– Во почеток Бог ги создаде небото и земјата.Земјата беше пуста и празна; темнината се простираше над бездната, и Божјиот Дух се движеше над водите. И Бог рече: „Нека биде светлина!” И бидна светлина. Додека татко ми почнуваше да нѐ благословува со молитвата за кудиш сите мирно седевме и чекавме да заврши за да почнеме со вечерата и со долго очекуваната оддишка. Беше Шабат и време на одмор, на растеретување од секојдневните обврски, на мир и ...

Си бил еден фармер кој во својата фарма имал многу животни, меѓу кои и еден коњ. Еден ден коњот избегал од фармата и сите соседи дошле да го утешат фармерот. „Каков баксуз е ова коњот да ти избега!“, му рекле тие. „Којзнае дали е тоа среќа или несреќа. “, одговорил фармерот. „Се разбира дека е несреќа!“, рекле соседите. По една недела коњот се вратил дома, а со него дошле и дваесет диви коњи. Соседите секако дошле да го видат тоа чудо. „Каква ...

Сонцето веќе заоѓаше додека Моша ја вдлабнуваше менората во неодамна класениот камен. Сакаше да го вклеса симболот на народот на кого му припаѓаше за да остане таму за сите наредни векови. Наслушнуваше како доаѓа војската на Теодосиј, се тресеше земјата од коњаниците на императорот кој доаѓаше од престолнината на исток, спремен да ја заштити империјата од неверниците. Беше забранил градење на нови синагоги и кај Моша тлееше немирот дека може ...

Кога умира љубовта… умира некако вака… Ноќ по ноќ, солза по солза, тивко полека, а ноќва умирам и јас со неа. Дел од мене го погребувам со последното жарче надеж што ми згаснува во гради. Провалијата во мене проголтува сè, мојата гордост, мојата љубов, ги убива желбите, ги затишува спомените… Те проголтува тебе… а јас плачам. Плачам присетувајќи се на многу љубови осудени на смрт, кога не ти преостанува ништо друго освен да си заминеш и да се ...

“Постојат многу љубовни приказни но, нашата беше поинаква – совршена. Никој не ни кажа дека вистинската љубов боли. Или пак, ние тоа не сакавме да го знaеме? Сосема небитно. Проклет да е тој ден што нè уништи. Љубовта не, но нас да. Го нема повеќе она “ние’, сега сме само јас и ти. Двајца луѓе што некогаш си значеа многу еден на друг, а денес се само двајца туѓинци. Помина многу време, а како вчера да беше. Сè уште се сеќавам на моите први ...

Жена кога е скршена тогаш е најмоќна. Толку цврста, а воедно и скршена, со насолзени очи и огорчена душа, таква е најубава. Таа е жена која може да те сака како ниту една друга. Скршена, а жива… Војува таа жена битки во себе да ги задржи солзите само во рамката на нејзините очи, да не излезат од нејзе, да не се тркалаат по нејзиното меко лице. Тогаш е најмоќна, тогаш кога е на работ да се сруши пред мене. Кога срцето ѝ се кине, а пред светот ...

Девојко, крени ја главата високо. Зарем не си ја знаеш твојата вредност? Исправи се и чекори цврсто онака како што секогаш правеше. Не паѓај премногу си силна. Секоја солза што ти потекла бидејќи ти го кршеле срцето, секој збор што те повредил ќе им се врати ним. Остави ја кармата ќе си го направи своето кога тогаш ќе им врати. Ти давај ја својата добрина и љубов онаму каде што ја заслужиле. Тргни се од негативните луѓе. Во што се претвори ...

Ако треба да ги ставам нијансите од твојата личност на хартија, да те опишам од глава до пети, ќе морам да се борам. Со годините престанав да се сеќавам на нешто што би можело да биде поврзано со тебе. Како низ магла се сеќавам како се насмевнуваш, како ти светат очите кога си среќен, или како ти се палат ноздрите кога си лут… како нервозно грицкаш нокти или како нервозно го гнечиш со забите лајчето од испиеното којзнае кое кафе од утрово. ...

Пишува: Владимир Д. Јанковиќ Најтешко беше тоа пакување на црната ролка. Прво ја рашири на креветот, па ја сврте, па повторно ја рашири, па ги диплеше ракавите. Па повторно, божем, ја протресе, ја рашири. Убава црна ролка. Потоа повторно онака ја сврте, па ги свитка ракавите, па целата ја превитка, внимавајќи да биде што подобро спакувана. А никогаш не умееше облеката добро да ја здипли; со кратки ракави некако и успеваше, со долги – тешко. ...

Уште еден ден во низата. Навидум сличен на претходните денови, но нималку ист на ниту еден претходно. Денот беше протечен малку повеќе од половина кога одлучив да појдам до продавница на пазарување некои важни работи што требаше да ги купам. Се движев и размислував колку многу работи сè уште не сум доживеала. „Сè во свое време“, си реков во себе и продолжив да чекорам со лесен чекор. Надвор беше полутемно, автомобилите минуваа по улиците, ...

Неочекуваните пресврти во животот доведуваат до убави и незаборавни моменти понекогаш. Тоа го знаеја тие двајца, преземаа ризици за кои не беа целосно сигурни како ќе завршат. Неслучајната средба, заедничкото поминато време беа само почеток на нешто за кое ни двајцата не се сигурни кон каде ќе се одвива. Но погледите не лажеа, првиот спој на усните и она позитивно внатрешно чувство дека си го пронашол парот усни што сакаш долго да ги бакнуваш ...

Сакаше мир во светот, а светот војуваше како да имаме сто животи. Од каде извира таа злоба во луѓето да посегнат по оружје? Одговорот е многу покомплексен бидејќи се вмешани политики и контрола на луѓе, но во секој случај е негативен. Наместо да има соживот, да царуваат слога, насмевки, заедништво, тие проблеми решаваат со пукање. Зошто не ви е жал за животите на најневините, за децата кои страдаат ни криви ни должни во вашите пресметки? Еден ...

Георги Господинов (роден на 7 јануари 1968 во Јамбол, Бугарија) е бугарски писател. Тој е најпреведуваниот бугарски современ писател, чии книги досега се преведени на повеќе од дваесетина јазици. На македонски се објавени книгите „Природен роман“, „И други приказни“ (и обете на Темплум), како и збирката песни „Балади и распади“ (Блесок), сите во превод на Никола Маџиров. Во последниве години авторот постигна успех и во САД, а позитивни ...

Ана Атанасковиќ „Расказите за тато“ ги посвети на својот покоен татко. Од четириесет и седум кратки нумерирани текстови, емотивни, полни со благодарност, со почит и со љубов, ние за вас одбравме дванаесет. 1. Гледаш, не е потребна никаква посебна магија за да ги оживееш оние кои ги сакаш, а кои умреле. Доволно е да одиш по нивните стапки, да го цениш тоа што ти го давале, срцето да ти се рашири кога ќе помислиш на нив, да помислуваш често, ...

Звонимир Балог (Св. Петар Чврстец кај Крижевци, 30 мај 1932 — Загреб, 2 ноември 2014 год.) е зачетник на современата хрватска детска поезија и најнаградуваниот хрватски писател за деца. Поет Поетот работи со поглед понекогаш го продолжува со двоглед, па го фрла како јадица. Сега фати една птица, а сега цела улица. Кога оди, чекори смета Честопати му се и дланките влажни и мислата му лета. Сличен е на планински цвет. Поетот има најголемо срце ...

Рабиндранат Тагоре (7 мај 1861- 7 август 1941), наречен Гурудев, е Бенгалски поет, новелист, музичар, сликар и драмски писател кој имал големо влијание врз Бенгалската литература и музика. Во 1913 година ја добил Нобеловата награда за книжевност за делото ‘Гитанџали’. Тој бил духовен поет кој рано се прославил на Западот но неговата ‘едноставна но магична поезија’ која сѐ уште останува неразбрана надвор од границите на Бенгал. На каналот ...

Многупати пишувавме за депресијата. Овде пишувавме како да се прави разлика помеѓу страв, анксиозност и фобија кај деца. Депресијата е склоп на симптоми кои се одразуваат на емоционален, когнитивен, бихевиорален и физиолошки план. Истите се присутни во континуитет повеќе недели или месеци. Сè почесто слушаме дека голема е бројката на млади лица што се соочуваат со оваа состојба. Во извештаите од СЗО, депресијата се наведува како еден од ...

Успешно одржан час, напредок на учениците на кои им оди потешко, нивната насмевка откако ќе сфатат дека го совладале градивото. Потоа гордоста што ја чувствуваат кога ќе постигнат добар резултат на наградите. Одушевувањето на родителите после училишната приредба се само дел од спомените што ги поврзуваме со училишните денови. За да биде поуспешна работата на учителите и наставниците важна и неопходна е соработка со родителите (или ...

„Поезија за бројките“ од Александар С. Трајковски е најновото видео наменето за најмалите слушатели. Видеото е полно со едукативна содржина, возраста за која е наменето е од 4 до 6 години, но може да го гледаат помали и постари дечиња. Ги учат бројките визуелно и редоследно, плус како се пишуваат со букви. Покрај тоа постарите дечиња ќе го вежбаат и читањето бидејќи на видеото има букви од текстот. Се надеваме дека ќе им биде забавно да го ...

Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Полжав-олжав“ од поетот за деца, Ненад Џамбазов. Песната е кратка, лесна и интересна, а кој е тој полжав-олжав и што сè тој има, прочитајте подолу. Полжав-олжав, куќа има и во лето и во зима. Струја, парно, телефон, на вратата домофон. Кога дождец ситен роси, тревичката тој ја коси. Каде сака, таму шета и не прави нигде штета. Полжав-олжав, дечко здрав, не се плаши ни од лав. Вечен вљубеник ...

Уште еден понеделник во низата понеделници оваа година. Се сеќавате како лани секој понеделник наликуваше на секој нареден ден? Помните ли како неизвесноста па и стравот владеаа со сите нас додека ги броевме деновите во карантин? Не е многу далеку тој период, а мене ми изгледа како којзнае кога да беше. Дали вам ви изгледа така? Сега кога впечатоците се сумирани, навидум ја испраќаме пандемијава, треба да бидеме подготвени на сѐ. Сигурно веќе ...

Сѐ што е потребно за промена на вашиот живот е одлуката дека дошло време да станете и да го направите токму тоа. Можеби овие совети нема да ви го променат животот од корен, но ништо не губите ако ги прочитате. Три минути од своето време секој би требало да може да одвои за да прочита нешто плус во текот на денот. Тони Робинс ги предлага следниве 7 чекори за промена на животот. 1. Одлучете што сакате и зошто Невозможно е да се создаде сопствен ...

Сетете се колку уживавте во цртаните филмови со Астерикс и Обеликс. Двајцата бунтовни Гали беа најдобри пријатели. Магичната напивка го правеше Астерикс посилен од било кој. Сигурно и вие барем еднаш сте посакале да ја пробате оваа напивка. Но кои се всушност Астерикс и Обеликс? За стрипот Стрипот за Астерикс и Обеликс e создаден во 1959 година од сценаристот Рене Гошини и карикатуристот Алберт Удерзо. Истиот стана еден од најпопуларните ...

Во новата рубрика „Палавковците“ во денешната прва епизода ви го претставуваме стрипот од Владо Јаневски. Владо Јаневски е македонско-австралиски писател, сликар, илустратор, стрип уметник, светски патник и до неодамна активен на полето за истражување и развој во водечка светска компанија. Објавени дела: роман „Мртвите знаат најдобро“ („Арс Либрис“, Скопје, 2020), роман „Чудо зад аголот“ („Магор“/„Пагома прес“, Скопје, 2020), роман „Под друга ...

Витни Елизабет Хјустон била родена на 9-ти август во 1963 година, а починала на 11-ти февруари во 2012 година. Таа беше американски изведувач, глумица, продуцент и модел. Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди и оддаде признание за најнаградуван женски изведувач на сите времиња. Хјустон беше една од светски најдобро продаваните музички артисти, со продадени над 200 милиони албуми, песни и видеа ширум светот. Таа има издадено шест ...

Драган Илиевски е ИТ професионалец во етичка сајбер безбедност со 10 годишно искуство во повеќе ИТ области. Како блогер за иновативни технологии на социјалните мрежи, Medium и IT.mk, автор на повеќе иновативни софтверски решенија и алатки. Тој има развиено интерактивна академија. Драган во слободното време се занимава со Ghost music production во областа на Trance и House музиката. Прочитајте го во продолжение разговорот со него. Кој е ...

Оваа година се одбележуваат 25 години од лудилото наречено Покемон. Цртаната серија има релативно скромно потекло, од црно бела рачна игра. Пред 25 години Еж тргна во лов на покемони, така од обична игра, Покемон, прерасна во култна ТВ серија за деца. Покемон живее и денес И покрај изминатите години, заинтересираноста за Покемон не престанува. Нинтендо повторно ги објави оригиналните покемони, црвени и сини. Детската серија с è уште се ...

Третата епизода од „Кулитерација“ во која ни гостуваше авторката Емилија Златкова Анастасова е тука. Разговараваме за повеќе теми, за најраните почетоци, за сите нејзини дела, како и нејзините ставови за одредени нешта. Навистина си направивме квалитетен муабет, кој се надеваме дека ќе биде инспиративен. Исто така, имате можност да ја запознаете Емилија од поинаков агол. Јас уживав додека разговаравме, а вие за да се уверите во ова што ви го ...

Во шестата епизода од емисијата Кулитерација разговаравме со Ирена Блажеска или попозната како „Девојката со челично срце“. Пријатниот разговор ни протече многу брзо, муабетевме на различни и интересни теми. Ние заедно со слушателите на радио МОФ имавме можност да ја запознаеме авторката од поинаков агол. За што разговаравме, што препорачавме и ви посакавме, слушнете во оваа епизода. Со кликнување подолу на копчето плеј, имате можност да го ...

Марлен Дитрих е родена на 27- ми декември, 1901 година и е можеби една од најпознатите американски актерки со германско потекло. Марлен во почетокот, на самиот пик, дури и на крајот на кариерата плени со својата интелигенција, грациозност, акцент и убавина. Но покрај сите овие атрибути, (кои секако се вредни за споменување) Марлен години подоцна го фаќа окото на младите генерации и со својата невидена храброст доведувајќи до тоа да биде ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Цинк

3.10

Рутениум

44946.74

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Родиум

310254.70

Сребро

2569.43

Платина

72292.89

Алуминиум

3.14

Бакар

11.84

Калај

44.73

Иридиум

169549.30

Кобалт

59.52