Научниците од Сибирскиот универзитет за инженерство и биотехнологија развија и патентираа материјал за градежништво и дизајн што ветува. Се работи за тнр. „проѕирно дрво“, објави руското Министерство за образование и наука. „Научниците развија и патентираа нов метод за производство на проѕирно дрво, материјал којшто ја комбинира природната естетика на дрвото, неговата цврстина и способност за пренесување на светлина. Овој развој е поврзан со ...

Капитенот на Вардар, Гоце Георгиевски потпиша нов договор за наредната сезона и својата богата кариера ќе ја заврши во „црвено-црниот“ дрес. – РК Вардар е неизмено горд што нашиот капитен го продолжи договорот за уште една сезона и својата кариера ќе ја заврши во нашиот клуб. Се надеваме со уште поуспешна сезона од актуелната-стои во објавата на Вардар. Георгиевски потекнува од школата на Металург, а во својата богата кариера бележеше одлични ...

Фудбалерот на Јувентус, Душан Влаховиќ, може да ја продолжи својата кариера во Милан. Според „Кориере дело Спорт“, Милан може да му даде понуда на 26-годишниот Србин ако Масимилијано Алегри остане главен тренер на тимот. Влаховиќ ќе стане слободен агент на крајот на јуни откако ќе му истече договорот со клубот од Торино. Напаѓачот е во Јувентус од 2022 година. Оваа сезона, тој настапи на 21 натпревар во сите натпреварувања, постигнувајќи осум ...

Фудбалерот на Интер Мајами, Лионел Меси, ќе добива 25 милиони долари основна плата според неговиот нов договор во 2026 година, објави „АП“ повикувајќи се на податоци од Здружението на играчи на главната лига. Вкупната плата на 38-годишниот Аргентинец оваа година може да достигне 28,3 милиони долари. Платите на Интер Мајами се 54,6 милиони долари, што е за 20 милиони долари повеќе од 32,7 милиони долари на второпласираниот Лос Анџелес ФК и ...

Тренерот на Реал Мадрид, Алваро Арбелоа, одговори на прашање за состојбата на клубот. На 10 мај, Реал Мадрид загуби со 2:0 од Барселона во 35. коло од Ла Лига и остана и без теоретски шанси за барем еден трофе сезонава. – Дали сме го допреле дното? Изненаден сум од ова прашање. Што да кажат тогаш другите клубови? Па ние не сме 50 години без да освоиме ништо. Јасно е дека Реал Мадрид е таму каде што е денес благодарение на своите високи ...

На пет ирачки репрезентативци им се одбиени визи за САД за учество на Светското првенство во 2026 година, објави Галеб ал-Замели, претставник на Ирачката фудбалска федерација. Во интервју за „Шафак њуз“, Ал-Замели изјави дека на Ибрахим Бајеш, Моханад Али, Зеид Тахсин, Хајдар Абдул-Карим и Али Ал-Хамади им е одбиен влез во САД од непознати причини. Членот на федерацијата истакна дека организацијата има намера да апелира до Светската фудбалска ...

Изложба на накит е отворена во Куќа на мирис и вкус при Музеј галеријата во Кавадарци. Се работи за накит од Штип и Штипско. Автор на изложбата е виш кустос Бети Иванова од националната установа Завод и музеј Штип, а куратори се виш кустос Томе Крстевски и кустос Ангела Симонова, двајцата од кавадаречкиот музеј. – Изложени се 33 експонати од накит и 13 паноа со фотографии и текст, што го појаснуваат накитот што е дел од етнолошката збирка на ...

Во прилепскиот народен театар „Војдан Чернодрински“ во тек се подготовките за новата претстава „Девојките на Марко“ според Боинг Боинг од Марк Камолети во режија на Синиша Ефтимов. Во претставата е ангажиран поголемиот дел од ансамблот на Театарот. „Девојките на Марко“ е текст напишан пред 60 години и до ден-денес успешно „живее“ на сцените низ светот. Овој текст влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмногу поставуван француски текст ...

Почна реконструкција на вториот крак од улицата „Боро Менков“ во Скопје Север, соопшти денеска на својот фејсбук профил градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски. Реконструкцијата, додава, ќе ги опфати и тротоарите, пешачките патеки, како и паралелните паркинзи. – Ова е една од најголемите и најзначајните улици во Скопје Север. Реконструкција на сите пристапни патеки до зградите во должина од над 2.000 метри е во тек и се работи. Со ...

Со голема загриженост и со надеж за ваша медиумска поддршка, ви се обраќаме во врска со сериозниот и долгогодишен проблем со доцнењето на исплатите за придонеси за самостојните уметници во Македонија, се вели во соопштението од Самостојни уметници на Македонија што МИА го пренесува интегрално. Во прилог ви го испраќаме нашето отворено писмо упатено до Министерството за култура и туризам и министерот Зоран Љутков, а поврзано со повеќемесечното ...

Министерството за култура и туризам информира дека се исплатени средствата наменети за самостојните уметници за 2026 година и дека во текот на утрешниот ден ќе бидат достапни на нивните сметки. Доцнењето, како што наведува, настанало поради дополнителни усогласувања и проверки во постапката на пресметка и координација со надлежните институции, со цел исплатата да биде реализирана во согласнот со важечките законски и финансиски прописи. ...

В недела во Скопје ќе се одржи 11. издание на глобалниот хуманитарен мотоциклистички настан „The Distinguished Gentleman’s Ride“, кој ги обединува љубителите на класични мотоцикли и модата со цел собирање средства и подигнување на свеста за машките болести. Како што информираат организаторите, на улиците во главниот град се очекува да излезат повеќе од 220 мотоциклисти со своите класични мотоцикли. Основната цел на манифестацијата е ширење на ...

Македонската машка ракометна репрезентација попладнево со чартер лет отпатува за Прешов каде утревечер против домаќинот Словачка ќе го одигра првиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство 2027. Првиот натпревар на гостински терен избраниците на селекторот Кирил Лазаров ќе го одиграат во „Татран Арена“ со почеток во 19 часот. Реваншот по кој ќе биде познат патникот на Мундијалот во Германија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ ...

За да им се олесни изборот на деветтоодделенците при уписите во средно образование, Министерството за образование и наука и Центарот за развој на стручното образование со поддршка од швајцарската амбасада подготвија онлајн-водич за квалификации – kvalifikacii.crso.gov.mk, кој ќе им овозможи да донесат правилна одлука за струката во која ќе продолжат да се едуцираат. Со овој водич првпат сите информации за стручното образование се ...

Завршена е изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново, со што се решава едно од клучните комунални прашања за жителите и се подобрува инфраструктурата вo општината – информира Владата. – Со реализацијата на проектот се обезбедува правилно и ефикасно одведување на отпадните води, што директно придонесува за подобрување на хигиенско-санитарните услови, заштита на животната средина и поквалитетен живот за ...

Потпретседателот на Владата на Македонија и министер за односи меѓу заедниците, г. Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на организации и медиуми од Република Турција, меѓу кои Филиз Шахин, претседателка на здружението Светски бизнис-жени за едукација, култура, уметност, историја, здравје и солидарност, Серпил Екинџи, Накшије Илмек и Адил Кочалан, претседател на Здружението на медиумите. На средбата беа разменети ...

Општина Ѓорче Петров продолжува со силна градежна офанзива и реализација на капитални инфраструктурни проекти насочени кон подобрување на условите за живот на граѓаните. Во моментов, како што велат од локалната самоуправа, активно се работи на изградба на седум приклучни улици, со вкупна должина од 1.700 метри, со што значително се подобрува локалната патна мрежа, безбедноста и пристапноста во повеќе населени места на територијата на ...

Во знак на оддавање почит кон пчеларите и на сите кои во било кој сегмент се вклучени во одгледувањето и напредокот на пчелите, како незаменлив дел од опстанокот на живиот свет на земјата, денеска во Гевгелија се одбележа Светскиот ден на пчелата. Настанот го организираа АДРА – Македонија, амбасадата на Република Словенија, Пчеларската федерација на Македонија, а домаќин е Општина Гевгелија. На Манифестацијата која се одржа на градскиот ...

Во нашата историја и идентитет не постојат мали цели. Затоа мора секогаш да бидеме на висината на предизвикот, да го следиме трендот и да го надградуваме проектот. Нашата нова приказна за сезоната 2025/26 почнува со назначувањето на новиот тренер. Нашиот избор падна на олимписки и светски првак, човек кој е синоним за ракометот на овие простори — Лино Червар, објави претпладнево Еурофарм Пелистер. Хрватскиот тренер се обрвза на двегодишен ...

Траумата денес се смета за водечки концепт и фундаментална карактеристика на културата во целина. Како комплексен психолошки феномен што се проучува преку разни научни дисциплини, траумата сè повеќе добива истражувачки интерес и во полето на книжевните и културолошките студии, беше истакнато на Меѓународната конференција „Траумата во литературата“, што е дел од научноистражувачки проект на Институтот за македонска литература при Универзитетот ...

Деновите на Благоја Корубин се најстарата и најдолговечна научна манифестација во независна Македонија, тие се се дел од историјата, сегашноста и иднината на Институтот за македонски јазик – порача денеска директорката на Институтот, Елена Јованова-Грујовска, на отворањето на трибината со наслов „Македонскиот јазик и Благоја Корубин – 30 години меѓу нас“, организирана по повод чествувањето на 30-годишниот јубилеј на научната манифестација ...

Новата сообраќајна студија за Општина Битола е во завршна фаза и е во рамки на Генералниот урбанистички план којшто го изработуваме од 2022 година, изјави градоначалникот Тони Коњановски на средба со битолските новинари. Според градоначалникот Коњановски, со новата сообраќајна студија ќе се решат повеќе актуелни сообраќајни проблеми на подрачјето на Општина Битола. -Очекуваме новата сообраќајна студија да реши или да ни даде одговори за ...

Повеќе од 3.000 нови садници беа засадени во опожареното подрачје кај езерото „Младост“ во Велес, како силна порака дека Денот на Европа се одбележува и преку конкретна грижа за природата, заедницата и иднината. Во заедничката акција „Наша Европа, растеме заедно“ учествуваа ученици, студенти и волонтери, заедно со дипломати од Европската Унија, Општина Велес, невладини организации, партнери и членови на локалната заедница. Акцијата се одржа ...

Во Општина Аеродром деновиве се спроведува редовна пролетна дератизација на ниво на целата територија на општината, со цел заштита на јавното здравје и превенција од појава и ширење болести што ги пренесуваат глодачите. Во рамките на акцијата, како што соопштија од општинската прес-служба, се опфатени околу 3.000 шахти, во кои се поставуваат вкупно 9.000 мамци, а активностите ги опфаќаат и сите основни училишта и детски градинки на територија ...

Градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска денеска изврши увид во градежните активности на улицата „Пушкинова“, каде што започна изградба на нов паркинг простор. Како што информираат од локалната самоуправа, на површина од 437 квадратни метри ќе се постави партерно уредување со павер елементи. Во склоп на градежните работи соодветно се решава и атмосферската канализација преку сливник кој ќе се приклучи кон постојната мрежа. Паркингот на ...

На музичкиот натпревар за песна на Евровизија, додека во напнатите полуфиналиња, повеќето земји мора да се борат за своето место во финалето, на пет земји им е загарантиран директен влез. Тоа е таканаречената „Голема петорка“ држави коишто не се натпреваруваат во полуфиналињата и секогаш одат во финалето поради нивниот поголем финансиски придонес кон организаторите на натпреварувањето. „Голема петорка“ ја сочинуваат Франција, Германија, ...

Патувањето со домашно милениче е сè почесто, без разлика дали станува збор за одмор, преселба или кратко патување. Но, од неодамна тоа бара и дополнителна подготовка. Имено, од 22 април 2026 година Европската Унија воведе нови, подобри правила за патување со вашиот миленик. Овие промени се спроведени со цел да се зголемат здравствените контроли, со што ќе се спречи ширењето болести, пренесе „Дона модерна“ („Donna Moderna“). Новите одредби се ...

Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во малопродажбата истовремено ...

Поранешниот НБА-шампион, Голден Стејт објави двегодишно продолжување на договорот со главниот тренер Стив Кер. Клубот од Сан Франциско објави дека со 60-годишниот Американец минатиот викенд постигнат е договор за понатамошна соработка. -Благодарен сум за можноста да продолжам да го тренирам овој тим. Оваа организација ми значеше толку многу во текот на изминатите 12 години – од сопствениците до нашите играчи, тренерскиот персонал и ...

Кумановци вечерва ќе имаат можност ја ја проследат премиерата „Чичко Кумплунг“ од Сашко Насев, во режија на Јани Бојаџи, со почеток во 20 часот во НУЦК „Трајко Прокопиев“. Во претставата играат Мирослав Петковиќ, Кети Дончевска Илиќ, Давид Илиќ, Александра Михајловска Величковски, Владанка Крстевски, Владо Дојчиновски, Дубравка Киселички, Жарко Јовановиќ. Директорката на установата, Јоана Сарафимовска, на прес конференцијата информираше дека ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Алуминиум

3.54

Калај

53.60

Родиум

257205.97

Рутениум

48965.59

Паладиум

40767.15

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Бакар

13.01

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Платина

55170.68

Злато

135639.33