Знам, мора да е така: никогаш не сме се сретнале ние двајца, иако се бараме еднакво поради среќата нејзина и среќата моја. Пијан дожд шиба и удира, на врбите ветрот им ја кубе косата. Каде ќе одам јас? Во кој град да навратам? Денот е исипан по матните полиња. Скитам по светот со две празни очи зјапам во лицата на минувачите. Кого да прашам, гладен и мокар, зошто никогаш не се сретнавме? Или тоа веќе беше? Требаше чекор? Можеби сосема до мене ...

Ако ти јават: сум умрел, а сум ти бил драг, тогаш нешто во тебе наеднаш ќе посиви. На трепките магла. На усните пепелав траг. Дали воопште некогаш си мислел што значи да живееш? Ако ти јават: сум умрел еве што ќе биде. Илјада шарени риби ќе ми трепеткаат низ око. И земјата ќе ме сокрие И плевелот ќе ме сокрие А јас за тоа време ќе летам високо… Високо. Зар мислиш дека мојата рака, колено, или глава може да биде утре корен од бреза ил трева? ...

Трепери ѕвезда со сино око на небото високо, прскоти белото патче како патоказ, ете го Дедо Мраз. На шубарата снег има и сињак во своите коси, отворете ги ширум вратите, подароци тој ви носи. Мене кукла бела што може да спие. Мене една пушка – и лавот да се скрие. Мене гумена топка. Мене лак и стрела. Мене пушка. Мене топка. Мене кукла бела. На сите многу радости, игри и песни в глас, Среќна Нова година, и нам, и вам – и на сите нас! Препев: ...

Уште првиот пат фустанот кога си го соблече твојот поглед дигноглав ми беше смешен. Уште од првина љубовта ми всади бол неутешен. Уште од првина место да слушам взори како се растопуваш ко снегот, јас отрчав во шумите кај што водеше брегот, и гранките што липаа како мојата душа. Во нив ги криев образите свои што беа топли од градите твои. Понежни од твојата рака ладна по допир билките ги познав в миг. Пострасно отколку на твоите гради над нив ...

Не, не иди близу! Оддалеку нека со љубов ме грее твојот поглед драг. Среќата е среќа се дури се чека, дур од себе лачи само навев благ. Не, не иди близу! Посилно ме зема овој сладок трепет, чекање и страв. Поубаво сî е што уште го нема, и по копнеж само што го запознав. Не, не иди близу! А и зошто така? Оддалеку само свети ѕвезден зрак; оддалеку само занесно се сака. Не да ми се ближи твојот поглед драг! Вљубеник во книжевноста кој верува во ...

Поезијата е онаа која ја грее душата, па ако во случај денот испадне студен ви подготвивме десет цитати од десет извондредни поети. Се надеваме дека ќе уживате во читањето и можеби ќе бидете и инспирирани од него. 1. „Сите ние само се обидуваме да сме свети”. – Ричард Сикен 2. „Слушни, ќе ти ја откријам својата тајна: Не ме оставај никогаш сама кога некој свири“. – Десанка Максимовиќ 3. „Не можат да умрат Љубените, зошто љубовта е ...

Единствената разлика помеѓу Тебе и мене Освен тоа што си ти женско А јас Ти Освен тоа што си Ти во право А јас виновен Освен тоа Што ти мислиш Дека некаде одиш А јас знам дека Во место стојам Освен тоа што тебе Стравот те изеде А јас премногу стравови Бројам Единствената разлика помеѓу Тебе и мене Освен тоа што си ти Ладна (Јас горам) Освен тоа што си ти За празнина гладна А јас до крај ќе те Изморам Освен тоа што јас сум Мек како лепче А ти ...

Пријателе мој, тоа веќе не е за нас. Тоа сеќавање што до ивица нè сроза, Сега е веќе доволна и мала доза За пат во минатата пеколност. Онаа игра сурова, без милост, Крши со детали, како чекан, Една по една убави секвенци сече. Обично бира вечер Кога полесно те служи некој предмет, Песна, Самата помисла, Кога е многу полесно тага да допреш, Прегрнуваш бессмисла, Како што ја прегрнуваше онаа која веќе ја нема; Ново зошто секогаш нова стапица ...

Врамена слика стои на ѕидот валкан во собата каде одамна не влегол никој на сликата едно минато се прикажува прашината ѕирка, по споменот се тагува. Во другата соба стои маса расклатена од човечка рака одамна недопрена со пајажина и прав место чаршав распослана од четири столици останати се само две едната без една ногалка другата без потпирач бледи сенки на некогашно постоење. Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ...

Еднаш некому ќе бидам потребна, така лесно, едноставно како пердув, без ограничувања, пречки и стереотипи, еднаш некому ќе бидам потребна. Еднаш некому ќе бидам потребна, со сигурност, цврсто и непречливо, без отстапувања, предомислувања и сомнежи еднаш некому ќе бидам потребна. Еднаш некому ќе бидам потребна, како извор, како планина, како почва што се раѓа одново и одново, како вода, како роса, како рамо на кое ќе може секогаш да се потпре, ...

Пладне е, а сé е сосем мрачно и одвреме навреме наврапито црвено на аголот од улицата која не постои веќе смртта се војва како во своја куќа Не е важно, јас го чекам божилакот а божилакот е мојот љубовник Љубовта се крие каде и да било љубовта се наоѓа каде и да е зошто љубовта е помлада од смртта дури и да се родени во ист миг На аголот од улицата која не постои смртта си отиде пред малку дотерана и подмладена сета Не е важно, јас го чекам ...

Чедо Јакимовски е истакнат македонски поет роден во Кратово на 22 февруари 1940. Починал во Скопје на 12 јануари 1993 година. Во неговиот краток и боемски живот оставил малку по број дела, но со извонреден квалитет. Тој во светски рамки се смета за еден од творците на стихови блиски до совршенство. Секоја песна излезена од под неговото перо, минувала низ строга проверка на метроном. Член е на Друштвото на писателите на Македонија од 1966 ...

Објавена е нова стихозбирка „Откровение“, од поетот Блаже Петревски – Ендемион, во издание на „Академска Мисла“ – Скопје. Професорот и декан на Филолошкиот факултет, Владимир Мартиновски забележува дека поезијата на Блаже Петревски претставува нов силен поетски глас на македонската поетска сцена. Во поетските визии на Петревски светот како одново да се создава. Митската магма на оваа поезија ѝ дава посебна сила: сликајќи ги и доловувајќи ги ...

Станувам со празна чаша во грлото и си ги повторувам истите зборови дека времето ништо не ни подарува, сами си подаруваме спомени од љубов, од тага, од болка, од судбини непреболени. Станувам со синило во мојата коса и си ги налевам истите нежности цвеќиња растам во душава полеани со небесни мирни небрежности ги задржувам моите сеќавања таму врежани од моите болести љубовни прележани. Станувам со самотност како жар врела, самотник сум со ...

Ристо Ѓ. Јачев (15 мај 1942 – 27 февруари 2019, Долно Родиво, Воденско, Егејска Македонија) е македонски поет, романописец, театарски критичар, артист, новинар, уредник, критичар и преведувач. Ристо Ѓ. Јачев е роден во егејскиот дел на Македонија. Со илјадници македонски деца бегалци и прогонети од родните огништа проживува драматично детство и младост во емиграција. На Филолошкиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје ...

Салвадор Есприу ( 10 јули 1913 – 22 февруари 1985 година) е каталонски поет од Шпанија. Интелектуалец посветен на својата нација и јазик, бил еден од најголемите писатели на своето време. Oстави големо книжевно наследство, кое се карактеризира со неговите длабоки размислувања за смртта, болката и личниот идентитет. Неговите песни се засновани врз кабализмот и еврејските традиции, што е она што го прави неговото дело толку универзално и што ...

Дали си можеби будна Или ништо Спиј Сакав да ти кажам За тебе ноќва Во сликари прејдов Во цртачи Твојата глава И јас ја гледам И повлекувам линии Во гради и стомак И сè појако Чувствувам: не ни е лошо Во овој Духовен Брак Дали си можеби будна Или ништо Спиј Со каква мисла тонеш И каква мисла Те буди Би сакал да знаеш Дека некој те љуби И дека те почитуваат Многу други Дали си можеби будна Или веќе сонот те води А и не е важно Немам дарба за ...