Патувањето е интересно доживување со кое правиме спомени кои се помнат долго. Прочитајте ги во продолжение интересните факти и занимливости поврзани со него. 1. Патувањето може да ги подобри вештините за решавање проблеми и поттикнува креативност. Нови звуци, мириси, вкусови, јазици и видици создаваат нови синапси во мозокот и ја активираат невропластичноста. 2. Просечна индивидуа во Велика Британија има посетено 10 земји. Германците во ...

Верица Мукоска ја доби наградата „Бели мугри“ за книга од млад автор до 35-годишна возраст, која ѝ ја додели Домот на култура „Кочо Рацин“- Скопје. Стихозбирката „Ѕвонливи тишини“ ќе биде промовирана на 22 декември (петок) во 18:00 ч. во рамки на традиционалната манифестација „Денови“, која установата ја организира во чест на раѓањето на македонскиот поет и револуционер Кочо Рацин. Одлуката за избор ја донесе жири во состав на: Васил ...

Министерството за култура, во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распиша „Конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст“. Целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори. Право на учество на конкурсот имаат сите автори, државјани на Република Северна Македонија, кои може да конкурираат со најмногу ...

Денес, на неговиот роденден, читаме поезија од македонскиот поетски великан Гане Тодоровски (Скопје, 11 мај 1929 — Скопје, 22 мај 2010). Една од неговите најпознати песни во која толку добро го опишува нашето секојдневие. Нашинска Да ние е да сме доста колку да се разбистри небото над Бистрине, Корабине – Да ни е да сме доволно колку за да се довардиме покрај Вардарине и Струмине – Да ни е да сме мерата колку да се прелееме од колено во ...

На „Слушај поезија и други приказни“ најновото видео со прочитани стихови од Владимир Д. Јанковиќ е веќе објавено. Песната е насловена „Девојчето кое се појавува од никаде, и наеднаш сè, сè застанува“, препев од Татјана Маженковска од српски на македонски јазик. Владимир Д. Јанковиќ е српски поет, есеист, раскажувач и книжевен преведувач, роден на 16 октомври 1968 година во Белград. Автор е на над 800 песни, есеи и кратки раскази објавени во ...

Томас Харди (2 јуни 1840 – 11 јануари 1928), англиски писател. Поради специфичниот реализам и вонредно пластичниот опис на амбиентот во кој се случува дејството во неговите романи, него го сметале за најдобар англиски автор од тоа време – „последен викторијанец“. Неговите дела целосно го застапуваат трагично – фаталистичкиот поглед на светот. Се надеваме дека ќе уживате во неговите цитати кои ќе останат да бидат безвременски и ќе ве ...

На почетокот од своето творештво, Милан Кундера бил познат како поет при што објавил неколку збирки поезија, но подоцна изјавил дека „своите стихови ги сметам за младешки скитања“. Во 1960 година ја објавил студијата „Уметноста на романот“, посветена на чешкиот писател Владислав Ванчура за која подоцна напишал дека „не беше толку лоша книга, но навистина не знам зошто денес некој би ја читал“. Објавил и неколку драми, како: „Сопствениците на ...

Син на Менетиј, братучед на Ахил и нераздвоен пријател. Името на мајката на Патрокле не е споменато во постарата традиција; подоцна беше раскажано дека тој е роден од ќерката на Акаст, Стенела, ќерката на Ферет, Периопида или ќерката на Пеле, Полимела. Патрокле го помина своето рано детство во Опунт; во игра го убил својот пријател, синот на Амфидамант, Клејтон или Клисон, и затоа бил прогонет. Менетиј го однел својот син кај Фтија, кралот ...

Во старогрчката митологија, Хигија (грч. Ὑγεία) e ќерка на Асклепиј. Таа е божица на здравјето, чистотата и санитетот, а подоцна и на месечината. Таа игра важна улога и во култот на нејзиниот татко. За разлика од татко ѝ, кој е надлежен за исцелување, таа е надлежна за спречувањето на болести и одржувањето на добро здравје. Од нејзиното име потекнува поимот „хигиена“. Заштитинчка е на фармацевтите. Култ Во Атина, Хигија била култно почитувана ...

Што треба да ни се случи во животот за да се запрашаме кои сме всушност ние? Ако мене ме прашаат која сум, ќе им дадам податоци што попишувачите ги собираат во прашалникот за попис. Но која сум всушност јас? И колку мина од нас не го препознаваат одразот на ликот во огледалото што го гледаат? Во „Уништување”, авторот Божидар Божиновски, настапувајќи под псевдонимот Моџо Килингтон, се обидува да даде одговор на ова прашање. Вешто доловувајќи ...

Иако насловот го ставив во множина, во оваа колумна ќе зборувам во прво лице. Искажувајќи го својот став во надеж дека читателот ќе го прочита текстот до самиот крај. Го сакам пишувањето. Кога би пишувала за пишување би можела да се заборавам и истото да го правам подолго време без прекин. Зошто? Бидејќи го обожавам процесот на давање облик на сопствените мисли. Вљубена сум во пишувањето уште откако научив да пишувам. Уште од најрана возраст ...

Ни збор за глуждот што подмолно боли Сте минале, од љубов гладни, саме. И една смртта ве запозна голи, аскети преки – Гоце, Пере, Даме. Ни еднаш рака на вашето раме не се допре, што сакала да гушка, а само сенка бесплотна од знаме и само колан од студена пушка. И само на сон сте земале прочка – забрзани – до оној заден екот, до оној куршум, в срце, како точка. Не истина на сонот жедост врена, не сетивте да стане дребен векот – ни колку може ...

“И ако ги сакате оние, што вас ве љубат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците ги милуваат оние, што ги сакаат нив. И ако им правите добро на оние, што вам ви прават добро, каква ви е наградата? Оти и грешниците го прават тоа. И ако им давате заем на оние, од кои се надевате дека ќе ви го вратат, каква ви е наградата? Зашто и грешниците им даваат заем на грешници, за да им се врати истото. Туку вие љубете ги непријателите ваши и чинете ...

Краставиот Жабок тргна да го посети својот најдобар пријател, Жабокот. Кога стигна на вратата најде залепено писмо на кое пишуваше: „Драг Крастав Жабоку, Не сум дома. Сакам да бидам сам. -Жабок“ „Сам?“, рече Краставиот Жабок. „Жабокот ме има мене за пријател. Зошто сака да биде сам?“ Краставиот Жабок тогаш тргна накај езерцето за да си го пронајде пријателот. Кога го најде здогледа седнат на еден камен на сред езерцето, почна да вика: „Жабок! ...

Есен е, тмурна, дождлива, но уживам во неа. Уживам, можеби затоа што капките дожд се вклопуваат совршено со моите солзи или затоа што лисјата под нозете крцкаат како моето срце кое се бори за живот. Уживам во сите тие мириси на ајвар, на дожд, на почва. Дури и уживам додека гледам како некое црвче се бори да премине на другата страна, а да не биде прегазено. Е баш тоа сум јас, црвче, незабележително, само, на дожд. Се бори да преживее, додека ...

Односите помеѓу родителите и нивните возрасни деца може да бидат содржајни кога на нив вистински се работи. Меѓутоа, многу често, старите навики на зборување и комуникација застануваат на патот на создавање и одржување здрави и полни со разбирање односи. Следуваат пет совети како да ги подобрите. 1. Зборувајте како возрасни Со оглед на децениите поминати во меѓусебна комуникација, родителите и возрасните деца ризикуваат да бидат вовлечени во ...

Напомена: Не е докажано дека методот што е прикажан во приказната функционира при напад на мечка Двајца пријатели одеа заедно низ шумата, кога одеднаш, огромна Мечка искокна од грмушката близу нив. Еден од мажите, за да се спаси се качи на најблиското дрво, а оној што остана сам, се сети да легне и да се прави мртов, бидејќи беше чул дека Мечка не допира мртов човек. И сигурно беше вистина, затоа што Мечката застана му продушка околу главата ...

Кога со неправда ќе се соочиш, а не можеш да се бориш против неа, не сакам да знаеш како е. Да не можеш да го одбраниш она што не се одбранува, да не можеш да го поправиш она што некој го расипал. Во дните сиви испреплетени со прашања, забуни и безброј одговори нестигнати до тебе, се имаш само себе. Не знаеш како е кога се мачиш да си дадеш објаснување, а тоа упорно бега во бледилото на непознатото. Ниеден одговор не сакаш да го прифатиш, па ...

Што значи вербата освен нешто кое ни дава сила да се движиме понатаму? Вербата во одреден поим, предмет, човек, божество, животно, мит, легенда, лага итн. му е неопходна на човекот во текот на животот. Како еден вид движечки мотив кој му дава одредена нота на живост на човековото постоење. Кои би биле ние доколку не веруваме дека сме тие што сме? Кои би биле доколку мислиме дека сè околу е лага, а и ние самите сме една лага? Дали без верба би ...

Секоја петта личност на светот е пречувствителна или високо сензитивна. Пречувствителноста не е избор на самата личност. Тоа е карактеристика која е задедена биолошки во нивниот нервен систем. Поради неа ваквите личности реагираат побрзо, побурно, поемоционално. Реагираат когнитивно и/или физички на одредени дразби од надворешниот свет многу повеќе од остатокот од популацијата. Преголемата чувствителност сама по себе не се смета за нарушување ...

Најлесно е да се откажеш од сè што ќе започнеш. Сите со себе носиме рани. Најмногу “багаж“ имаат луѓето што живееле подолго. Си носиме лузни што животот ни ги задавал на најразлични начини. Поголем багаж значи и поголемо животно исксутво. Поголемото животно искуство значи повеќе болка, страдање и борба. Сечија животна борба е различна. Во многу наврати се наоѓаме во иста борба како милиони луѓе во цел свет. Начинот на страдање и радување ни ...

Денес Мокси откри дека не знае да плива. Зa среќа тука беше Тот кој му помогна, на свој начин. Авантурите на Тот, Мокси и Миа, можете да ги следите и на нивната фејсбук страница Палавковците. Таму ќе се сретнете и со една виспрена баба, со црна мачка и со ред други нешта од нивниот секојдневен живот исполнет со секакви згоди и незгоди. Владо Јаневски е македонско-австралиски писател, сликар, илустратор, стрип уметник, светски патник. Од 1989 ...

Јелица Мерџаноска е млада, надежна и екстремно талентирана уметница. Велам уметница затоа што ниту еден друг збор не може да го искаже она што таа го содржи во себе. Ученик е во средното медицинско училиште во Гостивар. Неверојатниот талент што таа го искажува на своите осумнаесет години пркоси на талентите на многу постари и поискусни уметници. Нас, на тимот на Крајбрежје ни беше огромна чест што разговаравме барем накратко со неа зошто уште ...

Театарот настанал во Грција паралелно со развитокот на драмата, како последица од потребата за место каде ќе се изведуваат делата на големите антички писатели. Во почетокот бил граден од дрво, а потоа од камен, тетатарот оставил во наследство величествени изданија, често пати изградени од најквалитетниот мермер кој можел да се најде во тоа време. Прочитајте ги во продолжение интересните факти за старогрчкиот театар. 1. Античката грчка драма, ...

„Од небо до дно“ е најновата песна на Каролина Гочева, македонската музичка ѕвезда за која честопати велам дека е наша, а светска. Песната беше промовирана со музички спот на јутјуб, има брз ритам и е поразлична од последните албуми на кои навикнавме да ја слушаме Каролина. Ритамот е заразен, па уште при првото слушање влегува во уши, народски кажано. Нема сомнеж дека ќе биде еден од хитовите вртени на нашите радиа. Пред три часа на нејзината ...

Јубилејни 20 години од премиерата на „Прашина“ на отворањето на Венецискиот фестивал во 2001. Вчера се одбележаа со презентација на филмот на три платформи. Македонската радио телевизија го емитуваше во 23 часот. Во 20 часот беше прикажан под отворено небо во дворот на Кинотека каде што на секој посетител му следуваше подарок пакет од три ДВД-ија со филмовите Манчевски „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“. На фан страницата на Манчевски на ...

Снимката од третото „поглавје“ како што милуваме да ги нарекувме епизодите од нашата емисија Кулитерација веќе е прикачена на Mixcloud и истата можете да ја слушнете со кликнување на линкот подолу. Во третата епизода која е еден вид продолжение на втората со наслов„Поезијата е насекаде околу нас – поезијата сме НИЕ“, накратко зборувавме за значењето на поезијата, а во вториот дел гостин ни беше младиот и талентиран поет и автор, Филип ...

Во емисијата Кулитерација имавме можност да поразговараме со младата студентка и авторка Верица Мукоска. Таа е студентка т.е. апсолвентка на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Со неа поразговаравме на повеќе теми каде таа ги даде нејзино мислење и став за сите наши прашања. Која е Верица којашто уште на десетгодишна возраст ја имала објавен својата прва збирка поезија? Кои се нејзините ставови за литературата (книжевноста), за книгите, ...

Анте Поповски е роден на 3 јуни 1931 година во с. Лазарополе, Дебарско. На денешен ден се родил, а да беше меѓу нас ќе го прославуваше 91 роденден. Тој ќе биде вечно присутен преку неговото творештво, сè додека има кој да го зачува, негува и почитува. Вечност постанал со неговото заминување, преминал од овоземниот во другиот свет оставајќи ни трајни литературни белези во аманет. Во продолжение неговата песна „Вечности“ од збирката ...

Никола Боало (1 ноември 1636 – 13 март 1711), бил француски класицист. Роден е на 1 ноември во 1636 година. Светска слава стекнал како теоретичар, законодавец и водач на класицизмот. Боало својата писателска дејност ја почнал со пишување сатири, посланици и дидактични поеми. Тој немал поголема поетска дарба и затоа се формирал како литературен критичар и теоретичар. Како и сите поети и писатели од времето на класицизмот, кои своите дела ги ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Сребро

2569.43

Злато

144981.23

Кобалт

59.52

Алуминиум

3.14

Паладиум

57935.65

Цинк

3.10

Родиум

310254.70

Рутениум

44946.74

Иридиум

169549.30

Калај

44.73

Бакар

11.84

Платина

72292.89