Скопје
19ᴼ /
19ᴼ
По прес-конференцијата на идниот премиер на Унгарија, Петер Маѓар, дека нема повеќе заштита за криминалци, Полска веднаш реагирала. Веќе Полска испратила официјални документи со директно барање за екстрадиција на своите политичари од Унгарија. Само Владата на Христијан Мицкоски чека и сѐ уште нема поднесено барање за екстрадиција на Никола Груевски. Според информациите со кои располагаме, Никола Груевски нема да добие азил во Турција, но му ...
Христијан Мицкоски повторно, јавно и пред камерите, „имал чувство“ дека во блиска иднина ќе започнат судски процеси против поранешни високи функционери на СДСМ, поранешни премиери, претседатели на Влада и членови на нивните семејства. Ова не е прв пат, истото Мицкоски го правеше и во Собранието. Ваквите изјави не се случајни. Тие се свесна и опасна закана против политичките неистомисленици. Наместо да се занимава со обезбедување услови за ...
Пратеникот Оливер Спасовски учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарна унија, кое се одржува во Истанбул, Турција. Во рамки на Собранието, Спасовски се обрати на седницата на Комитетот за мир и меѓународна безбедност, посветена на улогата на парламентите во воспоставување одржливи механизми за постконфликтно управување и градење траен мир. Во своето обраќање, тој истакна дека мировните договори претставуваат само почетен чекор, додека ...
Со барања за психијатриски вештачења, читање исказ на сведок и предлози за проверка на достапност помина денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, на кое не присуствуваше ниту еден од предложените сведоци на Јавното обвинителство. Судот ги прифати предлозите на Обвинителството, вклучително и читањето на исказот на Денис Даутовски, кој не е достапен на органите на прогон. За сведоците Ана Томева и Лина Крстова, ...
Каква е улогата на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во новите сценарија за бегство на Никола Груевски од Унгарија? Ова прашање се поставува имајќи ја предвид посетата на Сиљановска на Турција, а во контекст на информациите дека Никола Груевски не може да обезбеди азил во оваа земја. Има ли разговори зад очите на јавноста поврзани со Никола Груевски? Дали власта преку Сиљановска бара нови канали и решенија за заштита на Груевски? По ...
„Никола Груевски, нема да влезе во затвор, затоа што ВМРО-ДПМНЕ е подготвено и работи веќе неколку месеци наназад да ги поништи сите одлуки или сите обвиненија кои на кој било начин може да му наштетат“, порача пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска, во гостување во емисијата „24 анализа“, се вели во соопштението на СДСМ што МИА го пренесува интегрално. Петровска оцени дека постои јасна политичка позадина во изјавите на власта во однос на ...
СДСМ поднесе кривична пријава до Јавното обвинителство поради постоење на сериозни сомнежи за организирана шема на перење пари, даночно затајување и фалсификување деловни книги. Пријавата е поднесена против повеќе физички и правни лица, меѓу кои и Питер Шац, мнозински сопственик на Алфа ТВ, како и управителите на „Таргет Медиа“ и „Алфа Скоп“ ДОО, поради основано сомнение за сторени повеќе кривични дела. Постојат основани индиции дека: Во ...
На денешната трета седница на Државната изборна комисија (ДИК) едногласно беа усвоени низа акти и програми, со кои се уредуваат работните процедури, се зајакнува родовата перспектива и се унапредуваат капацитетите на институцијата. Со едногласна поддршка Комисијата ја усвои и процедурата за прекувремена работа, со која се уредува начинот на исплата на додаток на плата, како и остварување право на слободни часови или денови за вработените, ...
Американскиот потпретседател, Џеј Ди Венс, изјави дека примирјето меѓу САД и Иран се одржува, додавајќи дека претседателот Доналд Трамп не сака „мало“ примирје туку „сеопфатен договор“ со Техеран. „Во моментов примирјето се почитува“, изјави Венс додавајќи дека разговорите меѓу двете земји одржани викендот во Пакистан донеле „значителен напредок“, но оти целосен договор не бил постигнат поради инсистирањата на Вашингтон Иран да не поседува ...
Напаѓачот на Барселона, Рафиња, даде свое видување за натпреварот со Атлетико Мадрид во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите. Каталонците синоќа победија во Мадрид со 2:1, недоволно да се пласираат во полуфиналето поради поразот со 0:2 на првиот натпревар. – За мене, тоа беше грабеж. Атлетико направи не знам колку прекршоци… но судијата не покажа ниту еден жолт картон. Она што навистина сакам да го разберам се судиските ...
Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, го пофали својот тим за пласманот во полуфиналето на Лигата на шампионите. Тимот предводен од Симеоне синоќа загуби од Барселона со 2:1 во реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите и по победата со 2:0 на првиот натпревар со вкупни 3:2 оди во полуфиналето. – Атлетико Мадрид стигна до полуфиналето со добар став и верба во себе. Ги знаеме нашите силни и слаби страни. Целосно уверени во она ...
Легендарниот дефанзивец на Реал Мадрид од „златната ера“, Хозе Емилио Сантамарија, дефанзивец кој освои четири европски титули со Кралскиот клуб, почина на 96-годишна возраст, објави денеска шпанскиот гигант. Уругвајскиот репрезентативец му се приклучи на Реал во 1957 година и освои еден Интерконтинентален куп, шест титули во Ла Лига и еден шпански Куп, одиигрувајќи 337 натпревари во девет сезони. „Сантамарија секогаш ќе биде запаметен како ...
Технолошкиот гигант Амазон, во сопственост на Џеф Безос, соопшти дека ќе ја купи телекомуникациската компанија Глобалстар за 90 долари по акција, во зделка вредна околу 11,57 милијарди долари, односно приближно 9,81 милијарди евра. „Оваа зделка ќе даде значителен поттик за новиот бизнис на Амазон во областа на сателитски интернет преку ЛЕО (нискоорбитални) сателити, додека компанијата ја засилува конкуренцијата со Спејсикс (SpaceX) на Илон ...
Овој вкусен оброк е совршен избор за семеен ручек. Комбинацијата од сочно пилешко месо, ароматичен ориз и зеленчук создава хранливо и заситувачко јадење кое лесно се подготвува. Состојки: 1 кг пилешко (исечено на парчиња) 100 мл масло 1 главица кромид 1 морков 1 лажица сув зачин 300 грама ориз копар (по вкус) сол и бибер (по вкус) околу 900 мл вода Подготовка: Пилешкото месо исечете го на парчиња и сварете го, потоа зачинете го со сув зачин и ...
Искористи ги моите податоци од биографијата што ти е прикачена“. „Напиши ми 4 текстуални задачи со дропки за петто одделение во училиште во Скопје, слични на тие што ти ги праќам на сликата од домашната работа на другар ми, само стави го моето име“. „Имам депозит од 25.000 евра во Н.Н. банка, дали е поисплатливо да ги префрлам во друга банка за поголема камата и во која?“ Ова се вообичаени барања што секојдневно ги добиваат т.н. чат-ботови ...
Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против 54-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило продолжени кривични дела – Задоволување полови страсти пред друг од член 190 став 3 и Прикажување порнографски материјал на дете од член 193 став 1 од Кривичниот законик. Како што соопшти Обвинителството, осомничениот подолг временски период, во текот на 2025 и 2026 година, во семејната ...
Патниците на Луфтханза се соочуваат со дополнителни нарушувања денеска, бидејќи кабинскиот персонал започна нов дводневен штрајк. Околу 20.000 стјуардеси во Луфтханза и нејзината регионална подружница СитиЛајн штрајкуваат од полноќ. Се очекуваше повторно да бидат откажани стотици летови, особено во главните центри на Луфтханза во Франкфурт и Минхен. Луфтханза се соочува со повторливи индустриски штрајкови од почетокот на годината. Пилотите ...
Папата Лав XIV денеска пристигна во Камерун, каде ќе се сретне со претседателот Пол Бија во Јаунде, во втората етапа од неговата африканска турнеја. Бија (93) е претседател на оваа западноафриканска земја од 1982 година, а претходно беше премиер. Повеќе од половина од 30-милионското население на Камерун се христијани, од кои една четвртина се католици, според Светската база на податоци за религии. Независните цркви се во подем, додека околу ...
Жителите на северниот дел на романскиот округ Тулча изминатата ноќ добија две предупредувања за опасност преку системот Ro-Alert, откако системите за набљудување забележале групи дронови во близина на романско-украинската граница, пренесува агенцијата Аџерпрес. Првото предупредување било испратено во 02:37 часот по локално време, а второто во 05:08 часот. Во двете известувања, испратени од Генералниот инспекторат за вонредни состојби, ...
Петер Маѓар, лидерот на партијата „Тиса“ што победи на парламентарните избори во неделата, соопшти дека разговарал со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, за деблокирање на замрзнатите европски средства за Унгарија. Маѓар во статус на својот фејсбук-профил посочува дека во телефонскиот разговор била постигната согласност дека ослободувањето на средствата е еден од приоритетите, со цел граѓаните на Унгарија што поскоро ...
Европските земји размислуваат за формирање широка меѓународна коалиција, без учество на САД, за да обезбедат непречен поморски сообраќај низ Ормуската Теснина по завршувањето на конфликтот, а се спротивставуваат на вклучувањето на „завојуваните страни“ и нагласуваат координација со регионалните актери – објави „Волстрит џурнал“ повикувајќи се на извори. Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека е планирана меѓународна одбранбена ...
Потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, најверојатно ќе ја предводи потенцијалната втора рунда преговори со ирански официјални лица – објави Си-ен-ен повикувајќи се на свои извори. Се очекува Венс „да предводи уште една рунда преговори со иранските претставници доколку состанокот се одржи пред истекот на примирјето следната недела“, наведува медиумот. Првата рунда разговори се одржа за време на викендот во пакистанската престолнина Исламабад со ...
Ново истражување покажа дека 66 отсто од Британците се загрижени за својата финансиска состојба во наредните месеци, додека 31 отсто изјавиле дека ги намалуваат трошоците за храна и греење со цел да „врзат крај со крај“, пренесе „Скај њуз. Според истражувањето спроведено од организациите ТСБ и Лајтнинг рич („Lightning Reach“), 38 отсто од испитаниците навеле дека нивната финансиска состојба се влошила во споредба со минатата година. ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен поради изборниот пораз на неговиот долгогодишен сојузник Виктор Орбан во Унгарија и изрази позитивно мислење за новоизбраниот премиер Петер Маѓар. Во изјава за „Еј-би-си њуз“, Трамп истакна дека верува оти Маѓар успешно ќе ја извршува функцијата. – Мислам дека новиот човек ќе заврши добра работа – тој е добар човек – рече Трамп. Тој додаде дека не е сигурен дали неговото лично ...
Лидерот на победничката партија „Тиса“, Петер Маѓар, побара од унгарскиот претседател Тамаш Шуљок да поднесе оставка веднаш по формирањето на новата влада. Пред денешната средба во претседателската резиденција, Маѓар изјави дека Шуљок мора да се повлече од функцијата за да се испочитува волјата на народот. – Претседателот Шуљок не е способен да го претставува единството на унгарската нација, не е достоен да биде чувар на владеењето на правото ...
Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров денеска изјави дека Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум, а Москва е подготвена да помогне во решавање на прашањата за иранската нуклеарна програма. – Таа улога може да има многу форми, вклучувајќи ја преработката на високо збогатен ураниум во ураниум за гориво, префрлањето на одредена количина во Русија за складирање. Сè што е прифатливо за Иран без, повторувам, да го наруши неговото ...
Пристигнувањата на туристи на Кипар минатиот месец се намалиле за 30 отсто поради војната на Блискиот Исток и нападот врз воените бази во земјата, според потпретседателот на Здружението на туристички агенции на Кипар, Христос Христу, кој посочил дека се очекува пад на бројот на туристи да има и во втората половина на април и во мај, јави дописничката на МИА од Атина. На прес-конференција во пресрет на саемот за туризам (Travel Expo Cyprus ...
Црна Гора се наоѓа во самиот врв на листата на најврнежливи земји во Европа, покажуваат податоците за 2025 година. Според анализите, во оваа земја паднале просечни 1.525 милиметри дожд, што се должи на специфичната географска положба покрај Јадранот и планините кои ја задржуваат влагата од воздухот. Влажниот морски воздух во допир со масивот Орјен над Бока Которска предизвикува обилни врнежи, поради што одредени подрачја бележат и до пет ...
Лидерот на победничката унгарска партија ТИСА, Петер Маѓар, изјави дека претседателот Тамаш Шуљок треба да поднесе оставка по формирањето на новата влада, по средбата со него во палатата „Шандор“ во Будимпешта. Маѓар оцени дека Шуљок е „недостоен да го претставува единството на унгарската нација, да го чува владеењето на правото и да биде морален ориентир“, пренесуваат унгарските медиуми. Тој изјави дека лично му порачал на претседателот дека ...
Најмалку 11 лица се повредени во голем пожар што вчера го зафати станбено-деловниот комплекс „Арлис“ во Тирана, а пожарникарските екипи успеаја да го локализираат огнот и да го спречат неговото ширење на околните згради, соопштија локалните надлежни служби. Директорот на Службата за вонредни состојби на Албанија, Арбен Кара, изјави дека пожарот е ставен под контрола и оти е спречено негово понатамошно ширење на блиските станбени кули. Тој, ...