Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Избор поезија од Костис Паламас Костис Паламас (13 јануари 1859 – 27 февруари 1943 ) e грчки поет кој ги напишал зборовите на олимписката химна. Химната беше изведена за прв пат за време на Летните олимписки игри во 1896 година, вооедно и првите модерни Олимписки игри. Тој е централна фигура од грчката книжевна генерација од осумдесеттите години на минатиот век и еден од соосновачите на т.н. „Нова атинска школа“, заедно со Георгиос Дросинис, ...
Проштавање – Кочо Рацин Во чест и спомен на Кочо Рацин, основоположник на современата македонска книжевност, починат на денешен ден, споделуваме негова поезија. Проштавање Не ли ти кажав, не ли ти кажав, нели ти реков на проштавање? Ич не ме чекај, ич не ме пекај Белград е ламња, во Белград ја роб снага по туѓи палати оставам, снага во усни несити клавам, и дома — дома не ќе се вратам, не ќе ги пијам очите твои не ќе ја гледам снагата твоја – ...
Најгледаните видеа на „Слушај поезија и други приказни“ Измина уште една календарска година, а најгледаните видеа на „Слушај поезија и други приказни“ во последниов месец ќе ги покажеме во продолжение. Потоа следи листа од најгледани видеа на каналот вкупно од целата година. Ја испраќаме оваа година со надеж за подобри денови, повеќе среќа, здравје, љубов и успеси! Најгледани видеа во последните 28 дена 1. 🎅ИДЕ ДЕДО МРАЗ 🎅🏿| 🎁Оригинална ...
Слушај басна: „Малото ракче и мајка му“ – Езоп за деца Најновата басна на каналот „Слушај поезија и други приказни“ објавена е поучна басна „Малото ракче и мајка му“ во рубриката „Катче за деца“. Видеото можете да го чуете и видите подолу. Пријатно слушање! Чуете ја и басната: „Мравката и гулабот“. ...
Слушај кратка приказна: „Градинарот и синовите“ од Толстој Слушај кратка приказна: „Градинарот и синовите“ од Толстој која е објавена на каналот „Слушај поезија и други приказни“. Лав Николаевич Толстој е руски писател кој се смета за еден од најголемите автори на сите времиња. Слушнете ја приказната во продолжение. Пријатно слушање! Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов. јули 11, 2023 Слушај ...
Млекарката и грнето со млеко – Ла Фонтен Перета, со грнето млеко на глава И со исправена става Одеше кон градот в зори пресни Лесно облечена и без негде да запре Со фустан прост и со чевли лесни Врвеше по патот напред. Таа си сметаше цело време Колку пари од млекото ќе земе. Сто јајца од добивката ќе купи И триста пилиња од нив ќе излупи: Сè одеше на нејзина страна Јас лесно – мислеше – ќе ги хранам, Ќе има во дворот доволно храна Лисицата ...
Слушај поезија: „Сонот што мора да биде протолкуван“ од Руми Џелалудин Мевлана Руми бил персиски и исламски филозоф, теолог, правник, поет и суфиски мистик од 13 век. Читам негова поема од стихозбриката „Два света“ која е објавена на каналот Слушај поезија и други приказни. Слушнете ја во видеото подолу.
Странец – Софија Величковска Дојде тивко, како светло во темнина, како чекор што ноќе ме буди, како сон што судбината негова ми ја нуди, не го знаев патот негов, ни земјата што го родила, ниту пак зошто таков белег сум добила. Странец беше… а очите негови дом ми беа и водилка, мала чудна фреска и една голема пародија, благодет и тажна покривка. Дар што вселената тивко ми го пратила, за да научам дека дом е таму каде што љубовта прва се ...
Авторот Александар Николовски, едноставно незапирлив, втор хет-трик по ред! На наше и ваше огромно задоволство, повторно ја имавме честа и привилегијата за да си помуабетиме со нашиот навистина плоден автор Александар Николовски, којшто верувале или не, одново и одново оди степен и ниво уште погоре. Како и претходната година, премиерно, тој повторно ни претстави три свои дела одеднаш. Како ни протече муабетот и какви ли интересни одговори ни ...
Поетскиот свет на поетот Мирослав Трајковски низ три избрани песни Брзање Сон што се повторува секоја ноќ Утра во кои сè повеќе ми се спие И кои налагаат да се понесе чадор Со себе си. Помислувам дека некаде гледаш во небото И потем правиш сè за да му кажеш за нас. А јас? Јас брзам. За на работа За накај дома За доручек, ручек а и за вечерата ако сум гладен. Брзам толку долго а сè кратко се причинува Брзам да заспијам Брзам да се разбудам ...
Huggle Tunes – Нови англиски песнички и приказни за најмалите Драги родители, наставници и љубители на детскиот свет, со големо задоволство ви го претставуваме Huggle Tunes (Cuddle up to music and story time) – нов YouTube канал за деца, создаден со љубов и посветеност пред само два месеци. На Huggle Tunes ќе најдете песнички и приказни на англиски јазик, со внимателно избрана содржина што поттикнува развој на јазикот, емоционалната ...
Улична светилка – Гордана Каракашевска (Посветена на сите деца кои умреа од глад во Газа) Понекогаш, доцна ноќе, кога не можам да заспијам, стојам до прозорецот и гледам во празната улица. Таа е како корито од исушена река. Свети само една светилка. Некогаш, кога сум осамена, ми личи на светло што гори на крајот од долг и мрачен тунел. Другпат – на ламба во рудник Најчесто, тоа е светлината на светилник што светел кога мајка ми ме раѓала. Во ...
Спомени – Софија Величковска За спомени живееме, како сенки од светлина што тивко ни се лизгаат низ душата. Во нив се кријат детски насмевки, допир на раце, гласови што одамна ги нема, а сепак одѕвонуваат како тивка музика низ времето. Ние сме патници кои веќе одамна завршиле со патувањето, а не ни почнале. Денес тело сме, утре прашина, искреирани цртежи, напишани песни, недозволени бакнежи и грешни до зори. Ама споменот ни живее, кога ќе не ...
Немаме резервна планета – Никола Митовски (На пожарите во Илинден, Тубарево и Дрисла, кои нè потсетуваат дека Земјата е наш единствен дом.) Земјата ни е дом, која љубов ни дари, цветни долини и гори стари. Со потоци чисти, со сонце што грее, ни дава живот и птица што постојано песна ни пее. Но ние ја трошиме нејзината силина, ресурси кршиме без трошка милина и срам. Како да имаме друга на чекање – подготвена, нова. Па затоа дрвата ги сечеме, ...
Квизови за деца – забава и учење во едно Децата сакаат игри, натпреварување и забава – а родителите и наставниците сакаат тие игри да бидат и корисни. Токму затоа квизовите претставуваат одличен начин како да се спои пријатното со полезното. Со нив децата не само што се забавуваат, туку и учат нови информации, ја тренираат меморијата и ја развиваат логиката. Зошто квизови? Квизовите имаат повеќекратни придобивки за најмладите: Развој на ...
Негувањето на македонскиот јазик – наша должност и иднина Македонскиот јазик е повеќе од средство за комуникација – тој е идентитет, културна меморија и мост меѓу генерациите. Секој збор, секоја изрека и секое писмо носи во себе историја, традиција и дух на народот. Затоа негувaњето на македонскиот јазик не е само прашање на личен избор, туку општествена одговорност. Значењето на јазикот Јазикот е темел на културата. Преку него се создава ...
Предавство – Наталија Наумовска Ме предаде животот, но јас нема да бидам Јуда кон својот живот и кон сè останато оти тоа би било себепредавство Се потпирам на времето тоа нема да излекува ништо, ќе ги покрие лузните делумно, а предавството ќе изгледа далечно Се потпирам на себеси јас сум свој господар и роб она што ќе ме предаде се предало и себеси Мојата вер(б)а е разнишана, можам само во себе да верувам, сè друго е лага, илузија, привид, ...
Слушај мaкедонска музика на „Слушај поезија и други приказни“ Под слоганот „Слушај мaкедонска музика на „Слушај поезија и други приказни““. Ви ја претставуваме плејлистата каде доминираат песни на македонски јазик, но има и понекоја српска и англиска верзија. Сите нови – некои се настани откако поезијата е преточена во песна, а некои текстови се наменски напишани за песна. Пријатно слушање и пишете во коментари кои се вашите фаворити. Ве ...
Хорска изведба на „ГЛАС“ во чест на селсовенските просветители Кирил и Методиј (ВИДЕО) Оваа хорска изведба на „ГЛАС“ во чест на селсовенските просветители Кирил и Методиј нема да ве остави рамнодушни. Текстог го напишав во 2019-та година по повод ден на мајчиниот јазик, а денес прерасна во прекрасна песна во чест на сесловенските просветители Кирил и Методиј кои ја ширеле писменоста. Нека е честит денот 24 Мај! Да ја негуваме и шириме нашата ...
Слушај поезија: „Надеж“ од Александар С. Трајковски На YouTube каналот „Слушај поезија и други приказни“ можете да го слушнете најновото видео со поезија насловена „Надеж“ од писателот, поет и доктор Александар С. Трајковски. Библиографија за авторот: Дипломиран м-р. доктор, македонски поет, преведувач и толкувач, од 29 јуни 2021 година, официјално е член и дел од МАКЕДОНСКОТО НАУЧНО ДРУШТВО – БИТОЛА (МНД-Битола), од 07 октомври 2022 година ...
Песничка за деца „Низ градината“ од Александар Саша Трајковски На јутјуб каналот ја прочитав песничкава за деца „Низ градината“ од авторот Александар С. Трајковски е дел од збирката „Кратки поеми за најмладите боеми“ во издание на Ѓурѓа. Пуштете им ја на дечињата и воедно нека го учат нивното читање. Пријатно слушање! Слушнете ја и песничката авион со кликнување на следниов линк. Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и ...
Слушај приказна: Езоп за деца: „Северниот ветер и сонцето“ На каналот „Слушај поезија и други приказни“ последното видео е веќе обајвено. Се работи за видео – поучна приказна од Езоп за деца со наслов „Северниот ветер и сонцето“. Поучното видео може да го чуете и погледнете подолу. Пријатно слушање! Слушнете ја и басната „Малото ракче и мајка му“. Блогирањето е важен дел од нејзиниот живот. Кафе, книги и музика ѝ се вечна љубов. април 29, ...
Мачор на клима – Лина Димоска Тане во дворот си стои последни летни денови брои, чека есента да дојде, па крај пампурот да појде. Но нешто чудно се случи, во дневната силно бучи, машина голема, бела, ќе бучела така и зимата цела. Воздух топол машината пушта, на Тане полека му доаѓа душа, модерен мачор тој ќе биде цел студ под клима ќе го мине. Нема веќе страв од зима, Тане стана мачор на клима. Вљубена во кафе, мачки и пишан збор. Бескрајно ...
Ѓердан – Слаѓана Ставрева Дојди вечерва, со душите да го згрееме небото. Дојди, темно е. Со очите светнати од радост ѕвездите да ги запалиме. Калинка полна со зрна љубов чувам за тебе во недрата. Дојди ноќеска, љубов да нижеме, од неа ѓердан да направиме, на грлото да го ставам, со него накитена пред светот да излезам. Светот да му се чуди на убоста. Вљубеник во книжевноста кој верува во светлината на зборот и на љубовта. септември 11, ...
Резултати од меѓународниот поетски натпревар „Прегрни ме со стих 2023“ Со доделување на плакетата за пласман и промоција на поезијата во регионот заврши втората сезона на поетскиот фестивал „Прегрни ме со стих 2023“ во почетокот на февруари. „Меѓународен Поетски натрпевар за Црна Гора“ се одржува под слоганот „Прегрни ме со стих’. Идејниот творец на фестивалот и натпреварот, писателот Расил Рале Гутиѓ од Плав им се заблагодари на својот ...
Автобус – Софија Величковска Излитени седишта поминати младости, чудни белези и стари рани недопрени, вода и кикиритки разлеани, бели книшки изгубени, жални погледи и девојки разочарани бликаат низ прозорецот, капки дождливи го успиваат милното лице на веќе збрчканите лица, мал свет составен од неколку луѓенца со своја приказна, своја тага, своја радост, своја болка и своја мечта. Расфрлани љубопитни погледи и деца што место не ги држи, баби ...
5 дела – најпознатите преводи во историјата Денес е светскиот ден на преведувачите и ви ги претставуваме 5-те најпознати преведувани дела во светот кои извршија големи промени во функционирањето на светот во којшто живееме. Кога зборуваме за најпознатите преводи тоа се оние највлијателните, кои предизвикаа видливи промени во функционирањето и перцепцијата на светот. Преводот низ историјата им нудел на поединците не само шанса да комуницираат ...
Првиот „хет-трик“ на нашата домашна книжевна сцена На заемно огромно задоволство, одново ја имавме таа чест да поразговараме со нашиот навистина плоден автор Александар Николовски, којшто верувале или не, секогаш оди степен и ниво погоре. Своите читатели овојпат ги изненади со нешто уште поразлично од претходно, и тоа од повеќе аспекти. Премиерно, тој ни претстави не едно, не две, туку три свои дела одеднаш. Како протече муабетот и какви ли ...
Крајбрежје е со вас 12 години Крајбрежје денес наполни 12 години. Токму на денешен дaтум (ден случајно избран) во 2013-та година започна нашата приказна во блогирањето и сè уште трае. Денес е и денот на театарот па особено ми е драго што датумот на почетокот на блогот го делиме со овој ден. Оваа година ќе си посакаме поредовно објавување, повеќе активности. Вас читателите веќе ве имаме, а можеме само да посакаме да ве имаме во уште поголем ...
Извадок од романот „Живот без сведоци“ од Наташа Сарџоска Извадок од романот „Живот без сведоци“ од Наташа Сарџоска во издание на Издавачкиот центар ТРИ. Неодамна авторката го промовираше овој роман. Прочитајте го извадокот во продолжение. „Кристофер беше како болест. Кристофер беше смртна болест. Болест што ме зафаќа во рацете и во сѐ што допирам. Ми продираше низ ткивата како вирус. Ми се врежуваше во умот како заповед, како огорчена ...