Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Најновата песна „Ослободи се“ од Стиховен Калибар (Горан Јанкуловски) е веќе достапна за слушање. Текстот го напишал Стиховен Калибар, гитара и бас се од Дарко Тасевски. „На човекот најмила му е слободата. Без слобода, човекот – човек не е, за слободата следнава песна ја пее“, е увертира за она што може да се чуе во следните минути. Стиховен Калибар со римуваните строфи испраќа силна порака за ослободување, за стегите наметнати од ...
Музичката рок-група – Ареа, добропозната на публиката, им поклони на слушателите нова песна и спот за „Јаве или сон?“. Песната е во режија, сценарио и камера на Александар Ристовски. Ружица Милошеска Брчиоска е вокал, а групата брои уште четири членови. Огромно е задоволството на љубителите на нивната музика, а со овој спот е и најавата за новиот албум кој го очекуваат со нетрпение. Гостиварската музичка група своите почетоци ги имаше во 1991 ...
Излезе нова песна на Стиховен Калибар, Валтер и Аго насловен „Отуѓена земја“. Ова трио пред слушателите ја изнесе нивната најнова песна која е крик и бунт против општествениве случуавања. Текстови и вокали: Стиховен Калибар, Валтер и Аго Инструментал: Брус, 2003 год. Музика на рефрен & ре-мастеринг: Аго Користен извадок од “Диво Месо” – Горан Стефановски Фотографија: Седо Перо Албум: Модерни робови Скопје, 2023 год. Слушнете ја песната во ...
Нашата редакција повторно ја имаше таа огромна чест да поразговара со нашиот млад и надежен автор на трилери и мистерии, Александар Николовски. Овојпат со двоен повод. Верувале или не, тој своите многубројни читатели, вака предновогодишно ги изненади со два романи одеднаш. Како ни протече муабетот и какви интересни одговори ни даде Александар, прочитајте во продолжение. Александар, па што ли е ова?! 🙂 Ти симнуваме капа, дефинитивно! Мора ...
Годинава се одбележуваат сто години од раѓањето на најклучната личност во македонската литература одговорен за кодифицирање на македонскиот современ јазик. Блаже Конески ни остави неизбришлива трага од неговото постоење, а наше е да не дозволиме таа никогаш да не избледе. Во опис на овој документарец стои следново: „Документарниот филм во чест на одбележувањето на 100-годишнината од раѓањето на писателот, лингвистот, преведувачот – академик ...
Промоција на трета стихозбирка ,,Патот на водата” од Гордана Каракашевска во издание на Современост – списание за литература ќе се одржи вечерва, вторник 12.12 во 19 часот во спомен-собата на браќата Миладиновци Т’га за југ во ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје. За книгата ќе зборува Вања Таневски, професор по македонски јазик. Стихови ќе чита Елеонора Николовска, писателка. Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, ...
Во кругот спирален од небото низ облаци кадели темни куќа си направив за тебе и за мене по цели денови месеци години спирали изодувам низ куќата моја во облаци нурната за со тебе да се сретнам насекаде скитам на Марс еднаш појдов и оган си зедов Венера пак мене на гости ми дојде ми донесе цртеж со вселенско цвеќе од крваво сонце огреано и со крвта моја испрскано во мозокот твој збунет од секакви мисли засадено ах убава многу убава е нашата ...
Вук Стефановиќ Караџиќ (7 ноември 1787 – 7 февруари 1864) многу допринел за српскиот јазик да биде ваков каков што е. Караџиќ бил српски јазичар и голем реформатор на српскиот јазик и азбука. Јазикот е жива материја, се развивал со векови и до денеска се развива, а така ќе биде сè додека се зборува за него. Што пишувал и говорел за српскиот јазик и правопис Вук С. Караџиќ прочитајте во продолжение. Мисли за српскиот јазик и правопис од ...
Искршено верување за подобри денови имам сокриено во себе Со непознати очи Гледам кон тоа нивно ветување Кон тоа нивно без шмек зборување. Просто молчиш На секоја нивна празна станица Молчиш пред секоја нивна воздишка Молчиш и пред погледот страшен Молчиш во себе За да не те сфатат погрешно Сите оние кои мислат дека знаат А всушност ништо не знаат. Затоа е важен молкот И пред вистината И пред соништата За да изброиш до 10 Пред да почниш да ...
Ти си илузија Некаде во ноќта Во сонот што ми танцува Како магија испратена Под црешата засадена. Ти Синот Божји Кој пушташе глас Како игра без граница Која не знае за крај Ти си сè уште за нас сон егзотичен Кој остави навики За подобри денови. Тајно моја На овој ден Јас молчам Молчам со громовите на душа Молчам и се молам за тебе Зашто само по тебе Моите Солзи прават златен прстен И како Божилак Истурен пред рајот Зашто залудно го лажам ...
Тивката музика на твојата гитара, одѕвонува во моите сетила од длабочините на морските води, носена извајана како млада стабло на врба, тажна со испружени раце кон плавото небо, покриено како кадифе меко, нежно над мојата душа во долго некое чекање на милувкa нежна … Време за чекање сонувајќи во една насока со визија, само ветрот во тишината на синото море, шушкањето на школките ме носи во далечна фантазија и мирно сонување под синото небо и ...
По повод 247-иот роденден на една од најдобрите англиски и светски романсиерки, Џејн Остин, денес на блогот објавуваме десет нејзини избрани квоти. Се надеваме дека ќе уживате во читањето. 1. „Половината од светот не може да ги разбере нештата во кој ужива другата половина.“ 2. „Штом толку многу часови поминав убедувајќи се себеси дека сум во право, зарем не постои причина да се плашам дека можеби грешам?“ 3. „Мојата идеја за добро друштво е ...
Амазонки — митолошки народ составен од женски воини во старогрчката митологија и антиката. Херодот сметал дека се од регионот кој се граничи со Скитија во Сарматија (денес во Украина). Други историографии сметаат дека биле од Мала Азија, а понекогаш и Либија. Херкул и Хиполита Значајни кралици на Амазонките се Пентесилеја, која учествувала во Тројанската војна, и нејзината сестра Хиполита, чиј магичен појас, подарен од нејзиниот татко Арес, ...
Жанрот на делото „Капетановата ќерка“ на Пушкин е тешко јасно да се дефинира. Некои критичари веруваат дека станува збор за приказна. Други го дефинираат како роман. Авротот сметал дека „Капетановата ќерка“ е опис со историски нарав и измислен наратив. Ние ќе се обидеме да одговориме дали „Капетановата ќерка“ е роман или приказна. Синтеза на жанрови Како што е познато, Пушкин обработувал различни жанрови. Меѓутоа, во ова дело, неговите ...
„Шекспировата сестра” од генијалната писателка Вирџинија Вулф е расказ кој е дел од феминистичката книга „Сопствена соба”. Расказот доаѓа како одговор на изјавата на еден бискуп кој тврди дека би било невозможно за жена во времето на Шекспир да пишува. Пропратена со изјавата дека „Мачките не одат во рајот, но имаат…некаква си душа.” Вулф го започнува расказот со тоа што се согласува со бискупот, а потоа на генијален начин (на каков што само ...
Текстов го пишувам понеделнички за дневна доза мотивација. Денот ми почна рано, по не знам кој пат повторно се уверив дека може да се функционира со четиричасовен сон, но не е воопшто пријатно чувство. Ако може да се извлече поука од денов, меѓудругите би била дека ноќното спиење за ништо на светов не смее да се скрати. Спијте ги тие седум до осум часа сон во текот на ноќта за преку ден да се чувствувате убаво. Во мојот случај краткиот сон се ...
Покрај еден куп загрозени видови животни, на Балканот вирее уште еден загрозен човеков вид – жени. И стандарди за жени во изумирање за кои се надевам дека младите генерации ќе ги изгазат под нозе. Прав ќе ги сторат. Да се родиш како жена во Македонија со дискриминација се соочуваш од раѓање. Ако си прво дете во семејството, родините ви доаѓаат дома на мекици и секој од нив изговара една прекрасна реченица која секој родител едвај чека да ја ...
Сè додека е вака како што е, ќе биде исто и ништо нема да се промени. Пред некое време ме прашаа по што се разликува моето пишување и како би го опишала. Мојот одговор беше дека не пишувам за да им се допаднам на луѓето. Не пишувам само за да биде “бендисано“ напишаното туку дека имам сопствен начин на писмено изразување и не може секому да се допадне. Ова е сосема во ред бидејќи дури ни стилот на Умберто Еко на пример на сите не може да им ...
Често слушаме од (по)старите како денес, ние, младите немаме вистински систем на вредности. Како секаде околу нас се сервираат неверства. Како се служиме со лаги и измами. И како во нивно време не било вака како што е денес. Ама дали ние, младите, го измисливме неморалот и гревот? Или неморалот и гревот постојат откако Ева каснала од забранетото јаболко? Нејсе. Да се вратам на мојата кратка приказна за (не)моралот. Едно неделно попладне си ...
По цели тринаесет години Принцезата на Поп музиката Бритни Спирс е повторно слободна, благодарение на неуморната борба на посветените фанови. Да се потсетиме, во 2008-ма година, по серија на нервни сломови, беше поставено привремено старателство над Бритни – одлука која обично се носи ако индивидуата е неспособна да се грижи за себе. Со ова, таткото на Бритни, Џејмс Сприс се здоби со право да владее со нејзиниот имот, финанисии, живот ...
Изутринава осамна веста за големата трагедија во автобуската несреќа случена синоќа во која загинаа 46 македонски државјани. Меѓу жртвите имало и 12 деца од кои најмалите биле на четиригодишна возраст. Речиси и да нема човек кој не прочитал барем една статија или не слушнал на вести за овој трагичен настан. Во текстов нема да пишувам за недопотврдените факти, кој е виновен, каде треба да се бара одговорноста и зошто се случила несреќата. ...
Гледаме вести – црни хроники, тага и очај. Гледаме вести. Читаме весници ко маѓепсани, ко изгубени. Не можеме да одолееме на апатијата што излегува од таа магична кутија и затоа не се помрднуваме, ниту трепкаме, ниту подголтуваме. Се навикнавме – велат нашите. Нема ништо убаво – велат помладите. Родени во општество со граници, да веруваат во сѐ грдо што ќе речат весници, портали и телевизии. Толку заслепени, безнадежни што не ни го бараат ...
Има ли смисла, навистина, Уште да се пишува, Кога е веќе толку и толку изнапишано? Има ли смисла, луѓе мои, Мислата да се цеди, Кога е веќе сè доисцедено? Зборот, комај ни се доизарчил, Не велиме – пресушил, Бидејќи животот Познава препознатливост… Кажуваме за точката! Местото нејзино е Таму кадешто завршува јаснотијата На реченото. Па ако нешто го преднасетува крајот Редно е да се помисли И на точката, т.е. Да се изнајде право место за неа И ...
Напомена: Инспирирано од Музејот на Распаднатите Врски кој се наоѓа во Загреб – Хрватска Музејот на Скршените Срца е интересно место. Полно со предмети донирани од луѓе со… па, скршени срца. Заостанати предмети на бивши, екс – пријатели и семејство кое веќе не фигурира како семејство. При самиот чекор во музејот едно е јасно; извира со меланхолија, тоне во очај и горко помирување. Ама, некако стои и како утеха дека сѐ што било и болело еден ...
Раскинати сме од канџите на империјализмот. Секој сака да изгради сопствена империја. Блескава. Да ги маѓепсува другите. Кристална империја што се крши секоја ноќ кога легнуваш на студената перница до партнерот што си го одбрал само за да додаде вредност на твојата империја. Од надвор гледаш гламур. Театар зад чии кулиси се кријат тажни моно драми. Глас во главата кој вреска. Сакаш да го запреш. Да не го слушаш. А некогаш посакуваш да имаш ...
Четири букви заменија морал, етика, љубов, емпатија, добрина… П-А-Р-И. И уште пари. Уште пари. Пари. ПАРИ! ПАРИ!!! Афоризмот на генерациите кои постојат (а не живеат) во 21 век гласи: „Со пари не можеш да купиш среќа, ама подобро да плачеш во Ламборџини, наместо на велосипед.“. Тогаш плачете! Плачете во Ламборџини. Нека ви се искине душата. Нека ви потонат сите бродови. Уништете си ја надежта. Ама, нели, плачете во Ламборџини? Не е лесно да ...
Луѓето се расфрлаат со зборови, а ништо не кажале. Други пак штедат на зборови, а многу повеќе рекле. Лесно е да се зборува, потешко е да се одгатне вистинската намера зад било што кажано. Не секогаш се зборува без причина. Оти не секогаш причината е онаа којашто на прво слушање ти изгледа за валидна. Никогаш докрај нема да можеме да бидеме сигурни која е вистинската намера зад туѓите зборови. Токсичните луѓе имаат една цел: „да направат да ...
Војната е погубна за човештвото, но дали владеачот на едната завојувана страна се однесува дека ова го знае? Воопшто не изгледа така. Се дистнцирам од постојано гледање вести, не сакам да следам политика, но ова не смее да се занемари. Зошто? Бидејќи сите сме засегнати на некој начин иако изгледа дека војната е далеку од нас. Порталите се изнапишуваа секакви информации уште од почетокот на нападите од Русија врз Украина. Практично бевме ...
„Една жена мора да има пари и сопствена соба ако сака да пишува фикција.” Вирџинија Вулф, „Сопствена Соба“ Осумдесет и една година токму денеска изминува од смртта на генијалната писателка Вирџинија Вулф. Таа го усовршува стилот на пишување наречен „Свесен наратив” и скоро совршено успева да го фати она што никој пред неа не успеал: Сегашниот момент. За Вулф можам да пишувам и зборувам многу. Можам да развлечам за цвеќето во „Г – ѓа Даловеј”. ...
На денешен ден се навршуваат точно дваесет и девет години од трагичниот крај на Сараевските Ромео и Јулија-Бошко Бркиќ и Адмира Исмиќ. Двајца заљубени, трагично убиени млади во војната во Сараево во 1993 – та година. Приказната зад сараевските Ромео и Јулија Во далечната 1993-та, во град поделен на две закрвавени страни и два огна, Бошко и Адмира со само дваесет и пет години затежнати на нивните им срца, уживаат во својата вонземска љубов и ...