Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Митот за Аталанта која била изгледана од планинската мечка е грчки мит, што го споделуваме во продолжение. Овде може да го прочитате митот за Хипомен и Аталанта. Во еден сончев крај на Грција што се викал Аркадија, некогаш живееле еден крал и една кралица, кои немале деца. Тие многу сакале да имаат дете, за да стане еден ден крал на Аркадија. Кога виделе дека годините минуваат, тие го замолиле големиот Зевс да им помогне. И нависти на, по ...
Борбата за Аталанта ја прикажува снаодливоста на единствениот младич кој успеал да ја надитри најбрзата девојка и тоа не со сила туку со помош на златните јаболка. Прочитајте во продолжение како се снашол херојот со помош од божицата Афродита. По смртта на Мелеагар, Аталанта се вратила во планините на Аркадија. Таму продолжила со иста страст и вештина да се занимава со лов. Ништо не ѝ создавало поголемо задоволство отколку да шета низ шумите ...
Вавилонска/Бабилонска кула претставува мит кој објаснува зошто луѓето во светот зборуваат различни јазици. Кулата исто така е поврзана и со изградбата на градот Вавилон, каде се наоѓала кулата. Кулата според Библијата Според Библијата по Потопот човечкото општество го претставувало еден народ, кој говорел на еден јазик. Од исток народот се насочил кон земјата Шинар (на долниот тек на Тигар и Еуфрат), и го изградиле градот (Вавилон) и една ...
Одисеј бил легендарен херој во грчката митологија, крал на островот Итака и главен протагонист на епот на Хомер, „Одисеја“. Синот на Лаерт и Антиклеја, Одисеј бил добро познат меѓу Грците како најелоквентен говорник, генијален и лукав измамник. Еден од додворувачите на Елена, Одисеј бил обврзан да се приклучи на тројанската експедиција – иако тоа не го сакал, бидејќи бил повеќе од среќен покрај неговата сопруга Пенелопа и неговиот новороден ...
Непознатиот идендтитет на Годо, кој Владимир и Естрагон упорно го чекаат, темите на несигурно и неодредено чекање, недореченоста во смисла дека самиот писател не дава клуч за негово толкување, отворениот крај допринесуваат „Чекајќи го Годо“ да стане едно од најтолкуваните дела на 20-тиот век. Ова дело е задолжителна лектира. Извесната еластичност на содржината овозможува разни интерпретации на делото. Книжевните критичари во минатиот век ...
За повеќето луѓе терминот женска приказна веднаш предизвикува доза на незадоволство. Најчесто сакаат да тврдат дека жените читаат и гледаат само глупости. Затоа сè што е женствено мора да биде поврзано со шопинг, нокти и фризури. Но не! Ова е женска приказна која ве допира до срж. Во неа толку многу се препознавате што тоа може да биде шокантно за вас. Додека не ја прочитате, можеби не сте ни свесни дека ги имате тие чувства во вас. Жената ...
Минуваат 185 години од создавањето на „Ревизор “ на Гогољ, објавено во 1836 година. И покрај тоа оваа претстава успева да опише што се случило, што се случува и што ќе се случува секогаш. Затоа припаѓа на класиците на реализмот и мора да се прочита. Ова е дело што мора да се анализира и прочита за да се запознае подобро, ни помалку ни повеќе, туку човечката раса. Според жанрот, „Ревизор“ им припаѓа на комедиите, и тоа, комедија на ...
Романот Вториот пол е во суштина збирка од егзистенцијалистички и феминистички есеи од Симон де Бовоар, објавен во 1949 година. Два тома Романот Вториот пол е поделен на два тома – Факти и мит и Живо искуство. Секој волумен е потоа поделен на неколку делови. Првиот том има три дела, додека вториот том има четири дела. Потоа, секој дел е поделен на поглавја, од кои само некои имаат наслови. Книгата започнува со вовед и завршува со заклучок. ...
Патот на вистината е борба, како и оваа книга што го здогледала светлото на денот (на насловната пишува *забранета)Зошто? Зошто едно општество еден народ има потерба да ја потисне вистината за битисувањето на жената кое е неизвесно од почетокот па сè до крајот на оваа книга како и во вистинскиот свет. Со оваа книга дејсвото се одвива во Иран, а главниот лик Мазума ни ја прикажува моќта на една жена која колку повеќе е спречена во ...
Италијанската влада донесе одлука дека 25 март ќе биде Национален ден на Данте во чест на прославениот автор на Божествената комедија, „симбол на унификација на Италија“. Неговата „Божествена комедија“ е најзначајното книжевно дело на средновековниот период и основа на современиот италијански јазик. Данте Алигиери, филозоф и теолог, симбол на Италија Данте Алигиери бил филозоф и теолог што се занимавал со религиски и политички прашања во ...
„Горчливо срце“ од Виктор дел Арбол ми остави длабок впечаток. Штом после три месеци од прочитувањето импресиите ми се прилично свежи, заслужува осврт. На Инстаграм ветив дека ќе направам рецензија, но одлучив да ја објавам и на блогов подолгата верзија. Тргнувајќи од фактот дека претходната негова прочитана „Милион капки“ не очекував ништо помалку и од ова дело. Авторот е добитник на наградата “Премио Надал“ за 2016 година. Се работи за ...
За два дена рече „Да“ е романтична комедија која и оние најмалку емотивните нема да ги остави рамнодушни. Лесно читлива која авторот сам на шега знае да ја нарече “лимонада“ или некои читатели ја доживеале како таква, заслужува да биде прочитана. Токму во нејзината навидум “лимонадеста“ содржина читателот ја согледува леснотијата на донесувањето важна животна одлука, а од друга страна го тера да се запраша “што би направил/а јас да бев на ...
Најновото видео веќе е објавено на каналот „Слушај поезија – и други приказни“ и можете да го чуете читањето на песната „Улица“ од Октавио Паз. Улицата Има една темна улица издолжена и тиха. Низ темницата одам се поревам и паѓам се кревам и ги газам со слепите нозе немите камења и исушените лисја а некој зад мене исто така ја гази: застана ли, и тој застанува; трчам ли, трча. Го свртувам лицето: никој. Мрачно е сè и без излез, и ги ...
„Кротки приказни“ (кратки раскази) и „Крај-пат“ (роман) се првите две дела од авторот Игор Анѓелков по кои следува романот „Фото синтеза“. После одлично напишаните осврти кон овој роман кои се наоѓаат во самата книга навистина тешка задача е да се напише исто толку добар текст. Пишувам во улога на читател чиишто импресии се спласнати после прочитувањето. Книгава ја завршив пред некои два месеца, но дури сега дојде моментот кога накратко ќе ви ...
„Не, ја не можам овде мирно да седам и на неправдите низ прсти да им прогледам.“ Интересна парола што ја смислив токму во моментов почнувајќи ја денешната колумна. Во петок обично објавувам рецензија, но бидејќи рецензиите ги паузирам решив да го изнесам својот став во вид на ваков текст. За кои неправди зборувам? Ох ги има колку сакаш во секојдневието. Прво да се дефинира терминот неправда. Во најопштата дефиниција тоа е отсуство на правда, ...
Единствено правило според кое треба да живееме е тоа да се биде човек во секоја ситуација. Добрите луѓе ќе ви донесат среќа. Лошите ќе ве наградат со искуство. Од најлошите ќе научите лекција, а најдобрите ќе ви донесат спомени. Ценете ги сите. Луѓето мислат дека ќе бидат среќни, ако се преселат на друго место. Потоа сфаќаат дека каде и да одат се носат себеси. Среќата е како прегратка. За да уживаме во неа, мора да ја споделиме. Ценете ги ...
Останаа уште само неколку дена пред да ја испратиме оваа година. На почеток изгледаше дека месеците поминуваа премногу брзо иако бевме прилично ограничени во движење. Оние кои беа најодговорни и внимателни сами одлучуваа оваа година да паузираат од одење некаде на одмор, или патување на некоја дестнација надвор од земјава. Но ги имаше и таквите кои се авантуристи, луѓе кои ништо не можеше да ги спречи да патуваат, па истераа понекој одмор. ...
Дали некогаш сте слушнале дека колку помалку знаете, толку сте посмирени? Дали незнаењето е навистина благослов? Дали им е полесно на неуките? Дали тие навистина не го гледаат страдањето на другите? Дали не се погодени од банкарските измами, лоша состојба, туѓата болест и сиромаштија? Дали сме навистина слепи или ние одлучувме да не видиме? Секој ден се среќаваме со разни ситуации во кои можеме да видиме проблем, секако, ако одлучиме така. ...
Еден од најинспиративните луѓе на денешницата, Џек Ма, сопственик на компанијата Алибаба може да ви ги даде најдобрите лекции за тоа што е успех. Навистина. Секој негов збор враќа надеж, дава сила, ве турка и ве тера да одите напред. Неговите зборови ни покажуваат што може да направиме, каде да одиме и како да се снаоѓаме во лоши ситуации. Но, од друга страна, Џек Ма, знае да ја сврти и другата страна од коцката. Со трпелив глас ќе ви каже ...
Антони Де Мело некаде преведен кај нас и како Ентони Де Мело напишал цела книга околу “будењето“, како тоа многумина спијат и не сакаат да се разбудат. Еден период од својот живот мислев дека живеам како во сон. Не дека во животот ми цветале рози, напротив, туку тоа чувство би го опишала како носење превез на очи. Кога наоколу гледаш нејасно, малку матно и со потешкотии. Најверојатно будењето е подолг процес кој некому се случува порано, а ...
Ретроспективно враќајќи се во блиското минато, нештата секогаш делуваат поинакви од сегашниот миг. Ланската година истовремено ми изгледа толку блиска, но и далечна. Блиска како вчерашниот ден, а далечна како да се случила во некои други времиња. Многу години претходно. Незабележително почнав да се “расфрлам“ со времиња небаре сме на час по граматика. Но ова не е обичен час по јазик, туку животно-значаен запис. Ќе го наречеме “час“ по ...
Денеска сосема случајно кај колегите од Офнет наидов на “ушобол“ откако го ислушав “перформансот“од некои три минути. Го погледнав јутјуб каналот и имаше што да видам. “Благодушка Марулова“ која паметам се појави пред некоја година на фејсбук и беше главна мета за зафрканции, се вратила повторно (камбек) за време на ланскиот карантин. Лани јас сум го пропуштила воскреснувањето на овој феномен кој брои речиси 1000 претплатници на јутјуб ...
Да живееш во експертска држава е голем предизвик бидејќи не знаеш од која страна ќе налеташ на експерт кој дели бесплатни совети. Во мојата чудесна земја, нема ден да помине, а да не се случи некој нов, изненадувачки, помалку зачудувачки настан. Те името ѝ го менуваат, те ја делеа и парчеа, те не ја признаваат, па сакале и јазикот да ни го поништат, што ли уште не, долг е списокот. Настрана од политички теми, на блог политиката е строго ...
Мојата земја, онаа во која се родив и израснав се викаше Република Македонија. Три години пред да дојдам на свет била дел од СФРЈ, но потоа се осамостоила како независна и суверена држава со свое знаме, грб, химна. Едно мало парче земја под небото со долгогодишна историја, со вековно постоење врз кое биле нанесени многу неправди. Да не се случеле некои историски настани географски би се протегала на уште поширок простор. Во пресрет на ...
И како што гласи една позната изрека: ,,Доколку сакате да уништите една држава уништите и го образованието”. Сведоци сме дека македонскиот образовен систем е нефункционален. Лошите ,,ископирани” реформи кој со години се прават, не даваат никаков резултат на ова поле. Образованието со години тапка во место со застарени методи на работа, несоодветни програми. Во некои училишта сè уште нема доволни современи дидактички материјали, средства и ...
Помина време…веќе ги немаше нивните безсмислени повици во 3 часот наутро, останаа во минатото. И времето кое го минуваа заедно и дел од нивното постоење исто така. И моментите кога трепереше од возбуда бидејќи требаше да се види со него. Мирисот на дуксерот негов сè уште ја печеше во ноздирите, и колку и да минуваше време, една работа остана непроменета…Тоа беа нејзините чувства кон него.. Немаше ден тој да не заземе дел од нејзините мисли. ...
Секоја година во текот на летниот распуст родителите на Тодор го носеле кај баба му, а следниот ден со воз се враќале дома. Еден ден момчето им рекло на родителите: „Сега сум веќе доволно голем. Што велите оваа година да патувам сам кај баба?“ После кратка дискусија родителите се согласиле, стоеле на перонот, го испратиле момчето давајќи му последни совети. Момчето си мислело: „Знам, ми кажавте сто пати“. Пред тргнување татко му го прегрнал и ...
Еден ден Лисицата здогледа зрело грозје како како виси крај едно големо и високо дрво. Гроздовите изгледаа прекрасно, беа толку зрели и сочни што лисицата мораше неколку пати да подголтне пред да се доближи и да ги скине. Но, на нејзина несреќа гроздовите беа потпрени на една од повисоките гранки на дрвото, сепак Лисицата се реши да се обиде. Скокна еднаш – не успеа. Скокна двапати – не успеа. Кога и по третиот пат Лисицата остана со празни ...
Драг/а ти, Најпрво сакам да ти кажам дека не си сам/а. Нека звучи и клише, воопшто не ми е важно. Сам/а си со своите мисли и тешки емоции кои натежнале, но не си единствен/а што се чувстува така. Затоа сакам да запомниш дека сѐ е минливо. Ниту тешките мисли не траат вечно. Се појавуваат повремено, но ти ја имаш моќта да ги почувствуваш само. Без да ги игнорираш и дозволи им да протечат низ тебе. Истото се случува и со убавите мисли. Нивното ...
Позитивни афирмации за секој ден кои позитивно влијаат врз начинот на размислување за себе, за своето тело итн. Корисно е афирмациите да се слушаат секојдневно за нивното дејство да е покорисно. Можеби нема инстантно да ги решат вашите проблеми со самото слушање, но ќе ве релаксираат и ќе ви ја вратат желбата за подобрување на вашата состојба. Важно е да ги слушнете онолку пати колку што мислите дека ви е потребно. Внимателно слушајте ги и ...