Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Новата, трета по ред, книга на нашата поетеса Даница И. Лепојевиќ „Дождови во мај – сублимирани емоции со две лажички мед“ ќе биде промоворана денес, вторник, 12.12 во Велес (Тарантино клуб, 19.30ч.) и утре, среда, 13.12 во Скопје (Макка бар, 20.00ч.). Сензитивна и сензуална. Длабоко интимна и без задршка. Ранлива и храбра. Збирка создадена речиси во еден здив. Пишувана, растена и обликувана со многу искреност, страст, нежност и копнеж. ...
Тишина-вечно треперење на срцето мое… Тишина-вечен сон на битието твое… Тишината како бавно будење на животот наш… Тишината како нашата жртва еднаш… Тишината како рибар кој упорно пленот го чека… Тишината како пламен на љубовта наша довека… Секоја вечер темнината ме мами, кога ветрот нежно по лицето ме гали, додека децата мали играат, пеат и безгрижно се смеат, а баба огнот го пали. Заборавив дека и јас сум човек, дека и мене ми треба топлина ...
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид по повод 25 март, денот кога Прличев во Атина во 1860 година бил овенчан со „Ловоров венец“ распишува: Конкурс за најдобра поетска творба на тема: „За Прличев и Охрид каков што тој го сакал“. На конкурсот може да конкурираат ученици од општините Охрид и Дебрца и тоа во две категории: – Ученици од основните училишта VIII и IX одделение – Ученици од средните училишта За секоја од двете категории и ...
Право на учество имаат сите поети од Македонија и Балканските земји. Се натпреваруваат во две возрасни категории, до 18 години и над 18 години. Секој учесник конкурира со по три досега необјавени песни, не подолги од 32 реда, на својот мајчин јазик (задолжително се доставува препев на македонски или на англиски јазик од учесниците на кои македонскиот не им е мајчин јазик). Темата е слободна. Песните се доставуваат во WORD документ и истите ...
Макпрогрес го распишува Меѓународниот конкурс за избор на најдобра поетска творба, краток расказ, ликовно дело и музичка композиција. Делата кои ќе ги создаваат авторите треба да бидат на тема: „Секоја капка спомени“. Конкурсот се распишува во следниве категории: – Поетска творба – Краток расказ – Ликовно дело и – Музичка композиција Поетските творби да бидат напишани на македонски јазик и на неговото кирилско писмо, да не бидат подолги од 32 ...
ЈУ Културно Информативен Центар – Скопје, врз основа на програмата за музичка дејност, објавува конкурс за организирањe концерти под програмски наслов „Македонски музички текови“, под кои спаѓаат концерти од современи музички жанрови, што ќе се реализираат во текот на 2023 годиина, a сo цел развој и афирмација на музичката дејност во Република Македонија. Право на учество имаат сите заинтересирани музичари, изведувачи, групи или поединци. ...
ЈУ Градска библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје врз основа на програмата за литературна дејност, објавува конкурс за промотивни настани од областа на литературата и тоа: промоција на нови книги (издадени во 2023 година), поетски читања, организирање трибини, јавни расправи, фестивали, портрети на писатели, стручни работилници и мултимедијални настани кои во својата основа ја имаат литературата. Настаните ќе се организираат во текот на 2023 ...
Гого Ивановски (Скопје, 18 јануари 1925 – Скопје, 15 декември 2004) – македонски поет и раскажувач. Завршил високо стручно образование. Работел како новинар во Радио Скопје, потоа како уредник во Македонската телевизија. Учествувал во уредувањето на списанието за литература, култура и уметност „Современост“ и книжевниот весник „Хоризонт“. Од 1946 г. членувал во Друштвото на писателите на Македонија. Починал на денешен ден, 15 декември 2004 г. ...
Годинава се одбележува 100-годишнината од раѓањето на великанот на македонската лирика, Ацо Шопов. Ацо Шопов, роден во Штип во 1923 е еден од основоположниците на современата македонска поезија, кој се вбројува во редот на најеминентните поети на југо-источна Европа во 20-от век. По долгогодишно боледување, тој почина во Скопје, 1982 година, на денешен ден. Во негова чест ја споделуваме оваа прекрасна песна. Те спомнам ли Те спомнам ли — пред ...
Споделуваме песна од најновата стихозбирка на македонската поетеса Гордана Каракашовска „Патот на водата“ . Водата е опсесивен симбол во поетиката на стихозбирката и низ самата стихозбирка се чувствува преовладувањето на моќта на водата на која ѝ се потчинети сите други закони на природата. Во неа поетесата го преиспитува својот поетски нагон и со својот длабок реторички глас укажува на моќта на водата како онаа во старите митови кога потопот ...
Ако ме сретнеш низ немирите свои навлези подлабоко низ суетноста и височините на твоето его. Веќе го допираш невозможното дно. Таму каде бев никој ме создаваше само сенката негова и допирот без допир во јасноста на говорот да го отфрлам каменот кој ми тежеше. Врз слоевитоста на почвата ме отсекуваа краевите за пад во беспаќе. Не, не престана да биде наведната врбата жална, а ми отстапи простор да се исправам покрај сите нејзини гранки. Во ...
Во градината, во полето, во цвеќето скриена, во магла обвиена, во мугра облиена, во сиот божји свет со убост преполнет беше насекаде ти, во секој миг. Зефирите в немири над земјата името ти го вееја, и шуштежот на брановите, небаре издишки на твојот здив се лееја. На сводот вечерта ѕвезди пали, погледот во нив бара да гали запишани со злато среде модрината, а пак од брезите вити и од соништата детски, скрити јас ти ја цртав убавината. Чунки ...
Пријателството е една од најбитните врски која може да поврзе две човечки суштества. Пријателите се тука за убавите, грдите, тажните и среќните моменти и сѐ она што доаѓа измеѓу нив, па затоа за денес, во чест на пријателството, ви подготвивме 10 прекрасни цитати за него. Уживајте во читањето. 1. „Пријателите треба да бидат како книги – неколку, но добро одбрани“. – К. Ј. Лангенховен 2. „Нема нешто што не би го направила за оние кои ми се ...
За денес избравме 10 афоризми од афористичарот Миле Ѓорѓијоски кој има објавено бројни книги со афоризми. „Одиме на Венера“ е издаена во 2022. Тој е добитник на бројни награди, преведуван е на повеќе јазици, член на Друштвото на писатели на Србија, член на БАК Белград и на „Наџи Наман“ Либан, како и на ЗНМ. Во продолжение избор на неколку афоризми од второто издание на „Одиме на Венера“. 1. Се бараат живи, за да се утврди од што живеат. 2. За ...
По повод 192-иот роденден на една од најдобрите американски и светски поетеси, Емили Дикинсон, денес на блогот објавуваме десет нејзини избрани квоти и стихови. Се надеваме дека ќе уживате во читањето. 1. „’Надежта’ е она чудо со пердуви Што се сместува во душата И ја пее без зборови песната И никогаш не запира.“ 2. „Ако спречам барем едно срце да се искрши, нема да ми бидат овие дни залудни.“ 3. „Засекогашноста е составена од Сегашности.“ 4. ...
Вечерва го испраќаме декември и воедно ја дочекуваме новата календарска година, па по тој повод ви подготвивме десет избрани квоти и стихови посветени токму на декември. Уживајте во читањето. Писатели, поети, стихови: Го испраќаме декември 1. „Еј декември, изгледа се чувствувам несигурно, не можам да се сетам за што се имам борено“. – Тејлор Свифт, Evermore 2. „Слушнав птица како пее во темнината на декември; Магично нешто и прекрасно за ...
Умберто Еко е несомнено најпознат низ целиот свет со неговиот роман „Името на розата“ издаден во 1980 година, кој е преведен на над 40 јазици и продаден во повеќе од 50 милиони примероци. Книгата, инспирирана од опатијата од 10 век Sacra di S. Michele, беше екранизирана во 1986 година каде главна улога имаше Шон Конери. Своите доживувања од периодот на Втората светска војна ги опишал во неговиот втор роман, „Фукоовото нишало“. Умберто Еко ...
„Мајсторот и Маргарита“ е уникатна приказна , различна од сѐ што претходно сте прочитале. Овој роман на Михаил Булгаков многу критичари го сметаат како еден од најдобрите романи на дваесеттиот век. Исто така е и една од најистакнатите советски сатири. Спојувајќи ја фантазијата со волшебниот надреализам и политичката сатира, „Мајсторот и Маргарита“ е возбудлива приказна сместена во Москва од 30-тите години на минатиот век. Во него се раскажува ...
Епот со 15 книги на Овидиј, напишан со извонреден латински хексаметар, е предизвик за читање. Почнувајќи од создавањето на светот и завршувајќи со Рим за време на неговиот животен век, Метаморфозите го носат читателот низ времето и просторот, од почетоците до крајот на светот, од животот до смртта, од моментите на сочна радост до приказни полни со изопаченост кои внесуваат вознемиреност. Таков е животот, рекол Овидиј. Лудилото и хаосот од ...
Романот Синови и љубовници на Д. Х. Лоренс е еден од најраните и најистакнати модернистички примери во светската литература на книжевно вообличување на проблематиката на фројдовското поимање на сексуалноста. Но, не само тоа. Тој може да се чита на неколку различни нивоа: како роман за љубовта и сексуалната привлечност меѓу половите и своевидна студија за Едиповиот комплекс, како психоаналитичка автобиографска сеанса, како реалистична анализа ...
Снежана, бајка од Браќата Грим добропозната на сите генерации ја читав, снимав, го креирав видеото и најпосле го прикачив на јутјуб каналот Слушај поезија и други приказни. Изданија на македонски јазик Сказната „Снежана и седумте џуџиња“, самостојно или како дел од збирки со приказни, има доживена поголем број изданија на македонски јазик: „Снежана“ – издание на здружените издавачи: Детска радост, Култура, Македонска книга, Мисла и Наша ...
Денеска, како избор за најмалите ја имаме песната „Ехо“ од македонскиот писател и поет, Петре М. Андреевски. Интересна песничка за гласот кој се враќа и со себе носи многу други убавини. Што е ехото и што тоа им носи на поетот и читателите, прочитајте подолу. Еднаш викнав од високо и гласот два-трипати одзад ридот и шумата назад ми се врати. И заедно со гласот оттаму се врати и ветрот кој водата во реката ја мати. И ја видов тогаш онаа танка ...
Денес ви приложуваме пет цитати за животот кои секој треба да ги прочита и да ги запомни. За многу луѓе, било да се познати или не, било да се писатели, поети, политичари, сликари или па, од работничката класа, животот бил и ќе остане интересна тема за разговор или творење. 1. „Крајот на нашите животи почнува дента кога стануваме тивки за работи што се важни“. – Мартин Лутер Кинг 2. „Не се важни годините во твојот живот, туку животот во ...
Проблемите на модерниот свет не се малку на број. Како што напредуваат откритијата и сè почнува да се дигитализира и унапредува така луѓето се соочуваат со многубројни животни проблеми. Додека постои човештвото – ќе постојат и тие (можеби во малку поинаков облик и вид во иднина). Во следниве фотографии кои го покажуваат светот од разлилни аспекти, меѓу кои суровоста на модерното општество, артистот и илустратор Davide Bonazzi се потрудил тоа ...
По повод излегување од печат на книгата „Снежни стихови“ поразговараме со поетесата Софија Петковска која е иницијатор за да се реализира проекетот од хуманитарен карактер. Имено, учество во стихозбирката имаат земено повеќе автори, а за подетално прочитајте го разговорот во продолежние. Софија, ти си дипломиран педагог, на читателите си им позната како поетеса, на нашиот блог и твојата фејсбук страна можат да се прочитаат твоите стихови. ...
„Пипи Долгиот Чорап“ е убедливо една од најубавите приказни за деца. Ретко постои човек кој не го знае бестрашното девојче со црвени плетенки и куфер полн златници, но и ретко кој ја знае позадината зад создавањето на оваа безвременска приказна која пораснала и сѐ уште расте многу генерации. Кога во 1941 – ва година, седумгодишната ќерка на Астрид Линдгерн, Карин се разболува од пневмонија, бара од мајка си да ѝ раскаже приказна за Пипи ...
Далеку е ѕвезденото небо, далеку се желбите наши, далеку е сè ! Ја насликав сликата. Во неа со копнежот го доловив најубавиот сон, сон за љубовта и среќата, сон што остана врежан сред ноќ, од блесок на пурпурно небо. Сон за нова радост. Сред бркотница на безброј мисли, а една е таа. Ме праша која…? Една ми падна на памет! Таа во која се вткаени моите надежи и радости и патот блескав до нив. Утрата мирисни вгнездиле во себе опоен мирис од ...
Винсент ван Гог е холандски постимпресионистички сликар од дваесетиот век. Неговите дела поради живите бои и длабоките емоции имале огромно влијание врз уметноста во дваесетиот, па и дваесет и првиот век. Ван Гог и денес се смета за еден од најдобрите и најквалитетните сликари кои некогаш твореле. Затоа ви приготвивме десет негови цитати за животот, уметноста и природата. Уживајте во читањето. 1. „Дури и во бурата има мир.“ 2. „…Вистина е ...
Алберт Ајнштајн е германски теоретски физичар, најпознат по неговата Теорија на релативноста и Теоријата за еднаквост на масата и енергијата. Добропознатата формла ја измислил токму тој. Ајнштајн ја добил Нобеловата награда за физика во 1921 година за „неговата работа во полето на теориската физика, а особено за неговото откритие на фотоелектричниот ефект“. Прочитајте неколку цитати од еден од најголемите умови во историјата кои нема да ве ...
Абдулразак Гурнах ја доби Нобеловата награда за литература за 2021 година за „бескомпромисно и со емпатија претставување на последиците на колонијализмот и судбината на бегалците, кои мораа да го премостуваат огромниот јаз меѓу културите и континентите“. Гурнах потекнува од Танзанија и е автор на 10 книги, од кои сите бараат да ги претставуваат прашањата за пост-колонијализмот, потеклото, расната и етничката дискриминација и бегалците. Тој ...