Максималните малопродажни цени на дел од нафтените деривати од ноќеска на полноќ се намалуваат за 1,5 денари за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени во просек за 2,13 отсто. Новата максимална малопроджна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 80,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 82,5, а ЕУРОДИЗЕЛ ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Од пладневните часови ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа во западните делови повремено засилен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 16 до 23 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде променливо облачно, а попладне ...

Корисниците од селата Горно и Долно Соње, Говрлево, Виничиште, Чифлик и Света Петка денеска од 8:00 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во периодот од 10:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Рузвелтова“ со број 11 и 13 во општина Карпош. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето ...

Нова Лабораторија за органска хемија ќе биде отворена денеска на Технолошко-металуршкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. На настанот ќе присуствуваат и ќе се обратат министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска, ректорката на УКИМ проф. д-р Билјана Ангелова и деканот на ТМФ, проф. д-р Игор Јорданов. Како што се наведува во соопштението на Деканат на Технолошко-металуршки факултет станува збор за ...

Вчера, во општина Липково, се одржа четвртата седница на Генералниот совет на Демократска унија за интеграција. Претседателот Али Ахмети ја свика оваа седница со цел да се дискутира за актуелните политички случувања во земјата, како и за понатамошната внатрепартиска организација во функција на овие случувања, се вели во соопштението од ДУИ што МИА го пренесува интегрално. Во рамки на седницата беше направена анализа на политичката состојба во ...

Кога граѓаните ќе влезат во продавница, кога ќе отидат на пазар, ќе платат сметки, кога ќе погледнат во своите празни паричници и празни фрижидери најдобро знаат колку е реална бајката на Мицкоски за 3-та економија во Европа. Со Мицкоски стандардот на граѓаните се влошува од ден на ден, граѓаните имаат се помалку пари и живеат се полошо. Последните податоци на Државниот завод за статистика, покажуваат дека зеленчукот е поскапен за над 38%, ...

Примероците на водата за пиење во Скопје, земени од 14 до 17 април, одговараат на Правилникот за безбедност и квалитет, соопшти ЈП Водовод и каналзиација-Скопје. Секторот за санитарна контрола на јавното претпријатие испитал 151 примерок за физичко-хемиска и 151 примерок за микробиолошка анализа на водата за пиење, кои во наведениот период биле земени од 43 мерни места во Скопје. -Во согласност со добиените резултати од испитувањата, сите ...

Одбраната на првообвинетиот за пожарот во Кочани, сопственикот на изгорената дискотека „Пулс“, Дејан Јованов Деко, пред почетокот на денешното рочиште од судот побара да му биде заменет притворот со мерка куќен притвор поради сериозно и алармантно влошување на неговата здравствената состојба. Бранителот на Деко, адвокатката Ивана Коцевска, пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која загинаа 63 лица, ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса до среда ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи. Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека процесите наместа ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во западните и во јужните делови од земјата. -Утринската температура ќе биде во опаѓање. Ќе дува северен ветер, кој во ...

Сведокот Ана Захариева, која на критичниот настан била гостин во „Пулс” во Кочани, на денешното рочиште за пожарот, во која загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени, во судницата во „Идризово“ изјави дека вечерта на 16 март во дискотеката имало многу гости, меѓу кои и малолетници, како и дека во дискотеката се користеле прскалки и претходно. Сведокот, посочи дека во „Пулс“ одела од 17-18 години речиси секој викенд. – Вечерта стигнав околу 12 ...

Со празни фрижидери и празни џебови, граѓаните најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа. Секојдневието е сурово за народот, цените поскапеа, стандардот паѓа, платите не мрдаат, а граѓаните имаат сè помалку пари. СДСМ уште пред 50 дена предложи конкретни мерки за заштита на стандардот на граѓаните, на самиот почеток на кризата. Мицкоски не презеде ништо. Напротив, владата ја укина и мерката за намален ДДВ за дизелот, ...

Со сведочење за функционирањето на инспекциските служби и нивната координација со општинската администрација, денеска продолжи судската постапка за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. На рочиштето во судницата во „Идризово“ сведочеше поранешниот главен секретар на Општина Кочани, Александар Јосифов, кој изјави дека во периодот од 2017 до 2021 година, и покрај постоењето повеќе инспекциски служби, во Општината немало раководител на ...

ДНК-трагите пронајдени на материјалите со кои биле обвиени скриените пари се еден од клучните докази врз кој Обвинителството го темели обвинението против апелацискиот судија Ѓоко Ристов. Според Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, биолошките вештачења недвосмислено покажале дека токму Ристов ги манипулирал и криел паричните средства, кои беа пронајдени заѕидани во домот на неговите родители во Неготино. Според ...

Во Катовице, Полска од 7 до 19 април се одржа Европскиот Индивидуален Шаховски Шампионат за 2026 година на кој учествуваа вкупно 501 шахист. На шампионатот Македонија имаше четири претставници: ИМ Емил Ристески (2416 рејтинг) – 152 место на почетната рејтинг листа ИМ Тони Лазов (2389 рејтинг) – 183 место ФМ Антон Златков (2299 рејтинг) – 254 место ФМ Андреј Велјаноски (2255 рејтинг) – 287 место Дваесетте најдобро пласирани шахисти после ...

Малите, синовиолетови топчиња, долго време се поврзуваат со долговечноста и општата благосостојба на луѓето што редовно ги јадат. Сок од боровинки Сокот подготвен од боровинки, според многумина е еден од највкусните напитоци, кои истовремено им е омилен на различни генерации. Освен тоа што може да се консумира свежа и како сок, боровинката исто така може да се складира и за во зима, подготвена како мармалад или слатко или едноставно ...

Во Бугарија денеска се одржуваат предвремени парламентарни избори, седми по ред во последните пет години, во кои право на глас имаат повеќе од 6,5 милиони граѓани. Во изборната трка учествуваат вкупно 24 политички партии и коалиции. За 240 пратенички места се натпреваруваат вкупно 4.786 кандидати . Гласањето ќе трае до 20 часот, со можност за продолжување до 21 часот на местата каде што ќе има поголем одѕив. Инаку, гласањето се одвива на ...

Иран повторно го затвори стратешки важниот Ормускиот проток, по серија напади врз трговски бродови, што предизвика сериозна загриженост на глобално ниво и дополнително ги зголеми тензиите во регионот на Блискиот Исток. Според најновите информации, иранските сили отвориле оган врз повеќе трговски пловила во близина на протокот, што довело до паника и прекин на поморскиот сообраќај. Дел од бродовите биле принудени да се повлечат или да ја ...

Првата тегла храна за бебиња HiPP што содржи отров за стаорци е пронајдена во Австрија, што ја натера полицијата да издаде итна тревога за целата земја. Властите стравуваат дека на пазарот се пуштени потенцијално контаминирани производи, а истрагата е поврзана со случај на уцена против производители во Австрија и Германија, објави heute.at . Отров потврден во тегла од Бургенланд Полицијата во покраината Бургенланд заплени сомнителна тегла од ...

Иран одби да одржи втора рунда мировни преговори со САД, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. Според агенцијата, Техеран нема да учествува во преговорите поради „претераните барања на Вашингтон, нереалните очекувања, постојаните промени во ставот, повторуваните противречности и трајната поморска блокада“. Доналд Трамп објави дека нова рунда преговори ќе се одржи утре, а делегацијата ќе ја предводи потпретседателот на САД, Џ.Д. ...

„Прогресивна Бугарија“ на Румен Радев победи на осмите предвремени парламентарни избори во последните пет години, објави БГНЕС. Првите проценети резултати на „Алфа Рисрч“ покажуваат: „Прогресивна Бугарија“ – 37,5%; ГЕРБ-СДС – 16,2%; ПП-ДБ – 14,3%; ДПС-Нов почеток – 8,4%; „Вазраждане“ – ; БСП – 4,1% Распределбата на местата во парламентот: 105 пратеници за „Прогресивна Бугарија“; 46 за ГЕРБ-СДС; 40 за ПП-ДБ; 24 за ДПС-Нов почеток; 14 за ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија е меѓу водечките земји во Европа според обемот на преземени мерки за справување со енергетската и ценовната криза. Тој се повика на податоци од Меѓународниот монетарен фонд објавени на 15 април, според кои државата се наоѓа на третото место на континентот според применетите мерки како процент од бруто-домашниот производ. На денешната прес-конференција, Мицкоски рече дека во услови на ...

Најниска температура изутринава е измерена во Берово минус еден степен, а највисока во Скопје – Зајчев Рид и Велес, осум степени Целзиусови. Според информациите на УХМР изутринава се измерени минус еден степен во Берово, нула во Лазарополе, еден во Mаврови Анови и Попова Шапка, два во Крива Паланка, четири во Тетово и Битола, пет во Охрид, Претор, Штип, Струмица и Kрушево, шест во Прилеп и Гевгелија, седум во Куманово, Виница, Кавадарци и ...

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција рече дека и покрај враќањето на ДДВ-то на дизел горивото на 18%, очекува намалување на цената, додека кај бензините немало реакција на ДДВ-то, поради тоа што смета дека доколку се случело да се врател на 18%, ќе имало поскапување. „Со враќањето на ДДВ-то на 18%, повторно ќе имаме намалување на цената на дизел горивата, додека кај беинзите таа состојба не е така, и ако го вратевме и ...

Министерството за внатрешни работи добило дојава за поставени бомби во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во центарот на Скопје. Посетителите и вработените биле евакуирани, а полицијата спроведува проверки на терен. „Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи“, информира МВР. Од ...

Пролетта е време кога во шумите, но и на пазарите може да се најде сремуш или кај народот познат како див лук, неверојатно лековито и многу вкусно растение. Придобивки од сремушот за здравјето на луѓето Сремушот се користи за стимулирање на нервниот систем. Ја стимулира активноста на макрофагите кои имаат улога во борбата против инфекциите. Ја зголемува активноста на Т-лимфоцитите кои се централен активатор на целиот имунолошки систем. Дивиот ...

Дизајнерката Мелина Галиќ, поранешно Џиновиќ, и британскиот милионер Џефри Пол Арнолд го кажаа судбоносното „да“ на граѓанска церемонија во Монако, а вниманието на јавноста го привлече и нејзиниот моден избор. Поранешната сопруга на Харис Џиновиќ за оваа пригода избра елегантна бела комбинација од луксузниот бренд „Диор“, чија вкупна вредност достигнува околу 10.000 евра. View this post on Instagram A post shared by Telegraf.rs / JetSet ...

Иран ја поништи својата одлука за повторно отворање на Ормускиот Теснец, наведувајќи ја како причина континуираната блокада на неговите пристаништа од страна на САД, соопшти денеска Штабот на вооружените сили, објави агенцијата Фарс, пренесе ДПА. „Контролата врз Ормускиот Теснец се врати во претходната состојба и овој стратешки премин е под строго управување и контрола на вооружените сили“, изјави портпаролот на Хатам-ал Анбија, Централниот ...

Италијанската премиерка Џорџија Мелони беше пречекана од францускиот претседател Емануел Макрон пред Елисејската палата во Париз, каде што се одржува конференција за поморскиот сообраќај во Ормутскиот теснец. Средбата на двајцата лидери привлече големо внимание откако нивниот поздрав пред камерите беше опишан како неочекуван и малку незгоден. На видеоснимката што брзо се прошири на социјалните мрежи, се гледа како Макрон ѝ се приближува на ...

Родителите и блиските на загинатите и повредените, денеска во Штип излегоа на улица да го изразат својот револт и да побараат правда за 63 те загинати во пожарот во дискотеката „Пулс” во Кочани пред една година. Здружението „16 Март“ повика на поддршка од граѓаните во барањето правда како и поддршка за повредените. Маршот започна од плоштадот „Слобода“ во Штип. „Ова не е само марш, ова е чекор за сеќавање, чекор за правда. Ќе чекориме ...

Беспилотни летала погодија складиште за нафта во областа Козачки Залив во Крим, по што избувна пожар, објави гувернерот на Севастопољ, Михаил Развожаев. „Во Гагаринскиот регион, избувна мал пожар на резервоар за гориво во областа Козачки Залив, најверојатно по падот на соборен дрон“, напиша тој на Телеграм. Како што изјави, пожарот е локализиран, а надлежните служби се на терен. На граѓаните им е упатен апел да избегнуваат отворени простори и ...

weather icon

Скопје

21ᴼ / 21ᴼ
2.0
55%
1012
weather icon

Белград

18ᴼ / 17ᴼ
0.45
88%
1012
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
3.36
92%
1013
weather icon

Софија

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
64%
1013
weather icon

Сараево

23ᴼ / 23ᴼ
4.32
54%
1009
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 17ᴼ
1.29
90%
1010
weather icon

Атина

23ᴼ / 21ᴼ
2.68
69%
1014
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
2.09
65%
1015
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
1.8
60%
1014
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
4.02
62%
1011
weather icon

Будимпешта

19ᴼ / 18ᴼ
1.34
45%
1012
weather icon

Истанбул

21ᴼ / 18ᴼ
1.78
62%
1014
Currency

61.6417

Currency

53.2547

Currency

71.3983

Currency

37.518

Currency

38.0513

Currency

66.9089

Currency

7.86455

Currency

0.73496

Currency

0.33234

Currency

0.52573

Currency

1.15189

Currency

0.55992

Платина

55170.68

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Паладиум

40767.15

Иридиум

253540.09

Калај

53.60

Бакар

13.01

Рутениум

48965.59

Алуминиум

3.54

Родиум

257205.97

Сребро

2186.28

Злато

135639.33