Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Петочки размисли за насобраните каписи како еден начин за “ослободување“ од некои натежнати мисли. Се сеќавате на оние детски играчки – пиштоли со каписли што момчињата ги имаа како деца? Капислите од младоста што мислевме дека се едно исто со дијаболи се во поинаква форма, стигаат подалеку од вистинските дијаболи и одеднаш можат да “погодат“ повеќемина. Претворени се во изгубени надежи, натежнати мисли што сакаат да се ослободат, некогаш ...
Последниве неколку години, особено за време на пандемијата на Корона вирусот, тотално се измести начинот на празнување на новогодишните празници. Некогаш, многу одамна, елките ги китевме со шарени ленти и бомбони, со по некоја честита и жолти сијалчки. Денес, врз нив го истопоруваме целиот гламур, ама не ни носат никаква топлина, ниту магија во домот. Луѓето се отчовечени. Плоштадите се празни, без светулки, без деца кои трчаат по парковите. ...
Ви се тресе ли тлото вака кога го достигнавте дното? Секој ден сè поблиску до дното кое сами си го сервирате. Како не ви е срам да му го правите она што му го направивте на МКЦ? Што сакате да докажете? Ви покажа народот кога почнавте да удирате по културата дека е на прва борбена линија за да си го спаси она што му припаѓа. И тоа не е сè, глумите хуманитарци, а луѓе умираат од ретки болести бидејќи лековите не можат да се набават. Не може да ...
По повот 25-ти Март – Светскиот ден на лицата со церебрална парализа Ангел значи оној кој ќе ти ги стопли душата и срцето. Онака искрено од душата, бидејќи тие знаат што е добро. Тие умеат да почувствуваат искреност и емпатија. И покрај играта на животот да бидат поразлични, тие се најхрабрите, најборбените. Тие се со најубавата и најтоплата насмевка која за сите останати треба да будат магичен кураж дека секој има свој пат. Таков како што те ...
“А оној, што Го предаваше, им беше дал знак, велејќи: кого ќе Го целивам, Он е, фатете Го и водете Го претпазливо! Па, кога дојде, веднаш се приближи до Него и рече: радувај се, Рави! И Го целива.“ (Марко 14, 44-45) Некој интернетски мудрец вели дека предавството е вина за уништена лојалност или верност, или измама која една личност ја направила кон друга, при што дејствува спротивно од очекуваното, нешто поинаку од претходно меѓусебно ...
“А тој почна да се колне и се заколна: Не Го познавам Овој Човек, за Кого говорите. И по вторпат петел запеа. Петар се сети на зборовите, што му ги кажа Исус: Уште пред двапати петел да запее, трипати ќе се одречеш од Мене. И почна да плаче.“ (Марко 14, 71-72) Пред овој инсерт од случувања, беше воден разговор помеѓу Исус и Петар, кога Господ му рече дека таа ноќ сите ќе се соблазнат поради Него. Петар беше сигурен во себеси, дури и подготвен ...
Не така одамна си живееше еден човек, кој со никој и никогаш не го повиши тонот на зборување, не се расправаше, едноставно на мирен начин ги решаваше проблемите. Потекнуваше од многудетна фамилија и неговите браќа уште од мал го задеваа, често ќе го истепаа за да видат до каде може да оди неговата попустливост? Во тие моменти, без збор ќе побегнеше во блиската шума и знаеше со часови да остане таму. Тогаш беше ранлив како сите останати деца, ...
Насилство. Ова веќе станува сериозен проблем за кој нема вакцина. Ова станува опасен вирус за кој владата нема никакво решение, никакви мерки. Од страна на дебилите се зголемува сексуалното насилство врз малолетни дечиња, за ова никој не зборува? Или нема што да каже? Во семејствата трпението се намалува и тука поради недоволно воспитание кое мајката требала да му го пружи на еден човек, тој сега жената си ја удира со каиш како да сме во ...
Македонскиот јазик е нашето најголемо духовно и културно наследство кое треба да се чува како најсвет аманет, зошто нашите предци во многу тешки и неповолни историски околности се избориле за правото на употреба на својот јазик. И за докажување на неговата посебност и единственост, во услови кога тоа несомнено било спречувано и оспорувано од страна на туѓите пропаганди. Зачувувањето на македонскиот јазик е од огромно значење поради тоа што, ...
Среде оваа пустелија, среде оваа бура и кротка избезумена умешност, јас открив дека во себе носам непобедливо лето исполнето со магични слатко-страсни плодови! Нека одат по ѓаволите. Нека ги снема сите чудотворни болки кои ми ја истоштуваат оваа кожа која мириса на кокос. Нека одат по ѓаволите сите вампирски синови кои ни го загорчуваат прекрасното синило на небото. И знајте една работа…Ние треба да научиме да се движиме и кога нозете ни се ...
(Есеј по повод 60 години Струшки вечери на поезијата) Краток историјат на СВП Идејата да се организира една традиционална манифестација со фестивалски карактер која ќе се одржува во Струга како смотра на поетските остварувања во текот на ед-на година се родила на литературното читање на група истакнати македонски писатели на свечениот дел од јубилејот одржан во Струга на 15 јули 1961 година по повод излегувањето на Зборникот на браќата ...
Јазикот е наше најголемо културно и историско богатство, но тој е многу повеќе од ова. На денешен ден се празнува денот на македонскиот јазик како мајчин јазик на македонците, и сите што го зборуваат како прв или втор јазик од самото раѓање. Јазикот е најпрвиот елемент што го усвојуваме од најразна возраст. Покрај надворешните дразби и сетилното искуство во првите години од животот, децата најпрво ги слушаат родителите кои им зборуваат на ...
Скопје, 19 април 2022 година Почнувам да ја пишувам оваа кратка содржина на мојата втора стихозбирка „Куќа од хартија“ што излезе од печат пред десетина дена во издание на ПНВ Публикации, но јас, не знаејќи да пишувам кратки содржини и не можејќи да раскажувам поезија, се фаќам себе како го пишувам овој есеј, водејќи се од мислата да дадам ад хок анализа на мојот конкретен резултат – книгата „Куќа од хартија“, обидувајќи се да навлезам во ...
„Развитокот и значењето на една нова наша книжевност“ како дел од делото на Кочо Рацин „Стихови и проза“ го пренесуваме од онлајн верзијата во целост. Прочитајте во продолжение. Во долгиот, мачен процес на формирање на свеста на народот од Повардарјето, современата народна книжевност е значајна културна појава и културна придобивка. Пишувана на јазик на кој тој народ најинтимно си мисли, најдлабоко ги чувствува и изразува своите вековни ...
Пишува: Владимир Д. Јанковиќ На тромеѓата помеѓу Коњарник, Зелено Брдо и Мали Мокри Луг слободата можеби не умее да пее, но во срцето ја пречистува тагата. Во животот многу често го споменував стихот на Милан Младеновиќ „во секој пораз јас видов дел од слободата“, толку често што, не еднаш, се прашав себе: зошто ми е мене толкава слобда, толку видувања со неа? Вистинскиот пораз, притоа, подразбира дека сме сами, значи лично одговорни за ...
Во оваа (раз)мисла или обид за современ одговор на прашањето дали убавината ќе го спаси светот (поставено во едно дело на Ф. Достоевски), поетот, книжевниот критичар и есеист, Јовица Тасевски-Етернијан го опишува неговиот став на темата. Прочитајте го во продолжение. „Посветувањето внимание на уметноста на зборот или на некоја друга уметност, или, пак, сосредоточеноста на нешто што самото по себе се одликува и восхитува со својата убавина, не ...
Бранимир Периќ е српски поет, есеист и раскажувач, кој за себе напиша: „Она сум што моето перо ќе произведе, некогаш со мастило, денес дигитално. Во своето пишување сум целиот јас, оној кој сум. Сè останато е материјално постоење.“ Пишува и објавува од школските денови, прво како писател на научна фантастика, а потоа се сврте кон современата проза и поезија. Творбите ги објавува во списанија, во дневни весници и на социјалните мрежи. Автор е ...
И еве, јас тоа го викам надеж. Тоа што те сонив пред некој ден. Сега знам дали те гледам и во утрата. Секое утро се будам и помислувам на тој сон. Знаеш, откако те сонив немам веќе други соништа. И еве затоа тоа јас тоа го викам надеж. Потајно се надевам дека тој сон ќе стане јаве. Потајно се надевам дека нема да биде нашата средба која ја сонив само еден тажен неисполнет сон. Сон во кој нема трепет и сјај. Потајно се надевам дека ќе биде ...
Грег Бакстер е роден во Тексас во 1974 година и живее во Даблин каде работи како новинар и држи курсеви по креативно пишување. Неговите мемоари „Подготовка за смртта“ се непоколебливо искрен приказ на неговото лично самоуништувачко пропаѓање во неговите рани 30-ти години и неговото откупување преку пишувањето. Како што кажува и самиот тој:„Преку интензивно проучување на автобиографиите – почнувајќи од Уметноста на личниот есеј, антологија ...
Едно девојче ја среќава својата професорка и ја прашува: „Се сеќавате ли на мене?“ Таа вели, не. Тогаш девојчето кажало дека била нејзина ученика, а таа ја прашала: „Што работиш?“ Девојчето одговорило: „Станав професорка”. „А, одлично, како мене?” – прашала таа. „Да. Всушност, станав професорка затоа што Вие ме инспириравте да бидам како вас”. Професорката љубопитно, го прашала девочето како одлучило да стане професорка. А тоа ѝ ја раскажало ...
Сѐ уште верувам во љубовта. Сѐ уште верувам дека може да гледам во облаците. Се уште верувам дека ќе ги видам ѕвездите. Низ проѕирната облакова бела воздушна смеса. Таму најчесто се кријат сите тајни. Ги кријат ангелите. Таму ќе ги прашам дали можеби ја виделe мојата љубов. Ќе ги запрашам: „Верувате ли дека треба да ја најдам? Дали верувате дека можеби ќе ја најдам и дали можеби сте ја виделе?“. Знам дека нема да ми одговорат. Тие никогаш не ...
За Ненад Џамбазов, средбата, детството и приказната Пред некој ден од нафталин (ко што би рекле малку постари од мене) ги извадив старите книгичиња што ми ги беа купувале како дете. Меѓу нив беше и „Земјата на лажговците” од нашиот поет и писател Ненад Џамбазов. Тоа е еден краток расказ кој ми светнува во главата само што ќе се почне муабет за детство. За да ова има смисла, морам да се навратам малку во минатото. Бев второ или трето одделение ...
Најдов една стара кутија облеана со златна прашина. Имаше иницијали П.В. Беше на таванските простории каде ги чувавме оние стари дреболии кои никому не беа потребни, но не сакавме да ги фрлиме. Не сакав да ја допрам. Уште помалку да ја отворам . Знаев дека штом има иницијали, мора да припаѓала некому. Некому кому му значела и таму се чувале некои скришни тајни кои не треба да допрат до никого. До ничие срце. Ја сокрив што можеше поскришно. За ...
Имав одамна еден, што го сакав толку многу, па почнав песни да му пишувам. Низ книгите од факултет, во срце му го заокружував името. Другарките ми се умираа од смеење. И точно се сеќавам на едни стихови што му ги испратив: „Јас сум пеперутка, а ти си пеперут. Така се бакнуваат пеперутките, смотко, ти текнува?“ После тоа не пропуштаа прилика, а да не ме подбуцнат. До ден денеска се смееме ко ќе ни текни на пеперутот. Е тој, пеперутот, вечерта ...
Имавме по дваесет и нешто години кога жицата се скина и сѐ она што вриеше измеѓу едноставно прекина. Слави, родендени, слични кругови…Се среќававме во наредните три месеци, после и тоа испари. Секој на своја страна, во свој свет и галаксија. Триесет и нешто, четириесет и нешто… Изминаа ко кругчиња направени од чад од цигара. На педесет и нешто се сретнавме во темната кафана, таа на крајот од светот, таму кај што одат, кога животот ќе ги ...
Петиот ден, повторно благодарение на овцата, ја открив оваа тајна од животот на малиот принц. Одеднаш, без размислување, ме праша, како да ми поставува проблем за кој долго време размислувал во тишината: – Ако овцата јаде гранки, таа исто така јаде и цвеќиња? – Овцата јаде сѐ што ќе сретне. – Дури и цвеќињата што имаат трнчиња? – Да, дури и цвеќињата што имаат трнчиња. – Добро, а за што им служат трнчињата? Јас тогаш не го слушав. Бев многу ...
Ми паѓаш на дланкиве слободно, како снегулка и се топиш во нив. Очите ти се ситни и насмеани, ама триста ѓаволштини ти се кријаат во погледот. Толку ти се чисти очите, што се плашам дека целосно ќе ме обземат, ако уште некој миг гледам во нив. Се плашам дека ќе се удавам во твоите длабочини, а многу си ми драга. Сонцето завршило одлична работа на твоето лице. Секоја бенка и сите пеги се распослани совршено врз твојата мека, тенка кожа. Кожата ...
Заминува една година полна со многу неочекувани очекувања. Година кога секојдневно неочекуваното куцнуваше на нашите врати. Ќе речеме дека животот е склоп од неочекувани очекувања, но годинава беше за мене полна со изненадувања кои никогаш не сум ги очекувала, би рекла лекции од кои многу научив и кои ја сменија мојата свест. Моите соништа станаа поголеми и научив вистински да сакам, да го сакам секој момент од мојот живот. Научив да ...
Малку поспа. Оној сосема опуштен сон кој трае петнаесеттина, дваесеттина минути. Навистина мораше некаде да стигне, но тоа морање сепак не беше сосема задолжително; можеше и да не стигне. И Рајна малку се размрда и рече: „Ние, изгледа, малку поспавме“. Веќе познатото чувство на празнина, некоја поинаква празнина, го обзеде Игор и тоа повеќе во ушите и слепоочниците, отколку во било кој друг дел од телото. Ниту краткиот сон, ниту тоа будење не ...
Копнеж за недофатливо, вечен траг за смисла, заборав на она што ќе биде некогаш, како усовршено и сè уште неусовршено битие што му ја намалува вредноста на секое ситно коцкиче, за утре кога ќе се разбуди да се прашува зошто и каде му беше заборавено делчето и која е сложувалката за чие решавање немаше материјал. Кој ли беше влегол во машината во изградба за таа да покаже поместена, но сепак нормална реалност? Дали реалноста може да се измери ...