обука и полагање за возачка дозвола Б-категорија. Тој посочи дека интересот за оваа мерка е зголемен и дека субвенциите претставуваат значајна поддршка за младите и нивните семејства. „Ме радува што годинава имаме зголемен интерес за оваа мерка. Субвенциите не се само олеснување за семејниот буџет, туку и вистински чекор кон ...
Учесник во реалното шоу „Сурвајвор“ – Грција сериозно е повреден во несреќа што се случила вон натпреварувачкиот дел додека натпреварувачот ловел риба во океанот во Доминиканската Република, каде што се снима шоуто, по што грчката телевизија „Скај“ соопшти дека го прекинува емитувањето, јави дописничката на МИА од Атина. Реалното шоу е во продукција на турската „Аџун Медија“ од каде што информираа дека во текот на вчерашниот ден се случила ...
Професионален тренер на кучиња,Гарет Винг, кој е и основач на компанијата „Американ стандард дог трејнинг („American Standard Dog Training“), една од најпознатите школи за обука на кучиња во САД, откри кои три раси никако не би им ги препорачал на просечните сопственици на кучиња. „Винг, кој има повеќе од 20-годишно искуство во обуката на полициски кучиња за службени задачи и натпревари, објасни дека одредени раси се целосно несоодветни за ...
Италијанскиот фудбалски стручњак Клаудио Раниери ја објави својата подготвеност да ја води репрезентацијата. – Порано реков „не“ на италијанската репрезентација бидејќи веќе ја имав работата во Рома и не можев да ги држам двете позиции истовремено. Сега сум достапен, па ако некој се јави, зошто да не? Никогаш не вели никогаш. Дали би се согласил да бидам главен тренер или само менаџер? Не знам. Кога вашата земја ќе ве повика, вие велите да – ...
Фудбалерот на ПСЖ, Усман Дембеле, е прогласен за играч на годината во Франција за сезоната 2025/26 од страна на Националната унија на професионални фудбалери (UNFP). Церемонијата на доделување награди се одржа во Париз. Дваесет и осумгодишниот Французин ја освои наградата втора година по ред. Меѓу номинираните беа и клупските соиграчи на Дембеле, Нуно Мендеш и Витор Фереира Витиња, Мејсон Гринвуд (Марсеј) и Флоријан Товен (Ленс). Во сезоната ...
Најтопло изутринава било измерено во Скопје, Охрид, Претор, Куманово, Кавадарци и Гевгелија со 12 степени, додека најниска температура од 6 степени е регистрирана во Берово, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Времето денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Според прогнозата ќе дува силен ветер од ...
„Матица македонска“ ја објави книгата „Без повод за поводи“ од Иван Антоновски, ново научно и книжевно-критичко дело посветено на современата македонска книжевност, нејзините развојни процеси, канонските автори, недоволно истражените дела, новите поетики и книжевните предизвици. Книгата е дел од јубилејната издавачка продукција со која „Матица македонска“ одбележува 35 години постоење, потврдувајќи ја својата мисија да објавува дела што не се ...
Љубителите на класичната музика на 13 мај ќе имаат можност да уживаат во несекојдневен музички настан во Камерната сала на Македонска филхармонија. Со почеток од 20 часот ќе се одржи концертот „Рапсодија“, посветен на магијата на четирирачното пијано. Пред публиката ќе настапат пијанистките Марија Ѓошевска и Славица Мицовска-Смилевска, кои преку внимателно избрана програма ќе понудат вечер исполнета со емоции, виртуозност и музичка ...
Во период кога земјоделството сè повеќе се поврзува со технологијата, податоците и иновациите, Факултетот за земјоделски науки и храна – Скопје продолжува да се позиционира како едно од клучните места каде македонското земјоделство ја гради својата дигитална иднина. Токму во таква атмосфера на современи пристапи, практично знаење и визија за развој на секторот, Факултетот беше домаќин на значајна работна посета на претставници од Агенцијата ...
Оклахома Сити ги победи Лос Анџелес лејкерс ноќеска на гостински терен во четвртиот натпревар од четвртфиналето на НБА плејофот со 115:110. Најдобар стрелец на натпреварот беше гостинскиот плејмејкер Шеј Гилџус-Александар, кој постигна 35 поени и осум асистенции. Бекот на Лејкерси, Остин Ривс, постигна 27 поени, а Леброн Џејмс имаше дабл-дабл со 24 поени и 12 скока. Оклахома Сити ги доби сите четири натпревари од серијата (4-0) и се пласираше ...
Претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, додека во попладневните часови се очекува локална појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер од западен правец, кој на моменти ќе достигнува брзина и над 80 километри на час, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 13, а максималната ќе достигне од 18 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со ...
„Како вода за чоколада…“ е насловена самостојната изложба на Валентина Поцеска, која вечер од 20 часот ќе биде отворена во галеријата Чифте амам. Ќе бидат претставени 60-ина дела, кои авторката ги изработила од 2020 до 2026 година. -Во основата на постапката на сликање е комбинираната техника или постапка на градење на слоевитоста на секое дело, која започнува со колажот, кој е комбиниран и „зачинет“ со боја (масло и акрил), форми, линии, ...
Кошаркарот на Сан Антонио, Виктор Вембањама нема да добие дополнителна казна по исклучувањето на натпреварот број 4 од полуфиналето на Запад против Минесота. Французинот ќе биде на располагање на својата екипа за петтиот натпревар што ќе се игра во вторник на среда навечер, а домаќин е Сан Антонио. Инцидентот се случи за време на вториот период од натпреварот број 4 кога Вембањама во офанзивен скок со лакт го удри противничкиот играч Наз Рид ...
Дуелот на Вест Хем и Арсенал, кој заврши со победа на лидерот Арсенал со 1:0 и пред сè поништениот гол на Вест Хем во судиското надополнување на вториот дел привлекува сè уште внимание. Со свој коментар се јави и поранешниот голман Питер Шамјхел, кој е често и стручен коментатор за британските тв канали. – Не знам зошто е фаул, кога Арсенал тоа го прави во текот на целата сезона, беше првиот осврт на Шмајхел. Потоа дополнително анализира за ...
Аргентинскиот фудбалер од редовите на Рома, Пауло Дибала потврди дека неговиот сегашен клуб сè уште не го контактирал за продолжување на договорот. Тоа значи дека натпреварот против Лацио во следното коло можно е да биде и неговиот последен во дресот на Рома. На последниот дуел и победата на Рома од 3:2 над Парма, Дибала беше асистент на првиот гол за неговиот тим. Никој не ме контактирал, а договорот ми истекува за два натпревара и ...
Одбојкарките на Работнички се нови шампиони откако во мајсторката од плеј офот во Струмица со 3:1 во сетови (16:25; 25:20; 27:25 и 25:23) го совладаа тимот на Наковски волеј со 3-2 во победи. Ова беше прв триумф на Работнички сезонава на теренот на противникот. Натпреварот почна во знак на домашната екипа, која го доби првиот сет и поведе со 1:0, но во вториот гостинскиот тим беше поуспешен и изедначи на 1:1. Решавачки беше третиот сет во кој ...
Министерството за дигитална трансформација информира дека анимираниот цртан филм „Кликни безбедно“, изработен во рамки на проектот МКСафеНет – Центар за побезбеден интернет, е достапен на Јутјуб (YouTube). Цртаниот филм, како што велат од Министерството, има за цел да ја подигне свеста кај децата, младите и родителите за безбедно користење на интернетот, препознавање на онлајн ризици и одговорно дигитално однесување. Видеото е достапно на ...
Предмети што ѝ припаѓале на покојната филмска ѕвезда Мерилин Монро наскоро ќе бидат понудени на аукција. Станува збор за облека од гардероберот на актерката, накит, лични писма, рачно напишани белешки, слики и поезија, кои за првпат ќе ѝ бидат достапни на јавноста на големата аукциска продажба. – Мерилин едноставно е икона. Луѓето и денес ја сакаат и ја обожаваат, изјави Брајан Чејнс, виш директор на Холивуд и забава во „Херитиџ аукшнс“ ...
Деменцијата погодува милиони луѓе ширум светот и претставува огромен предизвик за поединци, нивните семејства и здравството. Иако когнитивниот пад обично се поврзува со староста, првите симптоми се појавуваат уште во средните години. Доколку таквите симптоми бидат детектирани на време, може да се избегнат проблеми со паметењето.Но, покрај сериозноста на болеста, постојат начини со кои може да се заштити мозокот. Новата студија објавена во ...
Прашањето кој подобро поднесува болка, а кој болест на прв поглед изгледа како едноставно прашање, но научните истражувања покажуваат дека одговорот зависи од тоа за што точно станува збор. „Кога се работи за чувството на болка, бројни истражувања потврдуваат дека жените во просек имаат поголема чувствителност. Студијата објавена на „Пабмед“ (PubMed) покажува дека жените почесто имаат пониско ниво на толеранција на болка и поголема ...
„Универзитетот во Токио отвори лабораторија во која роботи спроведуваат медицински експерименти кои претходно ги изведувале луѓе, а целта е постепено да се автоматизира речиси целиот процес на научното истражување. Во Центарот за иновации по роботиката се сместени 10 роботи, меѓу кои и хуманоидниот модел наречен Махоло Лабдроид (Maholo LabDroid), без човечко присуство“, пренесоа јапонските медиуми. Универзитетот има намера долготрајно да го ...
Полицијата во Мајами ја тужи продуцентската куќа на американските глумци Мет Дејмон и Бен Афлек поради филмот „Кражба (The Rip)“. Тие тврдат дека трилерот на „Нетфликс“, инспириран од вистински настани, лажно ги прикажал редарите во градот како корумпирани криминалци. Филмот, достапен на стрим-платформата од јануари, почнува со забелешка дека се заснова на вистински настани. Заплетот е инспириран од рацијата во Мајами Лејкс во 2016 година, ...
Српскиот репрезентативец Никола Зечевиќ потпиша со ГРК Охрид миниум до 2028. Игра на позицијата лев бек, има 24 години (200 cm) и ќе го носи дресот со бр.31 од следната сезона. – Многу сум среќен и со нетрпение го очекувам мојот прв настап во дресот на Охрид. Не ми беше тешко да ја донесам оваа одлука и да ставам потпис со клубот, со оглед на големите амбиции на клубот кој расте од ден на ден на чело со тренерот Ројевиќ, кого го познавам ...