Има луѓе што сметаат дека сè она што ги уништува книгите за да се направи од нив е нешто најлошо, но некои го мислат спротивното и ги купуваат таквите креации направени од книги. Навистина постојат креативни начини на кои луѓето им наоѓаат на книгите друга намена освен онаа основата – читањето. Тие можат да се претворат во уметност и вешти изработки, можат да служат како вазна за растенија, нивните страници да се извиткаат во декорации или да ...

Во рамките на второто издание на Меѓународниот фестивал за литература и илустрација за деца „Литера“, кој ќе се одржи од 14 до 19 октомври на повеќе локации, ќе биде отворена изложба на илустрации на големиот ликовен уметник Димитар Кондовски, еден од доајените на македонското сликарство. Кога ќе биде отворена изложбата? Изложбата ќе биде отворена на 14 октомври во Национална галерија на Република Северна Македонија, објект „Мала станица“. За ...

На крајот од годината големите компании знаат да направат интересни реклами на тема – Божиќни празници. Најдобар и најпознат пример во светот за реклами од ваков вид се рекламите на „Кока кола“. Годинава имаме можност да ја видиме рекламата која ја подготвил цел тим што стои зад „Дизни“. Во времетраење од 3 минути оваа анамирана реклама со наслов: „Од нашето, до вашето семејство“ ќе ве разнежни. Приказната го следи малечкото девојче Лола која ...

„Дали си изгубен во светот како мене“ е насловот на следнава кратка анимација којашто го претставува денешниот свет. Ми ја испратија пред малку, штом ја изгледав посакав да ја споделам со сите што го следите блогот. Анимацијата е објавена на јујтуб во 2018-та година, а оттогаш речиси ништо не е сменето освен што носиме маски и е пандемиско време. Во краткото, но реално и тажно видео ќе се пронајдат многумина. Ние ќе се запрашаме: „Во каков ...

Пред сè, лице. Лице на некој кој нема да се откаже, кој нема да издаде, кој нема да чувствува вина. Лице на жена која одлучила да биде трајно и длабоко ранета од уметноста, ранета епски, еротски, интелектуално. Лице кое збунувало, и не му дозволувало на светот и за миг да помисли дека занимавањето со ова божествена, демонска, ангелска работа – комфорно, удобно, пријатно и лесно. Таа влегла во Херодотовата река која непрекинато тече и тој тек ...

Димитар Андонов Папрадишки (1859 – 4 јануари 1954) e последниот македонски зограф. Тој воедно е и првиот македонски профан (нерелигиозен) сликар кој ги поставил темелите на западното сликарство во земјата. Познат е и како историски сликар и портретист. Бил син на истакнатиот градител, копаничар и иконописец Андон Китанов (1829-1914). Биографија Димитар Андонов Папрадишки е роден во 1859 година во мијачкото село Папрадиште во непосредна ...

На 6-ти февруари 1918-та година починал Густав Климт, австриски симболистички сликар и еден од основачите на Виенската Сецесија. Целиот живот бил фасциниран со женското тело кое бил и примарен субјект на повеќето негови слики. Го нарекувале перверзен, а неговите слики еротични и порнографски. Сепак токму тоа му донесло светска слава, а неговата слика „Бакнеж“ денеска е најпозната австриска слика на сите времиња. „Бакнеж“ е најпознатата слика ...

Микеланџело ди Лудовико Боунароти Симони (италијански: Michelangelo di Lodovico Buonarroti Simoni; 6 март 1475 – 18 февруари 1564), попознат само како Микеланџело e италијански ренесансен вајар, сликар, архитект, поет и инженер кој имал големо влијание врз развојот на западната уметност. Тој се смета за еден од моделите на тоа како еден уметник на ренесансата треба да изгледа, заедно со неговиот пријател Леонардо да Винчи. Еден од ...

На денешен ден 30 март во 1853 година е роден еден од најславните и највлијателните уметници – Винсент ван Гог. Овој холандски уметник се смета за претходник на европскиот експресионизам. Тој го деформираше природниот облик, страствено го прикажуваше она што не можеше да се прикаже со сликање, а зад секоја негова слика стои приказна. Прочитајте ги во продолжение неколкуте занимливости за неговиот живот. 1. Во неговиот краток живот во траење ...

Роден во 1798 година во близина на Париз, Ежен Делакроа бил водечки уметник во 19 век. Тој го напуштил училиштето на млада возраст за да учи сликарство кај Пјер-Нарсис Герен пред да се запише на Ликовна Академија. Неговата храброст за употреба на живи бои и слобоата при сликањето ќе станат негов препознатлив стил, a тој ќе стане инспирација за многу уметници во иднината. Еве неколку интересни факти за овој уникатен сликар: Делакроа беше ...

Рембрант Херменсон ван Рејн (15 јули 1606 или 1607 – 4 октомври 1669) е веројатно највлијателниот холандски сликар и еден од најголемите сликари во европската историја на уметноста. Прочитајте ги следниве 9 факти кои е убаво да ги знаеме за уметникот кој кршел правила. 1. Рембрант живеел во таканареченото „Златно време на Холандија“ или холандското сликарство и бил водечки сликар на барокната епоха. 2. Бил одличен портретист, а таа негова ...

Изминаа две недели од поставената изложба во Даут пашин амам од доајенот на македонското сликарство, Димитар Кондовски; без никакви претензии или своеглави убедувања, отидов да ја разгледам изложбата и да се уверам дали имам право во понуденото. Секако онаа синтагма која гласи: „Доколку не очекуваш нешто, добиваш двојно повеќе” се оствари; слики, полно како око. На самиот почеток би сакал да напоменам дека нема да се водам по хронолошки, туку ...

Во Словенечкиот народен театар – Драма Љубљана беше поставена претставата „Мојот маж“ според расказите на Румена Бужаровска. Во согласност со здравствените протоколи, минатата недела се одржаа три претпремиери и три премиери (на 8, 9 и 10 октомври) пред публика од по 80 гледачи по претстава. Според критиката, претставата моќно ја доловува положбата на жените соочени со специфичниот патријархат на Балканот. Ника Корењак ја споредува ...

Артур Милер е американски драмски писател и есеист. Роден во Њујорк, во 1915 година, во сиромашно граѓанско семејство. Тој починал на денешен ден во 2005 година. Студирал на Универзитетот на Мичиген, а за време на студиите морал да работи за да се издржува. Во 1955 година станал претседател на меѓународната организација ПЕН. Неговото творештво Својата прва драма „Уште расте тревата“, Милер ја напишал уште во студентските денови, а во 1938 ...

„Трагичната повест на Хамлет, Принцот Дански“, или скратено само „Хамлет“ е една од најпознатите трагедии на Вилијам Шекспир. Се претпоставува дека Бардот од Авалон оваа драма ја има напишано во периодот помеѓу 1599 – та и 1601 – та година. Драмата се фокусира на теми како одмазда, инцест, лудило, гнев, предавство, убиство, љубов и климање на моралот. Во продолжение можете да го прочитате познатиот монолог на Хамлет кој, низ овие зборови си ...

Франц Гордон е роден во 1971 – ва година, пораснат во Ламхулт, Шведска и е еден од најдобрите композитори ширум светот. Неговите дела допираат до најдлабоките делови на душата и будат одамна заспани спомени и чувства. Неколку од неговите дела се: “Француската библиотека”, “Професорот по ликовно”, “Срце направено од вуница” и други. За денес како предлог го имаме “Питачот” – инструментална, емоционална, класична и оригинална композиција. ...

Ноември според повеќето луѓе се смета за најгрд месец во годината. Деновите во ноември се кратки, небото е прекриено со тешки и сиви облаци, дождовите се досадни и долги. Некој влажен студ се вовлекува во коските, а наутро е тешко да се стане од топлиот кревет. Според многумина ноември е тежок и меланхоличен месец. Сепак тој знае и да изненади, па некогаш на сонцето му дозвлува да ја огрее земјата. Но тоа се случува многу ретко и трае кратко. ...

„Бидете спремни за љубов“ вака Бранислав Николов вчера со фотогрофија (на насловна) ја најави најновата музичка соработка со Каролина Гочева и Дуке Бојаџиев од која произлезе „Крв да ни се стори“. Музиката и текстот се на Пијан Славеј. Аранжманот и продукцијата се на Дуке Бојаџиев. Во приказната учествуваат и музичарите Трајко Симоновски-Таци, Мартина Баракоска, Мартин Џорлев, Владимир Крстев, но и продуцентот Ивица Јанкуловски. Бранислав ...

Нокаут пред неполни две недели ја објавија нивната најнова песна насловена „Не ми текнува“. Музиката и вокалот се од Никола Перевски, аранжманот е од Дарко Димитров, а текстот е од Игор Џамбазов. Како специјален гостин и придружба со гитара е Дамјан Пејчиноски. Останатите членови од Нокаут кои ги гледаме на спотот се: Горјан Петровски на гитара, Виктор Николовски – бас, Благоја Антовски на тапани, Борче Кузманоски на пијано и Горан Кавраков ...

New Year’s Day (мак. На Нова Година) од Тејлор Свифт е последната песна од албумот Reputation и е совршено романтична песна за тоа како еден заљубен пар кој не смее да биде виден заедно, го чисти заедничкиот стан по дочекот на Новата Година. Најсрцепарачките стихови во оваа песна се најубедливо оние: „Ти ги сакам полноќите, ама ќе собирам шишиња со тебе на Нова Година.” Сепак, слушнете сами и изберете. Песната е тивка, нежна и совршена за ...

Андреа Коевска со песната „Circles“ ќе ја претставува Македонија на Евровизија за 2022 година во Торино. Автор на музиката е Александар Масевски, а текстот го напишале заедно со Андреа. Годинешната наша претставничка имаше најмногу гласови од стручно меѓународно жири, што беше пресудно за крајниот избор. Во изборот на македонскиот евровизиски претставник, гласови дадоа и евровизиски стручњаци од Малта, Ерменија, Израел, Грузија и Исланд. На ...

„Свечена песна за Св. Кирил и Методиj“ изведена од младите хористи од основното школо „Блаже Конески“ од Прилеп. Го споделуваме видеово за сите што не го слушнале по повод денешниот празник – 24 Мај. Видеото ќе ви го стопли срцето, јас веќе три пати го преслушав, големо браво за наставничката Маја Црвенкоска која ги менторирала учениците. Слушнете ги како звучат, уживајте во слушањето! Мешан хор ООУ „Блаже Конески“ – Прилеп  Текстот Да ...

Исправи се, Делфина е македонски филм од 1977 г. на режисерот Александар Ѓурчинов, работен по негово сопствено сценарио. Во главните улоги се јавуваат Столе Аранѓеловиќ, Неда Арнериќ, Дарко Дамески, Слободан Димитриевиќ и Диме Илиев. Филмот е инспириран од вистински настан – препливувањето на каналот Ламанш од страна на македонската маратонска пливачка Атина Бојаџи. Таа починала на денешен ден во 2010 година. Самата Бојаџи која со прекар ...

Дали стримингот ќе го убие киното? Пандемијата и брзиот пад на приходите го забрзаа прашањето кое веќе долго го поставуваат филмаџиите и управителите на кино салите. Новинарите не ја прифатиле поканата на организаторите, а дури и минувачите требало да се наговорат за да ја погледнат филмската проекција во подрумот на парискиот Гранд Кафе пред 125 години. За еден франк колку што чинела влезницата тогаш, гледачите можеле да погледнат 10 кратки ...

Одри Хепберн, холивудската ѕвезда која го освои светот со филмот Појадок кај Тифани, беше уникатна по многу нешта и предизвикува не само восхит, туку почит. Иконата на стилот од модерната ера е многу повеќе од актерка и моден арбитер. Витка, со неверојатен струк од 50 сантиметри, секогаш елегантна во креациите од Живанши, таа е олицетворение на идеалот за женственост. Поседуваше неодолив шарм, љубезност, големо срце. Пред сè, таа е една ретка ...

Оваа романтична комедија е за фамилија која заради работа заминува во Париз, за двајца млади кои се подготвуваат за венчавка и за искуствата кои ќе им го сменат животот. „Полноќ во Париз“ (Midnight in Paris) ја слави големата љубов на младиот Гил кон Париз. Низ филмот континуирано се истражува човечката илузија за тоа дека ако се живее во друго време можеби нашиот живот би бил поубав. Ликот на Гил може да се толкува како лик на занесен, ...

Хероината на нејзиното време. Ја обележа француската уметност и ја однесе уметноста на многу повисоко ниво од она што го знаеме. Нејзиното име е поврзано со бескраен талент, темпераментен карактер и феминистички погледи на светот. Која е точно Колет? Сидони-Габриел Колет (28 јануари 1873 – 3 август 1954), позната по тоа што го користела псевдонимот Колет е француска писателка најпозната по своите романи кои го опишуваат животот на француските ...

Како предлог филм за викенд ви ја препорачуваме оваа драма насловена „Лав“ (чијшто наслов не е случајно одбран) од 2016-та година. Најпрво неколку факти за филмот Драма филм од 2016 година, во режија на Гарт Дејвис по сценарио на Лук Дејвис. Заснован е на автобиографската книга „Долг пат до дома“ на Сару Брирли. Во главните улоги се појавуваат Сани Павар, Дев Пател, Руни Мара, Дејвид Венам и Никол Кидман. Филмот премиерно бил прикажан на ...

„Потрага по среќа“ е краток анимиран филм со силна порака која ќе ви отвори нови прашања, но и ќе ви даде нови одговори. Што претставува среќата за секој од нас? Дали во моментов чувствувате дека имате среќа и вие се чувствувате среќно? Како би ја опишале среќата со друг збор? Трагајќи по неа забораваме да запреме и да се посветиме на некои суштински работи во животот. Честопати додека трчаме по среќа не ги погледнуваме благодетите и ...

По повод 20 години од премиерата на „Прашина“, на официјалната фејсбук страна од Милчо Манчевски, беше објавен текст од Марина Костова. Под насловот „Како се креваше прашина?“, се даваат одговори за тоа како се снимал филмот. Се наведени историските факти, како реагирала публиката во Венеција, кој бил изборот на светски познатите актери. Кои биле ставовите на светската критика и како филмот влијаел на високата мода, прочитајте во следните ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1000
weather icon

Белград

1ᴼ / 0ᴼ
1.03
95%
1001
weather icon

Загреб

2ᴼ / 0ᴼ
0.0
93%
1003
weather icon

Софија

2ᴼ / 0ᴼ
3.09
67%
1002
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
0.75
83%
1000
weather icon

Љубљана

2ᴼ / 0ᴼ
0.32
97%
1003
weather icon

Атина

18ᴼ / 17ᴼ
7.15
60%
1004
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
4.12
76%
999
weather icon

Подгорица

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
100%
997
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
3.09
86%
999
weather icon

Будимпешта

-3ᴼ / -4ᴼ
1.54
87%
1003
weather icon

Истанбул

13ᴼ / 12ᴼ
9.26
72%
1003
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.4288

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.2315

Currency

0.58605

Злато

144981.23

Рутениум

44946.74

Калај

44.73

Иридиум

169549.30

Родиум

310254.70

Алуминиум

3.14

Бакар

11.84

Платина

72292.89

Кобалт

59.52

Цинк

3.10

Паладиум

57935.65

Сребро

2569.43