Вилијам Шекспир (англиски: William Shakespeare); крстен на 26 април 1564 – 23 април 1616) – англиски писател кој се смета за најважниот англиски писател и водечки драматург во светот. Често е нарекуван „народен поет“ и „Бардот од Ејвон“. Неговите дела, како и колаборати, содржат 39 драми, 154 сонети, две долги наративни поеми и неколку други поеми. Неговите драми се преведени на сите светски јазици и се изведуваат почесто отколку на кој било ...

Човечките очи се едни од најкорисните органи кои се наоѓаат во/на човечкото тело. Очите секојдневно ни ги олеснуваат задачите како на пример навигација или собирање информации. Честопати не го цениме доволно својот вид ниту па многу размислуваме за него. Во продолжение следуваат занимливите факти за очите кои ќе ве натераат да го цените овој неверојатен орган. Очите во текот на борба во Рим Изразот: „Сè е забава и игра додека некој го изгуби ...

Нели Блај е псевдонимот на новинарката со име Елизабет Џејн Кокран која живеела во 19 век. Во текот на својата кариера, истражувачките новинари се соочуваат со многу опасности. Од нив работата бара постојано да бидат во првите редови, впуштени во најразлични акции. Замислете го ова во Америка од 19 век и ќе ви стане јасно колку било малку веројатно жената да успее на ова поле. Нели Блај се истакнала како жена на својот занает. Покрај тоа што ...

Дали оваа приказна е точна или не, никој со сигурност не може да каже. Факт е дека истата Кафка го следи веќе долго време, а прераскажувана е и од негови пријатели долго по неговата смрт. Приказната постои во неколку верзии, сите од нив во детал или два различни, но тематиката во глобала е иста. Кафка пружа утеха таму и тогаш кога е најпотребна. Па, вистинита или не, прочитајте ја подолу оваа топла приказна за Кафка, куклата и малото девојче ...

О ѕвездо непокорна те слушам тивко ме повикуваш, ме бараш спомени ти навраќаш. Сликата народна Вардарот ја понел, до Егејот дур ја однел. Секоја капка пролеана крв ќе се памти те уверувам нема времето да се врати! О татковино ти шепотиш народот да го потсетиш, дека и здивот бил вреден со надеж дека не е последен. И кога секоја капка крв болеше и кога секоја солза за тебе молеше, слободата силно блесна, се запеа македонска песна. Храброста ...

Пејзажот што го насликав во длабината на твоите очи -го нема, се измил од солзите неистечени, ме гледаш жолто, меко и врнежливо тажно. Зар не се вжарува твојата снага, од сонцето што ти изгрева и заоѓа на вишновите усни, јас -пепел што ветрот го чита. Твоите умни нозе ми ги газат трулите мисли; Давам род на божества во кои целосно тебе сум ти ветен, каде немаат право на збор ни земјата, ни небеста. Ти -напрсток кој ме чува од острилото на ...

Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 22 Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам „Струмица 2021“, кој се одржува во рамки на Интернационалниот Струмички карневал на тема „карневал-еротика“. Според пропозициите на конкурсот за афоризам секој автор може да учествува најмногу со десет афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат со најмногу десет ...

Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ („Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia“), во соработка со Здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“ годинава по шести пат го распишува конкурсот за најдобра необјавена поетска творба „Антево слово“, специјална награда на фестивалот, востановена во чест на великанот на македонската поезија Анте Поповски. На конкурсот можат ...

Ми стинеа градите во мака, ама стапката ми беше лесна. Ја навлеков на левата рака ракавицата од мојата рака десна. Се чинеше многу скали има денот, а јас знаев се сал три! Eсенскиот шум во кленот Mе замоли „Умри со мене и ти! Ме прелажа и умори Cудбината неверна во небичас“. „Мене исто така!“ – одговорив: „Мил мој, со тебе ќе умрам и јас…“ Да, тоа е песната за крајот, Гледав в домот темен в ноќна доба. Само на свеќите се лееше сјајот Жолт ...

Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Какви се децата“ од поетот за деца, Ненад Џамбазов. Дел е од збирката Земјата на лажговците (1999), се состои од пет римувани строфи посветени на детската игра и генерален темперамент, а какви се децата според Џамбазов и каква е нивната игра, прочитајте подолу. Збор по збор, збор по збор, пожар избувна во двор. Од кавгата што ги стресна, секна песна, игра лесна. И што стана: караница, ...

Ја здогледав тагата во твојата мелодија, додека симфонијата ја пригушуваше целата просторија со тежината од твојата болка. Чекор по чекор како да е нешто што долго време го правиш и нешто што најдобро го знаеш… Полека присетувајќи се на стариот ти! Сè она што останало сокриено со векови и децении во некоја далечна просторија во најгорната полица, прикриено со прашина и пајажина. Твоите очи кои криеа тајни полека почнаа да раскажуваат најболни ...

Во времето кога ти не беше тука нивната растроеност и осаменост се спојуваа во еден мрачен дом на уништените среќни восочни фигури, нивната безвременска триологија, а можеби некогаш и многулогија, бидејќи се бесконечни, не им ја баш разбирав, оти беа заедно секогаш, паѓаа посебно, а сепак, се соединуваа како да се нешто вечно и неминливо… А ние? Ние паѓавме заедно, тоневме и се топевме како нашата оддалеченост да брои бесконечен број на ...

Ти верував, се надевав, сила си давав. Во срцево те чував, од заборав се плашев. Но ме достигна и тој, никогаш не бев свој… Тебе ти припаѓав… За љубовта наша жалев, тагував и пак продолжував. Живот пуст, ми остана, тешка рана, не ми помина. Иако годините заминаа, во мене сè остана исто. Ќе го паметам засекогаш нашето место. Онаму каде почна и заврши сè. А толку многу имавме истовремено и немавме изгубивме… Не се враќај не лажи ме, допри ме на ...

Пет прекрасни цитати за август кажани од писатели, поети и музичари. Некои се од дела, некои пак, од лични дневници и музика, но без разлика од каде и од кога потекнуваат, овие цитати имаат нешто заедничко, а тоа се убавината, меланхолијата и поетичноста на август од чии нишки баш потекнала инспирацијата за тие да бидат напишани. Уживајте во преостанатиот дел од август и уживајте во читањето. 1. „Се чувствувам како патник низ времето: Јуни, ...

Метју Пери, актерот кој го препознаваме по улогата на Чендлер во култната серија „Пријатели“ беше пронајден мртов во своето купатило. Метју Пери (Август, 19 1969 – Октомври, 2023) долги години се бореше со зависност од алкохолизам, дрога и лекови. Склоноста кон зависности како што ќе признае сам му донесла многу проблеми, меѓу кои и на снимањето на сетовите на најпопуларната серија во деведесеттите. Минатата година Метју ги објави своите ...

Пегаз (грчки: gasγασος) бил крилест коњ во грчката митологија, син на Посејдон и Медуза. Хесиод го поврзува името на Пегаз (грчки Πήγασος) со зборот (грчки πηγή), или пега, што значи „извор“, затоа што каде и да го допрел Пегаз на земјата, ќе потечел извор – изворот на Хеликон „коњски извор“ – Хипокрен. Но, името Пегаз најверојатно доаѓа од лувискиот збор „pihassas“ или молња, или од зборот „pihassasas“ што значи бог на времето и молњата, а ...

Филип и Демостен Грчкиот владетел Филип бил опкружен со ласкавци и лицемери. Неколку дворски измамници го барале познатиот оратор Демостен со намера да го убедат да им се придружи во фалењето на кралот Филип. „Зошто никогаш не го пофалиш кралот со збор? Зошто не најдеш ниту еден убав збор за неговите многубројни квалитети? – Кои се тие квалитети? прашал Демостен. „Кралот е одличен оратор, многу убав човек и секако, прв е во пиење на алкохол ...

„Модар накит“ претставува дело за еден свет што на повеќето жени од развиените делови на светот им е далечен. Но на некои, кои секојдневно чекорат низ истите улице, се возат во ист автобус со нас, делат иста просторија им е толку близок и секојдневен, а ние може никогаш да не бидеме свесни за тоа. Од почеток на делото истакната е супериорноста на мажот врз жената. Мажот е оној кој се грижи за својата чест и за честа на своето семејство. Мажот ...

Делото на Стивен Кинг „It“ (Тоа) ги возбудува љубителите на хоророт ширум светот. Но, што точно е ТОА? Дали сте чуле за кловнот Пенивајз? Што е ТОА? Кловнот Пенивајз е навистина одлична креација на Стивен Кинг. Сепак, Пенивајз е само една од многуте форми што ги носи ова чудовиште. Тоа е суштество од световите на Макроверс. Макроверс е универзум во кој се одвиваат сите романи на Стивен Кинг. Тој ја поврзува Темната кула. Чудовиштето Тоа доаѓа ...

Впечатоците од најновиот роман ,,Савески” (2023) на младата писателка Анастасија Лефкоска полека спласнуваат и го заземаат своето место. Темата во романот предизвикува, метафорите звучат како поеми испеани тивко во ноќта, за да останат запаметени и од нив да ги согледаме своите слабости, стравови, но и своите предности. Сите брзаат некаде уверени дека имаат време. Ве сакаат, жал им е, но реката едноставно влече, и тие заминуваат по патот на ...

„Птицата родена во кафез нема да научи да лета ако не излезе надвор од кафезот“, вака некако звучи модифукаваниот цитат. Ние сме социјални битија, не сме создадени за да бидеме во кафез. Што ни се случува една цела година наназад? Можеби не ни се потсечени крилјата и колку толку движењето не ни е целосно ограничено меѓутоа не сме целосно слободни. Не сме ниту во кафез, а не сме ни целосно на слобода. Погодувате поради која причина. Пред точно ...

Жените кои ја користеле својата глава за да одлучат што сакаат да прават со себеси, генерално, биле проблем од настанувањето на човештвото, а на Балканот се проблем до ден денес. Низ историјата биле прогласувани за вештици и спалувани на клади. Oдземено им било правото да донесуваат одлуки, да учествуваат во водењето на државите, да гласаат, па и да одлучат што ќе прават со себеси. Дури и таа одлука им припаѓала на мажите во најтесното ...

Таа љубов Толку силна Толку трепетна Толку нежна Толку очајна Таа љубов Убава како ден И грда како времето Таа љубов толку вистинска Таа љубов толку прекрасна толку среќна Толку весела И толку жалосна Треперејќи од страв како дете в мрак А толку сигурна во себеси Како спокоен човек во ноќта Таа љубов која предизвикувала јанѕа кај другите Ги прогонувала да зборуваат Ги принудувала да бледнееат Зошто тие други ние сме ги демнеле гонети, ...

На каналот „Слушај поезија“ најновото видео со поезија со наслов: „Биди слободна риба“ од Руми е објавено. Џелалудин Мевлана Руми бил персиски и исламски филозоф, теолог, правник, поет и суфиски мистик од 13 век. Читам негова поема од стихозбриката „Два света“. За да го поддржите каналот на YouTube кликнете на subscribe (бесплатна претплата). Слушнете ја поезијата во видеото во продолжение.  Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, ...

Ежен Гилвик (5 август 1907 – 19 март 1997) е еден од најважните француски поети од втората половина од 20 век. Професионално се претставува само преку своето презиме Гилвик (фран. “Guillevic“). Во неговото творештво, Гилвик останува доследен на своите сфаќања за светот. По еден период на отпор, на бунт против социјалниот и општествен поредок, тој го започнува својот обид да го скроти светот и неговата тишина. Се противи на метафизичкиот приод ...

Денес ја споделуваме песната „Кармен“ од францускиот поет Теофил Готје. Теофил Готје, француски поет кој живеел во 19 век, бил поет – претставник на романтизмот, но се оддалечил од ова литературно движење за да се заинтересира и основа ново литературно движење наречено „уметност заради уметност“. Во 1857 година ја објавил збирката „Глазури и камеи“ (во којашто ја објавува песната „Кармен“). Оваа песна е инспирирана од новелата „Кармен“ од ...

Стелиос Саривасилис е современ грчки поет роден во Серез, Грција во 1948 година. Има издадено четири стихозбирки и една антологија со преведени песни. Некои од неговите песни се преведувани на македонски јазик и повеќе песни се вкчучени во повеќе балкански антологии, рамноправно со повеќе истакнати балкански поети, Капините на Свети Наум Мовлеста капино на Свети Наум со есенска свежина во својот плод, сред твоето трње гроздоберачот чепка, а ...

Леополд Седар Сенгор (9 октомври 1906 – 20 декември 2001) е сенегалски поет, политичар, културен теоретичар и прв претседател на Сенегал во периодот од 1960 до 1980 година. Сенгор е првиот африканец кој е избран за член на ‘Француската Академија’. Основач е и на политичката партија позната под името Сенегалски Демократски Блок. Почитуван е како еден од најголемите африкански интелектуалци на дваесеттиот век. Добитник е на Златниот венец на ...

Васко Попа (Гребенац, 29 јуни 1922 — Белград, 5 јануари 1991) е српски поет. Денес, Попа се смета за еден од најголемите српски поети. Напишана со современ јазик во кој се препознаваат мелодичноста и метафоричноста на народните умотворби, со слободен и ритмички извонредно организиран стих, елиптична и идиоматска во изразот, лексички многу богата, поезијата на Васко Попа му гради траен споменик на човечкиот дух, иако секогаш се движи по самата ...

Маид Чорбиќ е млад автор од Тузла, Босна и Херцеговина. Прочитајте ја во продолжение песната којашто ни ја испрати. Ги гледам тие мрачни бедници од прозорецот на таксито Облечен во различни бои и различни сјајни дезени Јас го забележав бројот седумдесет и еден на покажувачот на нашиот автомобил Осветлен како никогаш претходно, со свртени различни насоки Додека им се предавам на своите ситни мисли Во доцните бледи часови, полуспан сè уште ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
8.23
75%
1013
weather icon

Белград

-4ᴼ / -5ᴼ
7.72
77%
1019
weather icon

Загреб

-1ᴼ / -1ᴼ
2.57
64%
1023
weather icon

Софија

0ᴼ / -2ᴼ
7.72
69%
1013
weather icon

Сараево

0ᴼ / 0ᴼ
8.65
76%
1011
weather icon

Љубљана

0ᴼ / -2ᴼ
0.0
81%
1022
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
4.47
68%
1004
weather icon

Тирана

7ᴼ / 7ᴼ
2.06
61%
1008
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
10.8
33%
1011
weather icon

Букурешт

-4ᴼ / -6ᴼ
4.12
83%
1010
weather icon

Будимпешта

-2ᴼ / -3ᴼ
9.77
79%
1017
weather icon

Истанбул

5ᴼ / 5ᴼ
7.72
87%
1005
Currency

61.5417

Currency

52.8946

Currency

70.9088

Currency

35.4077

Currency

38.0004

Currency

65.9687

Currency

7.5809

Currency

0.66715

Currency

0.33501

Currency

0.5244

Currency

1.2315

Currency

0.58613

Калај

44.73

Злато

144981.23

Паладиум

57935.65

Кобалт

59.52

Алуминиум

3.14

Рутениум

44946.74

Цинк

3.10

Иридиум

169549.30

Сребро

2569.43

Бакар

11.84

Платина

72292.89

Родиум

310254.70