Словенечкиот репрезентативец Лука Дончиќ е во центарот на вниманието поради повредите, а поранешниот НБА шампион и аналитичар на телевизијата ЕСПН Кендрик Перкинс повлече паралела меѓу Дончиќ и Џоел Ембид. Словенецот не одигра ниту еден натпревар во плеј офот, а тимот беше елиминиран со 4:0 од Оклахома Сити. – Лука „влегува“ во територијата на Ембид. Кога е најпотребен на неговиот тим во плеј офот, него го нема на терен, изјави Перкинс. ...

Екипата на Реал Мадрид синоќа постигна победа од 2:0 во дуелот од 36.коло на домашен терен против последниот Овиедо. Победата немаше големо значење бидејќи „кралскиот клуб“ сигурно ќе заврши како втор зад Барселона. Головите за Реал Мадрид ги постигнаа Гонзало Гарсија во 44.минута и Џуд Белингем на асистенција на Килијан Мбапе во 80.минута. Многу повеќе внимание привлекуваа моментите на трибините кога претседателот на клубот Флорентино Перез ...

Споменикот на слободата во Кочани од денеска до 17 мај ќе се претвори во уникатно кино под отворено небо, каде што публиката ќе има можност бесплатно да проследи пет македонски филма во рамките на настанот „Филм под отворено небо“. Станува збор за тридневен филмски настан организиран од Локалниот младински совет при Општина Кочани, со поддршка од Европската Унија, чија цел е збогатување на културниот живот во градот и создавање простор за ...

Во галерискиот простор на Македонскиот КИЦ во Софија отворена беше самостојната изложба „Дамки“ на македонскиот уметник Перо Кованцалиев, автор кој преку својот препознатлив визуелен јазик и експериментален пристап создава дела со длабока филозофска, општествена и еколошка димензија, што остава силен впечаток со својата концептуална зрелост и автентична визуелна енергија. На отворањето на изложбата се обрати директорот на Македонскиот ...

Мозаиците во Хераклеја повторно се достапни за јавноста, а првите годинешни туристи се од Шпанија, Франција, Германија и Белгија – потврдија за МИА од НУ Завод и Музеј – Битола. Според утврдената пракса, мозаиците во античкиот локалитет Хераклеја Линкестис, ремек-дела на ранохристијанската уметност, во периодот октомври – април се заштитуваат со заштитен слој од речен песок, деновиве песокот беше отстранет, а мозаиците откриени и достапни за ...

Следува период на променливо облачно време со сончеви периоди во текот на денот. Локално ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР. Во сабота ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 20 l/m2), грмежи, засилен до силен ветер (над 70 кm/h) и услови за појава на град. Во недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Во Скопје, и во следните денови ...

Утревечер со почеток во 20 часот ќе биде отворено 63. издание на Драмскиот аматерски фестифал (ДАФ), во Центарот за култура „Бели мугри“. На петдневниот настан ќе учествуваат театри од Македонија, Србија и Црна Гора. Затворањето на ДАФ и доделувањето на наградите е закажано за в среда, 20 мај. Post Views: 2 мај 15, 2026 Утревечер со почеток во 20 часот ќе биде отворено 63. издание на Драмскиот аматерски фестифал (ДАФ), во Центарот за ...

Градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов денеска ги прими во посета амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер и претседателката на Здружението „Дијалог“, Јасмина Бошевска, со кои разговараше за текот на реализацијата на проектот „Вештини – клучот на зелената економија“ што се реализира во Кочани со поддршка на Амбасадата на Словенија и словенечкото Министерство за надворешни и европски работи. Проектот, преку собирање билки ...

Крушево преку проекти има одлична соработка со делегацијата на Европската Унија. И при досегашните проекти кои ги финансира Унијата и при идните, рече Михаил Рокас, амбасадорот на Европската Унија во Македонија при денешната посета на историско и туристичко Крушево. -Не постои никаков сомнеж дека Крушево е прекрасно историско место. Неколку проекти се тековни кои се реализираат со финансиска поддршка на Европската Унија, но има и идни проекти ...

Заменик министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес оствари работна посета на Центарот за социјална работа во Велес, со цел на лице место да изврши увид во спроведувањето на задолженијата поврзани со постапките за остварување и користење на правото на гарантирана минимална помош и правото на социјална сигурност за старите лица, соопшти Министерството. -Во рамки на активностите, центрите за социјална работа ...

Во организација на Општина Крива Паланка и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“, со свечено дефиле на матурантите од генерацијата 2022/2026 беше одбележано завршното поглавје од средното образование на младите средношколци од општината. Со многу насмевки, емоции и младешка енергија, матурантите достоинствено дефилираа низ градскита улица, испраќајќи едно незаборавно средношколско поглавје и чекорејќи кон нови животни предизвици и ...

Советот на општина Штип денеска ја почна постапката за продажба на мнозинскиот дел од акции на Фудбалскиот клуб „Брегалница“-Штип, кои во моментов се во сопственост на Општината. На денешната седница на Советот советниците од коалициите на ВМРО ДПМНЕ и СДСМ дадоа зелено светло, односно прифатија да почне постапката за продажба на акциите на ФК „Брегалница“. Советниците од СДСМ денеска на прес-конференција порачаа дека одлуката ја поддржуваат, ...

Денот на Европа, вечерва во Битола беше одбележан со концерт на музичката група Фанк Шуи, културен настан кој заедно со младите од овој град го следеа амбасадорот на ЕУ во земјава Михаил Рокас и градоначалникот Тони Коњановски. Посакувајќи пријатна забава, амбасадорот Рокас им порача на младите да уживаат во музиката на популарната група и да ја посетуваат канцеларијата на Europe House во битолскиот Офицерски дом. За време на вечерашното ...

Вечерва ги посетив Јосифово и Балинци во општина Валандово, во рамките на кампањата „Гласот што го слушаме – македонско најдобро“. Разговаравме за актуелните состојби во земјоделството, откупот, наводнувањето и мерките што ги преземаме за поддршка на домашното производство. Продолжуваме да работиме во интерес на земјоделците, развиено земјоделство значи сигурна иднина за државата. Post Views: 0 мај 15, 2026 Вечерва ги посетив Јосифово и ...

Министерот за локална самоуправа Златко Перински вечерва во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21 изјави дека до Министерството нема доставено никакво официјално известување за евентуална оставка од градоначалникот на Општина Карпош и оцени дека јавноста во изминатите денови била изложена на шпекулации. Точно е дека си изначитавме сè и сешто во изминатите денови, но сето тоа е базирано на шпекулации. До овој момент, јас одговорно тврдам дека во ...

Македонската ракометна репрезентација направи голем исчекор кон обезбедување учество на Светското првенство 2027 година. Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вечерва во Прешов ја победија Словачка со убедливи 31:24. Победникот се наѕираше уште по првите 30 минути кои нашите ракометари ги завршија со пет голови предност (18:13). Најефикасни во победничкиот состав беа Филип Кузмановски со десет и Милан Лазаревски со седум голови. Вториот ...

Германскиот судија Даниел Зиберт е назначен за финалето на Лигата на шампионите помеѓу ПСЖ и Арсенал на 30 мај во Будимпешта. Германецот не е вклучен во широкиот список на судии одобрени да судат на овогодинешното Светско првенство во Америка. Германската фудбалска асоцијација е претставена само од еден судија, Феликс Цвајер. Покрај тоа, поканет е и германскиот видео-асистент судија Бастијан Данкерт. Од некоја причина, Зиберт не беше сметан ...

Карло Анчелоти го продолжи договорот со Бразилската фудбалска конфедерација (CBF) Новиот договор на 66-годишниот Италијанец е до 2030 година. „ESPN Brazil“ претходно објави дека платата на Анчелоти ќе биде 10 милиони евра годишно, што го прави најплатен тренер на репрезентацијата. Анчелоти ја презеде функцијата селектор на бразилската репрезентација на 26 мај 2025 година. Под негово водство, тимот одигра 10 натпревари – пет победи, два ...

Аргентинецот Фаустино Оро, честопати нарекуван „шаховскиот Меси“ стана вториот најмлад велемајстор во историјата на шахот на возраст од 12 години шест месеци и 26 денови. Оро на вечната листа најмлади велемајстори го потисна од второто место Сергеј Карјакин (12 години и седум месеци), додека светскиот рекорд на Американецот Абхимању Мишра (12 години, четири месеци и 25 денови) остана за малку недостижен. Успехот на Оро добива уште поголема ...

Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети го откажа настапот на вториот сезонски грен слем турнир Ролан Гарос, поради повреда на бутот. Минатогодишниот полуфиналист на Ролан Гарос и светски број 10 на АТП ранкингот, имаше проблеми во поразот во осминафиналето од Норвежанецот Каспер Руд на Отвореното првенство на Италија во Рим во вторникот. „По натпреварот, бев на лекарски прегледи кои дијагностицираа повреда на ректусот феморис, што бара неколку ...

Светскиот рекет број 1, Јаник Синер, постави рекорд за најмногу последователни победи на Мастерс турнири. Денешната победа на Италијанецот со 6:2 и 6:4 над Русинот Андреј Рубљов во четвртфиналето на турнирот во Рим ја одбележа неговата 32-ра последователна победа, надминувајќи го Србинот Новак Ѓоковиќ кој забележа 31. победа во низа. Во полуфиналето на турнирот во италијанската престолнина, 24-годишниот Синер ќе се соочи со победникот од ...

Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике, оцени дека титулата која неговите фудбалери ја одбранија во француското првенство била најтешката која ја освоил со клубот од Париз откако седна на клупата во 2023 година. „Ова е најслатката и најтешката освоена титула, најтешката во последните три години, без сомнение. За прв пат во моите три сезони тука има вистински ривал“, изјави Енрике, откако ПСЖ синоќа го совлада директниот конкурент Ленс со 2-0 на ...

Манчестер Јунајтед ќе започне преговори со тренерот Мајкл Карик пред крајот на сезоната, јави „Скај Спортс“. Разговорите со Карик околу евентуално продолжување на неговиот договор ќе стартуваат пред завршниот натпревар на Јунајтед оваа сезона во Премиер лигата, против Брајтон на 24 мај. Карик седна на клупата на Јунјатед како привремено решение во јануари оваа година, на местото на Португалецот Рубен Аморим. Јунајтед под водство на Карик ...

Тренерот на Ливерпул, Арне Слот, е уверен во својата иднина со тимот во сезоната 2026/27. – Не мислам дека ја носам оваа одлука сам, но имам секаква причина да верувам дека ќе бидам менаџер на Ливерпул следната сезона. Прво, имам договор со овој клуб, а второ, тоа може да се процени според сите преговори што ги имавме. Тоа е мојот став. Ако немате одлична сезона, особено во споредба со минатата … Во споредба со другите сезони, дискусијата ...

Премиер лигата ги објави номинираните за наградата за играч на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26. Осум играчи се најдоа во потесниот список. Меѓу номинираните се 31-годишниот португалски играч од средниот ред на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, 28-годишниот бразилски дефанзивец на Арсенал, Габриел Магаљаес, 26-годишниот англиски играч од средниот ред на Нотингем Форест, Морган Гибс-Вајт, и 25-годишниот норвешки напаѓач на ...

Нотингем Форест отвори преговори за продолжување на договорот со дефанзивецот Неко Вилијамс поради зголемениот интерес од други клубови од Премиер лигата. Според „Би-би-си“, Њукасл, Астон вила, Манчестер јунајтед и Евертон се заинтересирани за 25-годишниот Велшанец. Тие веќе направиле прелиминарни распрашувања. Нотингем Форест е решен да го задржи играчот. Вилијамс е во Форест од јули 2022 година. Неговиот договор важи до 30 јуни 2029 година. ...

Во рамки на 54. фестивал „Мајски оперски вечери“, в сабота во Националната опера и балет ќе биде изведена оперската претстава „Тоска“ од Џакомо Пучини. Како што информира НОБ, таа е една од најмоќните и најемотивни опери на Пучини, приказна исполнета со љубов, страст, љубомора и опасност, каде секој момент носи нова неизвесност. -Музиката на Пучини ја води драмата со неверојатна енергија, создавајќи атмосфера што ја освојува публиката уште од ...

Општина Илинден со свеченост во Домот на култура „Илинден“ го затвори тридневното културно случување „Денови на културата 2026“, на кое беа реализирани повеќе литературни и уметнички настани со учество на бројни автори и уметници. -На завршната вечер се обрати покровителот на манифестацијата, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека локалната самоуправа останува посветена на негувањето на македонската ...

Легендарната поп пејачка Мадона, колумбиската музичка ѕвезда Шакира и јужнокорејската К-поп група БТС ќе бидат главни ѕвезди на полувремето од финалето на Светското фудбалско првенство, објавија синоќа организаторите. Финалето ќе се игра на 19 јули на „Метлајф“ стадионот во Њујорк и прв пат во 96-годишната мундијалска историја ќе биде збогатено со музички настап. Продуцент на музичката програма е Крис Мартин од „Колдплеј“, чие искуство од ...

Директорот на Македонски културно-информативен центар во Софија, Зоран Пејковски, оствари работна средба со истакнатиот македонски тенор Мирослав Антовски од Македонска опера и младиот оперски уметник Марио Немет. Средбата, која се одржа во просториите на Македонскиот КИЦ во Софија, помина во духот на искрен дијалог, меѓусебна почит и заедничка заложба за афирмација на македонската култура и уметност надвор од државните граници. -Во текот на ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
2.06
33%
1014
weather icon

Белград

30ᴼ / 29ᴼ
0.89
46%
1012
weather icon

Загреб

29ᴼ / 29ᴼ
1.78
46%
1011
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
2.52
40%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
3.21
35%
1013
weather icon

Љубљана

29ᴼ / 27ᴼ
0.45
49%
1011
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
1.79
44%
1015
weather icon

Тирана

28ᴼ / 28ᴼ
3.54
40%
1016
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.4
38%
1016
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
44%
1012
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.02
48%
1011
weather icon

Истанбул

22ᴼ / 22ᴼ
1.17
65%
1015
Currency

61.6417

Currency

53.2519

Currency

71.4228

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Алуминиум

3.54

Рутениум

48965.59

Сребро

2186.28

Иридиум

253540.09

Кобалт

45.39

Платина

55170.68

Родиум

257205.97

Бакар

13.01

Злато

135639.33

Калај

53.60