Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Стравот, анксиозноста и фобијата имаат различни дефиниции, но ист корен. Сепак треба да се прави разлика помеѓу нив, и истите да се препознаваат. Стравовите треба да се одвојат од анксиозноста и фобијата. Стравовите претставуваат нешто што објективно може да се набљудува како опасно. На пример како што се насилни родители или струјно коло па нивното избегнување се чини разумно, а реакцијата може да биде обоена со страв. Од друга страна, ако ...
Живееме во свет исполнет со многу стрес. Поради тоа никогаш не било поважно да се поттикне емоционалната и менталната отпорност кај децата. Ментално јаките деца не само што се подобро подготвени за сопствено решавање идни проблеми, туку истражувањата покажале дека поверојатно е дека тие ќе бидат поангажирани на училиште и во иднина на работно место. На родителите нема да им биде лесно, но избегнувањето на овие највообичаени грешки може да ...
Преубавите моменти во мајчината (или таткова) прегратка, со галење и читање на омилените приказни се од непроценливо значење како за родителите така и за децата. Никогаш не е премногу рано да почнете да му читате на своето дете и да го запознаете со едно од најубавите животни задоволства. Уште во првите неколку денови од животот бебето “одговара“ на вашиот глас, слуша и набљудува што се случува околу него. Кога ќе научи да ги препознава ...
Живееме во свет во кој секојдневно се случуваат технолошки пронајдоци, а времето и развојот се брзи како никогаш претходно. Родителите денес многу повеќе се соочуваат со стравот од тоа дали нивните деца ќе пораснат во добри луѓе, особено затоа што имаат сè помалку време за своите најмили. Таблетите и мобилните телефони одамна ги заменија сликовниците и бајките. Но дали тоа е правилно, кога станува збор за вашите најмили? Она што и ден денес е ...
Таткото на едно четиригодишно девојче напишало искрено писмо. Посветено му е на неговото најдраго девојче на светот. Тој планирал писмото да ѝ го даде еден ден кога за тоа ќе дојде време, а воедно им пишува на сите жени кои сакаат да слушнат зборови од еден татко. Искрениот татко потсетува дека никој не смее и не може да ја дефинира вистинската убавина на жената, но многумина ќе се обидуваат да го направат тоа. Прочитајте го во продолжение ...
Во една плодна долина под дното на Андите живеело едно мирољубиво племе. Еден ден група крадци кои се скривале во планините го нападнале селото. Во украдениот плен се нашло и едно дете, па и него го одвеле со себе во планината. Луѓето од рамнината не знаеле како да дојдат до момчето, бидејќи во карпестата беспатица не водел никаков пат, а немало ни трагови. Луѓето се обидувале на различни начини, се качувале од лева, па од десна страна. Ни ...
Децата се најголемото богатство, тие му даваат смисла на животот и го обојуваат во шарени бои. Покрај големиот број теориски и експертски совети за кој е правилниот начин на воспитување и одлгедување деца, сепак најважно е она знаење кое родителите го стекнуваат од сопственото искуство. Ние во продолжение ви пренесуваме 20 совети кои ги препорачува детски психијатар. Вие одлучете сами колку треба да ги практикувате овие негови препораки и ...
Децата помнат многу и она што го доживуваат во детството во голема мера го обликува нивниот возрасен период од животот. Како и односот кон себе и кон другите. Овој текст е корисен за сите родители и оние кои ќе станат допрва. Претставува еден вид потсетник дека децата гледаат и помнат сè што правите. Затоа убаво ви било со нив да правите весели спомени! 1. Моментите кога поради вас се чувствувале сигурни (но и несигурни) Децата се многу ...
Децата се најголемото богатство кое родителите можат да го имаат. За нивното воспитување и развој постојат навистина многу податоци во литературата. Но и покрај тоа јасно е дека теоријата е едно, а праксата сосема друго нешто. Ова може да го потврди секој родител. Сите деца не се исти, меѓутоа постојат некои универзални “правила“ кои важат за сите подеднакво. Во денешната статија пишувавме за самодовербата кај децата, но и нарцизмот. Што ...
Урош Петровиќ познат е како писател на книги за деца и млади кои ги “размрдуваат виугите“ и ги поместуваат границите во современата литература. Исто така со д-р Ранко Рајовиќ го создале таканаречениот НТЦ системот на учење, посветен на работата со воспитувачите, наставници и родители на развивање на дарбите кај децата и подобрување пристапот кон образованието. Во продолжение ги споделуваме најинспиративните мисли кои можат да им бидат од ...
Едно живко јаре, за да не западне во неволја овчарот го беше оставил на покривот на трлото. Јарето шеташе по покривот, те на оваа, те на онаа страна дури не го загледа Волкот застанат долу. Наеднаш се насмеа и се приближи на ивицата, а потоа почна да го навредува, понижува и предизвикува Волкот. „Те слушам,“ рече Волкот, „ама не можам да ти замерам за сѐ она што го зборуваш затоа што знам дека не зборуваш ти, туку покривот. Затоа, совет од ...
Еднаш, Глувците решија да се состанат за да се договорат како да се решат од нивниот страшен непријател, Мачката. А, ако веќе не можат да најдат начин да се решат од неа, барем да најдат начин за можат да слушнат кога доаѓа, па да се скријат, зошто нешто веќе мораше да се направи. Со години трпеа терор, живееја во страв и поради тоа не можеа ни да излезат од своите домови. Многу планови беа разгледани на овој состанок, ама ниеден не беше како ...
Двајца патници кои одеа под силното, попладневно сонце, седнаа под сенката на едно големо и старо дрво за да одморат. Гледајќи ги лисјата што им пружаа прибежиште од сонцето и топлото, дојдоа до заклучок дека дрвото е всушност Чинар. „Колку е бескорисен Чинарот како дрво!“ рече наеднаш едниот од нив. „Не раѓа плод и згора на тоа само стои и прави ѓубре со лисјата.“ „Неблагодарни суштества!“ се зачу глас од Чинарот. „Лежите тука, под мојата ...
На јутјуб каналот прикачено е најновото видео со поезија за деца и е насловено „Бабичката моја“ од Александар С. Трајковски кое веќе може да се чуе и погледне. Видеото покрај тоа што може да се слушне има визуелна репрезентација на буквите кои поголемите дечиња можат да ги читаат или да го вежбаат читањето. Пуштете им го видеото и нека им ја кажат песничката на нивните баби. Пријатно слушање! Слушнете ја и „Поезија за бројките“ од истиот ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Шумскиот шаман” од писателот за деца, Ванчо Полазаревски. Интересна песничка за шаманот кој ја лекува шумата. Кој е тој, кого лекува и зошто организира шумски бал, прочитајте подолу. Зеленикус, специјалист по скршеници на гранки и на дрвца млади танки, вчера го излечи своето стотто дрво. И реши, како прво, зелената гора да слави мора, сѐ до рана зора. На тој шумски бал повикан е секој жител и ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Шумски семафор ” од писателот за деца, Ванчо Полазаревски. Интересна песничка за оној кој ги поседува сите бои и со нив го регулира сообраќајот во шумата. Кој е тој и како тоа го прави, прочитајте подолу. Во шума лази, не стои, семафор во разни бои. Наоколу болскоти зелено… Тој, иста боја – проверено! Зад него, растура боја лила, и тој лила, му била многу мила. Цвет, сиот жолта сеанса, овој, ...
Желба ми беше да ја прочитам „Чиста Дана“, детска песничка која уште како мала баба ми ми ја кажуваше многупати. Уште поголема радост ми беше кога прифати да ми ја каже повторно и добив дозвола да ја објавам како ја кажува таа во аудио снимка. Видетото е кратко, но доволно долго за двете да ја испееме „Чиста Дана“ по еднаш. Уживајте во слушањето со најмалите, за нив впрочем е и прочитана! Пријатно слушање! Можеби ќе сакате да ја чуете и ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната со наслов „Шумски чадорчиња“ од македонскиот драмски писател, поет за деца и возрасни, Васил Пујовски. Песната е малечка, составена од само три строфи, лесна и интересна. Во неа поетот ги опишува шумските чадорчиња, а какви се тие и кој со нив се служи, прочитајте подолу. Шумата е преполна со чадорчиња под нив во невреме штурчињата се кријат. Шумата е преполна со чадорчиња под нив бубалките ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната со наслов „Мала бучава поради папучава“ од македонскиот писател за деца, а воедно и познат хуморист, Ванчо Полазаревски. Песната е мошне интересна, напишана е во редови низ кои се опишува односот на една бучава и една папуча. Што имаат тие заедничко и како се согласуваат, прочитајте подолу. Си била една папуча, се викала влечка, но за неа – пополечка. Во исто време една врева се скарала со ...
„Другарство големо“ од Александар С. Трајковски е песна за дечиња и е дел од збирката „Кракти поеми за најмладите боеми“ во издание на Ѓурѓа. Воедно ова е најновото видео прикачено на каналот „Слушај поезија и други приказни“ после паузата. Слушнете што порачуваат дечињата од песничката, какво е тоа нивно другарство големо. Видеото е полно со букви такашто и поголемките дечиња можат да го слушнат и притоа да си ги вежбаат буквите што ги знаат ...
„Дедо Мраз“ од Александар С. Трајковски е новогодишната песничка која е последо снимена на каналот Слушај поезија и други приказни. Извадок е од збираката „Кратки поеми за најмладите боеми“ во издание на Ѓурѓа. Видеото е од едукативен и забавен карактер. Поголемите дечиња можат и да го читаат текстот, а помалите да се забавуваат со визулните приказни и музиката во позадина. Пуштете им го видеото на најмалите и имајте пријатно слушање! ...
Ако за денот што изминува не си благодарен нема да ја цениш ноќта ниту пак ќе се радуваш на новото утре. Некој можеби ќе си рече: „Како да се радувам на ноќта или на новиот ден кога имам еден тон проблеми?“. Тогаш следново прашање треба како одговор да кликне во неговата глава: „Бидејќи некој нема буден ни да ги дочека оваа ноќ или следните утра што следуваат!“ Во моментите кога сме најкревки се гледа нашата сила. Звучи малку контрадикторно, ...
Секој од нас најдобро се познава себеси. Знае колку може да постигне, свесен е за големината на својот капацитет. Секоја индивидуа сама поставува граници, а почитува и применува одредени правила и носи со себе извесни морални вредности. Секој индивидуално размислува за својата иднина, прави планови, се мачи да постигне нешто. Се труди со својот максимум за подобар живот. Секој поединец си има зацртано своја шема за живеење и најчесто се води ...
На самиот почеток од Новата година се потсетуваме на сите важни моменти од претходната којашто вчера ја испративме. Ако некоја желба важи за универзална за сите луѓе од цел свет, таа е да бидеме здрави, живи и сите на број. Потоа следат желбите за среќа, благосостојба, мир и љубов. Нека оваа 2022 година на сите ви ги оствари желбите што ги посакувате, но запомнете дека од вас зависи нивното остварување. Кои совети треба да продолжат да важат ...
Секој човек има своја големина. Секој вреди за себе и за останатите. Меѓутоа секоја индивидуа различно го разбира овој поим. За некого да се биде силен значи да се биде физички добро извежбан (атлетско тело, мускули), и со тоа да се прави важен пред другите. Имено, иако здравиот начин на живеење – во здраво тело, здрав дух (фитнес, посебен режим на исхрана), ни овозможуваат да добиеме одреден резултат – постигнување на посакуваното тело, тоа ...
Пред единаесет дена ја пречекавме и долгоочекуваната 2021 година. Претходната година сите заеднички со една мисла и желба сакавме конечно да ја испратиме. Но дали со неа ги испративме проблемите и магично добивме решение на сè? Секако дека не. Новата година асоцира на нов почеток, нови шнаси кои треба да бидат искористени. Сметам дека секогаш постои простор за промена без оглед кој период од годината е, доколку ние самите сме подготвени да се ...
Го знаете чувството кога сте изгубени, кога не знаете што правите и каде сте? Низ тој период поминува секој од нас, само за некои е подолг, а за некој пократок. Тој е период кога живееме истовремено во минатото, сегашноста и иднината. Тогаш се навраќаме на грешките од минатото и гледаме како тие грешки би се одразиле во иднината, а во меѓувреме само механички ги извршуваме обврските од сегашноста. Е тогаш нашиот мозок се радува за надминатото ...
Во првиот месец од новата година решив да го објавам видеото кое го подготвив за мојот YouTube канал. Со него сакав да го означам крајот и испраќањето на годината што измина. Но и да ѝ посакам добредојде на 2021-та. Сето тоа е срочено во нецели 7 минути во видеото во кое не кажувам ништо ново. Сепак, го кажувам на мој начин, од моја перспектива, но сметам дека повеќето од вас го чувствуваат истото. Замислено како една кратка рекапитулација на ...
Ако мислиш дека животот ти е лош, тогаш најверојатно си во право. Ако мислиш дека сите се свртиле против тебе, тогаш пак најверојатно е така. Ако мислиш дека заслужуваш повеќе, тогаш исто така си во право. Единствено нешто на светот што те спречува да го постигнеш она што го сакаш, си самиот ти! Негативен став Ако мислиш дека светот се свртел против тебе, тоа е затоа што имаш лош став кон животот. На сè гледаш на погрешен начин. Наместо да го ...
Неодреденост. Насока на која крајот не ѝ се гледа. Талкање. Чекорење без познат правец. Чувство на изгубеност или немање цел? Многу добри познати чувства на сите талкачи, на оние кои се пронаоѓаат сè уште. Продолжи да чекориш, не го запирај одот! Да, тебе ти велам, ТИ што сега го читаш овој текст. Одот го симболизира твоето патување, кое не мора да биде само физичко. Ти се движиш стоејќи во место. На кој начин? На духовен. Патуваме ...