Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Животот не е розев. Растењето не е мирно и безболно. Оставете ги гуруата на растварање што се сѐ уште заглавени во меурот на обичното постоење. Оставете ги, тие мака не виделе. Не се кршени, па лепени, оживеани, па потоа пак од истиот пиштол усмртени. Ќе ви речат, бидете среќни — отпуштете, ама како да отпуштиш дел од себе? Како да ги дадеш црните атоми што ги прегрнале белите при самото твое создавање? Тоа исто е ко да ти кажат отсечи ја ...
Гордана Каракашевска е еден од најуспешните автори кои годинава учествуваа на Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ во Гостивар. Таа беше еден од 12 финалисти и се претстави со песната „Неизвесност“ која ви ја претставуваме денеска. Повеќе за авторот Гордана Каракашевска е родена на 31.01.1973 година. Таа е авторка на три стихозбирки за возрасни: „Скршен поет и други поеми“, „Куќа од хартија“ и „Патот на водата“; на романот ...
Го гледам животот како минува менувајќи сè со себе, си велам не е случајно неговото минување. Се гледам себеси низ годините минута по минута ми се менува ликот, не е случајно неговото менување. Гледам наоколу мене, лица со илјада маски, луѓе што се пронаоѓаат, луѓе што лутаат, луѓе што будни спијат, луѓе што се кријат од светот, луѓе со крик за спас, си велам не е случајно нивното постоење. Слушам музика и во секој стих наоѓам парче од мојата ...
Зоки е болен од грип. Стариот чичко доктор рече дека ќе мора да остане в постела, ако сака побрзо да оздрави. Но на Зоки му е многу здодевно в постела. Тој лежи сам, мајка му е на работа, татко му е на работа, а баба му го готви ручекот во кујната. –Бабо, – викна одеднаш тој, – дај ми го Сламеното Мече да си поиграм. Баба му доаѓа но ѝ паѓа на ум дека Зоки ќе се открива ако му дозволи да си игра со Мечето. –Мечето? – се чуди таа. – Па нели ти ...
Волче Наумчески (Прилеп, 18 јануари 1916 – Скопје, 20 март 1980) е македонски писател. Автор е на првата стихозбирка исцело напечатена на македонски јазик во предвоена Југославија, стихозбирката „Иди пролет“, испечатена во Битола во 1939 година. Објавил голем број стихозбирки за деца и возрасни меѓу кои спаѓаат „Поема за злото“, „Пролетни желби“, „Виорно знаме“ и „Седумдесет цветови“. Во 1934 година се зачленил во „Трезвена ложа“. Од 1935 ...
Љубовта нема години, ги спојува детските срца на старците И ти се чини ќе те заспие во долината на Трнорушка за да оживее со своите трња А ти си стар, веќе поминале годините ноќни со трепетни птици Но љубовта се смее, таа е подарок на мигот, не на одминиловста Кротко те милува со шепотот на желбите, со крвта на љубовниците Го кине твоето битие и ти знаеш од неа не е никогаш доста Зошто љубовта е љубов , таа постојано се раѓа Секогаш кога една ...
Сања Атанасовска е македонска новинарка и поетеса, родена е на 21 декември 1985 година во Куманово. Во 2015 година ја објави збирката поезија „Писмото на десетте прсти“ која ја доби наградата Лесновски ѕвона за најдобра дебитантска книга. Во 2017 година ја објавува електронската книга поезија „Тапија од животот“ на Фондација Македоника, а истата година ја доби и наградата Караманов за збирката поезија „Стаклена градина“. Стихозбирката ...
Ако сакаш да ме израдуваш напиши ми ја најтривијалната, љубовна реченица на мало парче хартија скинато од некоја тетратка и капни врз него една капка од твојот парфем, па испрати ми го по некое непознато дете, на кое за награда ќе му дадеш сто денари. Ако сакаш да ме израдуваш остави на мојот праг роза, која попатно ќе ја украдеш од дворот на некоја туѓа куќа. Ако баш сакаш да ме израдуваш сочекај ме на некој агол, на улицата и гушни ме без ...
Твојот поглед е матен – или е тоа привид? Таинствените очи (зелени, сини, сиви?) ту нежност, ту замечтаност, ту свирепост полни, даваат одраз точен на небесата болни. Ми личиш на денови со воздух бел и смлачен, што го тераат срцето одеднаш да плаче, кога непозната болка некоја ги гони нервите до духот да се подбиваат сонлив. Ти прилегаш напати на некој убав предел што сонцето го открива во ден маглив, бледен… Тогаш прекрасна наеднаш ти ...
Барај ме вечно, до последното дрво на планетава, барај ме во непреспиените ноќи кои ми ги должиш, а да барај ме и во твојата беспрекорно добра песна со чуден звук кој произлегува од металофон. Барај ме во белата жена прикриена со црна марама, а барај ме и во црната жена ожалостена од срам. Барај ме онаму каде што нема да сум и барај ме онаму каде што мислиш дека сум. Барај ме во лузните испишани на твојот лудо – заведувачки мускул, а и барај ...
Не сметај, поете, на шумната слава. Пофалбите пламни ќе минат за час; Џганот ќе се сити, глупак суд ќе дава, Но остани стамен, не растурај страст. Ти цар си: живеј сам. Со крената глава Продолжи по патот на слободен глас; За подвигот честит што ти виши раст Не и треба орден на твојата става. Во тебе е се. Сам си врвен суд Од сите си построг спрема твојот труд Во кој беспоштедно целиот се внесе. Не ти може ништо толпата без срам Што ти ...
Твоите очи ја добиваат мојата боја Но немаат право на обединување Твојата коса се прекрила со мојата насмевка Расте кон непознати еха кои се распрсуваат во просторот, Твојата рака се обраснала со моите допири Нашите раце се осудени на допир, Твоите трепки треперат на мојот чекор Нашите чекори се осудени да се пресретнат. Твоите прсти се лизгаат по меридијаните на моето тело Се сретнуваме во сите светови познати на страста Заедно сонуваме во ...
Го сакам Белград затоа што фризерот заради мене останува до 22 часот, затоа што луѓето разговараат едни со други, патат во кафеаните, затоа што во пекарниците можеш да бараш колку реш печен да биде лебот, затоа што во Ресавска на есен е свет мир, затоа што Белград е дом во вистинската смисла на зборот. Тоа ниту една белосветска паштета не го откупува. * Во Белград животот оди вака: ноќта гледаш филм за YSL, а утредента бабичката комшивка ти ...
Магла. Темнина. Отчукувања на часовникот. Надвор темнината ја спуштила својата кожа врз улиците, прозорите. Мрачниот привид не изостанува. Тешко дишење. Уште потешки чекори. Чекори од качување по скали се слушаат во едната насока. Во долниот дел е тишина. Празнина. Подрумот не е достиглив, вратата што водеше до него беше закатена со катенец. Што ли се криеше позади таа врата, никој никогаш не откри. Мистерија којашто станарите никогаш не ја ...
Вук Стефановиќ Караџиќ (7 ноември 1787 – 7 февруари 1864) бил српски јазичар и голем реформатор на српскиот јазик и азбука. Роден е на денешен ден. Фолклористичката и лингвистичката дејност на Караџиќ започнала уште во 1811-1812 година, за време на престојот во Неготинска Краина, каде почнал да ги опишува Кладово, Неготин и другите населени места, како и да ги запишува јазичните обележја на тој регион. Прв српски речник Во 1815 година, ...
Ќе напишам песна за тажни краеви и нови почетоци, за сите неискажани зборови и прегратки несподелени, за сите сонови недосонувани и неисполнети желби. Ќе напишам песна за сите изминати денови кои нема да ги собере во стих и за сите идни денови што допрва ќе ги напишеме во книгите на животот. Ќе напишам песна за оние што не се тука повеќе и за оние што допрва треба да дојдат, едните ќе недостигаат вечно и се неизбришлив печат на постоењето, а ...
Да ти бакнам дланка Со којашто нежно Ти ме милуваше Над дланката која Трошките од лице грижно ги тргаше Ти бакнувам табан Што страсно го држев Додека те љубев И во рисот во кој Никогаш сит тебе Со копнеж се губев Ти бакнувам око Што не гледа ништо А мене ме гледа Трн од твојта круна Џвакам па непцата Во крвта се цедат. Српска современа поезија Препев на македонски: Татјана Маженковска Илустрација: Никола Пијанманов „Венец од трње“, 2009 Масло ...
Во Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје во сабота, 6 април во 18 часот ќе бидат промовирани три книги од Гордана Каракашевска. Книгата раскази „Сињор Џордано и размислувањата за…“, стихозбирката „Скршен поет и други поеми“ и романот “Разголување“ се објавени во 2021 година под псевдонимот на авторката Ана Каракаш, но поради Ковид-пандемијата досега не беа промовирани. Промотор и модератор на настанот ќе биде професорката Елеонора Николовска. На ...
Еден ден ќе остарам и тогаш јас ќе ти бидам дете, ќе ме храниш со смекнати парченца сеќавања на нашите утрински гушкања здробени во белото млеко на мојот заборав. Во скутот ќе ми ги редиш новите кукли за пресоблекување, на нивните размрсулавени лица љубопитно ќе трепкаат моите некогашни очи. Еден ден ќе остарам и тогаш ти ќе ми бидеш татко, прст по прст ќе ми ги отвораш дланките, за од нив да ги истргнеш испотени опасните сечила на ...
Не го чекај онa што не доаѓа, не се изморувај од чекање. Не чекај никого, тој што треба да дојде нема да го чекаш. Не го чекај оној што не доаѓа, што те остава обвиткана во тишина и многу прашања неодговорени. Тој што ќе дојде нема да те збунува ниту да те натера да се сомневаш, биди сигурна. Девојко, избриши си ги солзите и зачувај ги за радосни мигови. Тој што те заслужува ќе те расплакува само од среќа. Не го чекај оној што не доаѓа, ...
„Везот на мугрите“ е првата стихозбирка на Виолета Јовановска која неодамна излезе од печат. Авторката изјави дека нејзина инспирација за книгата пред сè е реалноста. Книгата е во издание на Грфо Пром – Битола. „Некои песни се напишани според случувања од мојот живот, за љубовта, за вербата во Бог, во неа од моите многубројни песни напишани за Тоше и за нашата земја имам само по една песна, посветена за нив. Инаку книгата има 130 песни. Ја ...
Она што сакаш да го разориш, да го разнебиташ, Остави го да ја обнови твојата крв Да го распарчи своето тело Да го издиши твојот плод Голотињата своја да ја навлече Притоа мамејќи те во разигра Со невенчан корен да те откорени Од твојата закопана сенка, Таа јаловица која жеднее за семе Викај ја со сите имиња Таа би можела да биде секој Распален пекол или божествен рај Исповед грешен или утринско покајание Изгрејсонце или змиски допир Таа е ...
Можам јас, ако треба, и планини да прескокнам во еден единствен скок, можам јас. Можам јас, ако треба, и песна да напишам, со неа како со оружје да се борам, можам јас. Можам јас, ако е потребно, на другите приказни да им кажувам, можам јас ако треба и да лажам, но себе не. Можам јас, ако треба, очи да затворам, ако треба можам и уста да затворам, но не можам во срцето да не те носам. Еве, наскоро и зимава ќе помине и овој јануари ќе си оди а ...
Жена – Живот, Енергија, Наивност, Алтруизам. Го подарува најскапоценото од Бог подарено, со енергија што ја црпи и троши секојдневно, полна со детска наивност кога вистински љуби и секогаш подготвена да помогне. Жена – Жал, Егоизам, Навика, Амбиција. Ако ѝ предизвикаш жал знае да биде егоистична, ако ти прерасне во навика веќе си ја изгубил, амбициозна е, затоа не ѝ ги крати крилата! Жена – Живот, Емоција, Надеж, Атракција. Без неа не би ...
Легендата за Свети Патрик еволуирала во текот на 1500 години откако мисионерот го донел христијанството во Ирска. Променета низ вековите, неговата приказна стана мешавина од вистина, мит и алегорија. Прочитајте подолу за некои од митовите за неговата мисија во Ирска. Шамрок Можеби најпознатата легенда за Свети Патрик ја вклучува шамрок, малото растение кое стана познато низ целиот свет како симбол на ирското наследство. По обуката како ...
Македонскиот актер Славиша Кајевски (1982) го загуби животот, а неговите колеги и пријатели веќе почнаа да се опростуваат од него пишувајќи статуси на социјалните мрежи. Веста осамна утрово каде од МНТ го напишаа следново (го пренесуваме текстот во целост): „Со огромно жалење и неверување известуваме дека нашиот актер Славиша Кајевски трагично го загуби својот живот. Кајевски е роден на 01 февруари 1982 г, во Скопје. Дипломира на ...
Ана Атансковиќ е српска писателка, новинарка и копирајтерка. Родена е во Крушевац во 1973 година. Дипломирала англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет во Белград каде живее од 1992 година. Пишувала за списанијата: ELLE, VipTripDiplomatic, Vodič za život, Sensa, Lepota&Zdravlje, а била и соработничка на различни портали како CitajMe, InSerbia, Esquire и Beograduzivo. Пишувала и за Ilustrovanu politiku и сајтовите Infoprevodi и ...
Ноември, по којзнае кој пат ни измина, па редно е да го испратиме како што треба. Во прилог прочитајте го изборот на десетте најубави квоти за ноември кажани од десет писатели и поети. Уживајте во читањето. 1. „Ама темнината се чувствува поинаку во ноемри“. – Нина Меклафлин 2. „Мирисот на дождот и наводенетите дрвја – мирисот на последните денови од ноември“. – Михаил Сибастиан 3. „Знам дека имав умрено еднаш претходно – еднаш во ноември“.– ...
Во Трескавец згрми Перун од планините, висините Во кулите царствата се разрушуваат, се витосуваат Месечеви молњи од исток ги палат, ги срамнуваат Железни боздогани тешки триста ока во нив битисуваат. Болка тече низ камена лава се долу до Прилепа града Стапки тешки отвора да олесни поклоненици од тешка страда Небесен свод закрила нуди, мајката Божја никому не суди Небеските царства од сенилни понори ги буди. Во Трескавец Громовникот свети од ...
Фазил Хисни Дагларџа (Истанбул, 26 август 1914 – Истанбул, 15 октомври 2008). Тој важи за еден од најафирмираните и најплодни турски поети со повеќе од 60 издадени збирки песни до 2007 година. По завршувањето на Воената академија како пешадиски офицер петнаесет години се наоѓа на служба во разни места на својата земја. Потоа некое време работи како инспектор по труд во Министерството за труд. Во 1959 година во Истанбул отвара своја книжара и ...