Ференц Келчеи (унгарски: Kölcsey Ferenc, 8 август 1790 – 24 август 1838 e унгарски поет, критичар и оратор, роден на денешен ден. Роден е во благородничка фамилија во Трансилванија, за време на Хабсбургшката монархија. Останува сирак на многу рана возраст и хендикепиран поради тоа што го губи едното око. Кога има петнаесет години се запознава со Ференц Казинци и предано ги прифаќа неговите лингвистички реформи. Во 1809 Келчеи заминува во ...

За случувањата од повеќе сфери во земјава може да се пишува многу, но во последниве неколку денови актуелни се пожарите што ги опустошија шумите низ планините и селата. Затоа ќе напишам неколку најискрени редови што сметам дека мора да ги ослободам од мене бидејќи горат баш како пламен. Вчерашниот пожар чијшто чад го посведочив со свои очи иако беше далеку, се издигаше во близина на планината Илиница и изгледаше застрашувачки. Пламнатите ...

Поетската книга „Процвет“ од поетесата Цветанка Невчева излезе од печат и ја доби наградата „Душата на чаршијата“. Делото е дел од Современата македонска книжевност и едицијата „Книжевни меридијани“ и е носител на наградата „Душата на чаршијата“, добиена на конкурсот распишан од издавачката куќа „Дата песнопој“ од Битола. Рецезентот Илија Мерковски којшто е главен и одговорен уредник на издавачката куќа „Дата песнопој“, во својата рецензија ...

Секоја година, на 15 април, се слави Светскиот ден на уметноста чија цел е да се зајакнат врските помеѓу уметноста и општеството, да се поттикне поголема свесност за различноста на уметничките изрази и да се нагласи придонесот на уметниците. Токму во тој дух Меѓународната спортска манифестација „Трка на поезијата“ во организација на здружението „Спортски мостови“, Струга, распишува конкурс за најдобра необјавена творба на тема „Мојата трка“. ...

Како предлог за оваа седмица, книгата Интимна преродба од големата италијанска писателка Марија Белончи, историчарка која добро ги познавала феудалните дворци и големите моќни жени кои таму владееле. Последниот од петте големи романи кои ги напишала го посветува на Изабела д’Есте, брилијантната маркиза од Мантуа. Изабела д’Есте е вистински претставник за ренесансна жена. Родена во едно од најстарите семејства во Италија, владејачката куќа ...

Емил Зола писател и новинар, водач на натурализмот, еден од најпопуларните француски романсиери, најобјавуван, еден од најпреведуваните. Неговите романи се едни од најкритикувани во светот. На литературно ниво тој е главно познат по , романтичниот циклус од дваесет романи што го прикажува реално француското општество под Втората империја. Зошто го напишал циклусот романи Ругон-Макар? – Трансформација на општеството (Тоа ја нагласува ...

Роберт Ли Фрост (роден во Сан Франциско, 26 март 1874, починал во Бостон, 29 јануари 1963) бил еден од најголемите американски поети на дваесеттиот век. Добил четири Пулицерови награди. Во неговата личност имаше некаква сила и живост, која не може да се препознае во неговите песни, бидејќи им недостасува една особина која го правеше Фрост да биде особено впечатлив. Често, но не секогаш кај него се појавува некое необично чувство на ...

На прв поглед, оваа песна изгледа многу едноставна. Говорителот застанува во некоја шума една снежна вечер. Ужива во прекрасната сцена во целосна тишина, и сака да остане подолго, но се присетува на обврските и долгиот пат што допрва треба да го помине пред да може да се одмори ноќта. Песната се состои од четири (речиси) идентично конструирани строфи. Секој стих е јамб, со четири нагласени слогови: Голем исклучок од оваа шема има во ...

И пак душата за тебе ми сонува, се кине срцето и за тебе гине, а твојата неверност се повлекува, како темен облак на небото мине. И повторно си ми чиста, сјајна, ведра, од призракот твој блаженствата ме греат, па пак јас тебе би ти паднал на бедра, би ти гледал очи што слатко се смеат. Така вита ела молњата ја згоди во небото што гледа и живот чека, не мисли: небото облаци да води од кои нов екот ќе згрми к’о река… Препев: Татјана Маженковска ...

Романот на Ремарк „На Запад ништо ново“ е портрет на една генерација која ги напушти училишните клупи во голема еуфорија и замина во војна. И на крајот гине во смртоносна воена машина. Тоа беше време на големи пресврти и несигурности. Темпото беше диктирано од технолошкиот напредок: фабрики, автомобили, нови научни откритија…Патријархалното општество почнува да ја губи важноста, жените почнуваат да протестираат против улогата во општеството ...

Како порој златен Црна Река тече, Железнец го влече Бабино со извори златни Хисарски лик нерамен сече Скаменет змеј од убавини вџашен, од солен извор пиен Од валавици вртен, в сенишен вител вировски слиен. Слепченскиот поменик го помни твојот сјај свечен Мистични писанија, наследство на јазик мајчински вечен Четвороангелски стих во густи шуми свиен Исконски резбарски набој во златни двори твои скриен. Смилевски проглас оддекнал од твоите ...

Не сакаш да си роб на молкот На лебот замесен во болскот Не сакаш да си заклон свој Зошто таму себеси се губиш Страмни страсти будиш. Не сакаш да останеш верен На вистините свои На гневот, на зборот Што во длабочините твои тлее Зошто љубовната мечта таму Вирее од сонот, тивко бледнее. Но кога, ќе ја откопаш старата рана За која не си нашол лек лечлив земен Телото станува храм молитвен тремен И Бог станува единствен идишан издив Каде спас има ...

Не сакаш да си роб на молкот На лебот замесен во болскот Не сакаш да си заклон свој Зошто таму себеси се губиш Страмни страсти будиш. Не сакаш да останеш верен На вистините свои На гневот, на зборот Што во длабочините твои тлее Зошто љубовната мечта таму Вирее од сонот, тивко бледнее. Но кога, ќе ја откопаш старата рана За која не си нашол лек лечлив земен Телото станува храм молитвен тремен И Бог станува единствен идишан издив Каде спас има ...

Фармерот му продавал секој ден по еден килограм свеж путер на пекарот. Еден ден пекарот решил да го измери путерот и да види дали тежи точно еден килограм. Путерот сепак тежел помалку. Налутениот пекар го дал фармерот на суд. „Кажи ми, како го мериш путерот?“, судијата го прашал фармерот. „Чесен судијо, јас сум едноставен човек, немам специјална вага за мерење.“ одговорил тој. „Тогаш, како го премеруваш путерот секој ден?“, повторно прашал ...

Цитати за децата кои секој од нас треба да ги прочита без оглед дали е или не е родител или допрва дека ќе стане. Децата се нашето најголемо богатство за кое вреди да подигнеме и планини доколку е потребно. Во името на сите дечиња на цел свет прочитајте и споделете ги овие цитати со тие што треба да ги прочитаат. 1. „Малите деца не ти даваат да спиеш, големите да дишеш“. – Руска поговорка 2. „Ако ги решите проблемите на своите деца тие ќе ...

По повод врнежливото време со кое сме соочени изминативе неколку дена, денес ви приготвивме десет цитати посветени баш на дождот, животот и врнежливото време. Иако надвор е тмурно и врнежливо, сепак не мора да е така и одвнатре, врнежливите денови се најубави за гледање на филмови и серии, читање на добра книга, или па прекрасни цитати на нашиот блог. Како и да е, се надеваме дека ќе најдете начин да уживате во дождот исто како и подолу ...

Тмурните денови и магливите утрa носат силна порака. Вжештените прозори и топлите соби кријат посебни приказни. Пареата од штотуку направениот топол чај што изгрева од шолјата за мене има различно значење во различно годишно време. Есено време ме потсетува на магла што се спушта во далечината на патот. Во текот на зимниот период на чад што го испуштаат оџаците од куќите. Во пролет ме потсетува на тмурен облак во ден со висока температура кој ...

Ова не е драма туку пауза и време за мојот монолог, ти го читаш блогот Крајбрежје и во моментов се дружиш со моите мисли. Тие се 90% чисти, а кога не се, тогаш се прекорувачки и самокритички, понекогаш валкани. Некогаш се точни, а знаат да бидат и грешни, во својата копнежлива природа помалку смотани. Токму кога мислам дека се моќни ми доаѓа внатрешна сила, а кога сакам да одморам, знаат да бидат и смешни. Уште не сум заборавила да си правам ...

Дај ѝ малку време, да си ја проточи судбината, да си го прогони сонот, да си ја избледи дамката, испере и сокрие, оти е жена, а на жената и не ѝ треба многу време. Дај ѝ малку време, од тебе да направи принц, кој не, нема да ги исполнува нејзините желби проткаени само со најскапите бедни подароци, дај ѝмалку време, да ја запознаеш и да сфатиш дека нејзината улога е да биде храбра, а не си ѝ ја доделил ти таа круна. Туку животот. Сонот на ...

Избор хаику од збирката „Тишината е тука“ од Славица Милева ќе може да прочитате во продолжение. Авторката досега ги има објавено збирките:„ Тишината е тука“ и „Замижи сега“. Хаику песните во овој напис се извадок од циклусот „Скришната соба“. Утрински копнеж, очи стрништа бараат – ех, кукавицо. Кога те немам во погледот, ме имаш в сон. Наслушни. Во мене зујат брмчат, скаменети мреат микросветови. На седло од сон дална ѕвездичка јава – ...

Ден на востанието на Македонија или Ден на народното востание на македонскиот народ познат и само како 11 Октомври е државен празник кој се празнува на денешен ден. Востанието се кренало против фашизмот и со тоа започнува борбата за ослободување на македонскиот народ. Тоа е важен меѓник во борбата за самобитност и самостојност на македонскиот народ. Со својата вооружена борба, Македонија не станала квислиншка територија, туку, напротив, жешко ...

Историјата на фудбалот започнала многу одамна. Во продолжение дознаваме како воопшто започнал да се игра овој спорт што важи за најважната споредна работа во светот. Прапочетоците на фудбалот, како денес убедливо најпопуларен спорт на денешницава датираат од околу 500-600 години пред новата ера. Првите документирани докази и пишани документи за кои постојат и научни докази за игра со топка слична на денешниот фудбал потекнуваат од Кина ...

Историјата на македонскиот фудбал почнува од 1909 година. На 9 април турски офицери на школување во западноевропските земји на импровизираното игралиште на полјанката зад некогашната Учителска школа во скопската населба Ислахане (Идадија) го одиграле првиот натпревар меѓу себе. Овој датум е прогласен за Ден на македонскиот фудбал. Тогаш топката првпат тргнала од центарот и почнало испишувањето на историјата на македонскиот фудбал. Историја за ...

Гулаб виде како мравка паѓа во поток. Мравката се мачеше исплива, да излезе од водата и да стигне до брегот, но напорите ѝ беа залудни. Од жал, Гулабот зеде едно ливче и ѝ го пушти по потокот. Мравката се фати за него како давеник – морнар за парче дрво сред морето и полека, безбедно исплива до брегот. Набргу потоа, Мравката виде човек кој со камен цели кон Гулабот. Но, пред да успее да го фрли каменот, Мравката го искаса на петицата, а ...

Во грчката и римската митологија, паладиумот или паладионот бил култна слика за која се тврдело дека зависи безбедноста на Троја, а подоцна и на Рим. Тоа била дрвена статуа (коанон) од Атина која Одисеј и Диомед ја украле од тврдината на Троја а која подоцна Енеја ја однел во Рим. Римската приказна е поврзана со Енеида на Виргилиј и други дела. Неколку векови Рим поседувал предмет што се сметал за вистинскиот паладиум; речиси цело време за ...

Pax (збор за мир во латинскиот јазик), била римска божица на мирот, изведена и усвоена од старогрчкиот еквивалент Ејрена. Pax се сметала за ќерка на римскиот крал бог Јупитер и божицата на правдата Јустиција. Обожавањето на Pax било организирано и станало популарно за време на владеењето на императорот Август, кој ги користеше нејзините слики за да помогне во стабилизирањето на империјата по годините на превирања и граѓанска војна во доцната ...

Чекорев забрзано по улицата со намера да го фатам навреме меѓуградскиот автобус за превоз. Натоварена на грбот со преполн ранец, а во рацете торба за лаптоп во тој есенски, но сончев ден се движев со брзина поголема од мојот нормален од. Одејќи кон постојката ги забележував нервозните возачи кои брзаа некаде, а спротивни на нив беа тазе мајките кои безгрижно, полека и со леснотија си ги шетаа нивните малечки во количките. Бебињата мирно си ...

„Што ако луѓето можеа да летаат?“, се прашувам во себе. Од прозорот посматрам две птици на гранката од едно раскошно дрво. За миг го тргнав погледот и пак го насочив таму, а птиците ги снема. Одлетале во нови висини, каде по пат можеби ќе слетаат повторно на некоја друга гранка. Тогаш можеби некој друг ќе ги забележи. И додека да трепне тие пак ќе ги рашират крилјата во нов лет. Непостојаност, неизвесност, неограничена слобода, симбол за мир, ...

Порцелански поглед што поминува преку штитот направен од страв за пробив до ранливото срце полно со љубов. Шепот ти замрзна на усните, а очите ти искреа жедно! Сонуваат само сонувачите, а јас сум еден од нив. Те сакам на начин на кој што јас не сум јас, ни ти не си ти! Некои работи можат подобро да се почувствуваат отколку да се објаснат. Само во темното можеме да ги видиме ѕвездите, душата создадена од љубов и срцето полно со милост. ...

Цару Душане, барем да се смилувате за жените каменувани, за нивните соучеснички, ноќните темнини, за мирисот на детелината, вејките свиени, каде што паднале опиени како потполошки крај лаки, за нивните презрени животи, за неудостоените од сомилост нивни љубовни маки. Барем да се смилувате за месечината и бесценетоста дивна за кожата нивна, за нејзините залези, за плиткостите на косите расплетени, за рацете вејки распролетени за нивните ...

weather icon

Скопје

-1ᴼ / -1ᴼ
1.03
86%
1006
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
4.63
92%
1001
weather icon

Загреб

1ᴼ / 0ᴼ
2.57
91%
1002
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
64%
1006
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
1.5
80%
1003
weather icon

Љубљана

1ᴼ / 0ᴼ
1.54
97%
1002
weather icon

Атина

12ᴼ / 9ᴼ
0.89
82%
1010
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
5.14
77%
1006
weather icon

Подгорица

2ᴼ / 2ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
87%
1002
weather icon

Будимпешта

-5ᴼ / -6ᴼ
1.54
89%
1003
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
9.26
66%
1009
Currency

61.555

Currency

52.9061

Currency

70.9285

Currency

35.3623

Currency

38.0301

Currency

66.0752

Currency

7.58295

Currency

0.66977

Currency

0.33514

Currency

0.5247

Currency

1.22495

Currency

0.58743

Алуминиум

3.08

Иридиум

169549.30

Калај

44.58

Бакар

11.76

Злато

143662.56

Сребро

2492.14

Паладиум

58707.26

Цинк

3.11

Платина

72143.25

Кобалт

59.52

Родиум

311058.47

Рутениум

44142.98