Првично објавена анонимно на денешен ден, 13 јануари 1818 година, легендата за тоа како Мери Шели првпат го замислила „Франкенштајн, или модерниот Прометеј“ е исто толку позната како и Чудовиштето од романот кое стана вистинска легенда. Како Мери Шели ја измисли приказната за Франкештајн? Eдна темна, бурна ноќ во 1816 година, Мери, нејзиниот љубовник (и подоцна сопруг) Перси Шели и полусестрата на Мери, Клер Клермонт биле во посета на Лорд ...

Како предлог книга денес книгата „Парфем“ од германскиот современ писател Патрик Зискинд роден на денешен ден во Амбах, Германија. Приказната за еден убиец е книжевен историски фантастичен роман издаден во 1985 година (оригинално објавен на германски како Das Parfum) од германскиот писател Патрик Зискинд. Романот го истражува сетилото за мирис и неговата врска со емоционалното значење што мирисите може да го имаат. Приказната се врти околу ...

„Алиса во земјата на чудата“ е дело на математичарот и логичарот Чарлс Латвиџ Доџсон, познат под псевдонимот Луис Керол. Ова дело повеќе од 150 години ги забавува малечките и возрасните. Обединувајќи ја математиката, пoлитичката сатира, психологијата и личното искуство, ова дело е отворено за различни толкувања. Заради богатството на алузија, популарноста на ова дело е вечно загарантирана. Иако недостига конвенционална приказна, морално добра ...

Годината 2021 година е посветена на 400-годишнината од раѓањето на Жан де Лафонтен. Тој е прочуен француски баснописец и поет. Тој е еден од најголемите писатели на францускиот класицизам. Се вбројува во редот на најпознатите баснописци во светската литература. Жан де Лафонтен е роден во Шато-Тјери на 8 јули 1621 година; починал во Париз на 13 април 1695 година. Тој бил примен во Француската Академија во 1684 година. Помеѓу 1668 и 1694 ...

За „Лудата жена на таванот“ се зборува веќе долго време. Но навистина, која е таа, која била и како ги освоила срцата на читателската публика од темнините на таванот, прочитајте во есејот на студентката на Филолошкиот факултет, Александра Атанасова. Лудата жена на таванот Револуционарниот роман на Шарлот Бронте ѝ дава засолниште на една од првите феминистички хероини во светот – Џејн Ер. Делото ги содржи сите елементи на типичниот готски ...

На 07.05 2023, во недела, на Саемот на книгата во спортскиот центар „Борис Трајковски“ ќе се одржи промоција на книгата „Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“ од Лина Димоска. Книгата е во издание на Бата Прес и во текот на саемот може да се најде на нивниот штанд. Може да се купи и на нивната веб страна. „Добрите девојки се враќаат дома пред полноќ“ е новела за обидот на младата хериона да се соочи со минатото и траумите од детство, ...

На 28.08 (понеделник), во 16 ч. во Центарот за Култура во Гостивар ќе се одржи промоцијата на најновиот роман на младата писателка Анастасија Лефкоска. Романот со наслов „Савески” е роман низ чии страници напишани во наратив на свеста се испреплетуваат бројни („табу”) теми, прашања и одговори. Дејството на романот се одвива во Гостивар и Скопје – РСМ, во минатото, сегашноста и претпоставена иднина. Приказната се врти околу семејството Савески ...

“Не кажувај никому“ е трета објавена и поддржана публикација во рамките на едицијата „Балканска женска поезија“, чиј уредник е Звонко Димоски. Претходно беа објавени „Мајка ми знае што се случува по градовите“ и „Денови со полна месечина“ од српските авторки Радмила Петровиќ, односно Витомирка Требовац. Препевот на македонски јазик го направија Наташа Забрчанец и Звонко Димоски, дизајнот на корицата е на Емилија Малезан, додека поговорот е на ...

Зинаида Николаевна Гипиус, мажена Мережковска (20.11.1869 Бељов – 09.09.1945 Париз), беше руска поетеса, прозен автор, книжевен критичар. Една е од најмаркантните личности на Сребрениот век, претставник и една од основоположниците на рускиот симболизам, често нарекувана Достоевски на руската поезија. Нејзините современици ја нарекуваа сотона, декадентна Мадона, вештерка… Беше убава, исклучително талентирана, генијална, необична, интригантна, ...

Еуџенио Монтале е едно од најголемите поетски имиња на 20 век, еден од потписниците на антифашистичката декларација на Бенедето Кроче што ја потпишаа истакнати италијански интелектуалци во 1925 год. Според Монтале, целта на поезијата е нешто кое треба да се изрази посилно од речта. Можеби затоа е најпознат претставник на италијанскиот херметизам. Тој е добитник е на „Златниот венец“ на Струшките вечери на поезијата во 1973 година и на ...

Бошко Смаќоски (18 септември 1938, Модрич, Струшко – 1998, Скопје) е македонски поет, раскажувач, романописец и драмски писател. Творештвото на Смаќоски е богато и разновидно и се состои од десетина стихозбирки, шест книги за деца, три збирки раскази, седум романи, четири романи за деца, книга со гатанки, повеќе телевизиски драми, радио-драми и радио-игри за деца итн. Споделуваме една од неговите најпознати песни, химна на градот Скопје. ...

Милчо Мисоски е роден во Струга во 1972 г. во Македонија. Дипломирал на Медицинскиот факултет во Скопје, специјалист микробиолог, примариус, магистер на медицински науки. Автор е на неколку поетски збирки: „Чекајќи го ангелот“ (1992) и второ издание на англиски (2019), „Записки“ (2013), „Изневерено време“ (2016), „Песочни капки“ (2017), „Стаклени сенки“ (2020). Негова поезија е застапена во антологиите: „Поетите од Струга“ (2001) во издание ...

На 12 декември во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје во 19 часот ќе биде промовирана најновата, трета по ред стихозбирка “Патот на водата„ на авторката Гордана Каракашевска. Поетската книга „Патот на водата“ е длабоко исконско емотивно патување, таа е автобиографска мапа каде земајќи ја водата како појдовна точка, поетесата навлегува во нејзината симболика и преку неа ја пресликува својата духовна ...

Недостиг за она што не било и она што поминало. Како на филмска лента спомени играат безброј емоции се доживуваат. Недостиг како дел од живеењето без кој не се може, недостиг како болен потсетник дека ништо не трае вечно. Недостиг како придружник на тагата од која црпам инспирација секој ден, недостиг како дрво без лисје со гранките спуштени надолу. Недостиг за она што не било и она што никогаш нема да биде. За нови спомени се живее кои ...

Ќе ти пеам песни од утро до мрак и повторно и повторно, како споулавена ќе ја пеам истата песна пак. Ќе ти пеам песни звучни, па макар во твојата глава тие да прават мелодии бучни. Ќе ти пеам тажна приказна отсликана во мојата млада душа, без сигурност дали некој неа ќе се потруди да ја ислуша. Ќе ти пеам песни кротки и јасни, а дали ти на нашите деца ќе им читаш чудесни басни? Ќе ти пеам со убавост и без да плачам, но еве, веќе сум сигурна ...

Има време до Василица, Посакај си Повеќе мир и спокој! Посакај си да не забораваш колку вредиш без да те обземе егото. Посакај си да се оствариш. Посакај си вистински да препознаеш каде треба да се бориш . Посакај си луѓе што ги препознаваат твоите чувства . Посакај си како што ти се грижиш, така исто чуван да бидеш од своите. Посакај си поддршка во мера барем приближна на таа што ја даваш. Посакувај љубов – само онолку колку што ти можеш да ...

Изворот на желбите е око отворено, од клокот занесено, од смеа зазорено. Од него шурките ко лава се шират, во скришните длапки на крвта се вират во тајните места на срцето горат и се така гласно, жуборно зборат. Изворот на желбите е око струјно, до бескрај гласовито, до небеса чујно. Од него во вените рој реки се збираат, во бунарот на душата дали некогаш ќе се смират? Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на ...

Три минути до промена на световите… Полека симнувајќи една кожа и преминувајќи кон друга, подебела, поотпорна од секој метак, како панцир кој ќе нè штити од светот, најмногу што може и умее. Твоите очи, две мали зелени очи во кој го гледам цел свет, и она што било и она што е и она што допрва треба да биде. Ми буди верзии од мене за кои не сум била ни свесна дека постојат. Мојата прегратка како топла прекривка која те сокрива од секое зло, ...

Повеќе од три години не се беше вратила во родната земја, и кога конечно од Германија се врати дома, доживеа низа непријатности. Најпрво, неподносливата жештина на која изгледа се одвикнала, згора на тоа и децата на соседите по цел ден врескаат од базенот. Таа куќа беше најстара во маалото, а сега нејзината куќа е мизерна во споредба со нивната. – Беа обични вошкари, и сега одеднаш гледам невидени луксузи. Дури и на жените им купиле скапи ...

Од високиот стогодишен костен падна и последниот пожолтен лист испечен од летните сончеви зраци, нагризан од студените есенски утра. Остана стариот костен сосема сам во големиот жолто-зелен тревник да ја чека студената снежна зима со остри заби како запци од пила. Силен е тој костен со широка крошна, со високо,мазно,вретенесто стебло, силен е тој,навикнат на суша и студ, осамен и горд сведок на минатото. Во него вековни тајни се збрани, ...

Велат дека сè што е убаво, ни се лепи за душата, а јас не знам.. мене душата ми се лепи за убавото. И ако некогаш некој ми се заколне на вечна љубов, тоа нека биде снежната белина. Оти е чиста, невина, изгубена во времето кога надежта постоеше, а сега, сега само талка низ пустите извитоперени улици, и тропа на вечно заклучените врата. Таа е тука, бунтовно со бел фустан ни ги разигрува успиените очи. Денот е цртеж на вечната убавина, ноќта е ...

Божикна приказна: Човекот и птиците – Пол Харвеј е насловот на најновото видео на каналот „Слушај поезија и други приказни“. Со оваа видео приказна ви го честитаме големиот празник Божик, христовото раѓање. Ви посакуваме здравје, среќа, мир, љубов и хармонија во душите и во вашите домови! Нека е за многу години! Христос се роди! Навистина се роди! Слушнете ја оваа приказна во времетраење од три минути која е напишана токму за денешниов ден. ...

На наше големо задоволство, разговаравме со млад и надежен студент по медицина чијашто пасија е музиката. Давор Илиевски е од Кичево, а на студии е во Скопје. Го следиме неговиот јутјуб канал, сакавме да го запознаеме уште подобро па му поставивме неколку прашања. „Момчето кое уште го бара своето место во светот со џебови полни соништа“, како што ќе се нарече сам, е амбициозно момче кое ви го претставуваме денес. Кој е Давор Илиевски, како би ...

Повторно го почнуваме “серијалот“ Интервју со, а гостин“ ни беше Иван Ајнштајн, млад музичар, уметник, инспиративен во секој поглед. Поводот беше излегувањето на неговиот прв музички албум. Прочитајте подолу за да дознаете зошто вака го најавивме и претставивме. Здраво Иван, како си? Честитки за реализацијата на новиот албум, твое првенче. Најпрво ќе започнеме со ова прашање: „Како е да се биде во кожата на Иван Ајнштајн?“ – Здраво. Јас сум ...

Ентони Дод Ментл е едно од најзвучните светски имиња во снимателската професија со реномиран филмски багаж, име зад кое стои неговиот потпис во филмовите “Прослава” ”Уште една тура” (Томас Винтерберг)“Догвил”,“Мандерлеј”,“Спроти брановите”,(Ларс фон Трир) “Треинспотинг”, “28 дена подоцна” “Милионер од улицата”, (Дени Бојл), добитник на Оскар и на англиската награда БАФТА. Сепак, величината на Ентони е уште повеќе позначајна бидејќи тој се ...

Во длабоката дамнина, каде времето не се мери, се појави во песна Французинче, некој Левалери (Le Valery), чедо кое на Исток појде за да во рудниците мезиски, рашки, влашки, романски дојде, да копа, да работи, и можеби со напередување надеж да му болскоти… Беше тоа 1870 и некоја, Михајло го скинаа млад, Милановата задница заседна со слад… Нему, на Левалери, за жена му дадоа девојка овдешна, не се знае под услови кои; како и да било, таа ...

Во денешното современо општество мораме да си признаеме на себеси дека секој човек суди. Најчесто ги осудуваме другите околу нас. Нивните постапки, дејствувања, одлуки. Имено, судиме за другите без да си ги погледнеме своите постапки. Многупати се случува да искоментираме нешто за некого, да дофрлиме понекој грд збор, едноставно да осудиме некого во одредена ситуација. Зошто се случува ова? Можеби затоа што е полесно да се обвинат другите ...

Да се биде благодарен не чини ниту еден денар. Бесплатно е. Да се биде благодарен не значи дека си наивен. Тоа значи дека го цениш она што го имаш или она што некој го направил за тебе. Ако во животот највредните работи ни се бесплатни, зошто тогаш на луѓето им е тешко да покажат благодарност? Благодарноста е една човечка доблест која секој треба да ја поседува. Да бидеме благодарни кон себе, кон најблиските и кон сѐ што не опкружува. За ...

Во статијава зборувавме зошто треба да се читаат книги, а сега ќе обрнеме внимание на читањето книги кај децата. Родителството е најубавата, но и најодговорната работа на светот. Пред секој родител стои животен предизвик да го насочува своето дете. Одгледувањето на детето покрај неговиот физички развој подразбира и стекнување искуства, односно учење. Експертите редовно истакнуваат дека здравата и добра комуникација е најважна за нормален ...

Родителите имаат најважна улога во животот на своите деца, во начинот на нивно воспитување, пренесување вредности, но и во регулацијата на емоциите. Како и врз развојот на менталното здравје и целокупно врз секојдневното функционирање. Улогата има огромно значење и во подоцнежниот период, не само во првите години. Прочитајте во продолжение какко (не)поврзаноста на родителите и децата влијае на управувањето со емоциите. Учење на саморегулација ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1006
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
92%
1001
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
64%
1006
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.5
80%
1003
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
97%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
77%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
87%
1002
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
1.54
89%
1003
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
9.26
66%
1009
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Бакар

11.76

Калај

44.58

Иридиум

169549.30

Цинк

3.11

Сребро

2492.14

Платина

72143.25

Рутениум

44142.98

Кобалт

59.52

Паладиум

58707.26

Злато

143662.56

Родиум

311058.47

Алуминиум

3.08